Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Комшиите под нас имаа уште една гласна расправија...
    Цела зграда ечеше.

    И тука настапуваат разликите во машката и женската перцепција на една ситуација.

    Мој коментар - за греови тоа бебчето што го имаат.

    Малиот- таман ако се остават ќе можеме да се симнеме еден спрат подоле.(на трети сме без лифт :rofl: )
     
    На anabel-a, bittersweet, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кажи моментот кога некој треба да даде гол за да фатиш на ливче

    [​IMG]
     
    На LilBaby и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    25.463
    Пол:
    Женски
    Ретко нешто ме вади од такт, ама ова...
    Факултетов начисто ги збудале луѓево, или они веќе биле малце настрани, па ова само им ги истакнало тие особини.
    Зарем некој при здрав разум би си додал самоволно уште еден саат плус, на веќе континуираните 7 часа предавање ,без притоа да побара мислење од сите други кои се засегнати по тоа прашање? Значи фино-лепо, си одиш кај асистент, закажуваш плус вежби ван распоред, затоа што нели, си премногу амбициозен,а дали другите кои ги вклучуваш во својот мастер-план се слободни или не, не е битно, нели...
    Некои луѓе побркале некои поими, како на пример амбициозност не значи тотално откажување од било какво животно задоволство, непостоење на социјален живот ван факултет и мазохизам до максимум.
    Ми се чини еден ден живи ќе почнат да се јадат за поени и оценки плус.
    Ко да речи високиот просек ќе им смени нешто...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    ^
    Јас незнам ти на каков факултет си и дали вежбите ти влијаат или не , ама на мојот факултет на вежбите подобро ти е да си одиш , отколку не
    Си збираш поени и на крајот пак некој поен плус ти се збира и си поминал.
    Еве и ми пречи тоа немаме слободен ден во неделата од кога почнавме со вежбите но што да се прави.
    Тоа е :)
     
  5. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Кој има акаунт на замунда нека ми напише во ЛП,итно е... :(
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Го знаете она чувство кога не знаеш да се справиш со ситуациите.
    Има нешто кое се врати назад, носи трауми и повторни бури. Мора повторно да се борам...

    Има нешто друго кое е еднинствената моја потпора, а доколку не се промени ќе мора да го ОТФРЛАМ од себе. Ајдее...отиде од рака и тоа!

    Има нешто кое се вика материјална состојба, лоша. Поради глупавата состојба во нашата ПРЕКРАСНА државичка. Браво, браво. Срамота е, некој сака да продолжи со високо образование а тоа да му биде скратено не е фер. Амбициите да му умрат на човек во оваа околина.

    Има нешто кое се вика малограѓанство. Пу, пу кај ми се погодија такви луѓе покрај мене. Сум видела многу работи, многу лоооши. Но, денес тоа што го видов...тоа е ВРВОТ! Ако некогаш има нешто полошо од ова треба да си пукам у глава! Расипани луѓе бре, до каде биле спремни да одат. МЕ БОЛАТ СОЛЗИТЕ НА МАЈКА МИ. Навистина си храбра мамичке што овој удар вака го издржуваш! Некои личности не заслужувале ни трошка од твоето внимание.

    ''Има'' уште многу работи кои сакам да ги кажам... Ама одам да сум покрај мајка ми...Таа ми е животот, и треба поддршка! :)
     
    На kravce и cinderella5 им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    25.463
    Пол:
    Женски
    Хм,нормално е дека е подобро да одам,секако и дека сум редовна,тотално небитно во муабетов, ова е сосем поинаква ситуација, каде на некои колеги им текнало да додадат по некоја вежба плус, ван распоред, затоа што цитирам: Сме имале премногу слободно време. Онака, од досада. И тоа без да се консултираат со некои од нас останативе дали сме слободни во тој термин и слично.
    Небитно,не е ситуацијата баш толку црно-бела како што е во мислењето,има еден мал милион фактори плус, кои нели, не можат да се доловат овде.
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    MandyLane, красивая девушка :D, не знам како е кај тебе на факултетот но кај мене јас сам си селектирам дали да одам на предавањата и аудиториските вежби, а лабораториските вежби се задолжителни и на нив секогаш одам, бидејќи ми ги треба за поени и потпис од асистентот, а ако имам потпис од асистентот можам да земам потпис од професорот и после успешно да го заверам семестарот. :) Го разбирам твојот “бунт“, едноставно пренатрупано ти е веројатно. :) Мислам дека тоа си зависи од факултет до факултет, ама јас кога имам настава на пр. од 12 до 6-7 навечер, а вежби од 8-9 сабајле го правам следново: одам на вежбите пошто се задолжителни, а на настава кога како. :D Си имам материјали и си учам дома, не гледам причина зошто да дремам цел ден на факс и да глумам дека ги следам предавањата кога сум мртов уморен. :) Но, сепак тоа си е различно од факултет до факултет. ;) Кај мене не е задолжително присуство на предавањата, но пожелно е да се иде повремено, што и го правам. :) Значи, тактизирам и на крајот поентирам т.е. положувам. :D
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Изгледа на форумов, како и во животот, треба да се правиш објективен, иако не си, и да се трудиш што повеќе да им се допаднеш на луѓето со тоа што ќе им глумиш истомисленик, и ќе се правиш дека имаш објективни ставови, т.е. филозофии. Абе дајте, бидете си свои, уникати, и онака сите сме по 1 примерок на светов, иако има многу слични едни на други - не сме сите исти.

    Едвај чекам утре, да се прошетам во трговскиов.

    Прво ми се плачеше од математикава, ама откако отворив да порешавам сфатив не било некоја филозофија, барем не досега. Ќе видиме за понатаму уф, Господ среќа :)
     
    На Lov3, kravce и cinderella5 им се допаѓа ова.
  10. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Чудно е како понекогаш знаеш дека на оној кој не изустува збор и не пушта ниту една солза ќе му недостигаш многу повеќе одколку на оној кој се скапува од плачење. Нонсто размислувам за ова.

    А размислувам многу последниве неколку дена, патем само тоа и ми преостанува да правам. Сите стануваат рано да одат на предавања а јас спијам до 13 часот бидејки сум се скапала гледајки серии до 5 часот изутрина.

    Епа од вторник па натаму нема да биде така, ќе биде bye bye Skopje, welcome new life.

    И се е океј, само неговата тишина ме вознемирува. Премногу е тивок деновиве, и тоа не ми се допаѓа. Не ми се отвара, не ми кажува што чувствува, а ја гледам болката, ги гледам солзите што ги голта додека го трошиме времето ќутејки. Упорно сака да биде силен, да биде оној на кој ќе можам да се потпрам, да биде мојот заштитник.

    http://www.youtube.com/watch?v=UAm_uoV1z5k
     
    На crazylady, anabel-a, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    ... како што течеше муабетот, дојде ред и на моето клучно прашање.

    Толку нестрпливо го одговори така што веке знаев како ке реагира на мојот следен одговор.
    И нормално, веднаш следуваше контра прашање "А ти?" :^)

    "Не, немам." - и реков.

    (очињата и светнаа)... ^_^
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    И после?
    Немој да кажеш дека ја остави така во прашалници, без да ја бакнеш, м?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Знам дека се жалам постојано но толку многу сум несреќна. Еден, два дена ќе биде добро јас се правам дека е добро но знам дека другиот ден ќе е полошо и се обидувам тоа да го скријам. Многу сум несреќна и ми е тешко. Никој не знае како ми е никој.
     
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Hahahahahahahahahahabananahahahahahahaha! Се кладам дека не видовте дека пишува "банана" во средината! :)
     
  15. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Ова е моето последно мислење на Фемина, сакам да пишам уште нешто пред да заминам...
    И јас, си останав јас! Останав на своето, не потклекнав.
    Ветив дека нема да плачам, и ветувам дека ќе дадам се` од себе. Не ветувам успех, но ќе дадам се од себе! Веќе познато е дека спремна сум на се`, за да го добијам она што го сакам. А точно знам што сакам. И ќе го добијам, на овој или оној начин.
    Спремна сум, куферот е спакуван, документите на број, се` е под конец. Сега јас сум на ред. Имам неполни два часа пред да се качам во авион, и да го кажам последниот збор - Збогум.
    ...Ја видов неа, повторно. Не и кажав дека ќе ми недостасува, не и кажав колку ја сакам. Тоа не е во мој стил. Но признавам, дека ја сакам повеќе од својата мајка! Овој пат, не пуштив ни солза. Тешко ми е, но нема да плачам. Нема да дозволам да ме гледаат како плачам.
    Се видов со сите, се испратив. Ветив дека ќе се вратам. Дека ќе успеам, ќе бидете горди на мене.
    Аххх... Тешко ми е, признавам...
    Пред неколку дена, во делириум, очајнички барав свештеник, сакав да се исповедам. Барав психијатар, повторно. Нема да се опоравам никогаш, тоа црнило во мене ќе остане засекогаш. Морам да се помирам со тоа. Колку порано - толку подобро.
    Можеби ќе се вратам тука, да продолжам да пишувам и да ве читам. Фемина стана дел од мене.
    Посакувам барем да можев да пишам и кажам нешто повеќе за себе, вака премногу зборувам но ништо не кажувам. Можеби и вака е подобро, доколку искочи целата вистина на површина, магијата на мојте зборови би исчезнала, не?
    Мислам дека ја зачував својата приватност, мојот идентитет не е познат преку овој профил на Пирана. Не се познати моите години, мојата професија, моето хоби, моите зделки, мојата добра и лоша страна. А толку многу говорев за се`. Верувам дека многу од вас ме познавате, или барем сте слушнале за мене. Би било многу лошо доколку мојте мислења и идентитет се спојат. Се` ќе ви стане јасно, а тоа е она што најмалку посакувам. :)

    Доволно беше од мене, одам јас да го допијам кафето, и мојот пат води кон аеродромот. Не сакам да го пропуштам летот!
    Се` најдобро, и се надевам дека ќе се вратам како победник, и во Македонија, и тука, на Фемина.
     

    Прикачени фајлови:

    На Umbrella22, Buttterfly, tessi и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Обожавам да се чувствувам мало во нечија прегратка, а богами со моиве 1.80 тешко ми оди :D

    Единственото место во кое се чувствувам мало е Големото Село. Особено кога е празно. Вечерва се најдов во комплексот факултети откога предавањата беа завршени и немаше никој и се почувствував мала како точка. Огромни сиви зградишта и јас. Одвреме-навреме сакам да се почувствувам мала и неважна. Зошто? Затоа што тоа ми помага да сфатам колку навистина е мал човекот и неговите проблеми. Ми помага да размислувам глобално, да размислувам за работите поголеми од мене, за големите градови, мостови, патишта, планини, мориња, планети. А јас се нервирам за преводот Германски...пих! :D
     
  17. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Всушност, ја оставив така... затоа што не беше ни време ни место, а и сигурен сум дека ке сака да ме види пак :wasntme:
     
  18. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Сакајте за да бидете сакани ! :!:
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ајде, пуштам среќа да биде се како што треба, и друг пак не ја оставај во мисли, сега сигурно се прашува дали само онака си ја прашал дали е слободна или пак осеќаш нешто за неа, и не може да спие.
    Ах љубов, нели Гослинг :) ?
    Поздрав :hai:
     
    На kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Генијално.Го напуштам овој ден бeз желба за многу скандали и викотници. Препукувања, обвинувања и копање по минатото и гневот.Не се ни лутам на самата себеси што е вака. Веќе никому не му сум лута. Било за да биде. Си барам сосема утешително повозвишено објаснување на текот на нештата во моментот.Немам мотивација да се искарам. Ја смирив нескротливата природа и намалив со страсно изложување на факти и аргументи.Не ми вреди.Некогаш не вреди.Некогаш така е, џабе е. Веќе не се лигавам, веќе не плачам. Сега пијам. Сега ќе се удавам во тагата. Ќе се наголтам дури бери и бегам на спиење. Оти животот е мизерен. И мене очите ми солзат на сабајле. И ми студи да го отворам прозорецот. Не ми пречи мирисот на опиумот на чадот од цигарите. Ми носи позната свежина во запустениот организам. По*бан да ме простите. Си живеам, вака никако. Си терам. Чекам да заврши. Не патам од депресија, не патам од емотивен вандализам. Само ја прифаќам реалноста. Дека ќе скапам и ќе црвосам сеедно.

    Од друга страна укинав со принцип на дружење Мајка Тереза. Мрш бе, најдете си друштво. Не ми е јасно оти сите се пикнале до мене. Во мене ни муабет нема. Магнетно привлечна ви е мојата меланхолично-мрачна- језива појава. Одвратниот сенс за сарказам ве тера да седите до мене.
    Патот под нозе и да ве нема. Сакам рает. Сакам сама. И неќам мажи. Е*е те се ве молам со со вашето нападно удварање. Уште имам ластик на гаѓите, оти мислите дека ќе се лизнат.

    Не ми треба вишок внимание. Сакам да останам незабележана.
     
    На machka1, crazyinlove19, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.