Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mногу ми се чудни оние девојки, кои се опсесивно зависни од дечкото. Aбе јавување на секои 10 минути, проверување телефони, пораки, чек да видам кој ти звонел, па не смее другарки да има човекот, на раат едно кафе со друштво да не може да се напие :^) .A,за жал има бе, има вакви жени, и тоа не една, абе на куп се насобрани.
    Jа, мислиш цел живот нема да го поминат со маж, па од сега главната преокупација во денов им е, да пребројат негови повици, пораки, а и во случај се уште да се титка, па и титки да си бројат.
    Толку многу работи има на овој бели свет, не е се во вашиот движечки вибратор кој го сакате.
    Абе сакам да седнам со жени, да свртиме различни муабети, па и трач парти нека падне, а не само да слушам депресивни мисли, како некоја Х персона го лајкнала оној нејзинион.
    Па ајде, да и мавне на таа женцка, и детална анализа, со саати и саати, бришејќи си ги солзите со палома.
    Па остај и физичка, ами и психичка анализа ќе и мавне, после 3 саата хипнотизирачки погледи, на сликата де.
    Ја бе баби Ванѓи, ја видиш, и од слика можело да се процени кој каква душа имал :D
    А што е најсмешно, ова е се вистинито, видено, чуено со свои очи и уши.
    и за крај, оставете ги дечковците нек си кулираат, не ги замарајте во енормни граници, и во најголемиот процент врската ќе ви цвета, се обратно може да ви донесе спротивен ефект.
     
    На baguf4e, kate21, sweet-cherry и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Значи не е нормално како може толку одма во секунда да се вратат килограмите кога не пазиш што јадеш. Се чудам за колку брзо време се изгубив и оп гледам на вагата. :wasntme: :fubar: сега треба да се утепам од вежбање е така ти е јади ти се и сешто и после вака така ај чао ;(
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Имам толку многу што да кажам, а ич ништо не ми се кажува. Ме мрзи што постојам.

    Имав една цимерка во прва година. Да се знаевме, да се наместевме, немаше толку да се погодиме. Таа беше единствена што беше со мене додека ми се дешаваше Иван во прва на факултет. И беше единствена што ја разбираше нашата ситуација.

    И еве сме тука, две години подоцна, пак сме заедно со неа, но јас сум многу изменета. Јас не се препознавам, светлосни години се во прашање за моето препознавање. И бидејќи не се видовме цело лето, и ја кажувам ситуацијата со Иван што ја имав. Една работа нема да заборавам што ми ја кажа:
    Јас си ја сакам таа Буба од прва година.

    Еее цимер мој најубав, и јас ја сакам таа Љубица, ама таа умре. А и не знам зошто луѓето толку многу ја бараат таа Љубица. Тогаш бев непромислена будала. Сега сум си пак будала, ама промислена. Оние што ме читаат од поодамна тука, ќе се сетат на една случка што ја кажав тука кога го тагирав колегата на фб, во група сите што имаме убави колеги. :fubar: Еј, паметните имаат ум, ама будалите имаат храброст. Бог да чува.

    Сега, на овој ум, ни луда, ни пијана, не би го направила тоа.
    Досадна сум станата. Никогаш не им досадно на луѓето околу мене, милион пати тоа ми го имаат и кажано и покажано, но јас се осеќам. Досадна сум станата. Смирена сум. Созреана, тоа би било совршениот збор. И сакам да си најдам некој кој исто така сака да се смири. Па ќе се смируваме заедно. А Марфи идиотот, тука е секогаш, сите се во врска, ти кога си сама или обратно. Ќе го јаде еднаш, ама ај.

    И да ви кажам нешто. Мене оваа денешна Љубица повеќе ми се допаѓа. Оваа која има милион лоши и добри искуства позади неа, оваа која со себе си го носи товарот на љубовта и која го моли оној наредниот кој ќе дојде во нејзиниот живот да биде трпелив, оти ова сето, од новава Љубица е многу лесно ранливо. Онаа која не зборува многу и непотребно. Онаа која не оговара. Онаа која не пие толку многу како порано. Онаа која подобро би се дружена со книга отколку со дискотеките.

    Онаа која е сама. Онаа која е без Иван ... Кое ви се допаѓа повеќе, тоа. Мене, ниедно.
    А убав понеделник беше ...
     
    На bleff, EleMental, Mishela и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Од утро до мрак мене ме следи виша сила. Станувам и го бакнувам тој што го немам, пијам кафе со некој си што го немам, зборувам за тоа што ме боли со некој што го немам, додека возам до мене седи и ме држи за рака некој што го немам, навечер кога не ми е до ништо и никого до мене лежи тој што го немам, колку ме сака ми кажува секој ден тој што го немам. Јас имам се, само што кај мене се што имам е невидливо...
     
    На anabel-a, cinderella5, calliope и 8 други им се допаѓа ова.
  5. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    За се` шо ми се случува сама си сум крива. Јас и мојата тврдоглавост, никој друг. :fubar:
    Епа сега трпи, ко нема друго чаре. :|

    И не, не го мразам јас училиштето, ниту учењето, испитувањата, тестовите... Го мразам моето одделение и наставниците. :@
    Гомненце по гомненце - ете ги. :puke:
     
    На Glossy-girl, creshicka и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  6. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Денес доживувам ужасен ден.

    Прв ден ми беше на Факултет, јас задоцнив! Каква приказна за моите внуци, ќе им кажувам дека сум задоцнила на мојот прв ден на Факултет. Проклето такси немаше никаде, а ни автобус ко за беља.
    Само моја среќа - кога Марфи ќе ти науми нешто, ти го сервира највкусно. Самошто стигнав на Факултет, се расфрчија таксиња од секаде. :@

    Потоа, ми падна телефонот, не дека е некој од овие паметниве, туку во низа, пред него, уништив три други, и ми остана уште тој, практично црно-бел во денешнава напредна технологија, ама корисен.
    И како да не ми беше малце си ја треснав главата во дрво. Ех, каков проблем имам со мојата интровертност, и запознавањето нови луѓе, па само замислете каква слика си создадов денес.

    Универзумов ми го клоцаше задникот цело утро.Само се молев што побрзо да заврши предавањето да си киднам дома.

    А, капак на се ова е што сестра ми и татко ми денес отпатуваа во Америка.

    Го знете она чувство кога некој ви недостига толку многу што дури ве боли во градите?

    Ние никогаш не сме биле разделени, и сме страшно силно поврзани, па ова можеби е еден од најлошите денови кои сум ги доживеала, и затоа имав потреба да споделам со некого. :(
     
    На anabel-a, Li0ness, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека многу анализираме во животот,еве јас се мислам која девојка да ја одберам и сега која е каква е,дали ке ми е верна,дали ке ме лаже и многу други анализи,и што е најстрашно пак ке ја одбереш погрешната личност,не е ова само во љубовта туку така е и во животот,затоа не треба многу мислење туку терај си па што биде нека биде,така е најубаво.
     
    На lelica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Ова сакам да го кажам...
    [​IMG] :nod:
     
    На Glossy-girl и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Бедно и е жално колку луѓето се мешаат во туѓите животи. Се ќе направат, ама буквално се за да ти го оцрнат образот...да те скарат со добри пријатели, да ти ја одземат среќата... а сето тоа само од завист и љубомора.
    Никогаш, ама никогаш не сум посакала да скарам некого или да му наштетам! Не ги разбирам луѓево, не не :x . Немаат свој живот или пак им е премногу интересен мојот или незнам уште што.
    Проста нација! :fubar:
     
    На bluegirl7, AnaKarenina, Glossy-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Зошто денес е топло и пече сонце? Затоа што јас си го средив плакарот и ја извадив есенската облека на мегдан. |(
     
    На anabel-a и Spell им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Епа радост ми се... гледам како растат, денес додека не беше мајка им во гнездото си ги сликнав, колку брзо растат неверојатно. Се надевам ќе бидат убави и среќни гулабчиња..
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0840.jpg
      DSC_0840.jpg
      Големина на фајлот:
      454,8 KB
      Прегледи:
      457
    На antonina, kate21, Buttterfly и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Таа пуста љубомора, таман човек ќе се спаси од едни, се појавуваат други и од никаде се појавуваат |(
    Тешко е кога човек ќе го зафати некое торнадо од негативна енергија |( па после се чувствува како препариран :( А колку е лесно и убо кога ќе биде човек позитивен, убаини, ништо живо не го нервира :D ми фалеше тоа, барем до некаде се ослободив од се негативно :whew: Требаше лутината да ја оставам некому, па друг да се замараше со неа, ама ја попрво ќе се справам јас со неа, отколку кај некој друг да ја оставам.Ама тоа е, некогаш некои работи човек не може да ги смени, оние во кои и нема удел, џабе е само патот, ништо друго.Добро, барем памет за друг пат :D

    Него, бреј ама е заразна зумбава :D да не може човек да се сопре :rofl:
     
    На Glossy-girl, srcekrsacka и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    22.483
    Пол:
    Женски
    Ајдеее .... шо све нема да преживеам значи :tmi: :lol:
     
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Ах таа кнедла во грлово ме уби. Ми се плаче,не знам за што и немам причина. Што не прави ПМС. :swear: Испирација отидена во негатива и така се ми е како гола вода. Сега и форумот ми е крив,па ајде на него да се испукам. А, да отидам јас до продавница да си купам нешто благо!? :wasntme: Добра идеа! Тркк...
     
    На Stoimenovska и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Понеделничка генералка :rock: ..На кого како му тргнала неделава :lol:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред некој ден слушнав термин за кој бев слушнала одамна а многу се користи во гинекологијата-а тоа е киретажа, и нели на гугл отворив да прчитам подетално што е тоа-морници ме пролазија, целата се стресов :worried: во најголемиот број на случаеви проследено со крварење :x си помислив добро бе Господе зошто се родив женско :doh: да го читаш е језиво, а да го доживееш ппп скраја да е е хорор филм во вистина, и сето тоа предизвикано да биде од некој кој ти значи, нели љубениот |( -хипотетички зборувам- :envy: има да го барам ако треба и преку Интерпол, па кога ке го најдам има главата со секира да му ја исечам :!: :devil: :@
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Оф бре Господе, фасепалм *1.0000000000

    Добро бре срцекршачка кога читаш нешто, го читаш како што треба или си правиш свој филм ?????

    Киретажа не се предизвикува од љубениот :|

    Киретажа се прави на секоја жена која доживеала спонтан абортус, се гребат ѕидовите на матката, да не заостанало нешто што понатаму ќе предизвика сериозен здравствен проблем и сето тоа се прави под анестезија.
    Киретажа не предизвикува крварење туку истото го прекинува кај оние жени кои имаат продолжени, тешки крварења во текот на менструацијата.

    Прочитај уште еднаш, два.....сто пати може ќе прочиташ како што треба.

    знам дека не ми личи на годините вака да му се обраќам на било кого ама бре претерува со глупостиве.
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е добро де сум згрешила, не кој знае што-бог да чува
    не мораш да ме корегираш битер свит, ако се заинтересирам подетално, ке разговарам со гинеколог , ке ми објасни убаво :)
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Како да не те поправи, некој вистина ќе си помисли, па отиде нечија глава со секира...
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако се сечело така лесно нечија глава со секира :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.