Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Не знам што се случува со мене. Премногу сум нервозна, и најмала ситница може да ме извади од такт, викам, не можам нормален муабет да направам. Напната, изгубена, замислена...

    Ми треба да одам негде, сама. Да се ослободам од груткава која веќе долго време ми стои во градите. Да рачсистам со некои работи, да прифатам некои промени, да го оставам минатото настрана.

    Ми треба мир...душевен мир, но не знам каде да го најдам. Да се чувствувам добро, вака не знам до каде ќе издржам, се плашам...
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Спиев до 12 сатот и пак цел ден ми се спие. WTF ? Спаваќа болест ?
     
  3. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    веќе е кажано јас само ќе цитирам
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Синоќа не сакав да спијам, т.е не сакав да си легнам ... имав некое језиво чувство и седев на компјутер до ни едно време ... и чувството не било за џабе.
    Јас не сонувам, т.е премногу ретко сонувам, а и кога сонувам тоа се или измачителни работи, или некои убавини што всушност и не се убавини ...

    Така синоќа го сонував моево мало детенце, како сум го носела на некои игри со сестра му, и се свртив за секунда него му се скрши забче, и ми го даде во рака, бликаа крвишта, бликаа, не можев да го сопрам никако крварењето од неговата уста, сестра му плачеше ли плачеше, а јас почнав бледо да се губам од нив и се разбудив ... па пак истото и пак истото. По некои 4 саати се разбудив, поисцрпена неголи пред да си легнам ... и таква по пижами и немиена трчаницата да го гушнам. Тоа спиеше, сестра му беше будна и ја гушнав, и почнав да плачам ... и реков секогаш ќе бидам тука за вас, секогаш, никогаш нема да избледам ветувам. Мислејќи како во сонот. И откако се смирив го разбудив малото, ме гушка со тие слаби рачиња и полуотворени очиња и ми вика а зошто плачеш за мене кога јас секогаш ќе те сакам?
    Обравче мое најмало, го стиснав пресилно и ми се смири душата.

    СИ викам, кога сум способна толку да сакам детенце што и не ми е ништо, колку ли ќе ги сакам моите деца, и на што ќе бидам спремна за нив?
    Одговорот е јасен, ќе ги сакам колку што ме сакаат моите родители, и ќе бидам спремна на се за нив ...
    Ама тоа е во иднината, во сегашноста ќе пружам љубов на други дечиња.

    Кога ќе видам денов ми беше исполнет со дечиња, со другарка, со неговата насмевка, со искрени прашања и очиња кои трепкаат чекајќи јасен одговор ...

    Задоволно се насмевнувам, и се чудам како моите ја видоа тагата позади насмевката ... чудни се тие врски и тие работи, а мене всушност не ме мучи нешто многу, само тој малку ме нервира, и теткава ме плаши зашто прееска дојде ама е страшно розева и неконтинуирана. Да се надеваме на подобро утре.

    И има ли нешто поубаво од тоа да му купите на помалото братче преубав парфем и да си го полните срцето со неговата најмила среќна фаца што ќе ја направи? Па тука веќе не се битни бре ни пари ни ништо ...

    И има уште едно такво чувство, а тоа е кога толку лесно ќе ги закопчате панталоните од прва година средно сфаќајќи дека се враќате онаму каде што сакате да стоите ...

    Па колку труд и да треба, колку и да е висока планината на која што сакате да се искачите, вреди ... од трнливиот пат, ранувајќи се понекогаш ќе си трга човек трн по трн, трн по трн, за безбедно да стигне онаму каде што сака. На врвот кој тој за себе си го зацртал, и другите воопшто се небитни.

    :hai:
    Поздрав, имајте убава саботна вечер.
     
    На Hopeful, TeddyGrey, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Не знам што друго освен дека...
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Marcey, CharmedGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ти дарувам дар
    и послем се праиме дар мар :$
     
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Епа официјално ни започна зимата :rofl:

    [​IMG]
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кога ке го слушнам прашањето

    зашто сум се родил/а , зашто тука баш леле како зашто


    Би сакал да им напоменам ,

    А ЗАМИСЛИ ДА СИ СЕ РОДИЛ ВАКА ?!??!?!?!

    [​IMG]
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сон,и не сакам да ги затворам очиве.
    Без грижа на совест баталив матурски обврски за некоја сабота која ќе ја нејќам,ама оваа впивав сонце и дишев љубов.
    Навидум слична ко претходните,но многу различна.
    Доручек на отворено,прошетка,вожња,чај со многу мед под лажно сонце,бутици,печени костени и го вратив дома. Ужасно добро се уклапаме,па срцево ми се стега што сеуште ќутам,а времево ми бега. Знам дека ме разбира,али не е тоа тоа..
    Глупа сум.И затрескана.
    Туку,сабота ко сабота..не е досадна,ама не сакам никакви штикли. Ко неможам да лигавам црвено вино и коцки Милка покрај камин со Пати Смит во позадина,ќе останам дома.
    Со лудиве мои ќе се смеам..а кој има време за сопкање на сопствени штикли,среќно!
    Јас би да се коцкам,ама стариов не ме остава..
    Дупла доза чај од јагода и ванила со мед,а и нешто што мириса на цимет. И Пати Смит.
    http://www.youtube.com/watch?v=0brHGJ6xqbk
    Толку несреден пост.
    Ама.
    Медарење,жими се.
     
    На x.Daisy.x, Meggy, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Оддамна не сум прочитала олку добра мисла/мудрост:

    Има многу сиромашни деца на кои родителите ништо не им дале освен ПАРИ!

    Ете така, ги сакам мама и тато, и цеце и бате бидејќи ме прават набогата на цел свет со нивната безрезервна љубов!
     
    На Mygirl, teddybear, qqq и 15 други им се допаѓа ова.
  11. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Денес сум шверц . Таман сум кај моите па ќе морам да барам џепарлак дури не ми стаса платата :^)
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.767
    Мислиш шворц?

    СДК, викендов полна со покани за излегување.... а јас??? Јас си седам дома, и учаммммм :@ да си пукниш вкожа е муабетов. некој друг што учи? некој друг што им е досадно??? слободно лп ;)
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК ова е нешто неверојатно! НЕ е за испуштање.Се изначудив! Морав овде да го ставам да го видите.Значи алал да им е,непрегнато до крај,ко на шилци да седам!
    http://www.youtube.com/watch?v=S2SUaoVy_iU
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Чуден, испревртен ден. :?:
    Спиев едвај 4 часа, се разбудив во 8 а до 10 се излежавав со малава. Цел ден сами со неа дома, јадевме, шетавме покрај езеро со Луна за тие да прошетаат, јас да се издувам, да се разбистрам.
    Тек кога се стемна се вратија моиве. Слегуваме со малава долу, и мама вика: „Бабушка, имаш изненаџење. Потражи га“. Бара малава во дневна - ништо. Оди во кујна и само од таму излегува сестра ми. Кутрото, се збуна, не очекуваше дека ќе си ја види денес мајка си. Неколку секунди не мрдна од вчудоневиденост, а потоа и се фрли во прегратка.
    Тие се гушкаа, мене ми навираа солзи .. неможам да се воздржам кога ги гледам како се поздравуваат, без разлика дали кога сестра ми доаѓа или си оди.
    Пред малку ми се случи дежа ву .. ништо посебно, ама ме збуна.
    И така, тапа ден, тап пост. Цело време слушам една песна, и не осеќам ама баш ништо. Нема причина да ја слушам, а секогаш имало причина за да слушам нешто.
    Тешко е, не се сфаќам сама себе ..
    http://www.youtube.com/watch?v=d8ekz_CSBVg&ob=av3e
     
  15. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    СДК Доаѓаат празнициве.. а со тоа и мојава нервоза. Затоа што како и сите претходни години неможам убаво да си поминам.. секогаш доаѓа некој кој за миг се ни расипува.

    Минатата прослава беше со тепачки, крв, заканувања... па ми се смачи веќе.
    Не е во ред. Таа ноќ треба убаво да си ја поминеме не.. да неможеме да се собереме од плачење :( !

    Се надевам дека нема оваа година да биде истото, барем подобро да останам дома со моите знам дека ке биде убаво, со љубов, со песна сите расположени, а ако одам повторно со нив несакам да ми се случи истото па и овааа ми е последна година со ова друштво што ке сум заедно.. (бидејќи сум 8, па секој ке фати своја страна догодина)
    Минатана година еден ненормален будала ни ја расипа најубавата вечер не не остави на мира..

    Едно сакам оваа година пречекот од минатата да биде поубав!!
     
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Е не е фер! :drunk:
    Комшијава го дал зборот,ќе се венча и сеа ми галамат надвор.
    Не дека ми смета,ама еј отсекогаш го меркав и му се смешкав..мал е за свадба :(
     
    На la-chicka, Strumfeta93, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    И како јас сега да легнам да заспијам?
    Сама со 3 год. дете во толкав стан на први кат :(
    А тоа одвреме навреме знае да се закашла (дека пиеме сирупче за искашлување), триста филмови ми се вратат во глава да не му се случи нешто.
    А зашто мораше да отидеш на патување ;(
    Оваа ноќ ми се чини како цела вечност.
    На арно нека е.
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.815
    Пол:
    Женски
    Во глобала Куманово е убав град.
    Малку лавиринтест според мене, немам некој голем осет за ориентација и секогаш како првпат да доаѓам. Другарка ми ми ги покажа сите знаменитости и познати места :)
    И кафиќи.
    Битно знам каде точно су слубе куде старо авто мото :)
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Некогаш 24 часа се премалку... Некогаш се премногу... Релативитет.
    Љубов.
    Пријателство.
    Семејство.
    Време за себе.

    На крајот од денот ова испадна многу добра сабота.
    Веќе е недела... Убава недела беше ова...
    А крајот го краси делото.
    Ве сака, Тедигреј!
    :)
     
    На Bright и teddybear им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.377
    Сдк дека сонував прстен, свршенички и тоа.
    Ќе сум се свршувала со дечко ми.
    И прстенот бил убав, и на рака ми стоел.
    И да, не верувам во сонови!
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.