[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Цел ден нешто ми се јаде... Колку повеќе се трудам да чепнам од нешто, толку немам контрола колку сум изела, па подобро наместо „крадење“, да седнам како човек, да се најадам и да заврши оваа агонија, умот ми е цело време во фрижидерот, страв ми е дека ќе ми замрзне. :lol:
    И сега кога видов дека имам супа од петле, на радоста и немаше крај...
    Ја читам „Рингишпил“, менувам емоции, расположението ми е како нашево циганско лето, циклусот изгледа демне зад аголот и ме чека да поживеам уште некој ден во надеж дека ќе го нема - колку само не знае да глуми, оддалеку мириса на крв :D
    И не ми е многу до смеење, да знаев дека ќе ми треба многу време да останам бремена, немаше да скокам три метра изнад неба и да бегам пред мм да сврши, а сега, ќе правам „свеќа“ и други акробации, па ако не друго, ќе ме биде хонорарно за у некој циркус.
    Ма џабе се трудам, да си го одвлечам вниманието на друга страна-ГЛАДНА СУМ!!!
    Отидов нешто да пикнам во уста!
    мислам на храна, вие покварени умови :D :D :D
     
    На LittleFairy, Buttterfly, Shelea и 17 други им се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    СДК и досадата не е тоа што беше...

    Нема радост! :x

    СДК2 Ди окврд момент кога ќе се исфарбаш и не ти излезе како што сакаш... ]:)
     

    Прикачени фајлови:

    • hair-pulling.jpg
      hair-pulling.jpg
      Големина на фајлот:
      117,4 KB
      Прегледи:
      386
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    криво ми е многуууу :( :( :(
     
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Ова ќе биди еден од потажните постови на инес ....не дека постојано сум среќна но кога сум обично и ништо не пишувам.
    Колку см песимистички расположена , немам ништо постигнато во животот, ебана работа нема дипломата си седи дома , сите пари тогаш дадени се за џабе до сега......надеж слабо, а вујко владика немам.
    Годините ни се тие и на двајцата планови ...куп но ни еден не можиме да реализирираме како треба од недостиг на средства и од тоа што други си ја пикаат главата каде не им е место и ни тријат сол над глави .Злобни чинични , нечовечни ќе ве биде и вас ама на обратниот начин од тоа како си замислувате.
    Омалаксана ,замаена и замислена ....до кога ?!Многу ви е гајле како се осејќам но барем тука си го наоѓам мирот и ова ми е олеснувачка околност.Во животот проблемите се составен дел , но кога тие проблеми се подолго време присутни веќе не се ни проблеми ами пречка , и тоа од оние големи како слон.
    Тој очаен ,натазен во безизлез.Што ни останува како понатаму ....моја надеж и верба Бог и врем па..... :(
     
    На kravce, Trendafilka, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... кога случајно ќе ја видиш твојата прва голема љубов, на ФБ де :wasntme: ... фаниест кулест енд вортлес момент. Није свеједно ал је ипак свеједно. :geek: Ехх стари добри времиња ... :angel:
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Досадно ми е ... уствари многу ми е досадно.Ми се шета ама никој нема , кој на каде е заминат.Јас си останав дома гледајќи турски серии да ми мине времето....
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    И така, таа си отиде.
    Утре си одам и јас.
    :hai:

    Денеска кога одев накај неа, беше прежешко. Сонцето печеше исто толку јако колку што ме печеше и во јули, и во август, и на плажа. Едноставно, нема атмосфера за збогување. :doh: Знаете, збогувањата ги поврзувам со темни облаци, многу дожд, намуртени фаци, смрштено небо... А ова, толку фино време ме изнервира, како да ми се смееше во фаца, саркастично, иронично и како веќе не.

    Прво си поплакала другачката пред да дојдеме. Па кога ни ставаше вода. Потоа кога мајка и не праша дали ни требаат крпчиња. :D Па си поплака кога почнавме да пуштаме музика на компјутер. Па си поплакавме сите заедно тогаш. Па кога се гушкавме си поплакавме. И намерно си отидовме пред да тргнат со колата и пред да мафтаме - да и дадеме време да си поплаче. Сама. Или со домашните.

    Колку сме фини, а? :D

    Потоа, кога со ,,чисти,, очи тргнавме надоле да си одиме, и тогаш малку си поќутевме со другата другачка, и мислам дека и на двете малку па ни дојде да си поплачеме. Ама си поќутевме и си подголтнавме...

    Тогаш, меѓу ридовите и меѓу куќите ме осветли сонцето :) , и се заблагодарив во себе што сепак е тука, а не се облачишта на негово место. Не ми се потсмеваше сега, напротив, мислам дека ми дојде некако... ми дојде некоја надеж. Нешто убаво и топличко на душичката ми дојде. И престанав да плачам и престанаа да ми идат солзи.

    Се ла ви децо.
    Живот иде даље.

    Утре Скопје ќе ме утеши, на начин на кој само големите булевари со многуте ламбички знаат.
     
    На CIA, sweet-cherry, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  8. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    сите врски поминуваат низ пекол само вистнските го преживуваат ;)
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Го знаете чувството кога имате толку многу што да кажете и напишете, а кога ќе дојде вашето време да се искажете и изнапишувате молчите и се што ќе напишете е некоја ваква слична реченица, или нема да напишете ништо? За жал и јас.
     
    На Divinebutterfly, kristince51, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Точно пред еден месец ова време.Неможам да издржав,сепак заплакав.Неможам да се помирам.Само тажни спомени.Си се смеам на самата себе колку сум била глупава.Постојано се прашувам зошто?Како можев?Сега незнам дали се каам или се радувам.Сега повеке не вредам.Го мразам,ама сепак го сакам и мн ми фали.Ама не повеке неможе вака.Веке нема да дозволам.Од денес јас не сум таа што бев.И никогаш нема да дозволам така некој да ми направи.И навистина било точно дека Од грешките се учи и дека Простуваме ако сакаме,а забораваме ако можеме! Му простив бидејки сакав,ама нема себеси да си простам бидејки несакам,ама да заборавам? Неможам.Лесно ми е да им простам на другите,ама на себе никогаш неможам за ништо на светот да си простам бидејки дозволив да ме лажат........
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    92.230
    Пол:
    Женски

    Па и секој маж го заслужува тоа. :)
     
    На kate21, julie77, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја потсетам фемина.мк дека утре е 1 Октомври а тоа значи дека е време за нов месечен хороскоп. Ве молам да не каснете бидејки освен хороскопот, друго нешто интересно ретко да има на овој сајт. Со исклучок на нели многу интересните Кардашијанс кои се пораѓаат сами пред камера. Хвала. :bow:
     
    На Mishela, sweet-cherry, ViktorijaMari и 4 други им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ајде да зборуваме за вегетаријанство.

    Уствари, да зборуваме за оние луѓе кои не можат да сфатат како вегетаријанците живеат без ќебапи, плескавици и свински увијачи набодени на чачкалица.
    Да појасниме дека не е толку ужасно.
    Нас не ни треба исказ на неразбирање на нашата одлука за нејадење месо.
    Нејќу заклана кокошка во мојот стомак и мирис на печен леш у усната празнина. :wasntme:

    Сметам дека изборот на храна секој има право да си го определи сам, и нема тука што да не се сфати.
    И друга работа - ако мислите дека ми е жал за кутрите прасиња кои се јадат - не ми е.
    Повеќе ми е жал што се мисли дека човекот е создаден да се прехранува со месо.

    У осталом за вкус не може да се коментира, ама што фактор не е јасно кај човек што не јаде месо.
    Тоа е едноставно, исто ко некој што не јаде пиперки, или спанаќ, или боранија.
    Теее..
     
    На Cacy, Domino, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    1 предмет, 1000 мемории.
    Со мајка ми го средуваме 3 спрат, а тоа е како магацински простор. Се што нема место, таму е. Џипчиња големи, пакети со книги, облека, предмети, маси, столови и многу играчки. Средувајќи ги книгите, најдов една играчка - Дедо Мраз, со прицврстено тапанче и две стапчиња во рацете, на навивање.
    Го свртев, и затропка.
    :)
    Огромна насмевка на моето лице, 1000 мемории низ глава. Го свртев до крај и седнав на едно столче во близина. Самиот звук, самото тропкање, натераа да видам колку сум пораснала и како растам се подетинеста станувам. Се присетив на времињата кога единствената болка беше изгребано колено.
    Престана Дедо Мраз. Го пуштив уште еднаш, уште еднаш, уште еднаш. Мааааала искрена солзичка се стркала по лицево, тага за детството.
    :doh:
     
    На sweet-cherry, kravce, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    На сите пеперутки им летаат, а мене Лилјаци :rofl: :rofl:

    Шетавме, се зезавме, јадевме и преморени од мешање ајвар се вративме дома :rofl:

    Ајде па како од утре сме слободни а, а ^_^ ^_^
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Денес се вратив од мојот 11-ти по ред службен пат во Милано.
    Колку е убаво кога човек ќе си ги наполни батериите, па дури и кога се работи за веќе добро позната дестинација.
    Уживав во вкусот на моцарела и сите видови на пасти.
    Уживав и во попладневното еспресо и попатното ,,меркање,, на најсовршениот street style.
    И да, секогаш се воодушевувам на совршената, тенка линија на сите дами без разлика на возраста .
    И уште од сега со нетрпение го чекам февруари - за да одам пак во Милано!
     
    На SparkyAngel и pamelche им се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ВИСТИНСКИОТ маж, со кој ќе истраете, нема да го препознаете по изгледот, по дипломата, ни по интелегенцијата. Оној вистинскиот ќе го препознаете по начинот на кој ве држи за рака, како ве бакнува, и на крај како ве прегрнува, ни прецврсто да останете без воздух, а ни прелабаво да исчезнете без траг. ВИСТИНСКИОТ ве држи токму така да знаете ЧИЈА СТЕ...
     
    На Anabelle, April87, kristince51 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Конечно ја најдов песната која ја барав повеќе од 2 години. Колку се израдував кога ја слушнав, па не е нормално. :D
     
    На Ilusionist и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Стави ја и песничката да ја слушнеме :D
     
  20. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    5.804
    Пол:
    Женски
    Чувството кога запаѓаш во блага депресија затоа што ништо не ти оди во животот како што сакаш и туку еден ден ке се деси чудо и ти е мака што воопшто си помислил дека немаш среќа во ништо! priceless 8)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.