Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    СДК убав ден денес. Иако дома го преседов, сепак убав е. Се туткам во џемпери и ќебиња, смрзнав, а кога се симнав до продавница прееска, ме огреа сонце и инстантно се стоплив. Дома е поладно од надвор, дефинитивно.

    Туку, денес ќе се улепшавам. Си купив фарба, два нови лака за нокти, лосион за лице и така. Чекам да се стопли вода, па ќе го започнам ритуалот. Само единствено што ме мрзи да правам е да се фарбам. Го правам тоа на секои 3 недели и више преку таквото ми е, ама ајде. После ќе се радувам што ми е толку убава косата :D

    Инаку, наѕирам промена. Срамежливо ѕирка, ама и’ го фатив погледот. Сега, кога ја видов, се надевам дека ќе дојде. Сакам. Нека дојде, ќе ја пречекам со отворени раце и ќе и’ дарам широка прегратка.

    Ау, прееска се извадив од памет кога земав чупалица и огледало во рака :o Па тоа национален парк Пелистер да сум била, а никој не ми кажал :^) Обично дечко ми тоа знае да забележи, ама вчера ништо не ми рече. Уствари, ми кажа дека многу сум убава. Јас задоволно се насмевнав, а прееска кога си ги видов веѓите, сфатив дека најверојатно ме заебавал :D Ако, не му се лутам. Го сакам.

    А, да, кога бев прееска до продавница, тројца момци што ги сретнав по пат ме измеркаа, а еден така шармерски ми се насмевна :$ И тоа додека бев со шумава наречена веѓи, со мрсна, нефарбана коса, без трошка шминка, со црни долни тренерки, златни патики, циклама боја маичка и темно зелено јакниче :lol: Комбинација снова. Ама... штом во такво издание некој ми фрлил око, не е се’ изгубено, има надеж :) Затоа па тек сега кога ќе се офарбам, средам, нашлакам и намирисам, има да бидам сон на секој маж :D Многу сум нарцисоидна денес, не ми замерувајте. Во овулација сум, а докажано е дека тогаш жената се чувствува најпривлечно и зрачи со шарм и самодоверба ;)

    Поздрав до сите вас, чувствувајте се и вие привлечни и уживајте во остатокот на денот :)
     
    На tinkerbelll, LilBaby, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК денес ми е роденден..
    Тортата само што ми пристигна..а гостиве не се дојдени сеуште се чека уште еден,а јас за тоа време ќе пукнам,ми доаѓа да фатам со раце да лапам..
    Еве да ве почестам малку..
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Doozy, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека вака веке не оди :shake: треба нешто да се смени, баш и за тоа прееска размислував
    времето минува а нештата одат во погрешна насока како што вели
    http://www.youtube.com/watch?v=upPKFwPj ... detailpage
    го можам јас тоа :nod:
     
    На ocila, kikkki и kikav им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Еве како се лечам од тагата.

    Прво плачам колку можам,што да правам кога сум жуљка-кумановски збор за ептен голема плачка :tmi:

    Кога ќе престанам ,тогаш пак се обидувам да се расплачам-гледам тажни филмови ,се сеќавам на лоши зборови...

    Па се расшетам низ форумиве,па читам како им е на другите,или цел ден бркам топчиња по мониторот.
    Се разбира доколку го начекам компјутерот.Ако не, средувам плакари.

    И се така додека не ја изживеам тагата-секако до следниот пат.

    И ги пуштам демоните да излезат.

    И едно утро како сабајлево,се разбудиш како нова.Тоа ти е природниот инстинкт за опстанок.Организмот бара да преживее ,бара акција.Не може вечно да се плаче и да се дреме пред телевизор.

    Се дигнувам и го почнувам, животот од почеток.Т.е .ја "преорав" куќава.Ако пријават денес непозната светлина да знаете дека е од моите прозорци.

    Полека една по една работа решавам.Во моментов не решив ништо.Турнав се под тепих.

    Може да се случи нешто ,а можеби ништо.

    Што ми е гајле одам на кафе и палачинки. :rock:
     
    На DeMelo, Moira, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    [​IMG]
    [​IMG]

    18 години од првата епизода :)

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, thinkerbell, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Лагата е како алкохолизмот, постојано влетувате во неа
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Би сакала да имам ќерка со која би имала луди моменти, би играле твист на фанки и диско музика од 70тите и 80тите, исто како јас и мајка ми. :D
    Silly times this weekend, and always. :sun:

    [​IMG]
     
    На thinkerbell, kravce, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Капки дожд паѓаат на прозорецот од мојата соба.
    Листовите започнуваат да добиваат жолтеникава боја.
    Се чувствува мирисот на ајвар и лутеница.
    Започнува сезоната на јаболка.
    Мајка ми прави многу вкусна пита со јаболка.
    Чај од брусница, мирис на страница во книга.
    Романтичен филм, стуткана на фотеља со ќебе.
    Марами, шарпи, шалови и капи.
    Грејачи за рацете и нозете.
    Љубов.
    [​IMG]
     
    На Adi888, Doozy, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе си најдеш топ фармерчиња за 499 денари :rock: И пак, уште еден пар фармерки во плакар. |( Некој е фрик по чевли, некој по козметика, некој по ташни.....јас по фармерки. Да можам, 100 пара би купила. И малку би ми биле :lol: И се радувам ко мало дете за нив ^_^

    И добро, залади времево, точно, ама аман бре....видов прееска една девојка во волнено џемперче и високи зимски чизми до колена од превртена кожа |( Не е до толку бе, да му се сневиди.

    Туку....држете среќа теретаната во која одам да не се претвори во собиралиште на самопрогласени селебрити фаци :| Веќе видов една и пол, не кажувам две зашто за вториов не сум сигурна дали е некоја наша таканаречена ѕвезда. Не можам и не можам да поднесам такво нешто....не сакам да ми се врткаат околу мене некои исфурани типови кои сами си се прогласиле за ѕвезди, дошле демек да вежбаат, а ги гледаш само се вртат околу да видат дали некој ги гледа. И по дифолт, обавезно околу нив има неколку девојчици исфризирани и нашминкани мислиш во диско тргнале. Каде бе со тој памет, каде бе со шминка во теретана? :o

    Деновиве видов уште една (барем за мене) хорор слика-дете на возраст од 3 или 4 години излезено до половината низ задниот отворен прозор додека таткото вози, а до детето седи (најверојатно) баба и со мал прст не мрда. Мене лично крвта ми се смрзна во моментот :sweat: Не знам само како им дозволуваат така, после некој друг ќе биде крив ако не дај Боже се случи нешто.


    Имајте убав остаток од викендот :hai:

    Одам јас да се спремам за вакво нешто слично со милото :inlove:


    http://www.youtube.com/watch?v=NvR60Wg9 ... ure=relmfu
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    За да бидам со неа, морам да дојдам на пола пат, ми кажа. Тоа значи дека мора пола свој пат да го поминам за да стигнам до неа. И тоа не ми е проблем, знам да одам. Проблемот е што додека одам до неа, секогаш ми се случува истото. Сфаќам дека не е вредна за овој напор, дека сака да ме промени, дека има и такви што оделе за мене, и дека не сум јас тој што ова го прави за некого. И секогаш инаетот успева да ме победи, се вртам, и се враќам назад. Никогаш не сум стигнал до целта. Сум бил блиску, ама не сум стигнал. И секогаш и ја праќам истата порака зошто друго не знам што да кажам.
    -Не стигнав. Ова беше последно од мене. Не биди инает. Ќе изгубиш со мене. Дојди кај мене и ќе бидеме заедно. Јас не знам како да дојдам. Кога си ти во прашање, не знам ни да одам а да не се чувствувам како будала што се испозаљубила. Ти со мене можеш се. А тоа не е добро. Затоа дојди. Затоа што друго нема а и нема ни да има.
     
    На zarah, thelittle17, Monroe и 4 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Знаете, сношти излажав кога реков дека не постојат машки индивидуи во животецов ми.
    Постојат. Еве го, денеска се појави ко порачан.
    Сношти ова време разговаравме, нему комотно му кажувам многу работи, но вчера и без да изустам, ми ја насетил тагата во гласот и само ми рече: Тебе дете ти треба итна промена.
    Пред само 10 минути, се јави.
    - Да не планирате да си легнувате?
    - Не, рано е.
    - Епа во ред, во Ниш сум, за едно 2 саати ќе бидам кај вас. Чекајте ме.
    :o :x
    Луѓенца драги, моментално го запалил вчера автомобилот и иде дури од Швајцарија! :x
    Човекот кој ми влева позитива. Човек кој минал низ сито и решето за да стигне до таму кај што е сега.
    Човек на кој знам дека можам секогаш да се обратам и никогаш нема да ме извиси.
    Извиси? Ма, тој ќе направи и повеќе од што е потребно, а никогаш не треба ни да бараш од него, самиот точно знае кога и како да изреагира.
    Може поради работата и далечината не бил тука секој момент, но секогаш знаел да надокнади.
    Вечен должник сум му. Поради него имам дом и образование. Поради него не трпам за парче леб, а јас си ја тупам главата за некои што ни со прст не мрдаат од некои нивни Х банални причини?
    Угледајте се на тетин ми! Тоа е маж, не лигуш.
    Пак ќе речам, ние сме ко таткото што го немам и ќерката што ја нема...
    А мислев дека и оваа вечер ќе ја минам сама и осамена. Всушност, јас сум ви бре благословена што имам ваков ангел-чувар. Знам дека сега расположението ќе ми се сврти нагло во позитива.
    И ништо веќе не е битно. :sun:
    Имајте убава вечер. :hai:
     
    На Libera, Moira, bittersweet и 37 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дали знаете дека само љубовни песни и филмови има. Ретки и најчесто маестрални се оние кои не се љубовни.
    Едни од работите кои не ми се јасни се љубовните триаголници! Ама неможам да ги сфатам. Па уште повеќе кога некоја девојка е заљубена во 2 и оди со нив. Да, може да љубам еден, а истовремено да ме привлекува друг, но да правам патетики од тоа маломоргенац. Тврдам дека постојат разни типа љубов ама да се внесувам сексуално со типац додека имам дечко нема шанси.
    Денес се искачив до крстот со моето кутренце :inlove: .
     
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Интересното чувство кога ќе си ја преуредиш летната со есенската, односно зимската гардероба , и кога ќе најдиш парчина облека кои си ги подзаборавил и ќе се радуваш како мало дете ..... :)
     
    На srcekrsacka и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Моментално ништо не поштувам повеќе од топла чорапа, меси пунџа со венче заглавено некаде меѓу гривата и домашно вино. Слободно ја надминувам комбинацијата од мојата штикла и штипските улици, зашто душичката нема да ми ја згреат. Сепак, осеќам некоја мазохистичка приврзанот со нештата кои ме ограничуваат, а само јас си знам колку си ја сакам слободата. Не би сакала да си се удомам помеѓу ѕидовите излепени со постери и потсетници, па тук таму некоја мотивирачка слика.

    Летото си го крунисав со викенд во Грчка со Каша, сега уште тој да ми дојде. Уф, рингишпил ми се дешава во мешето кога ја замислувам сцената каде тој и јас, се гушкаме во автобуската.
    Вака меѓу нас, среќна сум! Само уште да средам уште неколку работи во главата, но прво да ги објаснам...

    [​IMG]
     
    На Moira, zarah, Kasha и 10 други им се допаѓа ова.
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк долго време бев послушна, време е малку да се позабавувам :d:
    ако не се натрескам, мислам добро ќе си поминам :D
     
    На slavica999 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК денот ми почна и ми заврши работно.
    Ајвар праевме со моите па да ви кажам гз ми падна од мешање..
    Си ја пеев мешај мешај мала... ах маки :(
    Ама затоа му се нагостив покасно... па тоа убавинииииии мх мх мх.. :D

    Плановите за излегување ми се растурија.. сите другарки наваму натаму.. јас на средина..
    Сега ке му ја мислам цела вечер шо да правам.. Ах маки х2!

    Минутите џабест ми се прикрај.. нема повеќе долги и доцни разговори.. Ах маки х3!!

    И така женски.. имајте ми добар провод, помин вечерва :)

    Јас ке си одморам.. поозз :)
     
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Никогаш не очекувајте премногу, затоа што кога не се исполнува она што сте го очекувале боли.

    Очекував прекрасен ден со него, пресреќна бев што ќе бидам макар и еден час со него, заборавив на се и мислев само на нашата средба, синоќа заспав со помислата дека денешнот ден ќе биде прекрасен, сакав да се потсетам како е да се биде во неговите прегратки, ми фалеше тоа, ми фалеше и тој :(

    Утрово станав повесела од кога и да било, со песна ги извршував сите обврски што ми беа се додека не се јави и рече дека не доаѓа :| Се обидов да звучам дека се е во ред ама гласот мислам ме издраваше, мислам дека и тој свати колку ми е жал што нашата средба сепак не се случи, се обидов да останам весела и му реков: во ред е уживај, има денови ќе се видиме, свесна бев дека го лажам што не е во ред што не дојде ама не сакав да го нервирам, не сакав да да знае дека ме погоди неговото не доаѓање.

    Ако ништо друго барем му го чув гласот, ми кажа преубави вести, вести кои двајцта едвај чекавме да ги слушнеме. Не погрешив што верував во него, знаев дека е силен и дека ќе успее да го оствари тоа за што се бореше подолго време :)

    Успеав некако со "весел глас" да речам чао, го затворив телефонот и ги почувствував солзите.
    Се обидов да ги избришам и надвор да излезам насмеана, ама не успеав :|

    Вечерва е мирно, се надевам така ќе биде и до Вторник, од Вторник натаму ќе можам пак слободно да живеам, да шетам без да мислам што се случува и што се ќе ме пречека кога ќе се вратам дома.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    На Hopeful и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    3.632
    СДК дека денес се отрув со кафиња. Ама ако, ми годеше муабетот со луѓенцата шо одамна си ги немав видено. :)
    И знам дека времево не е за пофалба заради својата променливост, али мене ОК ми беше.

    Ммм... Се на се, убав ден ! :lol:
    Ви посакувам уште поубава вечер. :*

    Гушкам, најсилно ! :hug: :l:
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Постарава генерација, толку ја фали Титовата епоха, на тој начин што мед и млеко течело од на круша, крушите ги јаделе и луѓето и свињите, свињата била свето животно, а животните биле основа за живот. Животот всушност течел тешко, но за тоа време нормално, воедно единствената тешкотија била физичката работа, по што на крај на денот сите биле задоволни, наместо уморни.

    Во тоа ми ти време сите биле фер, културни, добронамерни... немало лоша храна, нехигиена, апаши, манијаци, немало можеби ни изучување на психијатрија како наука, за нејзина натамошна примена, бидејќи психијатриски случаи не постоеле како апстракт ниту како фигура...

    Едно чиче од мое маало, вели дека и пиперката/доматот/тиквата/кафето не се тоа што биле. Физикусот е сличен на поранешниот, но зрачењето го изместило вкусот и мирисот. Истото зрачење создава болести на денешницата, од кои порано обичниот човек не боледувал.

    Абе бате чиче, зрачењето ги создаде манијациве или Титовата епоха што немаше скратено пополноќна програма?

    Се моли Грујо да пушти порничи, за да прошетаме сами ко слободни девојки во секое време.
     
    На Moira, Shelea, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.