Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Аааа не да го фалам, ама нај срцка е мужето мое, денес пудингче ми свари, па сладолед измати, а јас сега теба само да се гојам и да уживам, па после немало салце да има, ама ако се е со љубов тоа.
    Не знам друго што да кажам, треба да побрзам кон фрижидерот и да најдам на која има филмче после фудбалов.

    Лилит, мислам дека белото вишок ќе ти биде и ќе ги прикрива благо еротските сцени :lol:
     
    На Monna.Monna, cinderella5, Cacy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    ^^Ајдееее сите се нафрлија на девојчето. |(
    Немаше да не биде ако не се искритикува.
    А за таткото никој ни збор, значи океј е да си фучи торнада дома, пред ќерка му? :^)
    Да, да. Култура на ниво и од негова страна.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Тешко неа со тие родители ... тешко на тие родители со неа.
     
    На cinderella5, joelle и blond им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ОМГ шо не крепи земјава
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК дека би сакала да живеам во она време за кое мајка ми ми раскажуваше. Уште кога бев дете, заштитена во нејзината топла прегратка, ми раскажуваше за времето во кое живееле. За Југославија, социјализмот, деновите во кои се' било поразлично од сега. Царувало вистинското пријателство, љубовта била поискрена од сега, а не се гледало се' преку материјалната страна.
    Односот кон родителите бил поинаков, имало огромно почитување кон родителите, професорите, но и постарите луѓе, општо. Образованието било реално, немало тато- мама се на висока функција, па високи оценки. Не постоеле компјутери, телефони, а сепак се знаело каде можеш да ги најдиш своите пријатели- на улица. Играле од утро до мрак, девојчињата се собирале и везеле, а машките со скромен ручек во чантата- леб и сирење, оделе на ливадата и играле фудбал... Недела бил ден наменет за натпревари- фудбал или ракомет, прошетка до Пелистер, Тумбе Кафе... Слушајќи ја приказната на мајка ми, си замислував... Станав носталгична, а очите на мајка ми се насолзија. Не е ни чудо што е тажна и копнее по тоа време, се потсеќа на детството и времето на Тито. Да, и јас би сакала да се врати, па макар и еден ден да се почувствувам како дел од тоа време...
    Ајде доста се расприкажвав, имам многу за учење. Носталгична сум денес, многу...

    http://www.youtube.com/watch?v=X5h02Zme ... re=related
     
    На Monna.Monna, julie77 и kravce им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу време ми требаше да го склопам овој пост... поточно, некои 2 саати. Си ја давам себеси оваа вечер за плачење и самосожалување и депресивно однесување, а од утре, нов човек.
    Октомври викате дошол а ... е дојде знам, на многу фин начин го најави своето доаѓање.
    2012 ми беше ужас од година до сега, поготово овие месеци.
    1ви Октомври. Хмм...
    Денот кога бев цел ден среќна, полна со оптимизам, решена се да средам што се заташкало месециве, да си го вратам телото во нормала па колку и да треба да вложам труд... 1ви Октомври. Вечерта кога еднаш засекогаш ја прекинав скоро 4годишната, поточно скоро 7годишната врска.
    Не можам да се освестам. Не можам, иако сум потполно ссвесна дека е подобро вака. И за мене и за него.
    После толку време, после се што поминавме, не сакав да завршиме со тоа што ќе се мразиме, а така завршивме. Ме мрази, и го мразам. Очите во кои некогаш си ги гледавме одразите, беа полни со омраза. Додуша не го мразам толку колку што не ми се верува што се се случи.
    Не можам да замислам колку сила ќе ми биде потребна за преку оваа работа да поминам. Не можам. Цела ноќ плачев, цела ноќ си ја враќав претходната ноќ и до ниеден битен заклучок не дојдов.
    Само сакам да сум среќна. Сум заслужила... верувајте. А тоа не беше животот во кој бев среќна.
    Без разлика кој за што бил крив. Постојано се влечеше клопчето ваму таму... постојано си ја префрлавме картата на вината еден на друг ама не навлегувам во тие детели. Небитни се... двајцата сме виновни.
    Не можеш да дозволиш во една љубов да ти е на прво место инаетот, гордоста, глупавото машко его, женската суета. Не можеш, буквално со сила одиш во пропаст.
    Џабе ќе бидат два дена убави кога трите наредни се неубави. Џабе, на крајот од денот се е џабе.
    Јас сум вечен романтичар, копнеам и сакам вистинска љубов, онаа во која нема урлање, викање, се се решава со разбирање, онаа во која тој ти е и најважен, а имаш и живот покрај него, онаа во која ќе го гледаш со дете и ќе си викаш еј за некое време тоа ќе биде наше дете и ќе го гледаш со гордост во очите, онаа љубов кога те држи за рака и горд е пред светот на тебе а и ти на него, онаа љубов што ја има во очите кога те гледа како му правиш јадење па и да не е толку убаво ќе го касне, кога си болна да дојде со твојот омилен сок да те гушне и да гледа глупави филмови со тебе, онаа љубов за која вреди да станеш наутро со насмевка, онаа љубов за која кога ве гледаат сите викаат леле и јас го сакам тоа, онаа љубов каде насмевката на другиот ќе ти биде доволна за да се насмееш и ти, онаа каде ништо не би сторил за да ја повредиш личноста што ја сакаш, онаа љубов што ќе сакаш да ја одржуваш, да го одржуваш целиот живот сјајот во очите, сјајот во очите, скокоткањето на срцето... од таа љубов. Некогаш ја имавме таа љубов. Ама некогаш... Зарем да се влечеме целиот живот за она што било некогаш? За што? Во чест на сите години ли?
    И сеуште не разбирам зошто олку проклето боли....
    Ја гледам карикатурата од нас на ѕидот, ги гледам двете ружи од него одамна овенати а седат покрај телевизорот, гледам се што ми е од него низ собава, и една кутија со куп наши работи. Ја отворив после долго време... слики на кои се глупираме, кладби, договори, смешки, машнички од поклони, некои врвки и топчиња, гранчиња, некој цвет, тревки, парче материјал, работи на кои само ние им го знаеме значењето, фискални сметки, табели што сме играле карти, еден "веренички" прстен, влезници од кино, зоолошка, жичара и каде уште не, некои догорени свеќи, некои поклончиња кои таму се запакувани за да не изгубат од убавината, привезочиња, кибритчиња, едно венче од цвеќиња, белешки... милион спомени има во таа огромна срце кутија...
    Се што содржеше од едно до последно ги исеков, и ги фрлав едно по едно. И се друго што беше низ соба а можеше да се среди го средив.
    А сеуште го чувствувам неговото присуство во собава, и на себе... колку време ќе треба?
    Го молам Господ, или која сила и да е, да издржам. Да издржам затоа што ако повторно потклекнам тоа ќе биде самоуништување. Не смеам. Овој пат не смеам.
    Имам 20 години, морам да се средам, морам да живнам малце, а и да здивнам малце.
    Јас сакам љубов, јас верувам во љубов, секогаш ќе верувам. Нема да се токажам од љубов зошто еднаш сум била изгорена. Јез да, ако сме реални и не е еднаш, ама нема врска, битно е не се откажувам.
    Но, оваа битка е изгубена, не можев повеќе да се борам. Никогаш не сум била себична, секогаш сум давала и давала и вложувала, јас знам колку многу, т.е напати и премногу, и веќе ги изгубив сите сили, ги кренав рацете. Сите можни и неможни граници беа поминати... безброј пати му беше речено стави го прстот на глава секој човек има граница. Јас линијата на моето трпение ја развлеков ненормално многу... вчера се скина.
    Имам и друга мука. Како ли ќе им кажам дома, на блискиве, на братучедиве, на бабитеее???? сите го имаа прифатено, за сите бевме уау, совршени што никогаш нема да се скршат, прекрасни две заљубени човечиња... а полека полека пукавме и еве се распукавме на милион парченца.
    Со која сила ќе објаснувам одново и одново на кој како ќе ме праша?
    Но, не можам да бидам во несреќна врска ради нив. Веќе им ги гледам фаците пред мене...
    Не можам да поднесам прашања ама зошто ама како, ама ќе помине, ама ајде не така, аууу кога, леле леле леле... со секое леле, посакувам да ја скубнам личноста што ми зборува. Не ми лелекај, не ми лелекај, не ми лелекај затоа што не си ми во кожа. Толку е едноставно.
    Сега што... ништо. Сега ќе се обидам да терам здрав живот нели за здравјето што го губам да си го оправам, и да се посветам на факултетот за и него да го поправам, и да чекам животот да ми подари нова љубов и да се надевам, дека во многу, многу брзо време ова чувство од душата ќе исчезне...
    За овие два часа пишувајќи, мислам дека оставив тука се што ми тежеше на душата... и полесно е многу, премногу... толку што дури и искрено се изнасмеав на една анимација што ми ја прати другар ми... искрена насмевка, тоа ќе си го сфатам како добар знак.
    Од утре надежно... нов човек, нови амбиции, нови желби, и повеќе насмевки од срце.
    http://www.youtube.com/watch?v=WgcovIu3k9o
     
    На LilBaby, green.eyes, Neytiri и 24 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Мене ова не ме смирува. Напротив, ме тера да станам и да „играм“ танго сама со себе. Најозбилно.
     
    На Hkikica и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  8. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Луѓе после 2 месеца болка и тага,солзи и копнеж по изгубеното,конечно денес сум среќна најсреќна сум !
     
    На cinderella5, kravce, PussyHunter и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Се осеќам ко на некоја дрога да сум, постојано си велам дека ќе престанам со тоа, а другиот ден се навраќам на истото. Не можам да сфатам што се случува, не знаете колку сум се сменила... За жал.
    Градиме нешто, а јас ги поткопувам темелите... Господе, кога ќе се освестам, кога ќе ми се врати разумот?
    Не знам, не ми се ни пишува веќе, не можам да се соочам со некои работи.
    Добрата вест е што се уште не е касно. Знам дека не е.
     
    На slavica999, Abeja и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    СДК ја слушам песнава од Daniel Bedingfield - If You're Not The One ... и секој можен збор од песнава како цигла ме удара по глава, ме тупа по срце ... можно е песнава да има текст напишан како за мене... Епа да,ете можно било ... Незнам ни кој дел од песнава посебно да го одделам и да го напишам... НЕЗНАМ ...

    If I am not made for you then why does my heart tell me that I am?

    Ете така, ми недостигаш драг мој ... би сакала пак да сум во твојата прегратка...сега сфаќам дека таму јас бев најсигурна... и најсреќна... најсакана ...
    Колку и да сакам да те заборавам,не можам ... не можам или не сакам ... едно е,трето нема.

    Останав без тебе...а ти без мене ! Проклето ми фалиш !
     
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Моментот кога ќе се видиме со иста личност со која сме се поздравиле пред 5 минути.

    Дефинитивно ова е еден од најинтересните и најчудни опшетствени феномени и овие моменти веројатно секогаш ни предизвикуваат по малку засрамувачки и зачудувачки чувства.
    Често се случува случајно да налетаме на некоја помалку или повеќе позната личност за нас со која секако ќе се поздравиме. Но, што да правиме кога по некои 5 или 10 минути повторно ќе се разминеме со истата таа личност? Ако ни е повеќе позната, сигурно ќе си дофрлиме по некој шеговит коментар со истата таа личност, меѓутоа, во случаите кога личноста не ни е толку блиска, зачудувањето знае да биде и поголемо и често се случува само да се разминеме и да не размениме ниту еден збор повторно, како да не се знаеме воопшто. |(

    www.primetime.mk/
     
    На Ognenija, Monna.Monna, kitty.lover и 5 други им се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Конечно слободна и дома,утринско кафенце на раат...
    А давањето отказ на работа беше нешто посебно,таков отказ ќе го памтиме... :lol:
    Колку е само убаво чувството кога знам дека не треба да станам сабајле рано,дека имам време да си се наспијам и да поуживам.
    Премногу ми е напорен периодов,многу работи се случија а притисок имам од сите страни.Посакувам да имав каде да избегам на некој период.Никој да не ме најде,да се смирам,да соберам сили за понатака бидејќи веќе немам...
    Но нема,за жал нема каде да одам а се соочувам со тешки моменти...
    Ахх кога само би можела...не би се ни вратила...
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, anabel-a, Glossy-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    3.629
    Велат ПРОСТИ И ЗАБОРАВИ !
    Јас простив и засекогаш ја заборавив таа личност...

    Така треба, нели ?!
     
    На cinderella5, blond и tweety26 им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Барајќи ги сликите на другарка ми кај мене во пц, налетав на слики од бившиот, ги заборавив сликите на другарка ми почнав да ги вртам овие, колку само лажни насмевки, лажни ветувања, лажни зборови имаше помеѓу нас :x Ние бевме оган и вода, Солзата ми се спушти низ образот, не сакав навистина не сакав, но ете залакав, потоа се свестив дека веќе некој се појави во мојот живот, некој што ме слуша што имам да кажам, некој што ме подржува, Ги избришав сите слики, потоа барав уште, најдов уште неколку и тие ги избришав, Станав и го најдов нашиот албум, не сакав да го гледам, но ете повторно попуштив и го отворив, секоја слика си имаше посебно значење, извадив само една слика, онаа првата заедничката, ја ставив меѓу другите албуми, а овој албум го ставив во кутијата, решена сум утре да ги ставам во пакетот сите подароци, украси, се што потсетува на него, ќе запечатам кутијата и ќе ја потпишам како МИНАТО.

    Ако веќе сакам да започнам нешто ново, и убаво не сакам да имам ништо што ќе ме потсетува на минатото.

    Од друга страна очајно се молам да не дојде Недела :(, мразам разделби а во Недела ме очекува една таква, се ндевам тоа ќе биде за кратко :!:
     
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека веке не можам без него...........сакам те В
    лека ноќ девојки :)
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    СДК дека не ми се верува колку само сакам да го гледам небото во оние моменти кога облаците го засенуваат сонцето. Какви ли само бои има во тие моменти, како ли само се надополнуваат истите нијанси на сиво-бело, жолтеникаво-златна... Гледајќи ги тие убавини јас се радувам. И понекогаш мислам дека во последно време (цели 7 години) само тоа ме смирува, за минута или две. Мојов мозок работи постојано, тој незнае за одмор. Само мисли се некои глупости.

    Љубовта ја имам, прва, стабилна. Но што ако сакам да искусам и некоја друга? Да ја сакам оваа ама и сакам да спознаам и нешто друго. Сакам некој што сака да ги искачуваме планините заедно. Некој кој ќе сака да возиме точак и истиот без страв ќе ме вози на точак така лудо, палаво и занесено. Сакам пламени од страст. Пламени од немирни шлапкања по вирчињата кои се прават по улиците на К.В. секогаш кога ќе врне. Моментално ме убива постојаното исто. Знам дека правиш многу за нас. Се откажа од многу исто така. Ама јас ништо не барав, навистина ти сам сакаше. Не дека не сум вљубена во тебе, но ми треба уште од тебе. Ми треба да ја видам во тебе желбата за младост. А моментално ја гледам само онаа желба за сериозност. Ми треба пак да те видам како танцуваш, па зар така нели се вљубив и во тебе.

    А, знаете несфаќам како може моја братучетка на несреќата на својата сестра да се радува?. И како истата може да и завидува на својата сестра?. Се разбирам но ова не.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Има денови кога полудувам...ме фаќаат ретко ама навистина тогаш јас едноставно не сум јас...

    Можно е,кога работав на шефот да му кажам што мислам,АМА НАВИСТИНА ШТО МИСЛАМ,на другарките да им срозам в лице колку се дрски или како синоќа едната ме вика да сум и помогнела да лупи пиперки со мотив-ти не работиш дојди да ми помогнеш...мислам... :envy: ,или да се закачам за шипка и на некого да му го фрлам градникот в лице [​IMG].Искрено ми се смачува од барањето работа,преку глава ми е од тргнување на секое ѕвонење на телефон.Преку глава ми е од децава кои никако да се научат на ред,кои не разбираат што значи немам,кои мислат дека светот треба да се врти околу нивните стомаци.Преку глава ми е од мажот,од неговото однесување како да е Рокфелер со примеси на батко Ѓорѓија и бонвиван....и не сум родена бре да трпам будалаштини околу себе....во вакви ситуации склона сум да направам глупости,грешки...ама не можам веќе...и ќе направам...

    И сакам да сум храбра,да одлучам тоа што е најдобро за мене.Без разлика колку тоа изгледа нормално од надвор,од внатре ме јаде и мачи..
     
    На marama, Springy, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  19. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Моментално чекам да почне часот по инглиш.... kill me :x
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Денов ќе го одтанцувам... Или да би се рекло dance away the day, ете. Нема некој посоодветен превод.

    Си мјаукаме и зошто сум грамар наци му најдов двеста седумдес грешки и го поправив со благо цмок после секое кенкање, му кажав дека тажно ми недостига, среќно го очекувам и дочекувам, дека неговите меѓуножни радости се мои благости, дека ме очекува долг и напорен ден, ми посака љубов и лудило, ме гушна неколку пати и сега еве, пренос на енергија. Кажуваш што и како, за да ти биде полесно.

    Се видов во огледало, облечена за средба со професорката ми. Изгледам позрело, и тоа на миг ме исплаши. Но добро. Тоа не значи дека умирам. Или значи? Значи, и те како. Со секој чекор натаму, добиваш зрнце мудрост и крајност. Морам да го прифатам тоа, сакала или не. Детето во мене живее преку сите мали нешта, креативности, песни, закачки низ ветерот. Фазиве ми траат и ме будат секој ден по малку. Сонував како некој ми оставил бебе пред врата, а јас липам, не можам да се соземам од стравот и думата, што ли ќе му правам на детето? И одлучувам во сон да го чувам, се качувам во едно црвено фиќо небаре Југославија во него создадена е, и правец кај мужот. И така. На сон си најдов дете. И не можам да мислам што тоа значи. Треба да добијам, ете тоа значи, и вијугиве ми бојат се’ во таа насока.

    Молам Животе, денес дај ми нерви и сила, да не се напнувам со непотребни енергетски дувла, а да гушкам луѓе на кои им треба тоа, а не го бараат. Да почувствувам грам мир.
    Дефинитивно кога си сам, си најлуд сам по себе. Преку другите тоа чувство се исплакнува, добива смисла. Инаку, каде јас ќе стигнам со моиве мисли брееј. Сигурно не до некоја политичка кариера. Можам да бидам само лидер во фабрика за правење фантазии и глупости. Е така.
    Баш.

    Поздрав жеМски, убав ден имајте и без многу секирации, животов си тече. Гушнете го наместо да му се лутите.
    Ма да јас го клоцам понекогаш. Искрена да бидам.
    Чус
     
    На Monna.Monna, La.Reina.Del.Sur и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.