Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК секој ден се повеќе и повеќе ме изненадуваат луѓето. Некои позитивно, но повеќето негативно. Си разбрав некои работи што мислев дека никогаш нема да се случат или па не сакав да верувам дека би можело да се случат. Што е тука е. Барем си знам кои ми се вистински пријатели, а кои не.

    Надвор камен ладно. Љубовта не ме грее. :D Ме грее, ама сепак ќебенце си е ќебенце.
    Извини злато. :lol:

    И така...си седам стуткана, си пијам какао и ве читам. Заостанувам неколку дена, па сега си имам занимација. :)
     
    На CoverGirl10, ludoto19 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Есен... есен... есеееееееееееен...
    Мириса... :) на есен...
    ... и на љубов ...
    Одат во пакет :l:
     
    На MandyLane, cigarce, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Читам вчера во црна хроника-силување во Тетово,пред некој ден мојата познаничка била нападната во влезот до зградата ,за среќа била посилна од него.Ова навистина да ти е страв да излезеш покасно и сама.Што е тоа што ги тера тие луѓе да прават зло.Малку памет или едноставно примитивност.Слушнав и глупав коментар дека жените биле виновни,демек се облекувале провокативно. :o Што се однесува до мене,секоја жена ако сака може да излезе облечена во 3 смоквини листа,ама тоа не смее да биде причина за силување,или физички напад.
    А ова малку да ве насмеам.
    https://www.youtube.com/watch?v=1t23TP7 ... r_embedded
     
    На kravce, Ilusionist, Pirana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    сдк дека со девојките никако неможеш да излезеш на крај.
    Ако ги сакаш, тогаш им си досаден, бидејќи никоја не сака некој што постојано ќе трча по неа.
    Ако не трчаш постојано по неа, тогаш си себично ѓубре кое си го гледа сопствениот задник и не се грижи за нивните чувства и потреби.

    Ако им се обраќаш смирено и вразумено кога тие се нервозни, тогаш тие збеснуваат уште повеќе бидејќи не разбираш дека тие едноставно збеснуваат. Бидејќи мораат да збеснат. Имаат хормони.
    Ако не им се обраќаш смирено, тогаш го потценуваш нивниот интелект и нивните способности.

    Ако се обидуваш да им објасниш наједноставни технички работи, тогаш се тргаат, бидејќи се жени, не е нивна работа да се замараат со техника - впрочем зошто нѐ имаат нас и зошто нѐ трпат.
    Ако не сакаш да им одговориш на техничките прашања, тогаш не ја цениш нивната еманципација.

    Ако им кажеш дека се убави, тогаш си ефтин и проѕирен бидејќи позади тоа стои скриен мотив.
    Ако не им кажеш дека се убави, тогаш на тоа се потсетуваат во секој момент и плачат бидејќи не си им рекол.

    Ако се облекуваш убаво, ако се намирисаш, тогаш сигурно имаш друга.
    Ако не се облекуваш убаво и ако не се намирисаш, тогаш ја срамиш пред другите.

    Ако им се допаѓаш на други жени, тогаш си проклет идиот на кого поважни му се туѓи девојки и ку**и.
    Ако не му се допаѓаш на други жени тогаш таа е гревче бидејќи била слепа и го нема оној на кого сите ќе ѝ завидуваат.

    Ако штедиш, тогаш си скржав.
    Ако трошиш, тогаш си расипикуќа.
     
    На DeMelo, Mermaid90 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  5. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Мора секогаш да се најде нешто, нешто што ќе упропасти се |(
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Уште малку па фраеркиве ќе почнат да се сликаат со главата в печка. :tmi: Се` за лајк.
    Шо е ова бе луѓе? Или сите полуделе, или со мене нешто не е во ред. :^)

    И не, не е во ред да се сликаш со лижавче в уста и напучен г'з, не е. 11 години имаш, побогу. :fubar:
    „`Очу и ја да будем у фазону.“
    Е нечеш.
    |(
     
    На Oxymoron и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.355
    Допаѓања:
    286.409
    Планот да се наспијам како човек пропадна некаде околу 09. 00 :$

    Една другарка видливо нертпелива уште у ниедно време зазвони да се договориме точно во колку саат ќе одиме на коктелчиња.
    Во тоа сонливото прво што ми текна беше рпата алишта кои ми се предвидени за пеглаље, па и реков касно попладне.
    Рековме чао, спуштив слушалка и тогаш дури ми текна за термините на хеппи аур :tmi:
    Си помислив само старееш дани.
    Порано и во сон ќе изрецитираше во кој бар од колку до колку саатот има хеппу аур, а сега тоа алиштата за пеглање ти се во главата.
    УДрив една брза математика у глава, и проценив дека уствари ако дадам се од себе(веданш од како ќе завршам со постот де) ќе стасам, а и ако не стасам и оставам некоја кошула од малиот не е страшно вечер ќе довршам.
    Алиштата не го контролираат мојот живот, јас ги контролирам нив :rofl:

    Се прејавив, и си направив нов термин за во соодветно време човек да се напие неколку со помалку пари.
    Да докажам уште една згода од синоќа.
    Покрај студиите , скратено работно време работам во една болница-дом за лица со пречки во развојот.
    Медицината не ми е професија, но задолжена сум за административниот дел и како контакт лице за со лицата кои живеат таму.
    Тоа е огромен комплекс со многу згради во кои престојуваат многу лица со најразличен степен и вид на пречки во психичкиот или физичкиот развој. Спрема болеста и степенот на застапеност се поделени во групи. Во дел од комплексот имаат базент, кафетерија, сали за спорт...и сала за диско.

    Синоќа имаа диско вечер.
    Колму само беа среќни. Се шминкаа, дотеруваа, па повозрасните се радуваа на дозволената чаша пиво.
    И јас со моите шминкерски спосопности средив неколку :$

    Со колешките решивме да отидеме и ние.
    Знаевме дека на луѓето од нашата група многу ќе им значи ако ја поминеме петочната вечер со нив. Се муабетевме, дружевме, малку и поигравме 8)
    И клучниот момент влева една фамилија како за на свадба дотерани.
    Стајлингот во оваква атмосфера прилично отскокнуваше, оти сепак, вработените во болницата беа класично облечени(панталона кошулче) а пацинтите душички според своите можности и вкусови
    15 штикла, краток минич, деколте на околу 55 год жена |( , а мажот и костим си облекол си се дотерал за во диско.
    Едната ќерка, очигледно сингл ја зазема бината и беше централна звезда, се врти врти игра со другите .
    А другата ќерка со сталјинг ала мајка, со дечкото кој беше подеднакво костимосан како дедото.
    Па си викам ај да не бидам лоша, луѓетото дошле детето да си го видат, може тоа срценце се радува кога се така дотерани.
    Жената и мажот го зазедоа подиумот и почнаа да се налеваат пиво и дигаат раце на едно детенце со доунов синдром.
    Си рековмалку претеруваат со веселбата али важно они се веселат.
    По некое време дигањето раце веќе испадна од контрола и колешката им се пушти :tmi:
    И вика ти мајка ли си на детето?
    Женава одговара не.
    Колешкава упорна, а родднини ли сте?
    Женава: не :envy:
    Колешкава :А вие се знаете ли?
    Женава: се имаме видено на улицата пред болницата, детево ни кажа ќе има забава тука :rofl:

    ЦЦЦЦ

    Забава бре
    Затоа толку се дотерале :x
    Ојдов јас да пеглам
     
    На Moira, marama, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    СДК дека секој пат откатко ќе се пожалам на фемина, преку некој текст, за нешто на љубовен план, веќе следниот ден ги имам најубавите моменти со личноста која ми значи... од сега само овде ќе се жалам :lol:


    Убаво ми е... среќна сум :inlove: :inlove:
    И СДК дека имам едно вакво за праќање...
     

    Прикачени фајлови:

    • z224589672.jpg
      z224589672.jpg
      Големина на фајлот:
      16,9 KB
      Прегледи:
      206
    На Hopeful, marama и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-Конечно бре се наспав како човек.Легни во 12 па стани во 6,30.Е,денес надокнадив за се ! :)
    Друго-Убав е денов,дали дека е сончев или е сабота,или дека се кројат планови за во село викендов или пак и трите ? Трите ќе да се. :).
    Трето-Нема ништо поубаво од тоа кога денот ќе ти почне со песна од твојот омилен бенд :D
    И Четврто-Ме болат прстите на левата рака и тоа многу.Ама моите напори за да научам да ја свирам Fear of the dark се исплатеа,дефинитивно :devil:
    Феминки,имајте убав ден затоа што I feel that this is going to be a wonderful day ! ^.^ :sun: :f:
    Гушки :hug: :hug: :hug:
     
    На blaa и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.057
    СДК ... значи читам постови, исповеди ... дефинитивно потврдувам она што го знам одамна, мажите се кукавици да не се изразам со вулгарен збор нали. Жените се и биле и секогаш ќе се посилни и посигурни. Затоа прифатете дека никогаш мажот нема доволно да се потруди и да го превземе кормилото во свои раце (освен нешто друго, секогаш :wasntme: :D ) во секоја ситуација и секаква врска или секаков однос. Вие жени сте тие со главната улога во се. Иако суптилно, прикриено жената ја има таа улога. Прифатете ги како такви, не им верувајте целосно, не ги земајте здраво за готово, не ги анализирајте подлабоко ... Тогаш ќе ви биде полесно со нив.
    Додека тие се мачат да бираат, однапред се веќе избрани. ;)

    Добар ден, убав ден ... менувајте расположенија, дозволено ни е :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Moira, Hopeful, DeMelo и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Што се случува кога во сабота во 8.45 те буди бормашината на комшијата, ти пцуеш и сакаш се живо да убиеш и татко ти ти доаѓа и ти вика, абе ти имаш пари на книшка во банка, ти ја отворивме кога се роди. :cash: :cash: :cash:

    [​IMG]
     
    На Adi888, sweet-cherry, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да, уште едно саботно утро кое го поминувам покрај компјутерот во канцеларија, сама, во дружба на чаша превкусно и топло нес кафе, чинија овошје и зелен чај. Денов е прекрасен и покрај тоа што мораше да започне со обврски, сепак се радувам што и воопшто започнал.

    Седам и размислувам...

    Сакам да се сменам, да тргнам некои лоши навики кои почнаа да ми пречат и да ми ствараат многу проблеми во животов. Некој ќе рече пази се од пријателот зошто непријателот можеш да го познаеш, јас би рекла пази се од себе, зошто човек умее да биде сопствениот најголем непријател.

    Човек не може никогаш да биде комплетно среќен, но не може ни постојано да биде несреќен.

    Животот е постојана борба со себе и сопствените демони.
     
    На Moira, bittersweet, sesilija и 27 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам кога ќе ми купи Граѓански, мафин ќе ми направи кафе и ме чека да го испиеме.. ах! :l:
     
    На mims-89, Serafima, NoellePage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Утрово се разбудив во 10 :), се протегнав и му кажав добро утро на денов, смирено со насмевка. По утринските хигиенски ритуали си го направавив најубавото нескафе и си пијуцкав едно дваесетина минути гледајќи 24kitchen.
    Знаете што се случучуваше пред едно 5-6 години кога ќе се успиев за викенд. Леле 10 :o , паника, нервоза, брзање, ми отиде денот (а резервиран за чистење и готвење). Цел ден оптоварена со чувство на вина. :worried:

    Сте виделе некогаш маж кој чувствува вина затоа што си поспал малку повеќе во слободен викенд?
    Една од работите која ја научив од мојот сопруг е да го намалам моето чувството на вина
    -без чувство на вина да поспијам понекогаш за викенд
    -без чувсво на вина понекогаш да поминам цел ден во лешкарање, слатко безделничење, да не направам ручек....и уште без чувство на вина понекогаш да изедам огромно парче торта, да си купам нешто скапо, без чувство на вина да флертувам...
    Велам понекогаш без чувство на вина, затоа што без ова чувство ние би биле неодговорни и незрели суштества.
    Но понекогаш, зашто да не 8)
     
    На Moira, bittersweet, tinkerbelll и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.267
    Допаѓања:
    157.682
    На подарен коњ, не му се гледаат заби. Ама... како да не забележам непрофесионално наполнета тегла со ајвар?! Како?! Полн со воздушни џебови! Може домаќинкава сакала да направи оптичка варка само на мојава тегла,демек пополна,ама и другите ако и се вакви,меееех, ајварот губи на квалитет за 50 проценти во првата недела бре,а може и мувла да и фати! Се што сакаш да ти трае во секоја смисла треба убаво да го напуниш и херметички да го затвориш! А бре почетнички грешки! :D
    Абе лесно е да збориш,оди направи го! :D Не фала,можам и без ајвар! :D
     
    На Mikako му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Денешната младина ќе биде презадоволна, а?
     

    Прикачени фајлови:

  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ех животот, секогаш интересен, никогаш досаден, еднаш лошо ќе му се случи на човек, втор пат добро, но не дека првото секој го сака, ама битно и двете се занимација :D без нив би било премногу досадно :D
    И така си се навикнува човек, дури и мајстор станува за истите :D па некогаш не го ни приметува првото, веднаш му ја знае цаката и знае како да го среди истото по брза постапка :D

    Пред човек да осуди некого, прво треба да разгледа за што е виновен истиот, бидејки работите може и да не се такви какви што мисли дека се, не за друго да не испадне дека е во грешка.За да се донесе добра пресуда, треба да се види и спротивната страна, значи двонасочно, не еднонасочно гледиште.Во случајов, не зборам субјективно.Бидејки животот во тие ситуации е ироничен.
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Многу луѓе зборуваат за мене, за мојот живот... зборуваат како да ме познаваат, како да знаат се, а немаат поим за ништо! Пред нив сум таа што сакам да мислат дека сум и тие зборуваат... но оние кои ги сакам, оние кои ми се важни и ме сакаат, оние кои ме почитуваат и ги почитувам знаат дека ништо од тоа не е точно, а мене тоа ми е доволно, мене тоа ми е важно, затоа и не ми е гајле, нека зборуваат. Тоа мене ништо не ми менува во животот!
     
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Потребата за сродна душа- само уште еден доказ колку сме сами на светот.
    И може да бидеме покрај илјадници исти како нас, а сепак толку сами.
    Љубов.
    Зошто ли вечно трагаме по љубов?
    Се плашиме да бидеме сами, бараме начин да ја надминеме одвоеноста.
    Со препуштаме на емоциите и сфаќаме дека таа една личност е се што имаме на овој свет.
    Единствениот излез од лавиринтот на болната егзистенција.
    Да, болат трњето кои не бодат од сите страни додека бараме зрак светлина, макар и да останеме слепи здогледувајќи ја ако тоа е цената на животот поминат во мрак...
    И признаваме дека ни треба утеха, некој кој ќе биде тука, да ни помогне, да направи да веруваме дека тој и ние сме едно исто, да ја почувствуваме сопствената топлина, да ја измамиме осаменоста...
    Зарем не е тоа знак на немоќ?!
    Па, што!
    Нашата слабост е таа што ја става нашата издржливост под рефлектор.
    И трагаме...
    Цел живот трагаме по нешто,
    за на крај пак да заминеме сами, во вечноста.
    Но, среќни.
    Среќни што некој друг, некогаш, се поистоветувал со нашата несреќа.
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Денес, денов минимално инспирира.

    Минимум ми е потребен за да направам нешто повеќе. Ко на пример, готвење. За мене е тоа моментално повеќе.
    И така си решив дека саботава ќе готвам. Готвењето ме инспирира. Си направив списоче, си го подготвив плетеното кошниче и се замислувам небаре сум женска верзија на Џејми. Ќе браздам помеѓу намирници и мирисам зеленчук. Бавно, полека, си имам време.

    Поручек лазањи и стари епизоди на Досие Скопје. Не знам, така ни текна, во име на носталгија и претеран локалпатриотизам. Сакам пак да слушам како се искачало во 6 поручек и се останувало до 9 и пол навечер максимум, и се чекало пред Путник да фатиш девојче кое ќе го замолиш да влезе со тебе ко пар за да шизите заедно или да играте стискавац :D

    Ма! Опуштено повеќе од Тони и Део :lol:

    Нека се крчка, нека мириса убаво и нека има повеќе пара ноџиња кај мене дома. Денес може и палачинки ќе направам. Со еурокрем и некое зачувано шумско овошје. Онака, саботно да ги отвориме сите чакри.

    Нека е убаво. Пффф у недостаток на цигари, на човек му се пријадува. А парадоксално, сепак ослабев, а како, ич не знам?!
    А кога се трудиш со диети, не ти иде. Хм. Имам сигурен рецепт, јади често, во многу бои, и дегустирај бавно колку што е можно повеќе и подолго. Планирам денес да го исполнам.

    Такој. Среќна сабота на сите!
     
    На bittersweet, HardSex, ines.h и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.