Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Оф колку ми е досадно дома, 4 дена не сум излегла навечер да прошетам. Можам на пример, имам со кој, но не ми е згодно тој да седи дома поради она што се случи а јас да шетам. Ајде, ајде, филмовите не ми бегаат иако чисто сумљам дека ке можам да изгледам некој бидејки татко ми е дома, не е на работа и нели нему му пречи галама... |(
     
  2. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Вечерно кафе со милата моја братучетка.. Ех, уште ги паметам деновите кога се радувавме на чаша несквик, а за какао да не зборувам.
    И така јас и таа седевме во дворот од нејзината куќа опкружен со најразлични видови цвеќиња во секакви бои кои почнуваат да венеат. Ладно ветре, жешко кафе и фрлање на сеир за секој од минувачите...
    Слушаме музика и се дереме ко луди!
    Ја се не дерем, ја тако пјевам... :rock:
    Прекрасности... :coffee:
    Едноставно си се надополнуваме една со друга... Таа е мојот идол. Не знам каков би бил мојот живот без неа... Таа е мојот најдобар пријател, мое семејство, моја сестра...
    И да, убаво велат:
    - Братучетки по крв, најдобри другарки по избор! :*
     
    На kikav и karenin им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум најголем фан на есента на целиов форум.
    Дефинитивно.
    Додека седам, знам дека има една личност која често ми чачнува низ мислењата и скришно си крцка по едно насмевче кога ќе се пронајде низ нив. [​IMG]
    Затоа, иако не е прв ниту последен, ама сепак е еве, овој, еден од нив, пост кој го посветувам на суштеството кое го знам уште пред вие да знаете дека го знам.
    Суштеството кое го запознав уште пред скоро осумнаесет, да, осумнаесет години колку што ми брои лудиов живот.
    Овака кога посветувам некому нешто, ич не знам да бидам конкретна, ама затоа знам да гушкам со зборови.
    Ви посакувам љубов, на сите.
    Многу љубов.
    Љубов која ќе ве преврти до последната клеткичка и ќе ве натера да ги урнете сите граници на вашето постоење.
    Љубов која нема да ви покаже дека жртвата за истата значи солзи, туку која ќе ви покаже дека жртвата за истата значи љубов!

    Посакувам да љубите толку силно, што секој еден термин ќе го крунисате со левитација на апсолутна непредрасуденост и ведрина.
    Љубете со сета сила, се додека клетките не ви се исцедат, не ви се претопат во воздухот хармонично.
    Ко шеќер у кафе..

    Добра ноќ!

    http://www.youtube.com/watch?v=f7bD-8YpZWo
    [​IMG]
     
    На Trendafilka, zarah, Annie.mk1 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Како да кажеш збогум засекогаш, кога очајно сакаш некој да биде во твојот живот?
     
    На sweet-cherry, Springy, kate21 и 42 други им се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Неделава почна добро,за да оддеднаш се да ми се сруши врз гради.
    Некои луѓе цел живот немаат среќа...толку мачења имаат преживувано,толку искушенија преживеале,за сега да мораат да се борат за да останат во живот.
    Се надевам ќе преживее...Се надевам ќе се бори толку силно за животот,колку што се борел низ животот.
    Се надевам ќе остане здрав,заради оние кои го сакаат и на кои им значи,бидејќи ги има многу,иако многу и го напуштале.

    Ваквите ситуации секогаш не освестуваат..штета што само за на кратко.
    Се потресуваме за милион ситни проблеми и желби,за каприци.
    И сега зборам а знам дека и јас за недела до две,пак ќе се јадам за глупости,и ќе се нервирам зошто дечкото не ми пишал,зошто професорот ми ставил 9ка а не 10ка,ќе жалам за чизмите што не можам да ги купам...а нема да сфатам дека всушност единствено што не можам да го купам за што треба да жалам е здравјето и животот.Мојот и на моите најблиски.

    Останува само исчекувањето да ме дотолчува,а надежта да ја враќа силата.Го молам Бог ,да се освести и пак да се насмее на мајка си.
     
    На kitty.lover, zarah, Neytiri и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Многу сум возбудена!
    Мислам дека маалската кучка која што последниов месец, живуркаше во мојот двор ќе го прошири семејството. Се сомневав дека е бремена ама сега нема грешка. Прво пред месец ипол ми повраќаше во двор, беше по малце сомнителна ама ајде. Пројде тоа, пред неколку дена забележав дека брадавиците и се зголемени а и стомакот и се познава. Денеска цел ден ми е чудна, тешко дише, понекогаш потцивнува, се мотка како мува без глава низ дворот, и прееска се пикна под рафтовите за зимница и несака да излезе. И така јас загрижена и избезумена до сега пребарував на нет, и дознав дека бременоста на кучињата трае 63 дена, и ми се совпадна се со оној ден кога бабичката од соседната уличка ми кажа дека навидум ја забележала како се пари со еден пес што се врткаше низ маало неколку дена...

    И дозволивме со мајка ми да се смести денес во двор бидејки, кога е на улица гребе и квичи за да влезе внатре па ни е жал да ја оставиме.
    Излегувам на секои 15 минути да ја проверам. Душичка. Кога ја галам и и зборам се смирува.

    Среќна сум, ако добијам нови членови на семејството ќе бидам најсреќна на цел свет! :)

    Останете ми со здравје сите, а кога ќе се случни среќниот момент, јас и новата мама ќе частиме мекици!
     
    На thinkerbell, kravce, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Но бар јас си ги знам несовршеностите и пробувам да работам на нив – зборам за внатрешните. Не се опседнувам со тоа да им се допаднам на сите, и да ги следам сите трендови и мода. Не се трудам да ги прикријам оние знаци што ме карактеризираат, на пример моите пеги, само поради наметнувањето на правилото дека чисто лице е прекрасно лице. Многу ме иритира што ако си прифатен како убав многу врати ти се отворени и си привилегиран. Мразам кога ме привилегираат мене или некој околу мене само поради фактот дека изгледа убаво или дека е привлечен, а некој заслужил многу повеќе за вложениот труд.
    Ме иритираат личности со премногу комплекси и онакви кои не излегуваат во јавност додека не одвојат десет часа за да се скоцкаат напудрат и накитат. Дали драги мои воопшто знаете колку се драгоцени тие десет часа? Дали знаете колку можете да љубите, гушкате, научите, направите и придонесете во тие моменти што бесцелно ги губите? Зошто цела таа пластика на вас? Зарем не можете да се прифатите? Знаете ли дека неможете секому да сте му убави? Салони, флизерници, парфимерии, пола живот го оставивте таму. Пет часа се оптеретувате што да носите. А што ќе добиете со изгубен пола живот? Еден лајк на фејсбук повеќе? Каква сатисфакција ќе ви донесе тоа што ќе бидете наградени со автомобил само ради тоа што некому му се дигнал…адреналинот на вашиот изглед? Мене тоа сепак ми е вид спонзорство.
    Дали во тие изгубени десет часа ќе ја најдете љубовта на својот живот? И уште подобро, дали тие што ве „сакаат “ таа вечер, ќе ве сакаат и утрото без грам шминка на вашето лице? Дали ќе ве познаваат доволно добро и ќе знаат да ве насмеат и исполнат вистински, или ќе им требате само за една единствена….цел?
     
    На DzingrlakaDzikica, karmenka, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Сдк убаво си поминав на роденденот и најважниот ,,среќен роденден,, го добив од најважната личност...
    Офф,Господе,среќна сум,каква случајност,да се слушнеме баш на роденденот и тоа по негова желба...
    Ми заѕвони а јас се тресам,мајка ми до мене јас во бутик,жената ме прашува која боја и кој модел,јас ќе се онесвестев,како сон да беше,на крај се јавив и зборевме..чинам ова беше најубавиот наш разговор,опуштен без ронка напнатост,без ронка лутина и гужва,покрај тоа што имаше работа преку к*р,ми се јави,ми го честита роденденот,ме праша како сум,и рече ќе се слушнеме,ми дојде како гром од ведро небо,Господе,камо секој ден да е вака..Прекраснооо!
    Но,секогаш постои нешто што може да ти го расипе расположението,без разлика колку си бил среќен претходно...ако,што е тука е,важното бидна..
    Поздрав феминки,имајте убава вечер..
     
    На Cathe.rine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сабота секогаш била мој ден. Најубав, најсреќен ден.
    Многу работи имам да кажам, ама овој пат нема, ќе бидам себична и сите убавини ќе си ги задржам за себе, не ги споделувам, нека ми ја полнат душата постојано. Нека траат и траат.
    Сакам кога во огледало гледам очи кои ми се смеат, кои имаат куп надеж за иднината ... очи кои никогаш нема да се откажат.
    Моите 5 минути дојдоа од поодамна, и се продолжија, сосем заслужено.
    Убаво е да љубиш, уште поубаво е да си љубен. Со секоја една мана што ја имаш, со секој недостаток што те прави онаков каков што си, а некој го прифатил и се обидува на секој начин да се сноси со тоа.
    Дали косата ти е кратка, долга, мрсна, бањата, дали носиш тренерки или фустан, дали си нашминкана или потечена од спиење, дали си среќна или нервозна ... кога сето тоа е небитно, и ќе слушнеш те сакам се случило најбитното. И знаеш дека имаш нешто за кое вреди да се бориш. Да ги смкнеш и последните сили ако е потребно само за да успее. Само за да се поминат сите пречки. И не жалам. Воопшто. На крајот, секогаш среќата и љубовта се повисоко на вагата.
    Некој ми должи поклонче.
    Некој ми должи масажа.
    Некому должам повик и тон љубов.
    Јас си дрмнав едно литро шира сама.
    Си се шетав дома во штикли, не знам што ме швркна мерак ми беше.
    Сега си се смеам и си уживам. Понекогаш сум будалетинка, понекогаш сум возрасна, а секогаш сум дете.
    Ќе и пружам љубов на оваа недела што веќе дошла додека куцам. Да видам дали ќе ми ја возврати.
    Ќе се обидам секоја новогодишна одлука да ја одржам како што сум замислила. Да, за мене новата година почнува во септември(мислам дека вака ќе биде додека се образувам, знаете ради школска година и ова она :D ), сега малку сум стабилизирана од почетокот на истата, па кај и да е ќе почнам со исполнување одлуки и правење драстични пресврти :D Таква сум си, секогаш правам така, и секогаш изненадувам и се залетувам, се смеам и се надевам, и љубам со цело срце, и давам, и не се откажувам. И убаво ми е.
    Само нека трае...
    :makeup:
     
    На slavica999, kravce, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не си себичен ако личноста која ја сакаш ја бараш само за себе! Себичен си ако истата личност ја пуштиш да си оди и по некое време прашаш како живее без тебе? - Не е дека јас не сакам да ти кажам како сум. Ти едноставно немаш право да прашаш...
     
    На fallenangel, Divinebutterfly, MistiqueB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    93.971
    Пол:
    Женски
    Ништо ама баш ништо на светов неможе да ме смири и утеши како зборовите од мајка ми!
    ни бедоксин ни хелекс ни ништо како нејзините зборови-господ да ми ја благослови...
    минувам низ депресивно-анксиозен период+сама сум во станов,прееска одев накај зегин по хелекс,од горе од неколку стана ечеше музика од саботни запивки,ја по развлечени тренерки,околу мене штикли, мирис
    парфеми,и толку-кулминација во мојата 25 годишна глава..после се случи горенапишаново и ми олесна премногу....
    ....................
    ммммммм вестиве на латас(сакам да го убијам) ги глеам,па се чудам-на г-ѓа брк и компанија шо им целта со електронските тестови за возачки испит,као новопечениве шофери и шоферки ке ги познаваат многу подобро сообраќајните знаци и правила од овие шо поминале со научени тестови од 30 прашања?
    шо не кажа дека ке бидат поскапи за 2000ки,да им се полни буџетот лишинари едни.... :devil:


    :!: и да не излезам како кукач еве да кажам дека се израдував на трето полувреме,се надевам ке си најдам друштво за утре да го чучнам газево во кино милениум,едвај го чекав незнам зошто...
     
    На la-chicka, marama и irenna им се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ма не знам каква е дефиницијата за среќа, само знам дека сум среќна. Многу!
     
    На kravce, kate21, zarah и 8 други им се допаѓа ова.
  13. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Како бре луѓево зар немаат свои животи па мораат секојдневно да го пикуваат носот во туѓ живот леле ќе пукнам од вакви игроорци кој секојдневно играат по моиве живци,а едноставно врска немаат ни идеа ни план како и што да прават со својот живот ова е моето објаснување за ваков тип на луѓе.Ако седиш дома -види ја оваа од дома не излезе многу е чудна крената неоди никаде,ако појдеш некаде -види ја оваа само оди дома не застанува,и на народов не можеш да му погодиш.Туку не се будам јас секое утро нив да ги задоволам само еден поздрав до нив fuck you за сите што гуглаат по туѓи животи.
     
  14. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    Вечерва ми се јави, онака ненадејно. Му текнало на мене ( веројатно се напил) ма нема врска, битно му го чув гласот. Ма го љубам :l:
     
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    изгледа треба да бидеш најголемо гомно со луѓето за да почнат малце да те почитуваат?!
    Мене стварно не ми е јасно како еден човек, може за момент да ги заборави сите добри моменти, а да ги памти само лошите..
    Мојот бивши |( значи во моментот кога осетив дека не оди нашево, го седнав и со убаво му кажав дека не иде.. и пак не знаеше да го испоштува сето тоа, се ок, ке се сретнеме ке му направам муабет, не можам да се правам дека не го знам, ама претера! Денес беше секаде каде што бев јас |( И ми пишува некои патетични пораки, како јас не сум го почитувала?! Како јас сум заборавила на сите убави моменти..
    Добро човече олабави :| Значи ти си тој што не го поштува тоа што до крај бев фер со тебе..
    Исто и со другарка ми која што бескрајно ја сакам ( и покрај се ке ја сакам).. Се се, ама денес од такт ме вадат сите луѓе..
    Јас можам да бидам флексибилна, и можам на сите да им угодам, ама они никогаш не можат на мене да ми угодат.. Епа, преку таквото ми е..
     
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Дечките денес како да немаат харизма...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Пукни зоро, нечу кучи скоро..!!!
     
    На Springy и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Сдк... Happy birthday to me! :D
     
    На Adi888, kravce, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам заљубениве парови.Разбирам јас да се разменуваат нежности и бакнежи,ама бре..да се однесуваат како мачки во февруари,и фали уште само да се качат на дрво и таму да оргијаат на општо запрепастување на птиците...а најмногу ме нервираат кога ќе се застанат на тротоар ,како со туткал да се залепени,па морам да скокам по странични канали за да поминам... :devil:

    Доаѓам дома,на фб иста ситуација.Ѕидовите ги силуваат , ми го тријат носот со некаква ква-романтика.Можеби сум старомодна кокошка ,ако е така ве поздравувам со моето крилце и ви посакувам убав неделен ден.

    И уште нешто.Штета што некои личности колку и да се интелигентни,не се нормални.Навистина штета.
     
    На ludoto19, Moira, Trendafilka и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    ^ Ни ја не можам да ги разберам таквите парови, вчера у сендвичара дојде еден таков пар, абре се лигават на шанкот еј :!: сендвичарата полна овој ја фаќа за газ :^) се лигават :puke: маче, срце бла бла бла |( им фалеше уште се да истуркаат од шанкот и таму пред сите да направат една партија, порно у живо :x

    Ај да не мрчам заминав јас :hai: :hai:
    Имајте убав ден
    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.