[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    сдк дали знате зошто битолчани и охриѓани одат Грција на одмор?
    Оти ги викат скопјани :D :D
    Јак ми е многу вицот оти е саркастичен (иако сум битолчанка) ;) ;)
     
    На Serafima и Lady-Cha им се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Зашто толку неправедност? Од каде ја целите таа љубомора?
    Јас сум на пат да го остварам тоа што сум го сакала од секогаш, неспособноста е во самите вас, неспособноста да го постигнете тоа што ви треба и тоа што го сакате па живеето од излишани критики кон секого .. но скапоцениот камен останува скапоцен па дури и да падне во калта, а прашината останува прашина па макар и до небо да се крене..
     
    На Serafima, SexyLady и angel92 им се допаѓа ова.
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    СДК утре правам писмена Македонски,немам ни една тема напишано само податоци некои, ама воопшто не ми е важно,не ми се учи. |(
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Секој во својот живот принаоѓа некои работи. Тоа е како долг пат исполнет со милиони убаво завиткани кутии, твоја задача е да го поминеш и попатно да ги избереш оние кои мислиш дека се вредни.
    Изборот не е ограничен, пука од разновидност, но бројот на оние кои можеш да ги избереш и понесеш со себе е.

    Внимателност - тоа е одговорот на прашањето.
    Четири очи, по можност и цвик со диоптер 10ка стај си :geek: , само обезбеди ги сите сигурносни заштити. :!:
    Секако во тие недоумни избори паѓаат и стотици грешни избори, кутии кои кога ќе ги избереш автоматски официјално се самопрогласуваш за fucked up. Но не знаеш се додека не ги отвориш.
    И...
    Што ќе се случи кога ќе ја отвориш убаво замотаната кутија со украсна хартија, машни, светки, што убаво мириса однадвор?
    Е за тоа има две можности:
    или отвараш и наоѓаш
    или отвараш и „наоѓаш“.
    Во првиот случај ќе најдеш она што си го очекувал, нешто убаво, нешто што кореспондира со надворешноста. Корисно.
    При вториот случај ќе најдеш не празнина, туку внатрешност исполнета со го*на, ѓубре, нечистотија, скапано... И наеднаш кутијата ти рипа и те напаѓа со сета своја внатрешност, те потрупува.

    И твоја следна работа е да најдеш сили и да се откопаш од тие нечистотии и да продолжиш понатаму. Не да ги заборавиш, туку да ти послужат како пример и ука при изборот на следната кутија што ќе ја најдеш на патот.

    И така страдаат и добрите, содржајните кутии, оние со вистинска вредност.
    Тие се оставани сами на патот...


    Внимателност - тоа е одговорот на прашањето. :!:
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Не знам дали е до времево, а до тоа ќе да е, ама не ми се мрда никаде. Ми се седи само дома, во топло, со компјутер или со некое филмче. Па и нема некој избор каде можеш да излезеш за жал. :?:
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Од секогаш сум сакала луѓе посветени на уметноста. И среќна сум што сега делам прекрасни моменти со таква личност, тој. Денес ми зборуваше за тоа како на факултет по предметот АКТ цртале вистински луѓе, голи; не дека не знаев, ама многу се смеев, многу смешно ми ги раскажуваше часовите, за стариот човек кој совршено бил замрзнат и не се помрднувал 1 час. За да нацрташ некого, ми кажа, треба да ги најдеш маните. Така ќе го нацрташ совршено. И му викам: Ајде гледај ме како модел и кажи ги моите мани. И тука доаѓа моментот кој најмногу ми се допадна - ми кажа 2-3 работи. Не направи клише муабет демек немаш мани, прекрасна си, немам замерка - баш ме гледа реално и таква ме прифаќа. Искрени зборови кои прават да се чувствуваш уште поблизок и се‘ повеќе и повеќе да се прифаќаш таков. Исто ми има кажано за 2-3 работи кои не сум ги забележала низ годиниве :lol: Мали слатки детали. И тогаш.. тогаш се чувствуваш посебно убаво.
    Ја гледаш својата уникатност и незаменливост.
    Така е и за мене и за тебе.
    Сите сме различно убави.


    п.с. Прекрасни зборови Љубам!
     
    На Serafima, ljubam, SexyLady и 5 други им се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    СДК денес мува не ме лази, одам да се возам со другарка ми, музика, и гас гас...
    После едно нес, за вечер очките да не ми паѓаат врз книга!

    СДК дека мајка ми денес го направи најубавиот баник, со сиренце уффффффффффффффф а јас таква со лигите врз него, само примам мирис, и морам да ја фатам вратата пошто опасно по здравје е да се седи дома, додека има бурек на маса!
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    6.771
    Дали сум единствена што не излегов во сабота навечеР?! АУ УА ! :lol:
    Море свет, збудалев дома ! Ми се излегува на кафе , ми се денса на латино музика , ми се шета кучето ...
    До вчера не ми се мрдаше од компијутер само за на топло седење бев а сега ми изгледа дека можам да одам секаде освен овде , дека има милион места каде можам да одам ..
    И стално ми е вака во недела навечер кога не сум убаво излезена за викенд :wasntme:
    Изгледа ќе си ја читам книгата што си ја зедов вчера од гратска библиотека :angel:
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сите лажни извори пресушија, вистината и лагата се срушија
    се е бесмислено, ова е добро смислено.
    Има лузери, има победници
    има фраери, има и бедници
    има и такви, мали, ситни, никакви.
    Сега слушни ме
    сакам без трошка срам да ти покажам
    колку очајно си ми потребен.





    Не го почитувам авторот на стиховиве, но ужасно, проклето добри се стиховиве.
    Уживам во нив, уживам во есента, уживам во љубовта, уживам во денот, уживам во музиката, уживам во животот. :l:
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Полега ме фаќа носталгија за дома, ми фали чувството на топлина, на сигурност, чувството дека си ДОМА.
    Сакам да си легнам покрај печката, да ги слушам дрвата како пукаат од огнот, да ги гледам низ стаклото пламенчињата како се креваат како балерини, да се препуштам на некоја убава книга и да уживам. Да уживам и да не мислам на ништо. Жал ми е за сите кои никогаш не ја почувствувале волшебната моќ на пламенчињата. Парното и греалката не го можат тоа. Залудно ќе се гледам во металните радијатори и вжарените греачи.
    Ех, колку би сакала да сум дома :)
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    СДК вчера ми се наполни душава од една дешавка :lol:
    Не кажувам што беше, ама немате претстава колку само ми беше убаво на душичкава :lol: 8)
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Сакам да кажам дека сум пријатно изненадена од тоа дека воопшто сум номинирана и дека речиси 50 луѓе гласале за мене! :o Идам тука чисто за забава, испукување на негативна и позитивна енергија, и чудно ми е дека некој го чита тоа. Остај што го чита, па дури и му се допаѓам, толку многу, што помислил на мене и ме номинирал, сега и ме гласа. :x Тенкју вери мач, не сум сигурна како и дали треба да се заблагодарам, да се правам паметна и слично... мене ме изненадивте, сепак сум поразвеселена од ова отколку од парфем. :* (Ќе си помисли некој, ајде кисело е сега грозјето, ама озбилна сум бе! :rofl: )

    Ааа, се јадеме со Хипи за глас-два, :!: многу ми е смешен тој збор, се јадеме. :rofl: Хипи, дај жено, да се видиме во живо на Филолошки, на еден дуел, да расчистиме во живо што имаме да си кажеме, не вака на форуми, ќе се правиме за еден глас! :rofl:

    Друго дојдов да кажам.

    После убаво поминат ден со германски, сега е време за еден не така омилен дел. Пакување. |( Потоа следува еден омилен дел, одење на гости кај баба, пиење едно нескафе со нив, малку кифлички, малку повеќе муабет и многу песни со братучед ми. Кога ќе ми се закачи до мене и кога ќе почне да прави со прстињата тоа ,чкрип, чкрип, се знае, се пуштаат божиќни песни! Ухуху - Крисмас ис каминг!

    Или, Вајнахтен комт! :devil:

    п.с. Трипати го редактирам постов за глупавиот Вајнахтен да го напишам правилно. :D
     
    На Anja98, kika13, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.688
    Допаѓања:
    162.104
    Сдк "убавината" на мојот човечки род,ај колку ја сакам. Прост след на нештата. Некое бате,сосема неразбрано ради неговата фацинантна интелигенција,кошкано е и шуткано како парталец и небитник,навредуван е,а да речеме припаѓа како член на една партија,а истото ова му се случува од неговите врсници од спротивната партија. Е сега овие преценетиве ... си ги покажуваат силите и очигледно е дека нивниот максимум е нечиј минимум и паѓаат...на дното на пропаста...малиов,се издигнува и добива потврди,го чека можеби сјајна иднина,погодете кој прв му го лиже,да не речам шмука аналниот отвор?! Дап...овие истиве кои своевремено го ругаа... Се надевам дека им го памти и ќе ги столчи,иако пријаат овие минутки на слава.

    Идиотштина и наша реалност. Кога идиотите ќе пропаднат...доктрина за еден идиотски народ.

    Ах да...не можам да се помирам со фактот дека идиоти со дијагноза,место да си ја пијат препишаната терапија,шмркаат кока со нашата ванаби авангарда,маваат хероин и пашкаат со се три оброци и ко резултат на комплетна сјебаност, својата инфериорност ја проектираат во одреден вид на супериорност наметнуваќи погрешни норми на однесување и размислување,а останатото подегенско мнозинство ги прифаќа како вонсериски паметно и нормално зошто не поседува сопствен став. Додека некој друг,тн обичен,со генијални идеи бидува не слушнат и е тотално игнориран,зошто не умее да се наметне.А зошто?! Зошто не пати од идејата да биде прифатен,забележан,обожуван,па не гребе по сива маса на народ.

    Ок,народе,не е срамота денес да се побара стручна помош.Вие среќни,ние среќни,сите среќни.Помирете се со фактот дека имате проблем,прифатете го и решете го и некако лишете се од потербата да бидете прифатени,зошто вашата огорченост не труе сите комплет. Па и оние со литиот став,море каков став, созрејте.

    Море идиотизам на килограми! Ми се згади неделниов ручек и убавината на душа која ме држи од вчера!
    Имајте муда за живот!
     
    На bittersweet, SexyLady, funkygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ненадминливоста и непредвидливоста на нешто што е толку вообичаено за оние кои го имаат, ерго ние - живот.

    Секакви дешавки. Од некои ми се згади, и си велам, да затворам очиве? А на ушиве што да им правам? А устава тек на последно место се јавува како примерно учениче - присутна!
    Ја гледам женава на ТВ и и се восхитив и истовремено си реков - добро, дали жена како неа станува гласна само кога е во тесно и кога сите волци наеднаш ќе ја нападнат. И пази богати имала глас и знаела да си каже што си мисли. А досега молчела?! Онака тивко спроведуваше она што и беше работа и не се докажуваше дали е во право или не.
    И да ви кажам ме инспирираше нејзиниот интелигентен шарм.

    А вторава седната до мене ја коментира и ми вели - ех ќерко, знаеш како е, со свињи човек да си нема работа, ниту да се расправа а уште помалку да влегува во некои си такозвани тепачки. Знаеш, за џабе ќе се извалкаш, ама на свињата ќе и биде сеедно на крајот што останала таква каква што е - валкана.

    Поука? Голема. Се насмевнав колку мудрост се криеше во констатацијава.

    Неделава штотуку ќе ми стане волшебна. Колкумина од вас можат да се пофалат со машки примерок кој ем ќе ви дојде на гости, ем ќе ви замеси, ем ќе ви отвори винце?! :D Ок, ок, сигурно многу - а јас сум една од вас и горда сум што сум му пријателка и што го имам во животов.

    Откако сфатив колку е понекогаш гордост да речеш дека си жена контам дека неделава сакам да ја поминам со - маж :)

    Ма нек се угоде!
     
    На sesilija и HeelsLover им се допаѓа ова.
  15. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Денеска си релаксирам дома, на топличко чајчето е до мене :) Уживанциии до месечинава и назат
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Сдк Инспирирана :tmi:
    Го сликнав небото над мојот град,прекрасна сина боја која ме воодушеви :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG2857A.jpg
      IMG2857A.jpg
      Големина на фајлот:
      504,4 KB
      Прегледи:
      325
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека на светот, му недостига добра комуникација.
    Многумина не се ни свесни што значи да комуницираш.

    Колку проблеми настанале од недоразбирање? Дали говорникот не ги дал потребните информации, или пак соговорникот се направил на Тошо, или пак условите на комуникација не се исполнувале..

    Но, и како луѓето сакаат да добијат разбирање, кога односот не го поставуваат човечки, туку животински?
    Како да разберам некој, кој не ми направил муабет, туку само ми дал наредба? Што сум јас, измеќар? Како да донесеме концензус, кога само тој донесува одлуки? Што е работава, другото е небитно?

    Или пак истурање нервоза некому. И познатата фраза:
    ‘ Не ти се дерам, таков ми е гласот ‘

    А јас јадам дудинки за појадок.
    Важи.

    Ако сакаш да те разбереш, ќе покажеш разбирање. Ако сакаш да ти помогнат, ќе замолиш. Ако не си во право, ќе се извиниш.
    Тешко ли е сето ова?

    Што се случува?
    Ќе ми пукне вратнава артерија од таков идиотизам.
     
    На teddybear, julie77, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК епа браво ѕвончице се изнаспа ко бог да чува до 19 саат сега ете така кафенце мх мх [​IMG] и вечер ќе бројам овци |(
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.523
    Допаѓања:
    92.152
    Пол:
    Женски

    Сакам и јас кафе, ме мрзи да варам :wasntme:

    Него преубава вечер. Црвено вино, насмевки и мрдање со колкови. Има моменти кога сум најсреќна и после се разбира си доаѓам дома :lol:
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    сдк дека се чуствувам исполнето,срекно и убаво :) и ке си пиам :coffee: со :smoke: ,а вечер :d: :music: :nod:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.