Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Страаааааав ми е ! :sweat:
    Утре закажав за заболекар во 12, ќе поправам со анестезија ама па страв ми е !
    Несакааам болка!
    :(

    Како ли, да издржам?! :?:
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,денес денот го посветив на мајка ми,и помогнав да се искапе,ја исфенирав ,и ги исеков ноктите на нозете,сирота не може да се наведне, и зачистив... си поразговаравме...и одеднаш станав свесна дека таа има 70 години,и иако не ми е вистинска мајка,се грижеше за мене колку што знае и умее...
    А времето лета,еден ден ако ја изгубам неа ,ќе немам никој свој близок,некој што ме знае од мали нозе,затоа нема да дозволам да биде тажна и осамена..никогаш... :)
     
    На Shana, maryJ, AIT и 5 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    На Nightwalker и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.204
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека на светов постојат тооолку многу добри, паметни и љубезни луѓе кои чекаат да бидат откриени, првенствено затоа што нивната скромност е обратно пропорционална со желбата за доминација и солење памет.
    И ќе речам, по којзнае и кој пат - еурека!
    Морам да додадам дека открив прекрасен машки примерок и искрено, изненадена сум од начинот на кој размислува, не е ни малку типично за едно 18 годишно момче, а не, не е фатаморгана или глумење, уф.
    И се туфкам цел ден - море срцето тука ми е? - checked.
    Мозок, очи, уши ? - checked.
    Пријатно сум изненадена, а богами морам да признаам дека дотичниов ми ја разгори веќе полуугаснатата надеж дека сепак има слични на мене, со мене.
    И сакам да кажам дека ја чекам таа фамозна студентска среда кога немаат за учење бре, ми фали доооооооооолг муабет што држи вода, со некој кој ме разбира.
    Не сум заљубена, само изненадена од убавите карактери кои чекорат длабоко вгнездени во внатрешноста на човека и мојата прилика и среќа, што ги откривам постепено, мерак ми је!
    Ве гушкам.
     
    На maryJ, starbucks, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Најпрво се извинувам за офтопикот, ама итно е-битно е, а мислам дека овде најмногу ќе биди забележан постот.
    Ова душиче живееше во куќата до мене, константно врзано надвор и лето и зима. Газдите пред пред месец дена ја рушија куќата, се гради зграда, а кученцето го пуштија да скита. Го гледам на секои 2-3 дена, претежно е пред место кај што се гради и буквално плачи, завива. :( Го хранам редовно кога ќе го видам. Во стан сум, гарсоњера и немам никакви услови да го земам. Да не има некоја феминка од Скопје или да знаете некој што ќе сака да го вдоми ова срценце. Ептен е мил со најубави очиња на свет. Ај да го спасиме некако, зима е, студи, кутрото не верувам дека ќе преживее само надвор. Плус домашно кученце е, сигурно не знае да се снајдува за храна. :( Машко е, далматинец. Ако има некој заинтересиран, ве молам пишете ми ЛП да се договориме некако да си најди топол дом и љубовта што ја заслужува.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, Theodora, starbucks и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    СДК...уживам во опуштена атмосфера со СКОПСКО и тенис и се разбира Фемина ! :)


    :*
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Цел ден си ја тупам главата со едно прашање: дали да аплицирам??
    Исполнувам услови, можам да пишувам, можеби тоа ќе биде некој почеток...
    Но, дали?
    Сакам, сакам сега да ги исполнам празните места со моите податоци и да пратам, па што ќе биде нека биде...
    А не знам. Пак несигурност во мене.
    Ах, до кога??
    Ако не аплицирам, ќе се каам цел живот-тоа го знам. Прилики ќе има милион, но една иста никогаш нема да се повтори. Сакам од некаде да почнам, а зошто тоа да не биде тука и сега?!
    Можеби сепак ќе биде...
    Оставам на утрото...нели е попаметно?!
     
  8. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    ^WhiteAngel Претпоставувам дека ова е за литературен конкурс...
    Аплицирај...нема зијан...нема што да изгубиш. И ништо да не бидне ќе имаш други прилики, а гледам имаш талент за пишување.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Недела,без инспирација.
    Глупа,поглупа,море најглупа.
    А јас мрзлива,непродуктивна,досадна,лигава,со бушава коса..за нигде. Мрчатор број еден.
    Гладна од ко сум будна досега,се дрогирам со кафе..пробав се што може да се проба. Од играње хант (два пати изгубив) до возење сама. Полн резервар,музика на ниво..и интересен тип кој сигурно не беше од тука,а ми свирна и мафна. И по глупиве пет улици се свртив уште пет пати, ни трага ни глас од него.
    Досаден еден.
    Омегле ко за инат, ми се закачуваат 15 годишни девојчици,фанови на Бибер. Мрш бе на спиење.
    9гег се исто така досадни,божем ова Демотивејшн е..и такви ми ти работи.
    Сите книги се досадни,за учебници не разговарам..филмови нема,музика онака,ја слушам без внимание..да не ми е тишан.Ќе се загрижат во спротивно шо никој не галами.
    Лимитов не е надминат,ами заминат е во неповрат. A далеко е и Велес,ако одеш пешки.
    Школскиве пишуваат во група демек досадно им било,а јас си ќутам пошо мислам дека сум најтапа од сите.
    Шуд ај стеј ор шуд ај гоу ? Шутај Стево шутај в гол.
    Глупости,црно-бели.
    Ретардираниов не ми се јавува,ама не планирам ни јас да му се јавам.
    Малиов од маало ми кажува сонови дека сум била крената,блаблабла филмови ми прави..а не друго,цел живот се дружиме.
    Уште една чинија пудинг и можда на диета ќе сум,шо знајш..
    Кисели портокали.
    Недело..браво ма!
     
    На MaggieTatum, Marilyn-Monroe, SexyLady и 6 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во ова време на лажни пријателства, користољубие, лицемерност и дволичност, ја имам ретката среќа да му се радувам на вистинското пријателство. Да бидам во друштво на три прекрасни девојки кои ги знам скоро целиот мој живот. Секоја различна, секоја посебна на свој начин, а секоја толку важен дел од мојот живот. Тие се мојата среќна тројка, моја неделна терапија. Моето бегство од секојдневните проблеми и обврски. Мелем за душа е кога на ова студено време, ќе се стуткаме една до друга во нечиј дом, ќе пиеме топло чоколадо и ќе си раскажеме за она што ни се случувало. Оставаме простор само за позитивна енергија и многу насмевки. Богатство е што ги имам! Ми го прават животот поубав.
    [​IMG]
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    I can't explain the way i feel :* .....СДК многу сум среќна за победава на Федерер,ми го разубави денов,не само денов туку и цела недела што следи.......Уште еднаш се докажа дека е НАЈДОБАР!!!!! ;)
    Фала ти,Роџер........... :)
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  12. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сама си ја скратив косата и сега за сега ми се допаѓа! :mm:
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Оххх Само шо се вратив од долг пат ... Арно ама уште повеќе си го заморив паметот мој ... и не само тоа ...
    Дојдов пак до заклучок дека стварно АМА СТВАРНО не ги разбирам Маживе !
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... штотуку сфатив дека НЕ ЗНАМ да учам.
    Не можам да ги учам на памет лекцииве историја, турли тава ми се направи во мозоков. А со сфаќање да научам историја не можам. Нема што да разбереш тука. |(
     
    На L-enna, angel92 и IndieGirl им се допаѓа ова.
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Не е работата што ти не знаеш да учиш, работата е во тоа што историја е работа за на памет...
    И мене тоа ми се случуваше стално... |( ама помиина :D
    Ти знаеш да учиш... ;)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека денес во името на љубовта се опив..Најинтересното допрва следи.Не ми е гајле дали кe останам жива или не.Јас повеке немам сили :|
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Предупредување за бура, а јас се наоблеков и ојдов да си купам колачиња и земја за цвеќето, почна некако да ми умира па да си го пресадам. Ветрот е толку силен едвај се зема воздух. Разнесов насекаде со земја, ама се надевам дека сега ќе се врати во живот.

    Си ја запалив првата свеќа денес, си ја гледам и посакувам. Нека замине веќе оваа година која не можам да се пожалам дека не беше на одредени полиња успешна, ама сепак наредната нека биде со помалку болка. Иако во оваа имав моќни моменти и нови љубови, Мила прво одделение, наши тајни, новородено беспрекорно пријателство, возвишувања, крадење прегратки, пружање рака, успешна операција на мајка ми, мир на душата на сестра ми, абери од Париз, положени сите испити, шанси за работи, сепак сакам поголем спокој на душата.

    Научив оваа година под ова ново сино небо, како светот работи. Како некогаш сонцето знае да ја прекрши маглата со својот зрак и да дава можности. Како луѓето знаат да погледнат во него, барајќи си ја надежта.

    Оваа година преседев многу пати сама на аеродроми, држејки го пасошот во рака и посакавував секој пат да имам некој покрај мене, да не бидам сама на овие мои патувања.

    Оваа година почуствував вистински колку бранот на океанот може да те збрише за секунда, ја дожвеав мојата прва морска болест, но ги доживеав и убавините кои не можев да ги замислам, ги истражував бенефитите на организимите од тие солени капки.

    Оваа година се пронајдов самата себе во новите улици на Барселона, сосема сама и успеав да доживеам едно место како никогаш до сега. Еднаш пишав за Брселона.( Барселона е јас. По секое истражување се крадев самата себе и го правев не направеното. Бев непозната меѓу непознатите. Си го доживеав мојот топлес момент, поради кој ако пипнам сега по кожава, 30 секунди стои бел отисок и јака болка, која мене ми дава благ осмех.
    Се восхитував на свинг танчери, кои толку успешно ме претопија меѓу нив. Танцот на блуз и џез на плажа пред зајдисонце, ми беше еден од помоќните моменти. Не требаше ни да проговорам за да се разберам. Само следев. )

    Оваа година ја доживеав Норвешка и 24 часа ден. Немаше зазорување, немаше стемнување, само игри на бои на небото. Го видов првиот вистински глечер. Првите голотии во сауна и рипање во езеро на дожд. Пад од карпа, убод од инсект, отекување на цела нога.

    Многу терени и истражувања пропратени со 4 годишни времиња за 1 час.

    Оваа година научив многу, доживеав ама знам дека нема да сопрам тука, прво ќе си ја потполнам празнинава а потоа ќе посегнам. Без мама и тато кој ионака еве веќе една година ми нема пишано како сум, сама што не дозволува никој да ми рече поради мене си таму, поради мене го постигна тоа.


    Сонувајте, посегнувајте, нема невозможно, ќе биде или да или не, ама пробајте. Многу пати пробав, некогаш не добив одговор, некогаш бев одбиена, ама многу пати и ми рекоа да..
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0394.jpg
      DSC_0394.jpg
      Големина на фајлот:
      199,7 KB
      Прегледи:
      277
    На antonina, x.Daisy.x, Go-Girl и 35 други им се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Татко ми би бил совршен доктор. Очигледно е дека поседувам негови гени.
    Јас болна, ем скитник, цел ден не прибрана дома, си дојдов, и шмрчкам се топлам крај огинот, и татко ми и вика на мајка ми, што си дремнала мори стани на мечево направи му греено вино :rofl:
    Тато пиев апчиња ...
    Што има врска, пиела апчиња, не се прави дипломиран фармацевт толку знаеш како се здравее :rofl:
    После совршената недела ова црвено вино со циметче и лимонче дојде прекрасно на мојата душа, поготово кога мајка ви ви го сервира во најубавите можни чаши ... мх мх, повелете.

    И да, се заљубувам во него, одново и одново, дури и кога вака му терам инает затоа што го учам на важна лекција која гласи не ми ги тренирај нервитееее... :emo: Слабо ми се успешни методите ама тоа е. :D
    Верувајте ми на негово срцка моја ... не би одолеал никој.
    Ама :!: мој си е. :D Да си бидеме на чисто. :rofl:

    И така недела ваква недела онаква, оваа недела со примесите од вино низ мојата крв, ја сакам и ја гушкам.
    А ве гушкам и вас, и това би било това, имајте си убав почеток на нареднава недела. 8)
     
    На Oxymoron, TeddyGrey, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    СДК
    Се прашувам, зошто јас?
    Секогаш јас сум таа која треба да трпи. Секогаш треба да пазам како се однесувам кога сум со одредени личности, иако си мислам ќе се исповратам од нив. Како се воздржувам - нити јас не знам.
    Прегеска се’ реков на моите. Аама па, не е фер. И како и секогаш - не наидов на подршка. Сум требало да се бунам кога ќе сум имала 18.
    Дај, ви се молам, просветлете ме. Од кога тоа само полнолетните имаат права?

    Боже мој.
    Зошто мора ова да ми се случува мене?
    Моите очи да бидат исполнети со солзи... Никој не знае низ што поминувам.
    А на кој да кажам? На моите? Па да наидам на уште поголемо разочарување. А и демек моите не ја знаат состојбава, па да ги информирам.

    Ни другарките не се верување, а и не знаат да ислушаат.
    Дали јас си имам таков к’смет со нив, или они со мене, стварно не знам.
    И мислам дека ако конечно се одлучам да кажам на некоја другарка - ќе ме сожалува.
    Не дека е стигнало до тоа, ама некои луѓе стварно не сфаќаат ништо се додека не бидат во твојата кожа - а тоа никогаш нема да се случи.

    Туку ајде, еден е животот. Јас продолжувам да се борам.

    Добра ноќ!
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Уживав овој викенд, помалце и оваа недела, ама веќе од следниот, пак ќе не‘ бонбандираат со тестови, писмени, испрашувања... :doh: Господ нека ми е на помош!
    Баш ваква бура, пред Нова Година, не треба, ама ај...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.