[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дали денеска постои човек кој не се труди да глуми пред било кој?! Што ќе е целиот тој вештачки разговор, сите тие вештачки насмевки, па дури и трагично (најтрагично) вештачки Статуси на ФБ. Постојат толку провидни лигли, кои само за да добијат внимание од некој дечко спремни се да паднат толку ниско.

    Јас па едвај чекам копучево мое да дипломира и да му порачам една ваква:
     

    Прикачени фајлови:

    • uj.jpg
      uj.jpg
      Големина на фајлот:
      215,9 KB
      Прегледи:
      287
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Инспирирана од многу случаи, на кои сите сме сведоци, сакам да кажам збор - два, а можеби и нешто повеќе за трговијата со луѓе. Знаете ли што е тоа? Дали сте доволно информирани за ова кривично дело? Дали трговијата со луѓе постои и кај нас?
    Пред се`, трговијата со луѓе претставува експлоатација со цел на сексуално искористување, присилна работа, присила за правење криминални дела, вадење на органи и лажно посвојување. Ова е најсуровото кршење на човековите права, и тешко кривично дело. Трговијата со луѓе претставува сериозен меѓународен проблем, кој е застапен и во нашата земја, која не е само транзит - земја, туку и земја на потекло. Жртва може да станете и во својата држава!
    Жртва може да биде секој, маж, жена, дете, независно на нивната возраст, образование или верска припадност. Жртвите се луѓе кои индивидуално или колективно претрпеле физички или психички повреди, емотивно патење, и константно трпат прекршување на основните човекови права.
    Трговците може да се кријат позади некои бизниси, како: Агенции за модели, Агенции за работа на брод, градежни работи, Туристички агенции, лажни огласи кои нудат работа како келнерки, манекенки, секретарки, деловни придружнички... Тие се служат со измама или лажни ветувања, те продаваат и купуваат како "стока", користат насилство, ти се закануваат и уценуваат дека ќе му наштетат на твоето семејство. Со еден збор, ти ги прекршуваат твоите права!
    Знаете кои се` човечки права се прекршуваат?
    Правото на живот, слобода, работа, образование, достоинство, сигурност, еднаквост, здравје!
    Трговијата со луѓе е казнива со закон. Во Р. Македонија постојат членови за правата на луѓето. Под Член 418-а спаѓа Трговија со луѓе, Член 418-б Криумчарење на мигранти, Член 418-в Организирање на група и поттикнување на извршување на делата: Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти и под Член 418-г Трговија со деца.
    Жртвите на трговија со луѓе претрпеле физичко и психичко насилство, биле искористени и измамени. Прифатете ги овие личности, помогнете им и охрабрете ги да го пријават својот случај во полиција.
    Бидете информирани за овој проблем, надминете ги прерасудите од типот дека "тоа им се случува на другите", "сами си го барале" и дека ова постои само на Запад.
    Жртвите на трговија со луѓе поминале низ пекол, не по сопствена вина, туку по вина на трговците!
     
    На Moira, Monna.Monna и kravce им се допаѓа ова.
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    "Ako je strast, proći će. Ako ne prođe, ljubav je." I nije prošlo. - Balašević. Баш така,нема ни една мисла,ни една песна од човекот во која што јас не се пронаоѓам.

    Заљубена сум,и тоа многу.Никогаш не било посилно,и никогаш не би сакала да престане.
    Со висока температура,и со затнат нос ми е убаво,и не ми е гајле,ќе помине.Но знам дека кога утре ќе се разбудам нашата љубов ќе остане,и ќе трае,ќе трае се додека ја негуваме.
    И сите работи кои некогаш сум мислела дека ќе ми сметаат,ги прифатив,имам трпение и знам дека и некој друг го има.

    Ахх љубов.Нема ништо поубаво,нема.
    Сакајте луѓе!Сакајте искрено,без никакви интереси и скриени намери.
     
    На Salome, kravce, Springy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мелахолик..
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.745
    Допаѓања:
    17.711
    Ја направив и таа грешка. Се заљубив. Ама тоа е, геши човек.
    Гледам се што ме потсеќа на него. Слушам песни кои ме потсеќаат на него. Се што сме правеле муабет ми се врти низ глава. Само на него мислам, неможам да го извадам од глава, неможам.
     
    На kravce и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Денес беше ден за во солариум. ^_^
    Ама пред ќумбе.
    Значи солариум + музика. Уживанција. Утре пак.
    Денес само солариум. А утре ќе им правиме пилинг на пиперките.
    Кои третмани...
    Ма што зборам? Кого замарам? Кого го интересира ова? :D
    Ај чао. Немам ништо паметно да кажам.
     
    На SnowWhite8, Umbrella22 и pamelche им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    ...and I'M back in THE GAME ! :!:
     
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ех, камо секој ден да ми беше ко реклама за влошки...
     
    На kravce и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ги гледам луѓево, ги гледам... и сите имаат план за своите животи.
    Изгледаат тоооооооооооооооолку среќно, задоволно, опиени од светов.
    А, јас каде сум?
    Се уште се прашувам која сум.
    Како ли само им успеало на овие луѓе да го откријат она со што јас се мачам?!
    Или можеби никогаш немале потреба да се потврдат самите себеси... и едноставно постојат и живеат... или само постојат?! :?:
    Којзнае.
    Ми викаат дека не треба да брзам, се во свое време...
    ВРЕМЕ.
    Што е времето? :?:
    Денес го имаш премногу, утре можеби и ќе го немаш воопшто.
    Немам време, мора да почнам сега веднаш, да направам нешто што ќе звучи како план.
    Достоен план за успех.
    Им завидувам на тој баланс меѓу емотивниот и професионалниот живот, а воедно знам дека никогаш нема да го постигнам.
    Дали сум навистина толку комплицирана или целосно изгубена на олку мал простор?
    Па, нели суштината е во поставување на прашањата? :?:
    Ако, нека се трупаат прашалници околу мене. Не ми требаат одговори.
    Се помирив со фактот дека никој нема да ми ги подаде сервирани со насмевка на лицето.
    Изгледа дека ќе треба малку да се помачам за да разберам... И тоа сама.
    Well, that sounds like a plan to me.

    А, луѓето во мојот живот што не мислат да остануваат, воопшто нека не се ни навраќаат во него, бидејќи во оваа конфузија донесувам непромислени заклучоци...... и одлуки.

    Им благодарам. :)
     
    На Springy, Moira, Sara123 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    Денес празник било и тоа убав-Вера Надеж и Љубов,и мајка им Софија..еххеееј колку имиња-да им се вечни на оние што ги носат,а сите заедно да веруваме, да се надеваме, и најмногу од се да се љубиме,
    тоа ке ни остане...
     
    На cigarce, alessandraaa и irenna им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Денес бев умна.
    Ја однесов Мила во зоолошка со С. Се порадувавме сите ко мали деца. А потоа свечено одење кај моите, ракавите подвиткување, мелење пиперки, и мешање ајвар. Ах колку ми е убаво всушност кога го правам тоа. ЈА гледам Мила како трча со внуките, и е пресреќна, мајка ми спокојна за чудо големо, јас си откинував по некое јаболче, и си мешав ајварче. Ноќта како и многу наназад ми се работа, несоница и печалка за преживување. Го молам апратчево да ми функционира малку подолго, не знам што би правела без него. Од Шведска пријател ми испраќа порака, дека верува во мене, и ми се восхитува на талентот, и кај и да сум ќе сум успеала. Ме потхрани ич да не е..

    Признавам, сликам свадби за опстанок, и зошто сакам фотографија, меѓутоа некогаш ми доаѓа да го фукнам апратот, во нечие лице, моми и момци кои се однесуваат како кочијаши, и тоа што ме гледаат, како аргат кој треба да им ја почитува секоја желба, и што те гледаат ниско зошто си фотографот на свадбата, а тие гостите, а всушност не се запршуваат кој ми е статусот на образование, а сигурно поголемо од нив, со постдипломски во друга земја. Ама тоа е тоа тој примитивизам кој го уништива ебаниов балкански народ. Потценување а не си погледнав во својот веш. Нивен проблем што јас имам можеби талент плус.. Ама чисто од почит спрема младенците сум премолчувала.. ама има тешки простаци и искрено ги жалам.

    И да кажете ми која е поентата да ве сликаат во долен веш во студио, ако не го рекламирате, ако не сте модел и слично, еве фотограф сум ама не сфаќам, за е*аниот фејсбук? Бришам такви без размислување, и цицки на сите страни! Аман ај ќе се скоцкам на свадба, искачање ау ау и ќе се сликам у ходник, вц кај и да е, за да се покажам на фб. Светов отишол у пм, сериозно..
     
    На Nine25, Moira, slavica999 и 33 други им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Само јас си знам колку сакам да си патувам и да запознавам туѓи култури и традиции, ама, вистинска среќа е кога задоволството го почувствуваш во твојот град и во целата омраза кон него - изникне љубов!

    Бајага беше многу добар, па и секси. Момци во цутот на младоста го немаат шармот како него, да бидеме реални.

    Леле како што сум рикла цикла, плачка мачка, за малку солзичка ќе капнев на песната...

    http://www.youtube.com/watch?v=W-VZBYjPiJI
     
    На zhap4e, kravce, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.079
    Денес те веќе е вечера,на неговите им беше годишнина од брак. На дедо ми помен... се посмеавме на телефон и... некако горко ме праша,а што ти е тебе,каде си...ништо,не сакам да ви го расипувам расположението... И му текна,зошто таа година не отиде на ручек дома. Пред неколку години на денешен(вчерашен) ден кога се срушив и избегав токму пред да го спуштат сандукот, се изнаплакав пред гробишта,тој ме крена и ме однесе како ништо да не се случува. Целосно ми ја разбра болката и ме притисна до себе,направи амбиент каков што јас побарав, седевме на сонце и едноставно пиевме кафе,знаеше дека следен пат кој ќе плачам е кога ќе останам дома сама. Ме покани да го споиме Скопје од два краја и да седнеме во некое меанче да си ги кажеме маките,ама некако ми дојде премногу...
    И тука некаде сфатив дека некако и не се исплати да си инаетлив, лош, злопамтило, егоист, болен за внимание...

    Силно човече,чија аура носи смиреност за цела просторија, дланки кои мирисаа на нане. Е тоа е тој мирис кој го запамтив од него,како и мирисот на дланките на татко ми на колонска вода и сапун. На баба ми често и зборувал за мене,зошто од сите внуци само јас сум потемна, велеше,наслатко е црното грозје,затоа е најубава, личи на тебе. Не дека не личам на баба ми, личам,целата,ама дека најубава не сум секако. Некогаш ме гледал од далеку како одам на факултет или во школо и не сакал да ми пријде да не ми сметал,сум била со другарките,да не речат дека ме гледале како дете дома,а осетливи ни биле годините и си плачел од среќа зошто пак сум му била најубава од сите,и викал на баба ми очите и играат,ќе те продаде. Tаков си беше, внимателен, добар, мирен, мудар,имаше одговор за се, прашање за се,кога треба...
    Последен пат кога го видов плачеше,липаше,веќе изнемоштен и смален. Голтав кнедли, едвај чекав да излезам и не го видов два месеци,не можев...До тогаш, тој и татко ми беа зенитот на правилното и неправилното и разбирањето на нештата, со мојата младешка лудост. И од тогаш,како да почна да настапува мојата зрелост...

    Тогаш ми се случија наголемите промени,најголемите одлуки, по некое време, навистина нештата престанаа да се исти и некако,погледот на мајка ми е променет. Баба ми секако е скршена, денес си ја симна црнината,ама нема,па ќе си рече, без другар тешко е,тој ме сакаше, јас го сакав него ќе се крепевме,сега си немам другар ќерко и нема со кого да си прозбориш,тој ме гледаше,умен човек беше,угледен, колку луѓе му дојдоа. Многу го сакав,си имавме љубов,ама и памет, љубов без памет не оди...Ти верувам бабче, ти верувам... Неа не ја давале за него, на точак ја донел дома, какво е такво е, што вика Ребека во трето полу време, Убавко е, е баш така баба ми му рекла, убаво е,кога ја донел дома и кога ја легнал на черги,а не во постела... но потоа нештата многу се промениле...да знаеле нејзините,со двете раце ќе ја дале. Прабаба ми била исто така од угледно скопско семејство и избегала за селанец од Огњанци,со три низи златници за да изградат куќи за сите тројца браќа на прадедо ми,братучетка ми,во овој 21ви век,избега исто да момче кое не го сакаше татко и,по неколку години и тој стана човек,а порано мајка и,те тетка ми избегала за тетин ми зошто се плашела да не не ја дадат мала, дедо ми сакал да се школува,арно ама,прифатиле со тешки маки,а баба ми на сватот на денот од свадбата од мака му ја превртела тортата на новите кондури, изгледа таков ни е сојот. Денес се пошегуваа дека бог знае јас кај и за кого ќе избегам, да не кршам традиција како мајка ми...
    И така,деновите си врват,годините бетер... Јас гледам смисла само во едно нешто. Изгледа секојпат кога се крши нешто во нас несомнено носи големи промени. Вечерта ми ја заокружија благост и утеха...
     
    На WildCherry, anuskaNESTLE, Moira и 28 други им се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Стигна и октомври а јас опружена на тераса си го пијам првото кафенце. Тивка музика во позадина и цигара. :mm:
    Убав ќе биде денов, ветувачки. Си ја чекам екскурзијата со нетрпение, уживам во цигансково лето и си се дивам на мрснава коса.

    Па може ли недела да биде поубав ден?

     
    На Sara123, Doozy, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Понабиен распоред никогаш не сум имала... трчај ваму,трчај таму дојди спремај се пак излагај... милион курсеви,милион обврски,школо... не се живее вака... се надевав дека бар саботата ќе бидам релакс и таа најзафатена од сите испадна :sweat: освен предавања и гледање со стари другарки,во планот влегоа купување поклони и два родендени... кога се вратив во 12 неможев да стојам. Никогаш не сум била толку уморна :worried: Денеска наместо да се наспијам убаво,јас треба рано пак на час да одам и после имам пак едно предавање па уште една средба со другарка... ама затоа утре ќе биде ден за учење,и онака не сме во школо :D
     
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Добро утро на сите.
    Времето добро,сончево и се најдобро.Но,пола ден ќе ми летне во домашните и учењето. :| Недела ден за учење :D

    Пријатен ден на сите ~
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес ми е именден ! :sun:

    Феминки,ви посакувам на сите денес да си поминете прекрасно кај и да сте,и да свратите кај мене на благо :D


    Have a nice day ! :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, kravce, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера на концетот на ДНК беше топ :$ а изненадувањата на вечерта-браката Тавитјан и к-15 беа шлагот на тортата цела вечер насмевка од 6ка до 6ка а за :dance: да не ви кажувам :D

    при крајот на концертот се сретнавме со една девојка што се знаеме од порано таа ме виде мене -како мала одев во нивното приватно училиште за Англиски, така да и семејно се знаеме :)се две сестри, едната е најнормална жена а девојкава малку има пречки во развојот ама многу е фина и мила-баш имав прилика да видам резервираноста на една личност во нејзина близина-една т.н. нејзина пријателка, можеби не толку блиска ,но сепак
    запознав и нејзин другар малку повозрасен од мене но фино човече-иако вака ми изгледаше како да боледува од нешто-слаб коска и кожа-вистински и дефинитивно не си личи на годините. Колку е светот мал кого нема да очекуваш, ке го сретнеш :lol: а мене како што ми тргнало незнам кој ке биде нареден што ке го сретнам и заедно ке се присетуваме на деновите што одминале :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.