Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Додека човекот го полираше својот нов автомобил, неговиот четиригодишен син зеде камче и изгреба неколку линии од една страна на автомобилот.

    Човекот се налути, ја зеде раката на детето и многу пати го удри со големиот клуч, не размислувајќи што прави. Во болницата, детето ги изгуби сите негови прсти на раката како последица на многуте скршеници.

    Кога го посети детето во болницата, со болни очи тоа го праша: "Тато, кога моите прсти ќе пораснат повторно?"

    Човекот беше многу повреден и без зборови, со солзи во очите тргна назад кон автомобилот и многу пати го удри со ногата. Уништен од своите постапки... седна пред автомобилот.

    Во тој момент ги виде гребнатинките. Детето имаше напишано:

    „ТЕ САКАМ ТАТО“

    Внимавајте:
    Животот минува, а времето никогаш не се враќа. Моментите посветени на своите најблиски се најдобро искористено време во животот. Децата растат, а животот поминува!
     
    На Name, DeMelo, Umbrella22 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Си купив прекрасни, значи стварно breathtakingly beautiful мартинки кои заслужуваат еден посебен, самостоен пост. :!: ^_^
     
    На blaa, kravce и cinderella5 им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Со здравје да си ги носиш женска ! :)
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Стариот секогаш ми велеше: Полесно е да се учи, отколку да се работи. Учи за да не работиш.
    Тешко ми е на душава што мора да признам дека еднаш беше во право: учев за на крај да не најдам работа.
    Одам на докторски.
    Поздрав.
     
    На JoxyTheFreak, Annath, Buttterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Пак ме достигнаа оние моменти кога се околу мене е тажно.
    Јас не изостанувам.
    Дожд никаде. Солзите мои дополнуваат.
    Грутка во срцето, кнедла во грлото, товар на грбот. Тежина.
    И покрај толку луѓе околу мене јас сум сама.
     
    На Cacy, cinderella5, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК сакам да застуди....Сакам да си ги облечам чизмите,палтото...а не сега топло/ладно да играм |(
     
    На Monna.Monna, Glossy-girl, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Значи кој баксуз ебате женски баксуз да му се онаквам...

    И цел месец значи се запуштив, и се спремав да идам на И.Д. и денес таман да се јавам у салонот, оп ми дојде |(

    ајдеее женска баксуз си знам, арно ама нај awkward моментов, идам ја онака да си купам улошки и идам до продавачква и тивко и кажувам бре што ке земам, и да ми замотаат у кеса ... Не бре женава улава ко се развика , ’Маче кои ги зеде ? ’ Шо фин женски муабет си направивме уште да не беше комшијава у продавницата , зимање тоа и бегање накај дома ... :$

    Нема везе, а за учење и идење на факс ??

    Ај бе да најдам некој да ми мисли м ?

    Па неможууууу брееее :swear:

    И да, идам сеа да глеам еден италијански филм со омилената ми глумица Teresa Mannino , срцка цела саркастична :lol: луда е бре со муабетиве, ја обожавам
     
  8. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Без разлика колку сте паметни.. срцето барем еднаш во животот ќе ве натера да се чувствувате како будала! :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Се едно исто.Стани рано насабајле заморна од вчерашниот ден и со голема мрза идеш во школо,а таму сите те нервираат и се те нервира,ама си кутиш и седиш замислена,на часови ништо не слушаш и не пишуваш,кога ке завршат часовите заморна дома и гледаш што повеке нешто да работиш за да можеш мислите да ти одат да не плачеш и да не мислиш на се што било,па поминало.Учиш,чистиш,времето си лета и на крај од што си заморна неможеш ни до креветот да отидеш да си легнеш,а да не правиме муабет за пресоблекување.Еден типичен ден за девојче/девојка како мене.Ете така е сега,не е како порано.....
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Зошто имам понекогаш чуство дека само мене, односно особено на мене може да ми се десат мрднати работи? Необјасниви случки. Чудни комбинации. Неверојатни случајности. Шашави средби.
    Привлекувам интересни луѓе. Не би рекла чудни, затоа што ми подзамирисува зборов на нешто со негативна конотација. А не е така.
    Сериозно сакам да знам каква карма ме следи или каква ми е аурата, ако може некоја бајачка да ми објасни затоа што не можам да се изначудам и изнасмеам понекогаш.

    Возможно ли е бре? Абе нели вакви работи у филм се дешаваат само? Нели не постои судбина...или да?

    Од нигде негде кога ќе ти се појави позната фаца, која треба да одлучува за тебе, и ти текнуе дека сте флертувале back in da days во други околности и ситуации, и сега треба да глумам дека сум сериозна со него? Ма уште од сега ми надоаѓа смеа невидена. Да му намигнам ли, што да му направам?
    Па згора на се, кога ќе ми текне дека две години ми го зборат со име и презиме и ете - како ќе се споиш со некој на кој си му знаела само лик и глас, односно име и презиме, но никако да ги споиш во едно. Не морале ни да не местат бре! :D
    Не можам да разберам.
    А што е најстрашно не знам дали да се смеам или да пукнам од смеење. Смешно ми е затоа што се повторува по не знам кој пат.

    Така и тетин ми ќе ми местеше еднаш еден тип. Епа после 2 години тупење да сум дошла со него на скара со неговите пријатели и нивните деца, сфатив дека животецов веќе не наместил во друга прилика. Многу поодамна. Пак со местенка, ама не е битно де :lol:
    Така е кога на неочекувано местенце ќе се сретнеш со некој со кој си одел во градинка, на пример.
    Така е и кога патуваш, и среќаваш фаци кои се враќаат дома, од Киншаса. Од Киншаса бре?! И сфаќаш дека му биле пријатели на родителот твој.
    Така е и кога вујко ми на пример во Њу Јорк, на сред не знам ти која авенија си го среќава комшијата од детството.

    Па и овие соништа кои ги имам од најрано детство, е не се нормални бре! Како може мене таква добитна комбинација да ми се случи во глава, не знам. Да се плашам или...?
    И луѓето кои ги среќавам. И животот кој ме спојува со некои луѓе и после години дознавам дека - it was actually meant to be!
    Или кога ќе ми се растресе телото во ниеден момент од денот, јас не разбирам од каде надоаѓа сета таа возбуда и БАМ после неколку дена сфаќам зошто. Интуиција ли е што ли е?

    Добра ме напраиле. Браво! Алал им вера значи :D Се си мислам од мешаново ќе да е. Турлитава пред, турлитава потоа. А најголемата турлитава, во главава. Дијагноза - салата Македонија, онаа мешаната која ја служат во Италија :D

    И ај не го слушај колегата кој ти вели - не! Значи ти не смееш да размислуваш рационално, слушај го телото што ќе ти рече и потоа донеси одлука.
    Што е најчудно и најсмешно во повеќето случаи јас кога ќе решам нешто да направам, мора да е, сега и веднаш. Затоа што потоа ќе помине моментот кога едноставно сум почуствувала нешто што така требало да биде.

    Не, не и не! Отидов да си направам топла, миризлива купка, и да се чудам....

    А имаше Кустурица еден филм, Живот је чудо. Е бог'ме - јесте чудо, јесте!

    Шо би рекла внука ми - абе да се чудиш! (тресење со рачето као лелелелелеле)

    Епа ај да видиме, што е следно на листата, м?
     
    На slavica999, bittersweet и cinderella5 им се допаѓа ова.
  11. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Не сфаќам зошто мораше да му кажеш.Зар не можеше да си ја држиш устата затворена? :|
    Од сега понатаму ќе морам да внимавам што зборувам и пред кого зборувам.

    Секој ден се повеќе се разочарувам од вас.Почнувам да сфаќам дека сте со мене само од корист.Чувствувам промени...промени кои ќе продолжат и нема да ви се допаднат.
     
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Учи учи глава бучи ова живот не е ,внатре ми е здодевно надвор сонце грее.....
    Мојата животна приказна раскажана преку еден стих од детска песна. :rofl: :rofl: :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=9ProbFIx9PQ
     
  13. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Доста веќе од другарки кои се во моја близина само кога им треба нешто од мене!
    Секогаш сум тука кога ќе им затребам, да им помогнам, да ги скријам за да не ги дознаат родителите и што уште не.
    А што добивам за возврат?
    Едно големо НИШТО!
    Неблагодарни личности, само за себе да се мислело.
    Како можат некои луѓе да бидат толку себични?
    А мене кога ќе ми треба нешто ќе ми свртат глава ко на просјак.
    Време е да станам построга! И јас сакам мене некој нон стоп да ми е на ХОЛД па само кога ќе ми притреба да му се обратам.
     
    На cinderella5 и Ilusionist им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кафе на тераса, без разлика кој дел од денот е. Па и друштвото, па и погледот, па и времето, ах, денови полни со топлина и љубов, од некаде ѕирка и по некоја нервоза ама не се дозволува на таква неважна работа да ти уништи ден.
    Абе, цвеќиња на прозор, мало балконче и голем бел чадор, ете тоа ми е денов. И светло жолта марама околу врат. И петок кој едвај чека да пристигне, заедно со него во пакет. На повидок е убав викенд, полни образложувања, овековечени со нови спомени и сознанието зошто се заљубив. И и и најубавото будење на светот, до нечиј нос, посебно ако е тоа еден толку обожуван нос. Само уште да мине четврток...
     
    На Tenkai, kravce, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Се е премногу јасно,кога е веќе касно :!:
    Седам така и си размислувам.Добро бе,зошто за оние исти работи,за кои некогаш во животот сум вложувала премногу за да успеат,денес не сакам да мрднам ни со прст?Дали се прменив?Не луѓе.Иста сум си јас,само веќе одамна решив да не им давам толку значење на некои работи,и верувајте полесно се дише.

    Една работа не ми е јасна мене.Нели кога ќе му простиш на човек за некоја работа човечки е веќе да не се прави муабет за таа работа.Ако секој ден и во секоја можна ситуација му ја спомнуваш таа работа која си му ја простил,зошто тогаш си му простил?Биди му лут,барем и тој ќе си знае зошто зборуваш,не си му простил и зборувај колку сакаш.Чудни ми се луѓето.

    Друга работа која исто така не ми е јасна.
    Како може,кога знаеш дека од некоја особа си добил само понижување,упорно ама упорно да гледаш во таа особа и да ја чувствуваш како светец?Па нели те понижува?Како бе,се би направил за таа особа?А,не знаев,можеби ќе се покае,можеби ќе му падне криво и ќе почне да те почитува.

    Има и други работи кои мене навистина не ми се јасни,ама ќе почекаат.Добро со мене нешто не е во ред,не сфаќам јас или сум заостаната?
    Ж-А-Л-О-С-Н-О!
     
    На cinderella5, SexyLady и Amaia им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Есента носи дожд, а таквите временски прилики се идеални за да се затворите во топлиот дом, да ги игнорирате сите и да уживате во жешките игри.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.112
    Пол:
    Женски
    Новата соба и не се покажа толку добра, несоница, не знам дали од глупавото суеверие дека спијам со главата на запад или од фактот што висината на таванот е нормална а и димензиите се дупло поголеми од другите или пак едноставно со мене нешто не е во ред деновиве. Плачам, не знам зошто, повторно и повторно истите размислувања, што ли се случува со мене, по кој ли пат заминав, да не погрешив нешто, да не имаше можеби подобар избор.
    Пропуштив многу, премногу, никогаш не добив комплимент од дечко на првата средба, никогаш не дозволив... Нејсе, џабе зборење кога што е тука е, ќе излажам ако речам дека не ми се допаѓа она што го имам во моментов, но да го имав почесто барем, да бев некогаш пред проклетиот фудбал и она превозно средство кое тој го обожува, да добивав внимание како што сум сонувала одсекогаш, понекое цвеќенце, вечера и вино, мали кутивчиња со црвени машнички, внатре едно чоколадце или некоја порака, ко што тргнало никогаш нема да ја добијам онаа фамозна малечка црна кутија од филмовите, претпоставувам ќе се случи како и се останато, бидејќи јас сум таа која настојува.
    Започнав да се чувствувам очајна, кога јас започнав самата да се чувствувам очајна што ли луѓево мислат за мене, ете ја провинцијалкава која одвај чека да се омажи во Големиот град, мижи асан да ти баам. Ќе искулирам, ќе започнам да го прифаќам животот онаков каков што е, веројатно и мене ќе ме снајде истата слатка грешка како и повеќето моми на балканов, па со округло стомаче ќе цупкам во бела хаљина.
    Ах штета, Холивуд е сепак само Холивуд, нема мене да ме снајде некој принц на бел коњ, да ми покаже дека не е се залудно, ма и да дојде јас можам да му покажам само кој правец е вистинскиот, таа среќа сум јас. И што ако дојде тој принц, што ако мене ми се деси апокалипса во животот, пак ќе го усерам како и овој кој го живеам сега, затоа што не знам да избројам до десет и да почекам среќата да ме чукне по рамо, секогаш јас сум таа која што ја брка, како и се останато во животот. Ќе ми помине, мрчам јас само, знам дека ќе ми помине. Оваа проклета криза на средни 30ти или ПМС или што и да е, се тоа ќе помине, нема само да помине мојата проклета желба за подобро утре, а тоа утре и да дојде јас нема да можам да го забележам, баш како и принцот со коњот.
    Добра ноќ драги пријателки, ви посакувам помалку бубачки под креветот и повеќе сон следниве 10тина часа, нека добрата вила биде малку подобра кон вас, јас очигледно сум ја налутила многу.
    :x :swear: :x
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Џабе возиш BMW, кога мораш да застанеш на пешачки за да поминам јас!!!

    :rofl:
     
    На Umbrella22, Monna.Monna, Stoimenovska и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.460
    Нече среча поштеног човека ]:) .
    Јок!
    Можеби утре ќе ми се посреќи :geek: .
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Мразам што сум женско :@
    Неможам саглмно да седам, да не ми се измести проклетата влошка :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.