Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Бог да чуува од ваквите дечишта. :|
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Лов, абе кога порасна ти? :)
    Среќен Роденден :*
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Веќе одамна ја осеќам меланхолијата во воздухов околу мене. И за чудо не ме гуши, не ме поттиска, туку само ја апсорбирам, ја вкусувам и си продолжувам да ја вдишувам неколебливо и помирливо. Се соочувам со некоја болна статичност, која пржи на кожа и во психа, а сепак како да не постои.
    Во шолја на кафе ми видоа една рамна оптегната површина, негибната, чиста од прашинки, штеточинки и настани. Е баш ваков ми е периодот. Недефиниран, непостоечки, бездимензионален. Веќе не го осеќам ни времево што минува, порано имаше навика да жуља и да пече како што минува бришејќи се она што е смртно, или пак да остава белези после подолг период, неисчистливи и неизбришливи. Сега а постои, а не постои - исто ми се фаќа. Луѓето доаѓаат и си одат од мојот живот, тоа е како некоја математичка константа, неоспорен и неотповиклив факт; а сега се е толку обратно, чинам гравитацијата отишла во спротивна насока па сите сега стоиме обесени upside down, или нашки кажано главечки (љиљаци) со свиснати косишта. Порано бев слепа за новите личности што сум ги среќавала, што ќе разменам збор-два, мислење или противречност; а фамозниот акцент на сето мое внимание го ставав на луѓето кои си одеа од мојот живот – најчесто алтернативно, своеволно и по желба; поретко поради судбинската пресудба за крај на нечиј живот – фала богу! Тие луѓе кои се оддалечиле од мене и одлучиле да го пресечат веќе тенкиот конец на познанство и блискост, јас ги оплакував и жалев по нив. Се каев и се прашував што грешка сум направила за да се одалечат од мене, обидувајќи се да ги вратам сите до еден, притоа незабележувајќи ги оние кои веќе ме чекале пред една нова врата, кои се самокласифицирале како мои пријатели и блиски бидејќи ме прифатиле таква каква што сум, ме виделе во светло кое според нив најверојатно е добро и одлучиле да ги продлабочат познанствата со мене.
    Денес сум обратната личност. Насмеано и гостопримливо ги пречекувам новите познаници во мојот живот, комуницирам со нив, барам да најдам и најмала заедничка трошка за да најдам заеднички муабет (а не да дремам со намрштена и намќореста фаца), се обидувам да бидам комуникативна, yet not нападна, упиклива и досадна. Додека пак личностите кои сметале дека не се вредни да бидат дел од мојот живот & vice versa: им посакувам среќен пат по овој стрмен и ѓаволски зае*ан живот и желба да си најдат некој посоодветен на нив, зашто и при најмазен и најблаг пат сладок како мед и млеко потребен ти е барем еден придружник со кој ќе ја делиш осамата.
    Епа Чао! :*
     
    На kravce, starbucks, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.119
    Пол:
    Женски
    Мрчам, не честитам родендени на ФБ, зајадливо ги листам сите слики на колегите кои можат да се впишат во Гинисова книга на рекорди, рекорд во магистрирање на една генерација, десетици во еден ден, мижи асан да ти баам, им замерувам на сите што треба и не треба за моите неуспеси, жалам по неостварени желби кои никад нема да ми се остварат.... Не е до ПМСот, криза, криза на средни 30ти, бројкава звучи големо, а јас се чувствувам мала ко пес бомбона, ма и помала ко апче флуронитрил, кога некој ме крши на половина не се давам ама кога ќе успее да ме скрши се солам на сто парчиња, и пак можам да се соберам во истата формација, само привидно, внатрешноста е веќе скршена. Мрчам и се осеќам задоволно со тоа, не треба ама ете се дешава. И не, нема да честитам ХБД на секој кој денес се појавил од страна на Фб дека има роденден. Нема поединечно на сите да им напишам Колега честито магистратура, па многу сте ебате, ве има 100, на 8ми групно ќе ви напишам, Честито колеги, добредојдовте во реалниот свет, каде Рем Колхас и Заха Хадид нема да ви дадат повеќе плата, каде од челик нема да видите ни Ч, каде се што сте научиле ќе го сочувате за едно подобро утре, ние проектираме социјална архитектура, за социјални случаи, а не Мултимедијални центри и Скај домови. Мрчам, не ми зимајте за зло, ќе ми помине ;)
     
    На Monna.Monna, kravce, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Зарем единствената сум на која не му се учи зарди времето? :wasntme:
    Kако да учам, времето на пролет ме потсеќа... Ама ако, преубо е вакво нека си остани :nod: :sun:
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Преубав ден, сонце, паднати лисја кои шушкаат под нозе и ние двајца :inlove:
    Денес Среда, Среќен ден барем за мене, уживав додека шетавме низ паркот прегрнати, да не видеше некој сигурно би помислил дека сме во долга и убава врска, а всушност не сме, шетајќи се, разговаравме за се и сешто наеднаш замолчевме и... и падна и долго посакуваниот бакнеж :$ :lol:

    Мислам дека освен нас никој друг не постоеше, важни бевме ние двајца. Мислам дека тој момент ќе остане запишан во душата засекогаш.
    Потоа бевме на јадење и дома. Едвај чекав да си влезам во собата за да врснам од радост :wasntme:
    Деновиве ми одминуваат брзо, а не сакам, всушност двајцата не сакаме :| Сакам постојано да е тука, до мене.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    8.586
    Не сакам подароци, скапи и преценети предмети, купени со еден поглед кон рафтот. Никогаш не сум посакувала тајно огромен буќет цвеќиња, ни омилени чоколади.
    Единствено нешто што сум го побарала е некој да ме чека. Да ме чека да се вратам дома.
    И верувајте, ако има некој што ве чека назад, вие сте среќни луѓе, зошто нема ништо поголем подарок од тоа.
    Дома е се додека таму има некој со топла прегратка, само за вас.

    И никогаш не можеш да кажеш дека го сакаш местото на живеење се додека не си го видел во сите лица на годишните времиња. Ако ти е удобно и кога врне и си стуткан со кафето до прозорецот, во тој момент целосно припаѓаш таму.
     
    На kravce, anabel-a и drugarka им се допаѓа ова.
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Одамна не сум шкртнала тука...

    А читкам, темава послабо, ама за филмчиња,серии, а и омилена ми е "барање работа" :?:
    Од "презафатеност" се преориентирам на домакински теми. Тоа со содата што сте пишувале, море море се излистав и се образував :D

    Друго што сакав да кажам, нит за отварање на city mall, нит за бела ноќ ќе сум во Скопје, и реално, ептен ми е гајле. 8)

    Не дека ќе избегнам од гужви, не ми е за тоа, ќе избегнам и муабети за гужви.
    На секоја социјална мрежа, секој муабет, исто ќе биде.
    Не сакам.

    Куферот во раце, патот под нозе и одам на продолжен викенд.

    Уживајте убави дами во престојните денови за одмор. :)
     
    На Hipster, DeMelo, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    - Готово, го преболев, топ ми е!
    - Сакаш вода?
    - Лелееее, и он пиеше вода..... :((((

    Hahahahahaha :)))
     
    На DeMelo, Umbrella22, CoverGirl10 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Има вистина кога велат убавите нешта во животот можеме да ги добиеме по цена на најголема болка.Иако за кратко јас го имав него во мојот живот но за сметка на тоа изгубив многу работи и останав со скршено срце и огромна болка.Чувствував и празнина истовремено. Тој беше уште еден дел кој недостигаше во мојата животна сложувалка .

    Како што кажав изгубив многу работи но најмногу жалам што се изгубив себе си .Свесна бев дека не треба да дозволам да се изгубам но некако без да забележам го изгубив својот компас.Ретко зборувам за сево ова но затоа многу често размислувам и си поставувам прашања чии одговори беа навистина тешки.

    Надежта е добра вредност која треба да ја поседува секој човек . Понекогаш добро е и да ја закопаме и последната капката надеж која останала во нашето срце затоа што таа капка може да биде причина да се залажуваме себе си дека утре ќе биде подобро ,дека утре е нов ден ,дека се ќе се среди и коцките сами по себе ќе си дојдат на место . Таа капка надеж може да биде изворот на најголема болка .Тоа ми се случи мене .Во моето срце тлееше надеж малечка како искра,беше зачинета со верба и копнеж по убави работи ,успех и по него . Се надевав дека ќе дојде ден кога ќе ги почувствувам и ќе ги доживеам убавите работи за кои мечтаев , мислев дека само еден чекор ме дели од радоста ,среќата и убавите мигови и затоа вложував и се трудев .Секогаш кога мислев дека конечно сум достигнала до она што го посакував животот ми удираше жешка шамарница и ме враќаше назад во суровата реалност . Но ако погледнам од другата страна на медалот всушност таа мала искра надеж е она што ме одржува во живот ,е она што ме охрабрува да не се предадам и да не се откажувам од своите желби и соништа .Понекогаш во себе си велев никогаш не се знае можеби ако доволно силно верувам и силно ги посакувам тие убави работи можеби и ќе ми се остварат .Можеби има вистина во тоа дека среќата,радоста и убавините во животот му доаѓаат на оној кој има трпение и кој знае да чека .
    СЕкогаш кога сум тажна оваа песна ми е утеха посебно стихот кој вели
    Болката не значи
    да се предадеш
    затоа не плачи...

    http://www.youtube.com/watch?v=jU--C48AyCE
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК...
    Дооолллгоо, мноогу долгооо те манијачев....и конечно си мојјјј . Љубов на прв поглед.!!! :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Си навредил некој намерно бидејќи и тој те навредил па ти си сакал/а да му возвратиш на ударот? И сега ти е мака ? Е да и мене ми е мака и криво ми е ! Не дека ќе си скаран нешто со тој што те навредил,т.е . си го навредил туку едноставно кога ќе го погледниш в очи ќе ти текне дека некогаш во животот многу бурно и брзо реагираш. Пред да направиш нешто размисли два пати !
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес немам многу да кажам, ама најдов нешто на pintrest што ме воодушеви. Толку многу што си го напишав на ливче и си го залепив на огледало.
    [​IMG]

    И денес го испробав два пати. Успешно. Добив другарка од Индија и ружен сладолед. Note to self: никогаш не купувај од слаткарницата најблиску до тебе, не ти се погодува сладоледот.
     
    На Name, kravce, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК еднаш ке се решам некој да пофалам и по 2 минути да се уништи се КАТАСТРОФА ЕНДЕМСКИ ВИДОВИ.
     
  15. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК дека милан треба уште еден гол да клај!
    ИТНО

    Допри ја нежно, стави 2 прста внатре, ако е поширока стави 3, треба да биде влажна и да триеш горе долу....

    Е така се мие Чаша!


    ХАХАХАХАХАХАХХААХАХАХ па шо нема да прочитам ахахахаххаха
    :D :D
     
  16. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Малку ли е 3 гола што дадоа? :)
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да не е баба ми во мојов живот, психички ќе се растроев од многу одамна...
    Стоела покрај мене апсолутно секогаш. Низ сите проблеми, низ секое расположение, таа е тука.
    Стоеше покрај мене во пеколната втора година средно, чекаше да заспијат сите и да дојде да ми ги избрише солзите зошто знаеше дека таа ноќ нема да спијам. Секогаш кога ќе ми види тага во очите доаѓа, секогаш ме теши и ми зборува за животот, секогаш ме гали со таа нејзина рака на која се испишани многу години тежок живот, а надежта и насмевката не се изгубиле...
    Така и сега, цел ден сум во соба, еднаш се симнав до вц и да јадам, две секунди само ме виде, и после ми дојде горе, седна до мене, ме гушна и ми вика дете мое, не си ти крива што некој е глупав, ми ја потпре главата на рамо и ме остави да поплачам па ми рече последна беше таа солза, главата горе и ајде насмеј се.
    Бабо те сакам...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, slavica999, Umbrella22 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    3+ второ имав пишано.. инаку супер си се тие :D
     
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денес не треба во никој доверба да се има сите ти забиваат нож во грб порано или подоцна само незнам како после ќе ме погледне во очи после се што направив за неа!
     
    На Glossy-girl и PussyHunter им се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Епа можеби преоптимистички си одиграла, но храбро во секој случај. :D Обично 2+ прво или второ полувреме е пореално, но и 3+ излегува кога ќе се разиграат. :) Ајде вечерва имаш натпревари така што спремај го поправниот тикет. :lol:

    Tокму така. :up: Немајте доверба во никого и на никого не му се исповедувајте се' затоа што не знаете кога и како ќе биде искористено против вас. :) Денешното другарство е во формат "everything you say may and will be used against you".

    Играјте мудро феминчиња, ве советува ловецот ваш. :) Знам дека вие женските имате обичај да креирате поголема близина и се' да споделувате, но некои работи задржете ги за вас освен ако не сте целосно сигурни дека другарката никогаш нема да ви забие нож во грб.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.