Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Октомври е мој месец. Се надевам дека годинава нема да биде нешто поразличен од сите други.

    Роденден ми е во Октомври, ете еден настан кој со задоволство го очекувам.
    А што мразам? - Па во октомври се сите испрашувања, тестови. Тоа ти е периодот кога незнаеш дали да дишеш преку нос или преку уста.
    А да не зборам за времето, ах убавини! Сакам да се залади, сакам да ги извадам џемперчињата, и чизмичките и шалчето и капчето! Добро, шалче и капче ноември, ама џемперчиња - да, ве молам!
    Сакам да почнам да си пијам топло какао, склопчена под ќебенце. (по тенко ќебенце, колку да се каже) :$

    Еее Октомври, Октомври, добро ни дојде!

    [​IMG]
     
    На pamelche и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Мимс, ја имам време. :geek:
     
    На Buttterfly, butterfly33, Neytiri и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Секс-секс-секс, секс-секс-секс, се-се-се-с-секс...
    Секс-секс-секс, секс-секс-секс, се-се-се-с-секс...
    Секс-секс-секс, секс-секс-секс, се-се-се-с-секс...
    Секс-секс-секс, секс-секс-секс, се-се-се-с-секс...
    Секс-секс-секс, секс-секс-секс, се-се-се-с-секс...

    Анонимен е форумов, инаку сум скроз табуозна персона.
    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak, La.Reina.Del.Sur, blond и 12 други им се допаѓа ова.
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Морам да ја објавам сликава, ептен ме насмеа. :D :D :lol: :rofl:



    Поздрав за сите онлајн феминчиња. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • hahaha.jpg
      hahaha.jpg
      Големина на фајлот:
      35,4 KB
      Прегледи:
      427
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    Не можела да ја победи на избор за мис во Бразил,па решила да ја убие... Мх, само применување на теоријата у пракса. Да не беше казниво со закон,убедена сум дека ова ќе беше секојдневние со толку мороноидни жени на планетава земја. |(
     
    На karenin, cinderella5, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Која-е улогата- на скоро секој-збор како да кажам-се става ова-знакче???-
     
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    http://www.youtube.com/watch?v=_xLzlO-nhdY
    :rofl:
     
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=mk48xRzuNvA

    СДК дека прееска го глеав спотот на песнава на VH1 и заклучив дека балеринава во спотов многу,ама многу ми личи на Марама наша :)
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.120
    Пол:
    Женски
    Сама одбрав, нема сега зошто да ми биде криво, нема сега зошто да плачам и да кукам. Поминаа 2 цели години, можев за тие две цели години да станам поштено магистер или конечно да излезам од канџите на двајца немоќни луѓе, токму така, немоќни а ме држеа во заробеништво цели 23 години. Си го враќам филмот наназад, моите коилеги пијат скапи вискија во пластични чаши а јас куцкам на форум и со го бројам времето за спиење бидејќи утре е работен ден. Не сакав вака да заврши, се колнам дека не сакав, само сакав да побегнам од тој маѓичен круг и да не се чувствувам повеќе бедно, а тоа можев само со влегување во нов, уште помаѓичен, свет на недоискажани во канцеларии за кои и не сонувале, свет на неостварени желби, свет на самостојност која скапо ја платив. А што ќе ми е оваа самостојност, што ќе ми е сето ова кога пак самата го преживувам, немам со кого да се радувам и да плачам, пак магијата е се некаде околу мене, демек излегов ама никако да се излечам.
    Нема да одолговлечувам, сакав да станам самостојна и наместо полесниот пат го одбрав потешкиот. Ми здосадија деновите поминати во молење на родителите за некоја илјадарка плус во месечниот буџет додека колегите доаѓаа на факултет со скапи аута и брендирана гардероба, ми здосадија сите објаснувања зошто наместо нов капут имам еден со сомнително потекло кое никако не ме затоплува, како јас не сакам модерни чизми туку ми е подобро во патиките од пред зиљарда сезони, демек не пропуштале и не лизгале, мижи асан да ти баам. Се продадов себеси на ѓаволот за малку одишка, и добив, ама сега плачам по сите оние фотографии кои најверојатно никогаш нема да ги направам, со ефтино виски во пластични чаши.
    Мамо, тато, ќе најдам излез од магичниов круг, или ќе се излечам од него, само да се ослободам од сиве овие раце кои упорно ме туркаат надоле. Нажалост и тогаш ќе ве слушам како гордо им раскажувате на своите пријатели како ќерка ви завршила навистина тежок факултет, но не по ваша заслуга, секако тоа ќе си го знам сама јас. Вака или така, морам од нешто да се откажам. Нажалост мајка ми нит ме родила со ксмет нит ме фрлила на буниште, што и не можам да кажам дека и замерувам. Ако се исправам некогаш од тешкиов пат, нема да биде благодарение на вас, си знаете вие тоа, но ќе бидам инспирирана само од вас.
    Камо пред 5 години да ја направев одлуката од пред 2 години, немаше толку да се каам денес, немаше да ми биде мака за недоодениот пат и за неисполнетите желби. Живот!
     
    На anabel-a, Ana.Jones, MaxyMax и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    Некои дечковци едноставно не ги нарекувам бивши, ги нарекувам неуспешни...па тоа не ни било врска...тоа било...онака.

    Иако на жените им се повеќе интересни „лошите момци“, незаборавниот маж го откриваат мали гестови, погледи и допири.


    Хемијата надвор од креветот покажува каков ќе ви биде сексот... Џентлменот надвор од креветот ќе знае да ве задоволи, а мажот кој ве држи за рака во сексот не се става себеси на прво место.

    Најдобар секс е оној кога се чувствувате слободно затоа што знаете дека партнерот ве цени. Ваквиот маж често дели комплименти за сè што ќе забележи и ќе му се допадне.

    Ако поради начинот на кој што ве гледа се чувствувате паметно, секси и атрактивно, можете да знаете дека и во креветот ќе бидете сексуално компатибилни.

    Обрнете внимание на неколку знаци кои ќе ви покажат дека мажот во кој сте се вљубиле е оној со кого ќе делите силна сексуална хемија и кога светлата ќе се угасат.

    Џентлмен надвор од креветот и во креветот

    Во сексот се важни две мали работи. Ако партнерот ви отвора врата, ви го извлекува столот, ве бара само за да ве слушне како сте – дали е џентлмен? Ако одговорот е „да“, бидете сигурни дека исто ќе се однесува и во креветот, а ако себеси не се става на прво место, туку се интересира за вашиот ден, оди со вас во вашиот омилен ресторан... вие ќе му бидете приоритет и во креветот.


    Сензуалните типови знаат каде да ве допрат

    На добриот љубовник сензуалноста му е важна и надвор од креветот. Ако се гледате со маж кој во ресторанот преку маса ви ја допре раката, ве држи за рака додека се шетате, или ви го допре грбот додека поминувате улица, ќе биде сензуален и во сексот и ќе знае да ве допре на вистинското место.

    Почекајте и сексот ќе ви биде многу подобар

    Мажот кој се интересира повеќе за вашето тело отколку за вас како личност, ќе брза да ве однесе во кревет. Вистинскиот љубовник нема да ве тера во кревет што е можно побргу и ќе го почека вистинскиот момент, а стручњаците велат дека колку повеќе чекате, сексот ќе биде подобар бидејќи желбата е поголема.

    Ако ви вели: „Ќе почекаме уште малку“ или „Не мораме да брзаме“, тој е вистинскиот.

    Барате знаци за добар партнер

    Хемијата надвор од креветот многу покажува за тоа каков ќе биде сексот. Ако се чувствувате посакувано и атрактивно и надвор од спалната соба, сигурно имате добра сексуална хемија со новиот партнер, па барајте знаци во вербалната и невербалната комуникација која ќе ви гарантира одличен секс кој ќе се помни, советуваат стручњаците.
    Зошто од старт на некои жени не им верувам у муабети кои уствари не сакам да ги слушам...пошто гледам со каков ропак се у врска...и ролам само со очите.

    И така...и умреФ!
    http://www.youtube.com/watch?v=x-A7zKwUBB4
    Ахахахахахахаха
     
  11. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК ми падна голем терет, камен од душава.
    Хух се чувствувам толку слободно сега.
    јеееееееееееееееееееееееееее :D
     
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Кога бевме деца, пред спиење глумевме дека плачеме, за да го привлечеме мајчиното внимание. А сега глумиме дека спиеме, додека плачеме, само за да ги избегнеме прашањата ...
     
    На Name, cinderella5, fallenangel и 14 други им се допаѓа ова.
  13. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    На мојата среќа и нема крај......
     
    На blond и cigarce им се допаѓа ова.
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    И така лаптопот и староно компјутерче ми откажаа љубов :D
    Ве читкам женски од време на време од телефон. Кога ќе бидам во можност повторно ќе се активирам. Вака си немам од каде.

    Што да кажам друго :) Животот полека ми се враќа во нормала. Оздравувам..
    Уживам во стабилноста на врската.. во љубовта. Уживам повторно со моите најмили.
    Уживам целосно, и оваа последна година од гимназијава ќе си ја поминам уживајќи.
    Доста ми беа три години замарање.

    Јас сум среќна :) Бидете ми поздравени :hai:
     
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]


    :?:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Познато ли ви е она чувство кога некој го познавате два дена а имате чувство дека се знаете 100 години, и се понашате ко да сте у врска, а всушност, не сте, јас не верував во љубов на прв поглед, ама ете ми се случи :$ Секогаш велев дека после Џони нема да дозволам ниту еден маж да допре до моето срце, ама ете се лажев, несвесно го пуштив него во својот живот, несвено се вљубив.

    Знам дека имам уште 4 дена со него, ќе се трудам да ги поминам најдобро што можам, но сепак кога ќе помислам на Недела нешто ми се превртува во стомакот, ми ги стега грлово и срцево :(
    Не сакам да оди, затоа што незнам што ќе се случи потоа. Тој вели дека ништо нема да се смени но сепак знаете ме копка.

    Ајде отидов јас да спијам :hai:
    [​IMG]
     
    На teddybear, julie77, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Лета времето, лета, дур да трепнам еве го октомвти, но ова не е октоври каков што го сакам, сакам да залади, сакам да носам џемпери и чадор, а не вака ќе испоцркаме од топло.
    Коцките колку може си се наместија, луѓе мои да не се лажиме никогаш неможе се да е совршено секогаш нешто недостасува еве конктретно кај мене имам работа, но немам љубов, мојата љубов веќе одамна ја нема ама ако и вака се живее само цврсто и храбро.
    Убаво е кога имаш пријатели кои се тука за тебе, не за друго за кафе и за топол разговор, си ги сакам ме бодрат и подржуваат, ме тешат и охрабруваат. Сега тие мислат дека сум добро, се смеам и се радувам на животот, но никако неможат да ја видат болката и тагата во моите очи незнам можеби јас добро се прекривам кој знае. Кога Горан си замина тие ми беа најголема утеха и потпора благодарение на нив сето тоа многу побргу го надминав.
    Со Горан не се среќаваме, а и да се сретниме што би си кажале? Ние сме само странци нашето НИЕ е веќе одамна позади нас. Се трудам колку можам поцврсто да газам на замјата и да чекорам напред, не мислам на минатото и на ништо не се надевм. Тежок е животот, но мора да се живее...
    [​IMG]
     
    На cinderella5 и pamelche им се допаѓа ова.
  18. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    И јас си добив цветче :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    :D која веројатност е да сите 4-ца колеги ги заборават клучевите од канцелариите (меѓу нив и јас :$ ) и така успешно со насмевка да го чекаме ,,главниот,, пред врата да ни отклучи :tmi: .

    Вчера за малку и мене да ме имаше по вести со наслов ,,мајка на малолетно дете ја убија парите,, :D . Си возам накај дома со малиот и пред мене една кола и една одпозади. И одеднаш пари - евра почнаа да летаат на шофершајбната. Првиот закочи нагло и јас држ-недај а тој одпозади за влакно ме промаши да не ме лупне. Се вкочанив на волан гледам накај детето а типот трчи накај мене и си ги собира парите :) од шофершајбната и улица. Си ги собра лепо фино и тогаш му текна да ме праша ,,добра си,, ,,да бе да, како не,,. Почнав да се смеам....која веројатност е да ти излетаат пари од прозорец?!?!

    Од толку веројатности :) бидна и мојата добитна комбинација :wasntme:
     
    На Doozy, Buttterfly, Cacy и 11 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Добро утро сонце и онаа сива месечина што бледо и тивко исчезнува.
    Веќе 2 часа се обидувам да склопам реченици, да ги склопам мисливе во глава, кои шетаат и чудни и загрижени. Преовладува некое чувство на мрак, како кога ве боли душа за некој кој го боли душа...Денес сакав да стиснам цврсто во прегратки една силна, мила прекрасна жена, а сепак се запрев самата, зашто ќе ја скршам, ќе попушти, ќе се смали во солзите... Па така, ќе ги вртиме сите теми на ум што ни лежат, па ќе ми раскаже, со извлечена насмевка, како го запознала, како растела љубовта, па како растеле нејзините чеда.
    Го поминав мојот 24ти роденден во црнината што го обви денот, со грутка во грло и сознание по кое тргнав сама и се простив од плитките работи. Ништо не е важно како семејството, ништо не е толку значајно како што е семејството. Децата растат, времето поминува, и раните прираснуваат, но тегот што сама и таа и тие што го носат, останува ист, до крајот. До кога во тишината и тежината на старите коски, сеуште тлее студот, отсуството на човекот кој треба да ве згрее.
    Некои ги боли самотијата, некои помислата дека го нема тој што го прави цел свет комплетен. Затоа толку дедо ми лееше солзи за баба ми, или за самотијата, затоа толку баба ми сега е исплашена. Никој не сака да остане сам, а најмалку пак да остане без тој што го сака.
    Да се грижиме самите, да го молиме и Бог, да сме здрави и среќни, да ја потполнуваме некогаш нечијата празна тишина. На денот сите сме силни, во ноќта тонеме липајќи.
    http://www.youtube.com/watch?v=e4_eI1xWwfs&feature=related
     
    На bittersweet, ines.h, Doozy и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.