[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Најдов подобра :P
    (да не се фалам де)
     
    На bittersweet, Peppermint, MSkorpionka и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :wasntme:
     
    На Hayley, SOVRSENSTVO, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Знам дека сум оф-топик ама НАЈИТНО ми е и знам дека овде ке прочита некој... Кои од рестораниве или сендвичарите низ Скопјево имаат достава???? Фала однапред
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Животот е како статус.....Сите го коментираат.......
     
  5. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Колку и да сме тажни, утре ќе се смееме, колку и да е мал светов е добро место за живеење,
    колку и да сум немоќен би правел чудаа, колку и да е тежок животот е убав.

    Со ова до крајот..
     
    На Glossy-girl и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Четврток што изиграва петок.

    Мирис на дебарски комат ме разбуди. Тато мирно и малку како со страв ми кажа дека има и јогурт во фрижидер. Зошто? Сабајлево урлав како ненормална а ќе ви кажам и зошто.
    Сестра ми е поприлично изгубено суштество, иако е веќе пред златна 30ка. Утрово си го заборавила телефонот и во 8ипол некој и ѕвонеше, со упорност на тинејџерка врз кутар момак, ме разбуди и извади од памет. Аналогно на тоа, да видам кој ѕвони - колешка од работа. Ме фати паника, си викам, ако ја бараат на телефон, а неа ја нема на работа скоро 40 минути, каде може да е, сабајле!?
    Нормално, полууспана и во паника и свртев на колешката и ја прашувам каде е сестра ми. Вика, аа тука е, ПИЕМЕ КАФЕ, го заборавила телефонот сега ми кажа. :envy: :devil:

    И викам - дај ми ја да ја прашам нешто (следуваше урлање, дерење, змејови и огани од моја страна, значи ако сум лав во хороскоп, тогаш се претворам во монструозно шестоглаво суштество што блуе оган и бегај му од патот, реткост)
    И така дечки, одржувам лекција по одговорност, дека ако го заборавила, требала да се јави веднаш дома за да не ја мислиме, бла бла бла...
    Ја повознемирена не сум била никогаш во живот. Во таков сплет на околности, човек се’ може да си помисли. А сестра е. И заклучив, дека во живот повеќе сакам да ме изеде пес, отколку да ме убие стрес.

    Денес сум одвратна, лоша, налутена.
    Ќе си го истренирам ова чувство да се пренасочи барем во конструктивни цели - прекопување саксиски цвеќиња во длабоки жардињери. Ќе си пуштам некое безвезно радио.
    И се прашувам - ја ваков паничар ќе останам цел живот?
    Не, фала.
    Поарно не мисли ништо за никого, накриви си капа и цепај.
    Неблагодарност, и од сопствена крв, ќе осети човек, а не па од туѓа. Сешто. Знам дека ќе ми се извинува и подмитува со чоколадо, вечера, ама не.

    Љубов ли е или преголема грижа, не знам, ама знам дека им е полесно на сите што кур ги боли, без опроштење за никого и ништо!
    Стварно сум лута.

    Идам да си твитам глупости. А вие, не се нервирајте. Т.е гледајте да го смалите тоа на минимум. Зошто? Познавам неколкумина што на свои 30 преживеаја мозочни и срцеви удари. Сега не се како што треба. Зошто?
    Заради стрес.
    Пресметај си го животот, и види колку треба да се плати.

    Ех. Жал ми е што ваков грд пост морав да споделам, ама тоа е. Шилеа не живее само во љубов и бајка. Шилеа станува и на другите мајка.
     
    На anabel-a, la-chicka, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Си дадов слободен ден денес. Последен за оваа сезона. Собирам сили за итен/битен состанокот утре и предавања со минијатурни паузи. Ни цигара не се пуши за тоа паузичето, а јас не сум пушач.

    Денес сум мрзлива. Снузот го отеков и срамежливо спуштив нозе на плочки. И да ви кажам, за висока мома како мене, кога прстите ти висат од висок кревет и не можеш да го допреш подот е еден од оние Алиса во земјата на чудата моменти. И пижамите ми се претешки и кујната несредна. Уште еден саат одмор и после активација. Од прееска си го ветувам ова.

    Еспресо од голтка, рачно направено во специјализирано ѓезве. Колачиња со путер и планови за ручек. Црн чај со ванила и карамела. Шушкави листови и дебели шалови. Есенољубци во акција.

    Денес и е роденден на мојата прва љубов. И иако ретко се гледаме, и безсрамно се одминуваме на улица со едно промумлано здраво, тие спомени никој не ми ги зема. Жалам за нашиот трагичен заплет и никогаш не откриен расплет, но некои работи се подобри заврзани во клопче. А клопчето го пуштам за со него да си поиграат мачки и да го затурат под некој креденец каде ќе си остане. Креденец е многу јак збор.

    До следен пат.
     
    На anabel-a, ines.h, thinkerbell и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 Ах државно што ти е...наместо пофалницата да си ја добијам пред месец дена на бина ко сите останати што добија, таа као искуцана у јуни, ја се малтретирам и се акам накнадно. Па што ќе ми е више |(

    2 Како бе идете по апoстолки на факс? Ја се чудев за други универзитети, а тоа глеам не на мојот, ама на соседниот факултет одат со жолти влечки. Лелеави фустанчиња до под гз, исти такви сукњици, тексас шорцеви, корсетииииии, проѕирни маиции... о мај гад. Или сум нормална, или заостаната, трето нема! Ха |(
     
    На srcekrsacka, SimplyElegant и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Животните кријат повеќе љубов во себе, отколку ние луѓето.

    [​IMG] :wasntme:
     
    На sweet-cherry, Ema.Sk, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    И да те надополнам со бела кошула и црн прслук,во меѓувреме кошулата откопчана скоро до стомак,градите надвор.
    И друг случај со бела кратка сукња и црна танга -_-
    Да не ти се верува!Што се нема да видиш. |(
    Страшна работа.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Деновиве се е мирно некако, одамна не било вака, се плашам дека ова дека е затишје пред бура :?:

    Чудно сме ние луѓето навидум толку силни а внатре толку кршливи, еден збор може да ни донесе толку многу среќа, а истиот тој збор ни носи и страдање. Зборам за љубовта, сите копнееме по истата, некој копнее за татковска љубов, некои копнеат за љубов од својата мајка.
    Некои се желни за внимание, вака или така сите сакаме да сме љубени.

    Денов ми е исполнет со обврски, незнам, се трудам со насмевка им се спротистравувам на сивите облаци, ама зборам за деновите а ноќите :| ноќе, ноќе сивите облаци ја менуваат својата боја во црна :|
    спомени се нижат, песни, зборови, се каам за некои работи што сум ги направила, се каам и за тоа што сум немала доволно храброст да го кажам тоа што навистина го чувствувам.

    Ниту еден човек нема комплетна среќа, без навреда ама секој има о нешто што го глочка, што го јаде а упорно тоа го одрекува.

    Ете деновиве на листа ми е песната од Ѓорѓи Крстевски - Несудена
    целата песна ко за мене да е пишана, морав да се откажам од нешто што го сакав како никој претходно.
     
    На Elenuskaa, anabel-a, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е докториве во македонија се за во контејнер да ги фрлиш-за ништо не вредат :x

    ми кажа ортопедот да дојдам во 9 а во 11 влегов кај неа на преглед-бебиња, бебиња еден куп а кога дојдов на ред, ме прегледа на ехо, ги виде повторно снимките и се советуваше со еден колега-професор нели таа е асистентка и кога ми кажа дека треба Дијазепам да земам бидејки многу сум била под стрес од сообракајката-а таа беше пред 12 години :fubar: :fubar: :o :tmi: :devil: :@ е после ова значи збеснав и ми препиша терапија, и ЕМГ-снимање се врши со боцкање за нервите да се види во каква состојба се
    и не за џабе ми вели мајка ми-не оди по доктори ке те разболат уште повеке или не дај боже ке те осакатат ппп скраја да е ама ни со нив, ни без нив :worried:
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сите, значи сите вработени пуфли во Студентски прашања, се искомплексирани малумњаци кои лечат комплекси на студентите.
    Кога влегуваш во нивната канцеларија, не очекувај здраво ниту пак насмевка туку исклучиво поглед на криво и гласно шмркање од шољата кафе кое индиректно вели аман уште една што ке замара. ДА, ке замарам оти за тоа зимаш пари, и за тоа си таму, не си таму вработена за да пиеш кафе и да јадеш мрсен бурек пред компјутер!
    Можете да замислете ме вратија назад бидејки имало многу гужва и неможела да се замара со моите ГЛУПОСТИ :headbang: Значи требаше само за 2 минути да ми испринта една потврда дека сум студент и завршено. Ама не бе, денес не и се работи, а мене нели многу ми се шета на 40 степени пекол жешко по пошти, банки и факултети за еден мочан лист од А4 формат :@ И така утре пак треба да излегувам пак да го поминам истото и останува само да се надевам дека ке биде порасположена и ке ме услужи како што е ред, ако не јас од овде да не мрднам ако не пишам меил на надлежните и не ја пријавам дека е крајно неуслужлива, и неспособна кретенка. Се обложувам дека има барем 1000 други кои се би дале да се на тоа работно место и би биле 1000 пати пофини од овие што се моментално.

    Студентски прашања- една од причините зошто жалам што се запишав на факултет. Косата ми побеле од вас, клепките ми паднаа, чорапот ми се стесна, огин да ве изгори. :@
     
    На DeMelo, Ema.Sk, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Дали тоа повеќето мажи над 50год. се повеќе се однесуваат како пубертетлии, па со годините напред и како мали деца, или само јас таква "среќа" сум имала, да ми се погодат такви во околинава :^)

    Да ми одеше албанскиов од позадина со превод, до сега солидно ќе го зборував, а совршено ќе го разбирав.

    Облечи се наутро како за на скијање, па соблекување парче, по парче слоеви облека цел ден. Стриптиз од топлини.

    Зборување српско-хрватски како да читам кинески знаци. И францускиот што не го знам, подобро го зборувам.

    Во купот сиви мисли, музика. Недоволно добар збор за мелодична поезија.
    http://www.youtube.com/watch?v=ngZh6ZSRoYg
     
    На marama, ludoto19, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Како што е редот,кога ќе ти се случи некоја убава работа сакаш да ја споделиш со некого.Според мене среќата не е среќа ако немаш со кого да ја споделиш.
    Па така јас,си ги побарав другарките,им раскажав се како што беше.Знаете што добив од нив? "Не си требала да го направиш тоа",и ги знаете оние лоши насмевки демек еј мило ми е,а во себе мислат нешто друго.
    Знаете кој се израдува најмногу?Знаете на кој му беше мило?
    На мајка ми и на брат ми.Си мислам дека беа по среќни и од мене кога им кажав.

    Па нели луѓето секако ќе зборуваат?Ајде нека зборуваат сега,имаат и за што,мене ми е убаво. :hai:
     
    На Name, Miss.Ricci, Juicy03 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    409
    Абе ова животот иронија е. Не дека сум прва што го кажува ова,ама ете сега сум сигурна. Ми докажа дека е чиста иронија. И никогаш ама никогаш веќе нема да кажам со сигурност,зошто тркалото се врти, па не знаеш што-како...

    И да бе, кога мислиш дека си најцврст - животот совршено ти презентира дека не си.
    И баш кога си реков ова моево не е срце - камен е, не знае да сака и да чуствува- еве те тебе.

    Па некој ќе каже слатки маки,ама и не се баш слатки.
    Глупи се и лигави. Ама се дешава.
    Па кај ме мачи ова, морам и да гладувам. А ПМС (најглупата причина за бебешко однесување) ме мачи.

    Ама знам дека има излез, знам дека дека ова толку ќе трае- малку.

    И тука за крај ќе си ја цитирам сокласничката со бисерот од денес: Ма кој дечко бе, јас мислам овците ги пасе,он на свадба одил :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    И така почнав и јас со новата студентска година... :)
    Некако секогаш последни почнуваме, први завршуваме, али во ред е, не се бунам, мене ми одговара. :)
    За почетокот на оваа бев некако посебна возбудена, после толку слободни месеци сфатив... па мене ми се учи! ^_^ ^_^
    Си влегов во Тинекс, одма правец делот за училишна опрема, гледам разгледувам пола саат, и си изкупував фломастерчиња и маркерчиња во сите можни дречави бои. Стигам дома, мајка ми се крсти, вика пак те фати пубертетот, што ќе ти е се тоа што си изнакупувала? Со гордост и викам: Да подвлекувам најбитното кога ќе учам. :sun:
    Ми упати еден чуден поглед, а ваљда уште повеќе ќе се чуди кога стварно ќе учам, ама ете така јас решив да си вложам во моето знаење и едукација, со надеж дека ќе ми се исплати еден ден секако. Не дека до сега не учев, али повеќе било тоа колку ради реда да не се падне, сега планирам сериозно да загреам столче.
    Јес да уште немаме материјали, али јас битно сум спремна. :rofl: :rofl:
     
    На Juicy03, M.a.r.i.l.y.n, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам дека не сме нормални ние дечиштата од нашето одделение од школо, сите не знаат како “шлакнатите дечишта’’. Ова машкиве наши луди, кој од кој побудала :rofl: до солзи сум се смеела, наставничката тука , и смислуваа некои песни, пееа со наставничката како расипани касети (намерно) , и врв на сево ова - се качија на клупи и почнаа- не си го продавај кољо чифликооотт... :rofl: , наставничкава кутрата ги гледа и ваква :^) а овие баш над мене, ја се смеам и мене ме глеа со оној вообичаен поглед :| мене солзи ми течат од смеење, и на сред час не извади нас во последните клупи да се изнасмееме , абе сум цркнала, и после сите влегуваме и вакви :| и спремни пак да прснеме од смеење, абе ненормални, шо да се праи :rofl: :rofl: На крај од часот сите искачаме надвор и по цел ходник се раздрале ова машкиве, пореметени, а една чистачка спремна беше да не тепа со џогерот,а ние трчај по скали :D :rofl:
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    101.402
    Пол:
    Женски
    Морав денес да протрчам до пазар,и тоа со она мое климаво југо ,кое кога ќе седнеш да возиш исто како да си трактор.Тресе, вибрира,брчи...бог да чува.А денес видов дека шоферите имаат одличен пријателски дух,и тоа кога цела колона на автомобили се обидува да спречи некој кој сака да се уфрли во неа.

    ДРЖЕТЕ СЕ БРАЌА И СЕСТРИ ШОФЕРИ!!!УА ЗА НАТРАПНИЦИТЕ!!!!!!!!

    п.с.и уште нешто.Како возач ме нервираат пешаците,како пешак ме нервираат возачите,ама што и да сум секогаш без исклучок ме нервираат велосипедистите.И тоа они кои и самите не знаат која страна да ја фатат.И што прават осумки :swear:
     
    На ludoto19, imelda, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Трчев 1 час околу стадионот,на стадионот околу градот само да ги отргнам мислите од него.Ме виде мојата другарка со солзи во очите.Ништо не и кажав,но таа претпоставуваше за што станува збор.
    Бев силна периодот додека го имав него а сега кога го нема ништо не е исто.Тој ми беше толку при срце што секој момент ми доагаше да го задавам од срека и љубов.Ама ете,Марфи не ме напушта. :) Марфи е мојот вечен сопатник...мое верно кученце а?
    Како и да е,ке помине време ке заборавам и на тоа што се случило.Нема да паднам во канџите на депресијата како последниот пат.Јас навистина уживав со него,но се што е слатко крае кратко нели :)
    Не ми е гајле...сепак негова одлука,јас овде ништо не можам да направам...Си заминува еден доагаат двајца.
    Само се надевам дека е добро.Друго ништо не ми е важно :)
     
    На m.m.5, srcekrsacka, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.