1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк ама ме мрзи да вежбам ама ќе му ебам матер па што сака нека биде.
     
  2. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Убаво е кога некој дури и за секунда или минута ќе помисли на мене, како ТОЈ денес!

    Кога го видов неговото има на телефон се превозбудив иако имаше да ми каже само нешто. Ама сепак се тешам со помислата дека денес тој помисли на мене. :$ Ваква бев денес.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485




    Ако е за ајвар не се мислиме 2 пати ,а за лупење :wasntme: корисникот е зафатен побарајте го друг пат :lol: :P
     
    На Stoimenovska и kitty.lover им се допаѓа ова.
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Јас луѓе... Ја сакам есента.
    Ама тажна ми е.
    Или денов ми е некако празен.
    Не сум исполнета. Нешто ми недостига.
    Тешко е кога твоите луѓе не се блиску до тебе.
    Зошто ми се сите насмевки овде, кога искрените се далеку.
    Тмурна соба, тмурно време, тмурни луѓе.
    Зошто едноставно... Не се позитивни.
    Вака се мачат самите, а ме мачат и мене.
    Зборувај колку сакаш, докажувај колку сакаш, факти, стории, примери... Не и не!
    Инает, тврдоглавост, што ли е? -Глупост можеби.
    На повеќе од 20 години мозокот да ти е развиен за помалце од 12?
    Тогаш е нешто пострашно од глупост.
    И не! Не се што лета се јаде!
    Не можам. МИ НЕДОСТИГААТ МОИТЕ ЛУЃЕ!
     
    На kravce и L-enna им се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    + крем :fubar: ,овоше итн :@
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.138
    Една статија ме натера да прирочитам работи во врска со машката брада. И ок,долго е тоа,ама навистина мажи, ко што постојат грдите крокс и угс,така постои и одвратна,сељачка форма на брадата!!! Жена ко жена ќе ги облече грдите обувки на нозе и и се удобни,ама ти тоа нешто го носиш на ЛИЦЕТО и изгледаш или како педофил или како геј,а почесто ко сељак.
    Стварно мразам лоша брада кај мажи,колку што сакам брада од неколку дена и тоа,за жал не на секое маже му стои. Онака глеаш бре кога некој маж чува брада од неколку дена заради тој попознат секси ефект на брадата од неколку дена. Го нема ставот едноставно бе или едноставно не му стои на тоа заоблено лиценце. Само го прави како бодликаво прасенце! *:D

    Вторник,го мразам ко и увек. Едно човече ме спасува, мачорот ме смее. Луѓе не знам што му стана, ми се попедерчува,многу ми е нежен. Кој како дојде на гости му скока во скут,се гали, се пика по кревети, од толку нежност веќе се нервираат по дома,аман што му е на ова маче?! :D Е што му е де! Емотивен е, го фаќа есенска депресија,што знам што му е...да го прашам?! :D

    * До душа и сведочев повеќе лоши форми на брада деновиве. Згадено гледав,ама тоа е... како ти менува мислење за дечкото одма. И не може да е испад,пошто уанс и а уајл глеам ја шета, значи си се допаѓа таков,значи...
     
    На eli25, kravce, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    жена без цицки како подрум без ајвар :D
     
    На Elenuskaa и tigerlady им се допаѓа ова.
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Дечки, вчера, за малку да станев славна. Имаше да ме гледате на ударни вести во сите термини.
    Ја земав ќерка ми од градинка и да влеземе в кола, го протнав клучот, ама не сака да се врти ни лево ни десно. Запињав како луд на брашно - абер да се немало ( а малечката стои и гледаааа). Поминав од другата страна, кај совозачот, буткам во брава, влезе клучот, да завртам, нејќе ни лево ни десно, стискам на електронскиот привезок -ЈОК . Поминуваат луѓе, ме гледаат, а ја видно спопиздена, вртам на мм и му викам:
    - Што си ми ја оставил колава со блокирана брава?! :devil: :swear:
    А он ми вика:
    - Се си беше во ред бе сабајле, ај пробај отвори го гепекот.
    Ја заоѓам колата, бап клучот у гепек, абе клучот ќе се скрши, бравата никако не се врти, а мм на линија чека да види каков ќе биде крајниот исход. Видов не бива и му викам:
    - Отидов ја дома, а ти кога ќе дојдеш од работа, види што си направил таму.
    Му склопив и како се оддалечувам од колата, гледам регистрацијата нешто ми чудна,а колата иста боја, иста марка, чак што више и иста бројаница на ретровизор, ама КОЛАТА НЕ Е МОЈА!!! Се развртев како манијак, да видам некој да не ме видел и детето грабнав за рака, бегам од местото на злосторот, кога ја гледам мојата кола паркирана на само 15 метри подолу. :tmi:
    Па после си мотам филм, а по која случајност, да успеав да го отворам гепекот и сопственикот да ме начека онака нагузена четвороношки како пробувам да влезам во колата, што брука ќе беше бре!

    Ова изгледа требаше во бисери да го пишам, а? :?:
     
    На Mikako, antonina, sesilija и 43 други им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Cе прашував колку е дискутабилна убавината. Дали е таа причина за секој вид на успех. После се`, едно општество од 21 век, дали навистина зависи само од естетското, затоа што ако е така, нели тоа значи дека на нашево најубаво општество со годините ќе му дојде крајот?

    Најмногу се прашував дали сите оние девојки кои се фотографираат во долна облека навистина се убедени дека се некои си првокласни модели, или пак тоа е она во што веруваат оние батки по кафичиве, дека ако спијат со една „таква“ девојка, со нога два метра (небитно дали е крива) и со алкохол во поголем процент од крвта дека се фраери? Дали тоа навистина ги исполнува или е само до сексот, само затоа што легнале „добра“ риба? Најмногу дискутабилна беше гордоста на овие девојки во моиве очи. Некои од моиве пријатели ќе речат, провинцијалки се, целта им е да се омажат за некој скопски фраер со дебел новчаник! Но, јас знам дека не е баш така. Всушност, познавам многу девојки од другите градови кои се борат за својата позиција во Скопје и тоа со гордо крената глава, а не сукња.

    Не ми беше јасно. Дали Скопје одеднаш стана метропола, па почна да шири некој вирус и наеднаш на сите им е најбитно да бидат видени на правото место, во правото време, со правите луѓе? Или овој стандард не направил глувци кои се борат и се јадат живи само за престиж и за пари, без да ги ценат вистинските вредности? И дали оние вистински вредност за кои не учеле мама и тато уште се сметаат за вистински? Или тоа е веќе старомодно?

    Не знам за вас, но искрено, се осеќам одвратно кога некој ќе ме класифицира како „секси риба“, затоа што за мене секси „нешто“ станува само парче месо, станува предмет, објект, а јас сум личност, бог да чува! Освен изгледот, дали некој ме прашал како ми поминале оние непреспани ноќи, каде предозирана со кофеин се борев со книгите за поен плус кој ќе ми носи десетка или деветка? Или дали некој кога ќе ме викне да излеземе знае да разговара за нешто друго освен срце, маче, душо, злато и да ме мерка од глава до пети?

    Ова општество си го прави своето, но дали ние го прифаќаме тоа? Зар толку станавме материјалисти? Јас полека почнав да го прифаќам, но не можам да се помирам.
     
    На kravce, NoellePage, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ах ентузијазамот за прво предавање. Па радоста кога ќе ти кажат дека го откажале. Па за крај утехата со сладолед од шумско овошје и прошетка низ куќи чија убавина не се опишува. Како од сон се излезени куќичињата тука. Со големи дворови со најзабегани дрвја (ретко цвеќиња, чудна работа), со прозори со ковано железо или онакви филмски вратички.

    Ме болат мускулите на нозете, затоа што по 50 пати на ден нагоре-надоле идам по скалите. 10 скали пута 50, бре со нога и пол ќе си дојдам дома. + 150 калории минус затоа што го бркав зајакот на цимерката полаа саат низ соба. Guess who will stay in the cage until Saturday???

    И ништо не може да направи куќа во дом, како миризливи стапчиња од ванила и колачиња со путер. Во рај сум денес, оној хедонистички. Дополнително, најдов еден канал кој не е синхронизиран. Пехар си доделува. Ејјјј, можам со сладолед да се частам утре.....
     
    На kravce и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Добив шлаканица дека живеам мизерен и беден живот. Искомплексирана сум била.
    Зошто?
    Зошто мразам крзно.
    Фала.
    Изгледа нив Круела Де Вил им е светица и се молат секоја вечер на неа.
    Народов ај што е бесчуствителен, туку е и со премала свест. Не знам дал да ги жалам, дал да ги проколнам, дал да ги оставиш да јадат бурек за тебе.
    Испрани мозоци.

    Се сетив на уште една случка пред 2-3 години.
    Кога пријавував да се затвори една позната ФБ група бидејки правеше фотошоп слики од фанови со покојниот ни Тоше, па како се гушкаат божем, како е тој ангел тие му се молат, како ги бакнува во уста. Толку мизерно изгледаше тоа, одвратно значи. Аматерски глуп фотошоп.
    И добив јавно реметење со тагнато име од таа неколку илјадна група како го мразам јас Тоше и сум срам за македонскиот народ.

    Не дај боже на некој да му се спротивставиш на некој на фб, добиваш ругање од група сељачана 100%. |(

    Се повеќе ми се грози од нашиов ни народ, се повеќе....
     
    На Moira, kravce, la-chicka и 22 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Добро ма јас не ситничарам за некој см/кг плус минус.Само убаво е да се види корпулентен маж. :D
    Упссс,јас не потенцирав органи кај мажите :D
     
    На kravce и Dvolicen им се допаѓа ова.
  14. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ми беше здосадено да читам статии и книги полни со совети за подобрување на квалитетот на животот, пронаоѓање на среќата, па како оптимизмот да стане навика... Здосадено, да. Зошто? Зашто никогаш не бев вистински спремна да го мрднам газот и да се потрудам да го надминам лошото расположение.
    Има безброј совети - да вежбате, да внимавате на храната што ја внесувате, да читате, да обновите контакти со стари пријатели, да помогнете некому... Ама изгледа премногу ми се собраа, па не бев подготвена да променам толку нешта. Конечно наидов на книга која зборува за тоа како луѓето кои паѓаат во депресија се премногу насочени на самите себе. Сакаат да бидат сожалувани, ја префрлаат вината на други. Она што би помогнало е да престанат да ги прават работите кои не ги сакаат. Или обратно - да го прават само она што им причинува задоволство. Па, со самата можност да бираат, повеќе немаат кого да обвинат.
    Сепак, најкорисното нешто што го прочитав е дека најдобар излез од оваа состојба е да се одвлече вниманието од себеси. Со тоа што ќе направите нешто за некој друг, а тоа подразбира да ставите насмевка на неговото лице.

    Секој ден да пробаме да усреќиме некој. Се вели дека најдобар начин да се стекнат пријатели е да се заинтересирате за нив. Прашувајте повеќе и повеќе. Не паметам кога последен пат сум прашала, а воедно и ме прашале како ми поминал денот, со вистински интерес. Или какво ми било детството, зошто сум го одбрала факултетот, зошто обожавам црвено, што ме радува, кој вид слатки ми се омилени...

    Откако веќе главна преокупација на моите мисли не е тој и не дишам само за нас, се насочувам кон другите луѓе. Не мора да излезам од дома. Доволно е на некоја пријателка да кажам како со годините се повеќе се разубавува, а сум заклучила од некоја постирана слика. Да прифатам нечија покана по повод прослава на откачување на досаден предмет. Да честитам роденден, во последниов случај на позната личност, и кога истата од илјадници пријатели ќе издвои време да се заблагодари и да ти посака убав ден, ја сфаќаш моќта на зборовите. Да го прашам како му поминала презентацијата, како се чувствува по завршувањето, какви наредни обврски го очекуваат.

    Животот навистина се состои од ситници. А највеќе исполнуваат моментите посветени на другите. Зашто се` се враќа. Едно "Те сакам" или именувањето со "сонцушке" (тука некој ќе се препознае :D ), добивањето совет кој не си го побарал, грижата за тебе, ми го исполнуваат денот.

    Има по нешто убаво во секој ден, само треба очи за да го видат и срце за да го почувствува...

    [​IMG]
     
    На Moira, kravce, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  15. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Прекрасен ден
    Прекрасни луѓе околу мене
    Прекрасни очи
    Прекрасни насмевки
    многу сакам кога сте среќни мили мои!
    уште повеќе ќе ве усреќам!
    Ве сакам
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Конечно некој кој се согласува со мене! :*
    Верувај и мене ми фалат. А и плус да не живеев во ваква средина кај што често се наоѓаат луѓе кои зборуваат шпански, а и да не зборував понекогаш со мајка ми, ќе го заборавев.
    Затоа па да е жив интернетов, YouTube, telemundo, canal de estrellas и тако далје и ближе си гледам онлајн серии и си уживам... 8)

    :!: Има и нешто во плус што даваат само турски и индиски серии: Телевизорот е секогаш исклучен, штедиме струја :D
     
    На AnaKarenina, ludoto19, Hkikica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Е луничке моја,многу ми е мило за тебе и за возбудата твоја,ама.....сега дада стетоскоп да те предупреди навреме-немој случајно да си се вљубувала во безабото дете кое израснало во вистински маж :lol: :lol: :lol: Кај ќе ти барам чаре после-Австралија е далеку :lol: :lol: :lol:
    Мала шега,поздравче....гушки,....спокојни ноќи,....љубов....
     
    На kravce, Serafima и lunicka им се допаѓа ова.
  18. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Колку и да сакам да бидам силна не можам,тие поговорките во пракса малку по тешки се
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Моментот кога со огромен хамбургер мртва гладна и со полна уста се движиш накај тајфа машки наредени чиниш писта е па оцени ќе ти даваат. :x Барем да имаше некој сокак да се сокриев...Нема назад! :x А па тие мислиш манекенка поминува гола едвај чекаат да поминеш..Не за друго да им промириса хамбургерот да омрсат мустаќ. Ако, наздравје нека ми е, во уши ми отиде...
    И да, многу важен детал, тек подоцна видов дека како прасе сум цела размачкана...
    Тоа е кога не јадеш дома, а не си јадел ништо цел читав ден, а немаш време за ништо освен да голтнеш некој сендвич стоечки....
    Друг пат ќе се подзамислам дали воопшто да јадам или да седам гладна 24 саати.
    И кога мислиш дека никој не те гледа, секогаш од некое ќоше ќе излезе некој неочекувано и ќе сватиш дека си посматран цело време додека опуштено си правиш некој филм во главата и се смееш сама со себе... :emo: Фрик
    И запамтите, нико није сигуран!!!
     
    На Divinebutterfly, Moira, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, Bright, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.