Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Затоа што мангупот што не звони, не моли и не се распрашува, ја добива најубавата...
     
    На Rubiii, ViktorijaMari и cinderella5 им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Добро утро, кој рано рани две среќи граби :D Ма, доста ми е и една на мене, ако ме прашувате,ќе ми се слоши од две, според некоја моја филозофија, човекот не треба да биде среќен цело време, треба малку и тага да се осети, инаку како напред :)
    Муабетов ми е, дека да, толку многу ја посакував есента, и еве ја. Ама нема да зборувам јас за есента,иако и нејзе ја сакам,мислам дека доволно е кажано. Cакам да кажам 2-3 збора за зимата :D
    Ух, со една нога веќе влагаме натака, не можам да дочекам,еј,во посебен свет сум тогаш. Иако прошлата зима ми беше една од најлошите, сепак, не ја замразев, се уште си ја сакам
    Го сакам снегот, го сакам накитеното Скопје,ги сакам веселите луѓе низ Центар, Божиќ,Божиќните филмчиња...
    Посебно е, навистина е посебно. :)
    Aјде времето си лета, за некој месец сме таму :)
    [​IMG]
     
    На Peppermint, JuLleE, Stoimenovska и 12 други им се допаѓа ова.
  3. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Нема поубаво чувство од тоа да спиеш во своето ќебе посебно кога е свежо испрано и те потсеќа на мама. :) Кој шо сака нека каже.

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, la-chicka, Feminkaa и 16 други им се допаѓа ова.
  4. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Кога си шетам низ темите на фемина повеќето од нив почнуваат со - Ако има ваква тема во канта или заклучете ја. Ептен ми е глупо тоа. Па нормално дека ќе оди во канта ако е дупла(бар ја така мислам),зошто мора сите така да почнувате . Ако веќе ви е некаква традиција да има такви почетни реченици на новите теми,почнете бар со-молим те админе и да ја има темата не ми ја заклучувај! :lol: може тогаш нема да |( кога ќе видам некоја тема,и не само јас-сигурно има и некој друг шо го дели мислењето ;) ајде поздрав
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Крајно непродуктивно ми е времето потрошено на фризер. Измачувачки ми е, стварно. Мислам, стандард фризурата, рамно потскрати ме, тргни тоа цвеќињата од коса, шишките порамни ги и готово. И за тоа, 1 саат му треба :worried:hock: Еден саат да седам во место, не можам бре, не можам :@ Не знам што да правам во тоа време, стварно. Едно време ќе се гледаш во огледалото, ќе го меркаш што прави со твојата коса, па ќе си се загледаш во очите, ќе видиш некое нечупано влакно, па на лицето некоја брчка, па неизедначен тен, па... колку подолго гледаш толку понеубава стануваш. Не сакам бре толку долго да се анализирам. Друго, ќе свртиш поглед гледаш некој чешел, па од кај го купува, дали тебе ќе ти врши работа. Па некое спрејче за коса, што функција има... Не бре, не можам јас со ова да го оптеретувам мозокот стварно, ме напнува :@
    И така си седам со бушава коса на работа, веќе незнам ни на која наликувам, можда Флоренс Велч во утринските часови, и си се измачувам со помислата дека треба да одам на фризер (дека уште таа мака ми остана на ум).
    Ноќеска сонував како Артемишн ставила слики во модни критики од мајка и. Беше многу висока, згодна, со долги тенки нозе :tmi: не знам од каде ова :tmi:

    едит: Каква врска има мир во светот со Скопје Сити Мол? Барем тие пари имаат за да платат подобра реклама...
     
    На la-chicka, Peppermint, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК од утре па натаму ќе го исклучувам мобилниот додека спијам, денес изгледа на сите им бев потребна, не ме оставија да поспијам. :x ама ако не им се лутам 11часот за мене е максимум спиење. :)
    Времето е убаво и сончево, ќе се фатам сега за правосмукалката - понеделнички расположена :lol:

    Деновиве да чукнам на дрво :!: позитивно сум расположена. Знам дека убавите работи кои се случија позитивно влијаеа на мене, а и сонцево ми дава некоја посебна енергија.
    Мило ми е што повторно сите дома во исти момент бевме насмеани и среќни за иста работа..
    После дождот сонцето изгрева, само треба да се има верба, силна желба, да се биде упорен. :)
    Имајте убав ден.
     
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Севкупниот напредок на светот зависи од глупавите луѓе. Имено, паметните луѓе настојуваат да се прилагодат на ситуацијата и на условите кои владеат во светот. А глупаците настојуваат светот да го прилагодат себе си и затоа напредокот зависи од нив, а не од паметните. Dzordz Bernard So
     
    На Doozy и julie77 им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК кој ќе учи сега?
    уп* аман више..
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    What's the story, morning glory?

    Откривање на еден мал милион задоволства од правењето ништо. Ахам. Стандардна процедура. Иде октомври и мене ми легнуваат меланхолични албуми на плејлиста, се мрзнам пред мачето/греалче, сонувам во боја и шлапам по вирови. Егзистенцијално думање. Да се биде глуп или не?

    Кога слушам некој како се жали дека животот му е мачен, а носи од глава до пети опрема од Адидас, се вози со такси од овде до онде, јаде хамбургер од 150 денари за доручек, ручек и вечера, бил на одмор у Шпанија и слични такви набројувања, си викам - море а тебе да ти акне шамар судбината, би паднал у прв ендек или би се фрлил у Вардар да им праиш друштво на сите фекалии. Ај да те видам бе.
    Срамотни нешта се изнаслушав. Што се жалиш, кога се фалиш. А уста пуста запнала да си каже дека "ништо не е фер". Да, збори ми за скапиот живот, а не си бил сметка една да уплатиш у банка и да видиш како сметка за парно е еден твој џемпер.

    Кај живеат бе младиве денес? Што планираат со себе утре? Какви родители ќе бидат? Не е тоа плукни залепи бре. Треба прст на чело малку. Нозе долу. Глава, ако е у вис не значи дека треба да е празна ко балон. Ама стварно се изнервирав. Читам овде ситуации кога стварно човек нема, се бори, сака да смени нешто од петни жили и така тук таму некој ќе се испотреска како него животот го утнал, а извини брате што возиш кола и немаш уште 20 денари плус за бензин!

    Пропаднаа вредностиве ко да ми простите, гомно во вц шоља. Ти гушкаш некого, он мисли му пренесуваш заразна болест. Ти, праќаш убава мисла до некого, он мисли клетва. Се бранат дека немаат, зошто имаат. Плачат дека ништо не им е по ќеиф, за да ги толерираш како жртви. Постојано мразат, зошто мислат дека така треба, така се во толпа. Прифатени.
    Јас работам, да. Давам пари дома. Тргам на страна. Излегувам кога има потреба. На одмор бев со заштеда. Сите удобности на овој современ свет ми се јасни ама не и скроз потребни. Не возам кола, возам точак. Бар сум еко-номична и еко-свесна. На жими мајка де. Ми студи али што има везе. Си купувам облека каде стигнам. Ме заболе за Манго и Бершка и Солун. Не давам пари за цигари ами за книги. Ништо од ова не мора ништо да значи.
    Ама не сум лицемер. Бар за ова мало парче план од живот што го имам.
    Да му се сневиди, до каде стигна мојава генерација.
     
    На Anabelle, kate21, Buttterfly и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    259.425
    Пол:
    Женски
    Бирократијава ќе ме умре!
     
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Нови Сад ми го украде срцето :l:
    Преубаво, незнам како да го опишам тој град освен со - преубаво! Ех да можам да живеам таму, тоа е сонот! Шетња низ центар, со купишта продавници, ресторани, киосци, бутици. Преубави градби кои ми го одземаа здивот.
    Белград пак, не ми остави некој вау впечаток, Имаше многу стари градби, можеби и премногу...
    Од Скопје, Белград и Нови Сад, на прво место би го ставила Нови Сад, па Скопје, па Белград.
    Неможам да престанам да го фалам, ме остави без зборови!
     
    На kolache.99, sweet-cherry, happY-smiLeY и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Уживав со самата себе, вчера со преостанатите пари купив пуканки, чипс и кока кола, во собата светеше само миризливата сваќа, ги облеков најубавите пижами и со паломата и даљинското се сместив во фотелијата, уживав гледајќи ги филмовите, знаев ан моменти да одлутам некаде ама тоа беше за кратко, повторно се враќав назад на филмот, знаев и да соживеам со глумците, на одредени сцени, да се најдам на местото на таа жена на која и се вели "Те сакам" или "Омажи се за мене"

    Ми се јави Џони, рече дека ме видел вчера па да раша како сум, знаев дека помислис дека можеби ќе плачам ќе се нервирам затоа што ги видов заедно, ама не :!: му реков во ред сум.

    Заспав во фотелијата згрчена, утрово кога се разбудив во собарта сеуште владееше мирисот на јагода, портокал од свеќата.
     
    На Elenuskaa, marama и kravce им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе си се подновиш со нова пудра, руменило, туш на очи, четки за шминка, па и по некое парченце гардероба, ама немаш време да ги испробаш зашто не си излегла од дома.
    „Ана како четките? Ти се погодија? А пудрата подобра ти е од претходната? А руменилото убаво ли е?“
    - Кажи ми да ти кажам...

    Ете сѐ си стои во несесерот со козметика, гардеробата виси во плакар, а јас дома киснам по пижами. Не знам кога последен пат сум се нашминкала и сум излегла навечер да прошетам, ќе заборавам туш за очи како се става. Учам материјал кој го повторувам по 395716495 пат и веќе ми е преку глава од секоја лекција што ја знам на памет.
    Одвреме навреме пијам кафе во друштво, а другаркиве потврдија дека сум станала како старите баби што не можат да се изназборат. А бре не сум се социјализирала, морам сѐ да си кажам па макар да ме доболе грло, има да ме слушате сите по ред!

    Туку, синоќа го фатив настапот на Брегович на телевизија, па кога почна Месечина му довикнав на тато дека почнала неговата песна. Кога бевме помали со сестра ми, постојано ни ја пееше.
    И ете така решивме да испробаме дали функционираат големите звучници, па да ги пуштиме до максимум. Да се разиграме и распееме!

    Mesecina, mesecina,
    joj, joj, joj, joj
    Sunce sija sunce sija,
    joj, joj, joj, joj
    Sa nebesa, zrak probija
    Niko ne zna, niko ne zna
    Niko ne zna, niko ne zna
    Niko ne zna sta to sija

    http://www.youtube.com/watch?v=AKRCo3347fw

    F*CK EUROPEAN UNION!!! WE WANT BALKAN UNION!!!! BROTHERS FOREVER! HOPAAAA <3

    Ајт на здравје!
     
    На Mishela, la-chicka, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.367
    Допаѓања:
    286.519
    Колку романтично ми делува кога ќе прочитам како некои си палат миризлива свеќа, земаат чаша винце или пуштаат тивко музиче и уживаат во бањањето.

    А јас ко некој изрод |(

    Бањањето го комбинирал со друго задоволство. Прибирам нешто за апнување во некои пластично чиниче и така се мезам и уживам :rofl:
     
    На Monna.Monna, Peppermint, La.Reina.Del.Sur и 9 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    Фина статија ...

    Животот не е секогаш фер.Не секогаш го добиваме она што го сакаме, не стануваме ни она што нашите родители го сакаат и би ги направило среќни.

    Понекогаш се ви оди добро и одеднаш се паѓа во вода.Копнеете за љубов, а таа исчезнува од вашиот живот, работата за која цел живот сонувате ја добива некоја неискусна личност, кучето ви умира, вашите нови фармерки се расцепуваат додека ги собирате паднатите сметки и во тој момент застанувате и си помислувате „мојот живот беше најубав кога имав 25 години”.

    Сигурно секој во животот има забележано дека кога е најнесреќен се случуваат седум неверојатни работи во еден ист момент.Како ѕвездите да прават договор, се усогласуваат и ни го осветлуваат патот.

    Овие моменти понекогаш поминуваат незабележано и најчесто се неочекувани.Тие не се резултат на вашиот успех или неуспех.Тие имаат свој временски распоред на случување.Тоа ви се случило или ќе ви се случи порано или подоцна.Клучот е во тоа да ги забележите и да најдете начин да го прославите тоа.
    1.Несвесно победувате

    Во кинескиот ресторан ненадејно добивате бесплатен оброк секој месец во рок од една година.Или пак играте наградна игра и добивате известување дека сте сопственик на машина за перење садови.Уште по неверојатна е веста дека сте освоиле патување со сите платени трошоци.Она што ве исполнува е тоа дека не сте очекувале и не сте се надевале, а сте биле пријатно изненадени.

    2.Добивате шанса да научите нешто повеќе за себе

    Знам дека ова звучи како да сте морале да поминете низ нешто страшно и болно за потоа да се преправате дека постои надеж.Но тоа не е она што сакам да го кажам.Зборувам за будење на свеста, време во животот кога во човекот се јавува мудрост како резултат на животното искуство.Почнувате да сочуствувате со вашите пријатели кога ќе им се случи некоја несреќа во животот, но не дека го сожалувата, туку се ставате на негово место.Тоа се моменти кога можете со друго лице само да се држите за рака и да помогнете да не се чувствува осамено.

    3.Поштедени сте.

    При некоја опасна случка вие поминувате сосема недопрени. СО еден миг сфаќате дека сте многу среќни.

    4.Некој се враќа.

    Еден од најтешките моменти во животот е кога вашиот партнер ќе посака да продолжи понатаму сам. Тоа дефинитивно ви го крши срцето и ве остава емоционално истоштени. Но според некои непишани правила ваквите лица секогаш, се враќаат. Без разлика дали причината за тоа е желбата да бидете повторно во неговите прегратки, или само да се извини.Не е важно.

    5.Вие сте во право.

    Многупати сме во право, но исто толку пати и грешиме. Чудно но вистинито, секогаш кога не следи некоја несреќа, се случува да докажеме дека ние сме во право, па дури и во некои многу банални ситуации, сепак тоа драстично ни го подобрува расположението.

    6.Сакани сте

    Секогаш има некој кој во тешките времиња ќе ви покаже колку му значите. И љубовта од вашето куче се смета. Понекогаш еден збор, допир може многу да промени.
     
    На CaperucitaRoja, marama и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Овие од МТВ и се разбира Бранка и Благоја ме потсетија на младоста. Ме потсетија на тоа што мајка ми секогаш ми го кажуваше - секој јазик е прекрасен, кога убаво се изговара и зборува.
    За среќа јас сум дете на Југославија и југословенскиот социјализам, растена во време кога читањето вести ми беше доживување затоа што таа стара генерација богами знаеше како да чита. Не знам дали и другите ама јас посебно обожавав да ги следам како прекрасно и милозвучно ги кажуваат вестите. Се разбира дека како кепец, поим немав за што зборуваат повеќето, ама се топев само заради нивното читање и дикција.
    Имаа листови со текст пред себе и си читаа. Шо убаво бе! Забележував, дека умешност беше што помалку да се гледа во листот и што повеќе да се запамти од едно читање за да се изговори.

    И знаете што правев? Обично земав Нова Македонија или Вечер, малку се нервирав што по големина не одговараа на оние листови хартија кои ги имаа на ТВ ама нејсе, па потоа седнував на работното масиче, ќе се исправев, и започнував - почитувани гледачи, ова се вестите на Македонската радио телевизија Скопје. И читав на глас обидувајќи се да изговарам што е можно поправилно, поубаво, и посериозно.

    :D

    Леле еве сега се возбудувам кога ќе ми текне :D

    Значи, не само што бев Пирамид Билјарката затоа што ја тегнев мајка ми за рака кога и да поминевме околу Собрание а цвеќарите таму ги садеа цвеќињата, туку бев и Пирамид - водителката. Долго време мечтаев да водам емисија за музика и филм.
    Другар ми на времето кога работеше во А1 радио, често пати му правев друштво и ги следев тогашните водители на Фантаскоп поточно знам улетав кога правеа аудиција и едно девојче никако и никако да прочита асално една реченица. А беа решени да ја прават водителка. Ужасно се нервирав и знам дека стоејќи позади камерите ми идеше да им улетам у кадар и да и свикам, е вака се прави ова!
    Освен тоа што се нервирав дека сум глупа што не се пријавив :lol:

    Нешто подоцна, а сеуште ко дете, се сеќавам дека се замислував дека сум водителка на музичката МТВ и дека водам European top 20 и така си ги изговарав на глас песните со по некој коментар за групата или пејачите.
    И на Евровизија најинтересно ми беше да ги повторувам на француски и англиски гласовите.
    Royaume-Uni - 12 points! United Kingdom - 12 points!

    Е така. Додека другите девојчиња плачеа по барбики и куклички, јас читав и читав и пак читав, на глас, мислејќи се дека сум пред камера и замислувајќи си колку убаво им звучам на луѓето.
    Мижи Асан да ти баам работава, ама ете, можеби од тогаш ми останало она, да забележувам како луѓето зборуваат, на кој дијалект, со каков акцент, од каде се и слично. Да сакам да имитирам акценти, изговарање, јазици. Лингвистичка проститутка to be, што да се праи.
    И после си викаш, зошто студирав јазици. И си викаш, од каде таа љубов кон јазиците, општо. Ете од каде. Бранка Станковска и вашите следбеници, вие сте виновни. Фала Богу! ;)
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Peppermint и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Денес сум ранобудник, станав во 8 часот и прекрасно ми почна денот. Сакам така и да заврши. Утрово направив еден чекор кој ме плашеше, но потајно и многу посакував да го направам. Се осмелив, и се надевам дека ќе успее. Само нека е за добро.

    Деновиве, иако без скршен денар во новчаник (мада, битно убав ми е, нема врска што е празен, како што вели Трендафилка :D ), исполнета сум. Ме исполнуваат секојдневни работи и ситници. Јас сум една среќна девојка! Успеав да пронајдам среќа во малите нешта, ситните гестови и навидум безначајни работи.

    Иако, не е се’ така розово. Почнав да увидувам дека моето друштво всушност не е секогаш тука за мене. Имам четворица блиски луѓе со кои имаме одлична дружба, но овој подолг период како сум без работа, а според тоа и без пари, ме натера да видам колку се тие игнорантни кон тој факт. Нонстоп ми се јавуваат, па ајде да одиме ваму, па ајде таму, па ајде во диско, па ај на кафе :^) итн. И кога културно ќе ги одбијам со веќе добро познатиот изговор дека немам пари, почнуваат да префрлуваат, да прават фаци, да се туфкаат, па и да пројадат по некоја „вафла“ во стилот: Де бе па и ти, никогаш ли немаш? :^) Па не ти требаат многу. Е, да, не ми требаат многу, малку требаат, ама јас ни тие ги немам. За нив се’ е розово и лесно. Си имаат работа, имаат плата каква-таква, па за кој к** ќе се мачат мене да ме сфатат дека немам. И вчера излегов со нив, и искрено се почувствував како од друга планета. Тие тројца си раскажуваа случки од нивното последно излегување и колку убаво си поминале. Се чувствував непожелно, како 13-то прасе. И уште на крај, добив „шамар“ во фаца како сум била тапа и никаде не сум одела со нив.

    Им посакувам се’ најубаво во животот и ги сакам сите подеднакво многу, но би сакала да знаат дека тркалото се врти. Лесно може тој што има денес, утре да дојде до моево дереџе, да ја изгуби работата па да види како е. А најмногу ме боли што најчесто тие зајадливи коментари на моја сметка доаѓаат од личност која пред да најде работа, дома јадеше само леб и маргарин секој ден и немаше пари ни за тоалетна хартија, па јас и’ носев од дома. И’ давав и моја облека за да има што да облече, и’ купував јадење кога можев и уште многу друго. Ете така, драги мои, се’ се заборава кога работите ќе тргнат на подобро.

    Како и да е, таквите коментари не допираат до мене повеќе. Отсега и јас си гледам само за себе и правам тоа што јас сакам, а не си ги давам последните пари само за да угодам некому. Се ставам себеси и своите интереси пред се’ и немам намера тоа да го сменам.

    Сепак, денот ми е убав, па ви посакувам и вие да имате убав ден и да правите се’ што ви се прави без размислување дали тоа некому му се допаѓа или не :)
     
    На anabel-a, Peppermint, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    The hunter is back... full-time. :lol: Зедов слободен викенд викендов што помина од фемина форумот и решив да уживам и одмарам. :D Веројатно уживам во последните слободни денови пред да си се вратам “работно“ на факултетот и да ја истуркам последната година до дипломата. :) Само уште не сме почнале сериозно со предавањата, така што до тогаш ќе си уживкам на фемина, а и после тоа редовно ќе се трудам да постирам и во женските :l: пенетрирам (хаха јака рима, како ми текнува само ова не знам). :lol: Сумарно, ќе ве дружам цела 2012/2013 сезона, го имате мојот збор. :) Ќе има денови кога повеќе ќе пишувам на форумот, ќе има денови кога ич ќе ме нема, но повремено секогаш ќе сум тука. :D

    Ајде сега :coffee: и може да декларираме старт на денот. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Викаат дека третата година е најкритична. Не рекле за џабе, во тоа се уверив.
    И не би можела да ви опишам колку сум среќна поради тоа, затоа што денес го славам нејзиното поминување.
    Ние не сме многу компатибилни, ниту ружи ни цветаат четири годишни времиња, не би го нарекла ни сродна душа и слични клише љубовни изрази. Зошто има ретардирана смисла за хумор, бескрајно блесави идеи, се занимава со сегашноста, а не со иднината, нема прочитано ниту една моја песна и никогаш, никогаш не може да ме разбере. Всушност, мислам дека годинава омилена реченица, упатена кон вечина мои зборови и дела, беше: Не те разбирам.
    А знам дека разбира, затоа што после тоа знае да ми извлече насмевка на начин на кој само тој умее и да ги каже вистинските зборови.
    И такви какви што сме, функционираме со погон од љубов. Онака како што умееме.
    Не можам ни да ви опишам колку ми е смешно и симпатично во исто време, кога некој од страна ќе каже дека сме чудни или ментални. Ама јас не се нафаќам да објаснувам, затоа што тие што даваат такви дијагнози веројатно никогаш не биле заљубени. Затоа на секоја од вас, би ви посакала да бидете среќни и заљубени како што сум јас, не само денес, туку секој ден. Толку среќни, што бабите ќе плачат кога ќе ве видат.
    Знаете ли вие, колку е денов прекрасен...
     
    На kate21, Buttterfly, Saya и 20 други им се допаѓа ова.
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Еленче, ти се придружувам кон прекрасните зборови за Нови Сад. Леле каква носталгија ме има фатено за градот, скоро две години го немам видено. А ме освои уште првиот пат, иако бев малечка, 10тина години имав. Го љубам скоро колку Охрид, еј .. а мислев дека е невозможно.

    Ах, едвај чекам да одам! Сакам зимава ама не верувам дека ќе ме пуштат, ама следното лето ќе сум таму со сигурност. Дунав, плоштадот, Катедралата, цртежот The only truth од Ремед на ѕидот на една куќа, шарените згради, Меркатор, стотиците скејт-шопови, омилениот парк .. би одела до бескрај.
    Љубов од град е!! :inlove:
     
    На Elena-97 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.