[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.556
    Еј, абе знаете колку е убаво да се јаде доручек во Веро центар во 9 сабајле, горе на терасата? Пржени лепчиња и кафенце, и под тебе студенти се прпелкаат и итаат накај факс. А ти ги гледаш и си јадеш. И не се брзаш никаде. Стој, замрзни, стави во рамка. Тоа е момент еден.

    Момент два. Одиш на шетање со најдобрата другарка. Неколку часа подоцна, се наоѓате покрај езерце во парк и филозофирате. Колку е бедно да умреш од комарец. Веројатно малку победно од тоа постојано да те пукаат паранои од истото. Си го бараш пулсот, и наеднаш се ти станува јасно. Срцето ти чука. Дишеш. Мило ни е што сме живи. Гледаме одраз на зајдисонце во водата. Стој, замрзни, стави во рамка.

    Момент три. Одиш во чаршија. Седнуваш во нејзиното срце и дискутираш. Бизнис, љубов, историја. Добиваш бакнеж. Пиеш турски чај сред циганско лето и уживаш во горчливиот вкус. Не се жалиш од топло. Дишеш, чувствуваш ветре. Стој, замрзни, стави во рамка.

    Момент четири. Си се стаив на аватар, ќејф ми беше. :rofl:
     
    На Sanniii, caroline.costa, Phyramide и 32 други им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Абе има многу едноставни начини на некој да му го направите денот и животот, само треба да го посакате тоа. Не ви требаат пари.
     
    На cinderella5, Stoimenovska, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Убаво е да се врати човек назад на форумов :D
    После цела недела во која денот го поминував со кришка леб набрзинка намачкана и изедена и со 5 литри вода испиени од топлово, навистина е убаво. Аххххх.. одамна не сум била волку зафатена. Всушност ми недостигаше мојата живост и енергичност, сакав на дело да се покажам. И ете дојде еден мал период полн со авантура и доживувања. Не траеше долго. Само една недела, но сепак си поминав супер. Не е важно што се случуваше. Ако кажам некој што ме познава лесно ќе сфати која сум.
    ...и пак да кажам, убаво е да се вратам на форумов :D :* ♥♥♥♥♥♥
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    A dog is the only thing on earth that loves you more than you love yourself.
     
  5. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    СДК
    Тажно е колку многу влијаат парите ,фаќањето врски и пријателите ..
    ТОТАЛНО сум разочана. Со врски ништо не бидува.Поради тоа само се пропаѓа и тони. ЖАЛОСНО..
    Многу ми е тешко. Х особи кои воопшто не го владеат тоа да успеваат.
    Не сум совршена но повеќе знам повеќе можам , би придонела поголем успех.
    Надежта во мене не умира. Потајно се надевам и мислам дека ке успеам да го остварам тоа што го посакувам, бидејки не сакам да отстапам место на оној кој не заслужува.
    Во првиот ваков сличен случај да речам изгубив но оваа битка не ја пропуштам ке се борам до крај и ке докажам на сите дека МОЖАМ , и дека сите заслужуваме шанса...
    УБАВ ДЕН :*
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.795
    Јас сум од оние глупи луѓе што се плашат да успеваат или се плашат од сопствените успеси само затоа што не сакаат да навредат никого. А не друго,имам пар луѓе пејн ин ди ес кој сечиј успех го доживуваат за лична навреда. И сега знам дека кога ќе дознаат ќе ме мразат. А нема зошто...
    Па еве сега седам и сум у грч, на никого ништо не згрешив,себе си учинив добрина, страв ми е да кажам зошто знам дека ќе ме мрази. А немам причина бре...мое си е,мој живот,мои работи, мои одлуки...
    Глупача сум,не?!
    Ете тој глуп тип на човек сум...
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Сите пишувате дека е 1ви Октомври, Септември си заминал, вамте тамте, јас не ни приметив дека е 1ви.Озбилно. :geek:
    Само учи, иди во школо, врати се од школо, спиј, учи...Едвај најдов време да ве читнам, иако уште доста обврски имам.Да научам физика, македонски, на англиски сум, да се испеглам.А и главава ме пука ненормално и ми се спие.Мразам прва смена. |(
    Зошто нема денот 48 часа? :(
    Добро да не биде се црно, денес на базен бевме, се изнапливав, и 3 часа губевме, тоа е битното. :wasntme:
     
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.848
    Колку е глуп денов,понеделник,до кога ќе ме изненадуваш?
     
    На Stoimenovska и Artemission им се допаѓа ова.
  9. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Ауу, стварно било 1ви денеска. :o :tmi:
    Туку, ги разбудивте оние од Грин Деј? :rofl:
    :emo:
     
    На butterfly33 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.985
    Пропаднати планови, уништени соништа, повеќе болат од скршено срце!
     
    На cinderella5, lunicka, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Јас лично се погрижив за тоа. [​IMG]
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ниту една работа не доцни ни подранува... Се' се случува баш во точното време , како што треба да биде ...ОД ПИШАНОТО НЕ СЕ БЕГА...
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хахахахахах да,еве сеа му ѕвонев на Били Џо да стане xD

    Он:

    СДК дека легнав во 17,20 да одморам очи(со план да станам во 6 ),нели :wasntme:
    И сеа се разбудив ! :)

    Животот бил поубав кога ќе дремнеш :D
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    3 саати предавање без пауза, без ништо. Како пена не и фати устата не сфатив. Чудни се луѓето тука, како недозреани ми се. Кај нив овој факултет трае три години и треба да дипломираат годинава. А они како дечиња во градинка, збунети, одвеани. Не знам дали е тоа добро или лошо. Недораснати или предвреме пораснати, ама средина никогаш.

    Се слушам со мајка ми на скипето, и осеќам како и крчи гласот. И јас си голтам солзи кажувајќи само убави работи за да се израдува. Чудна работа тоа, ние две си имаме периоди. Во основно ич не се мирисавме, јас лево она десно. Средно најдовме некоја средина, ама некако пак не беше тоа тоа. Кога јас тргнав на факултет имам чувство дека си се пронајдовме. Пак си влечеме секоја на своја страна, ама со една рака се придржуваме. Никој не ми фали како она, среќа мачките се пристојни и ја дружат. Жал ми е за оние кои немале шанса да се зближат со мајките. Таа врска е неопислива.

    И така дојде октомври. Нов хороскоп и исто време. 10 е убав број едно време и среќен ми беше. Ќе видиме годинава. Јас одмарам, за денес и за утре.
     
    На Moira, lunicka, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас сум среќна, абе најсреќна :)
     
    На cinderella5, lunicka, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Зад мене оставив прекрасен викенд со него,со премногу чувства на љубов,топлина,внимание.
    Започна со запознавање на една прекрасна личност од форумот како што веќе и прочитавте,мислам на Еленушкаа-девојко биди силна знам дека можеш,твоите 5 мин ќе дојдат наскоро верувај :*.
    Продолжи со одењето во неговиот град кој што чувствувам дека наскоро ќе биде и мој,а тоа многу силно го посакувам :inlove:.Ме пречека,бакна силно и прегрна,ахх колку беше среќен,со ништо не би го заменила тоа. Отидовме кај него каде што ме пречекаа неговите,сестра му и внук му,ахх мало насмеано чоече кое што е толку мило и го разбуди мајчинскиот инстинкт во мене.Хранејќи го посакав и јас наскоро да хранам свое бебе во скутот,а тој толку внимателно и мило ме гледаше и потоа ми шепна дека ќе сум била преубава и превнимателна мајка.Ахх само да знаете на каков начин го кажа тоа и колку посебно се почувствував,ми летнаа не пеперутки,море бубамари и бумбари во стомакот :D Вечерта шетавме држејќи се за рака,а тој колку беше горд и среќен што бев крај него,сакам цел живот да е таков бидејќи заслужува најмногу на свет,потоа преморени се прегрнавме и легнавме да спиеме припиени еден до друг,а утрото кога се разбудив ме погледна толку мило,ме милуваше и мигот застана само за нас.Ахх чувството е бесценето и не би го менувала за ништо на светот,сакам секое утро да се будам крај него и да го гледам.
    Остатокот од денот ни помина во трчање наваму натаму,повторно запознав една прекрасна личност од форумот-Перла,па одење по невеста,играње,обичаи,вечерта се изнарипав,изнаиграв и заборавив на сите проблеми кои што ме опкружуваат и мислев само на него и признавам играјќи со него си замислував каква би била нашата свадба :D :inlove: Уште една вечер поминавме заедно и утрото мораше за жал да се разделиме,ме испрати,прегрна,бакна и ете ме сега ви ги кажувам моите емоции,чувства и впечатоци од прекрасниот викенд поминат со него таму каде што чувствувам дека ќе го поминам остатокот од мојот живот што ккао што веќе и кажав го сакам многу.Офф сакам пак да одам и да се повтори се или да биде уште поубаво,ајде се надевам наскоро :D :inlove:
    Имајте прекрасна вечер драги мои :*
     
    На Moira, cinderella5, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Сакам многу работи да ги кажам и да ги споделам со вас но забележувам се затворам во себе,го губам интересот за пријатели ,за сите личности околу мене.Не зборувам повеќе толку многу како претходно туку си молчам , своите желби и соништа себично ги чувам во себе .
    Кога бев помала многу често ја слушав поговорката ако вујко ти е владика ти ќе бидеш поп тогаш не го знаев нејзиното значење но затоа денес многу ми е јасно која е смислата на поговоркава!
    Денес направив многу голем чекор кој јас и секој кому би му кажала би го сметал за глупост . Излегов како попарена со врела вода .Се разочарав од самата себе . Свесна сум за своето незнаење и тоа ми влева несигурност во себе но истотака знам дека никогаш не е доцна да се научат нови работи .
    Од животот не барам многу туку помалку од сите вредности кои се потребни за успех.Вербата во себе,храброста,здравиот разум ,љубовта ,среќата :worried: во моментов ми се најпотребни ...
    Понеделник е за мене премногу стресен ден таков беше и овој ден ,месецов ми започна многу тешко :x Неможам да се потсмирам и да си простам поради денешната случка(грешка) ,можеби најдобро ќе беше да почекам и чекорот да го направев некој друг ден,некој поубав ден ... можеби тогаш се ќе беше како што треба ,можеби тогаш се ќе се завршеше во најдобар ред а сега :worried: :x

    Несигурноста во себе,неверувањето во своите способности и стравот од неуспех е најголема кочница за напредок во живот .Ете ова е мојот проблем :x
     
  18. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Се прибрав и јас дома.Конечно!
    Цеел ден на факултет...па уште професоркава не знае да затвори уста.Олади жено! :fubar:
    Муабетот е : чичко Чувар-не ги заклучувај вратите на факултетов,зашто јас сум уште тука |(
    Ама ајде,помина и овој ден.Битно немаше нервози :)
    Слушнав една убава вест,која баш ми го разубави денот.
    Сега малку одмор и тупење со турски серии :lol:
    Имајте убава вечер :*
     
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Напорен ден,но заврши со пријатна забава со другарки.
    Цел ден шетање ваму-таму,курс,обиди,едвај дома се прибрав. Немам време и на Фемина да седнам.
    Вака напорно овие денови, сабота и неделата долгоочекуваниот гроздобер. Денес исто така. Не можам да седнам. Рутина, локација шкафот-некаде-кревет... Па, сега и неочекуваниот натпреварот во петок,како црвената тетка ненајавен дојде. Оваа Недела сум зафатена. Како ќе ги издржам деновите не знам,ама си се тешам можеби прво место и си се надевам искрено :) Лани трето,оваа прво. Па, и конечно да си идам малку до Струмица,да прошетам. Убаво би било :$ Дреаминг :wasntme:
     
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    СДК ми се спие |-) |-) |-) :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.