1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Постов се врткам да го напишам веќе 2-3 дена, но ми требаше време да ја омекнам кнедлата во моето грло.


    Знаете, каде и да одите - во некој круг на луѓе, секогаш ги има оние помалце важните, оние кои вртат штрафчиња и местат прозорци и прозорчиња, се грижат да не ти се распадне бравата или да не ти крцка вратата ко ја отвораш.
    Од време на време ќе ти го подмачкаат точакот, или ќе те извлечат од неволја, но никогаш не ги забележуваш.
    Имавме и ние еден таков човек со скромно семејство позади себе.
    Никогаш не зборуваше, никогаш не се жалеше, но секогаш беше љубезен и насмеан.
    Знаеше да ми го стопли утрото а со тоа и целиот ден.

    Ете, тој човек, пред 2-3 дена го видов последен пат.
    И никогаш повеќе нема да го видам.
    Верниот чувар на нашиот дом не напушти.

    Почивај во мир, мило човече..

    :hug:
     
    На kate21, cinderella5, CIA и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ајде нека се угоди денот.
    Баш сакав да поспијам денес ама како за инат првото кафе го пиев со кокошките.
    Ми текна. Сонот што го сонував ме вознемири.
    Болка, грешки, солзи...
    Ама веќе не верувам во соништа, нека бегаат од мене. :D
    Eве дојде среда, брзо поминуваат деновите. Секој ден сум со нова надеж дека ќе се подобри некоја ситуација. Материјалната состојба на моите, тоа е сега приоритет. :)
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Убаво е времето - не викам не, ама пусто да е, зошто е убаво баш кога сум болна? Пих бе..
    А башка и кога имам за учење.. абе еј, уште саат време, а треба физика и биологија да учам.
    Јбг, една соученичка ми кажа грешка задачи математика, па морав цело сабајле едно домашно да пишам.

    И сакав да кажам оти мразам кога сум втора смена. Ма, какво спиење бе, пак се будам сабајле за да учам.
    И немам време за ништо, еве ја пратив мајка ми до библиотека да ми ги врати книгите, оти јас немам време. Ама тоа е, уште оваа недела, после пак сабајле.

    Еии, да бе, и анатомија имам за учење.

    Убав ден девојки, се читкаме. :hai:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.597
    Пол:
    Женски
    Најлошо нешто е да си почетник на работа и нов :nod: Вработените со поголем стаж гледаат потрчко во тебе и тука следи..срце донеси ми тоа, ај ова, ај оди купи она |( а очите на газдите се упатени спрема тебе :geek: а оние другите си ги прчат цел ден нив никој не ги гледа :devil: Смачено ми е веќе :(
    Колку се трудиш , работиш и се , пак не чиниш :| ако продолжи ова вака ќе им напуштам :devil: само да си ја земам платата и ајт :swear:
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    Конечно излегов од сенката на мртвите и безнадежните...
    Конечно имам желба за нешто..само така да остане бар неколку дена,а не како вообичаено само 1-2 часа ..Убав е денов,сончев,ведар,прекрасен,уживајте..
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.941
    Допаѓања:
    203.228
    Пол:
    Женски
    Некаде во 2007-2008 година виртуелно си запознав едно прекрасно друштво, од жени. Само жени, да. Жени на различна возраст, со различни националности, сфаќања и ставови, различни животи. Ама сите со една љубов, музиката. Прекрасни жени се тоа, верувајте ми. Не ги знаете Драгана, Јелена, Николина, Драженка, Наталија, Ана, Светлана, Хелена, Марија, Оливера, Оља, Маргарита, Чарна... ама јас ги знам... и искрено, среќна сум што се дел од мојот живот.
    Ги запознав на еден интернационален форум, ама ги запознав и во живо, повеќето. Си ги викам моја музичка тајфа :) Ги има од секаде - Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, една и од Македонија. Сме се гледале најчесто во Белград, а ми доаѓале и на гости во мојот Охрид. Прекрасни пријателства се изродија од тие дружби. И покрај тоа што не се гледаме често, се дружиме, макар и виртуелно. Нема ден да не разговарам со некоја од нив, било на фејсбук, скајп или пак преку е-пошта.

    А ги има уште, од Виетнам, Аргентина, Франција, Португалија, Турција, Австралија, Канада, меѓутоа со нив не сме имале шанса да се сретнеме во живо, сè уште. Ама се надевам дека еден ден, и тоа ќе биде.

    Деновиве мојот Балкан е размрдан, деновиве имаше големи дружби, повод - музиката. Овие две недели фрчат слики од тие прекрасни моменти во Загреб, Љубљана, Белград и Софија. Кога ги гледам тие насмеани и среќни лица - мене ми буди насмевка на лицето, па дури и мала завист што не сум и јас таму. Иако знаев дека ќе има вакво нешто, не си испланирав да одвојам два-три дена да бидам дел од тоа. Само затоа што верував дека септември има други планови за мене, ама не било така. Како и да е, не сум разочарана, сите споделени слики и впечатоци буквално ми овозможуваат да се чувствувам како и јас да сум била таму. Такви се тие мои драги женички, и да ви кажам, многу си ги сакам. Паднаа договори и за нови дружби, а верувам дека ќе нè има и кога главниот повод поради кој се собираме ќе престане да постои. Затоа што нам не ни треба повод да се собереме, макар тоа било еднаш на две, пет или десет години.
     
    На bittersweet, cinderella5, Peppermint и 22 други им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Има денови кога апетитот ми е многу мал. Но, има и денови кога...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Баш така :sweat:
     
    На BeYourself, slavica999, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    :sun: - - Ваква сум,убавини..
     
    На crazylady, kate21, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Јас сум љубител на I :l: работи.
    Мислев дека сум една од ретките во градот кои ги рашетува таквите блузи.

    Денес на семафор, јас со бела блуза, со црни букви и црвено срце.
    Тој, со црна блуза, бели букви и црвено срце.
    Јас го ,,харт,, едно место на далекиот север, тој го ,,харт,, едно место на далеки југ.

    И се разминавме, како на филмовите. Можеби еден ден пак ќе се сретнеме, јас како женско ќе облечам некоја друга Ај харт блуза. А тој како кавалер ќе биде повторно во истата за полесно да го познаам.

    Се изгледавме, се извртевме, со ваква фаца :o , и заклучив дека нема никогаш повеќе во живот да го видам. :D

    Вакви авантури само срцекршачка има. :!: :rofl:
     
    На mims-89, caroline.costa, BeYourself и 54 други им се допаѓа ова.
  10. ALe546

    ALe546 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Секој во свој посебен свет :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Девојки, кај мене постои нешто што долго го чекам и искрено, веќе почнав да се прашувам дали некогаш ќе го дочекам. Тие што ме читаат знаат колку пати сум била тажна поради тоа што немам работа, колку сум била депресивна, потиштена, безнадежна и празна во себе.

    Меѓутоа,
    На моја најголема радост, гордо изјавувам дека после толку тестирања и интервјуа, ЈАС СЕ ВРАБОТИВ!!! :party: :party: :party: :dance: :dance: :dance: Не знаете колку сум среќна, утрово ми се јавија дека сум примена, а јас уште не можам да поверувам! Конечно дојде посакуваната, редовна, сигурна :!: и како за почеток солидно платена работа, која најважно од се’ ми нуди напредок. КОНЕЧНО дојдов и јас на ред! Имало Господ! Пресреќна сум, девојки, и навистина од се’ срце им го посакувам ова на сите кои го посакуваат толку колку што јас го посакував :) Уште од сабајле плачам од среќа и не можам да поверувам :inlove: И сепак, се уште постојат луѓе/работодавци/фирми кај кои не се бара врски, туку квалитет и кои го ценат сето она што го имаш постигнато. Среќна сум што налетав на една таква и се надевам дека добро ќе ми оди и дека се’ ќе биде во ред. Исплашена сум, имам трема и вечер нема да спијам, но пресреќна сум! :inlove:Извинете што вака само натрупав зборови, но премногу сум возбудена!
     
    На ALe546, Name, TeddyGrey и 64 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Денеска ме замоли да и помогнам да се дотера...ќе имала средба со пензионери...
    Ја исфенирав,косата и засвети фино опуштена...
    Никогаш не се шминка,ама денес и нанесов малку пудра и скромно руменило...
    И малку маскара колку да заблеска...
    Очите со мозаик на кафеава и зелена боја,најубавиот поглед на денов...
    Се облече убаво,на нозете чевли кои не ги обула одамна...
    Препородена...
    Посветла...
    Нејзините старачки пеги како бакнежи од сонце,шармантни...
    Убаво да си поминеш мамо... :inlove:
     
    На DeMelo, bittersweet, eli25 и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    http://www.youtube.com/watch?v=SaOPF64UR8Y
    [​IMG]

    ги памтите? е ова беше вистинска зараза за гледање, а не денешните турски и индиски серии...мислам дека никогаш не би ми станале досадни :wasntme: барајќи во фиоката случајно го најдов пикачу....ееее колку го сакав тогаш.... ;) прекрасни беа нашите цртани............... :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    :wasntme: :)
     
    На ALe546 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека денот ми помина супер, си пиев кафе бев на факултет, иако професорот беше малку здодевен со неговите шеги ја разбиваше монотонијата во предавањето, сепак се чуствував срекно и интересно, изгледа сонцето така влијае на мене :inlove: , ааааа денеска сум срекна, и тоа заради мали нешта ... патем малите нешта секогаш ме прават најсрекна , ве сакам сите гушкииии :*
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    Денов е љубовче! :f:
    Ма створен е за мижуркање и опуштање на сите сетила со фина музика.
    Убаво е кога се будиш во сопствениот кревет и си пиеш утринско кафе од твојата омилена чашка. Ма сум ја м'кнела по куфери, зашто се знае - најубавото кафе секогаш оди во пакет со омилената чашка, па дури и ако нема грам шеќер во него. :mm:
    И да, ако е ова студентскиот живот, ја би да си се запишам вонредно. :D Мислам дека дома поредовно и поасално ќе учам отколку на кхм, предавања, ако можам така да ги наречам. Ај ќе подзамижам, нели почеток ... :?:

    ***

    Уатевр, муабетот ми беше, дека ништо во животов не оди по некој терк и затоа не планирајте ништо однапред - никогаш не се знае што ќе ни донесе утре.
    Е така драги мои, ако сте од оние планирачките што ставаат планови надолго и нашироко и за свега и свачега - немојте, заборавете си ја таа да ја наречам, навика.
    Не за друго, повеќе ќе се разочарате кога ќе сфатите дека не секогаш крајниот резултат е оној посакуваниот ...
    Не знам што друго да кажам, освен - carpe diem!
    http://www.youtube.com/watch?v=eYSbUOoq4Vg
     
    На crazylady, cinderella5, Peppermint и 6 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Тип на изјави на љубов во големи размери...физички. Сигурно ги знаете оние –Те сакам...- зборови нашкртани на ѕидовите покрај Вардар. Порано, бидејќи имав прилика почесто да седам на кеј, често се прашував дали таа љубов сеуште трае и колку треба да е силна за некој вака гласно да викне. Или можеби девојката не му верувала, па дечкото сакал да се покаже и докаже. Ме имаше и мене на тие ѕидови...мислам, моето име, не јас :D па еден дечко во тоа време ме прашуваше кој ми е тој, што тоа го посветил на мене. Мали, мислам дека беше потпишан. Мали, твојата “кравче” можеби била пресреќна кога си го напишал тоа, ама јас да бев, веднаш ќе се нафатев да го префарбам :tmi: . Не сум јас за такви јавни испади на емоции, да сака некој брак да ми предложи со оние Marry Me пораки во воздух од авионче, мислам дека ќе го стрелам со топ авионот од доле |( (не дека некој се затрчал да ме жени).
    Јас сум љубител на тивки зборови на увце, оние кои и самата едвај можам да ги чујам, ама од емоциите низ здивот што ги пренесува некако цело тело растреперува. На тишина и низ неа погледи, кога некој со очи ве љуби, ве бакнува и разголува...
    А сепак, било да е најгласното, со најголеми букви напишано или најсрамежливото, тивко Те Сакам, тоа што е битно е да е искрено, чисто и единствено. Така, како што е единствена и секоја љубов помеѓу секои двајца.
    А што уствари сакав да кажам :^)
    Има разлика од тоа да сакаш и да љубиш. Те сакам некако не е доволно јак да ја издржи сета љубов силна помеѓу двајца што вистински си припаѓаат .
     
    На slavica999, crazylady, blond и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Кога зборуваш за една девојка, како била лоша и безобразна, ладна и дрска, лажна и површна, празна и комплицирана, не заборавај да додадеш на сето тоа дека таа девојка била таква со тебе. А тоа не значи дека ќе биде иста и со други.
     
    На crazylady, blond, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    девојки конечно почнувам со работааааа :party:
    ама од старт ме ставија 3 смена :sweat: ама ако важно сум примена
    додуша првите 3 денови се тест ама јас верувам во моите квалитети :!:
     
    На kate21, butterfly33, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.946
    Допаѓања:
    164.108
    Јас стварно не знам шо е со мажите,ама ете ти по глава,татковска фигура?! На ти сеа мајчинска. Абе сто пати имам пишано и пак ќе кажам,кој курац гледаат у мене мајка?! Абе мрш таму, што ќе ми е големо бебе со заби и брада, да го чувам ли?! Уирдоус!
    Трит хим лајк а шит,ќе те сака до крајот на животот,а не гледа дека тоа е така пошто ми докурчило у даден период у животов ко на пример овој! Дај гони ми се,имам и јас маки над глава,а и причини зошто да се смеам,ме гушкаат прекрасно!
    Дај однесувај се ко човек за да може да се разговара со тебе.
    Значи ич не сакам изјави од типот -абе остај го ќе му помине, абе игнорирај ја ќе и помине. Не сакам едноставно, сакам да разговарам за проблемите, ако ви е ПМС или кај кур да знам, ваш проблем, не ми се понашај како идиот. Ако нејќеш,ете ти го на...е сега,ти избери си!
    Не душо,не можам да се грижам за тебе, ако ова мое однесување прави ти да се однесуваш добро, нема ништо да функционира тука.

    Имам големи планови и големи цели, се плашам да повлечам чекор. Ова не личи на мене... ме обесхрабри што само легнувам и станувам од болештини, ми го урна континуитетот,се плашам да не сум зарѓала, да не не можам да покажам тоа што можам... Ќе ми треба среќа периодов и да оздравам и да повлечам потег, а времето врви. Мора да го нагазам пред тоа мене да ме згази.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК музиката едноставно говори повеќе од она што ние имаме да кажеме, а некогаш и нешто што не се опишува со зборови :angel:
    Колку ми годи што е сега топло надвор :) а морат и следниот месец да грејт сонце ^_^ морат, а кај и да одам сонце грејт :!: морат кога ја одам некаде,било каде и било кога... :D :wasntme:
    А некогаш вреди да се види како се стемнува и како се разденува, за таа убавина вреди човек да не спие :angel:
    Секогаш имат убави нешта, ама од што сме премногу зафатени ние луѓето со секакви ни наши занимации, ништо не забележуваме, не ги забележуваме нештата кои можат за миг да не развеселат.Дефинитивно морат малку да одмориме ние луѓето од тие наши занимации, кои во глобала не мачет :!:
     
    На ozbilnazena, crazylady, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.