Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ...денес кажувам еден виц на една пријателка и таа почна да се смее. Го кажав и по втор пат, таа се насмевна. И го кажав и по трет пат и успеав да и извадам само една мала насмевка. Четвртиот пат веќе не беше интересен, таа не се насмевна туку немо ме гледаше во очите. И реков - ја свати поентата?!?! Престани да ми плачеш постојано за една иста работа. Преземи нешто, ризикувај, направи нешто...
    Им се чудам на некои луѓе како седат со скрстени раце и чекаат од горе нешто да им падне или некој друг да им ги нареди коцките во животот. Зарем веруваат и во тоа :o .
    Не верувај дека што е твое ќе си дојде ако не превземаш никаква иницијатива. Легнувај на брашното пополека за да не те фати кичма и да се укочиш....

    Почнувам да мислам дека не е се во парите туку во сексот :angel:
     
    На Annath, ines.h, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најтешко? Најтешко е другарката да оди да живее во друг град со мажот за кој ќе се мажи за некое време. Знам дека не е друга држава но пак не е Скопје тоа најтешко ни паѓа. Вчера ни беше последната прошетка луда и незаборавна. Ќе биде многу позафатена и ќе нема време. Тешко е но и се радувам за неа. Беше тука во секој лош момент ама буквално. Да и се јавам и навечер во 2-3 ќе дојде само за да ме гушне и утеши. Сега тоа засекогаш ќе исчезне и јас ќе останам без никого знам.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сакам сонце, топло време, тогаш функционирам со 100% капацитет, место ред бул мене сонцето ми дава крила :lol:

    Се шетавме денес со малиот на плажа, двајцата боси си правевме стапалки по песокот, гледавме како водата ни ги брише и повторно правевме нови, не ни приметив кога поминаа два часа.
    Малиот ја обожава водата не се плаши од брановите се смее, кикоти и само вика again да го носам кај брановите, водно жапче ми е :D

    [​IMG]
     
    На Annath, caroline.costa, Buttterfly и 33 други им се допаѓа ова.
  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Одамна не сум се осеќала вака добро, а ова чувство ме служи еве скоро два дена.
    Овај октомври совршено дејстува на мене. Добро се осеќам во својата кожа.

    И повторно на факс, оние сташно досадни предавања каде толку добро го слушаш професорот а не знаеш што зборува.
    Воопшто не се трудиш ни ти ,а бога ми ни тој како професор за да се привлечи нечие внимание..
    50 слајда во пола сат да прададе е тоа е гение. Ѕвер.
    И онака сите шушкаат, испуштаат звуци, не му се седи досадно е. Сонцето ги привлекува сите.
    Кафица, дружење, муабет.. Не додржаја ни еден сат.
    Професорот се повлече и ја изгуби битката. :!:
    Тоа е ќе го бараме сонцето другата недела а сега да го искористиме максимално неговото влијание.Сите сме среќни и расположени. Добро е. Премногу сум оптимистички настроена . :wasntme: :wasntme:

    Во последно, како што читам низ форумот, низ темите забележав дека некои личности (читај повеќе од пола) пресериозно го имаат сфатено форумот, и воопшто животот. |(
    Се траштаат за тооолку мали, ситни проблеми кои се баш неважни за дискутирање.

    Why so serious? :emo:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Единствените луѓе кои ти се потребни во животот се оние кои ти покажале дека ти си им потребен во нивниот...
    Навистина... Колку ли внимание понекогаш посветуваме обидувајќи се да направиме нешто, да постигнеме успеси, да се истакнеме само за да импресионираме некогу, само за да им се допаднеме на некои, само за да си ја зголемиме вредноста во очите на некои кои рака на срце не би требало ни на крај памет да ни паднат...
    Ете, се чувствувам просветлено... :D
    Се чини дека конечно сум сфатила дека не вреди да се трудам околу некои луѓе. Но, чудно е пак како понекогаш луѓето се враќаат во твојот живот баш кога ти ќе се откажеш од нив. И, тогаш пак дилеми... Да им се даде шанса или не? НЕ! Гласно кажувам НЕ... Шансите за многу луѓе завршија, вратите за многу луѓе веќе се затворени, извинувањата и милните зборови на многу луѓе веќе не палат.
    Поточно време е за промени. Но овојпат промени во вистинска смисла на зборот 8)
     
    На DELFIN-15 и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    „Мимикрија. Имитација на животот. Некои луѓе не го живеат животот онака како што би сакале, па наоѓаат разни начини, дали преку фотки или преку константно гласно излагање, односно самоубедување, да се пофалат дека го имаат. А всушност не се фалат, немаат со што. Животот им е близу мизерен и завлекува кон жални фрустрации. Всушност плачат за сите несовршености кои им се таложат. Особено кога ќе ги видам оние кои на слики се оклештени а им ја знам ситуацијата под теписон. Или оние кои јавно се дерат - види, види ме! Е за таквите ми се плаче. А имам чуство дека такво време дојде...сите или повеќето само имитираме живот а забораваме да го живееме истиот. И губиме време.

    Имитација. Мимикрија. Погледни си го тој твој Фејсбук и слични глупости, и се што гледате таму, и се ќе ти биде јасно.“

    Па...да ви кажам. Не е далеку од вистината мајка ми. Леле зошто не ја слушав повеќе порано? Кога бев помладо, и троа поглупо од денес?

    Оно кај нас дома важеше некое непишано, глупаво правило, да признаам. Мајка ми е откачената, а татко ми беше мудриот кој секогаш за се имаше одговор. Мајка ми беше секогаш онаа која знаеше да каже нешто паметно но на обичен начин. А јас сепак бегав кај тато - ми требаше потврда секогаш а и таа не се лутеше, велеше, ајде оди кај татко ти жити се, тој ќе ти објасни на енциклопедиски начин.
    Жал ми е да признаам дека особено откако го нема, многу пазам што ми кажува мајка ми. Многу повеќе отколку порано. И некогаш или во поголем број на случаи, е толку проклето во право.

    А јас сум пак девојчето, ќерката, која разговара со неа но и понизно ја слуша. Односно не сум, тогаш не ја слушав толку многу и не ги следев нејзините совети.

    Па јас не сакам да го имитирам животот! Зарем треба да правам нешто што оди против мене? Кога не чуствувам дека така треба да биде, па не ми иде бре со сила!
    Одбивам да се бутам во анален отвор само за да стигнам до некоја точка која можеби ќе ми обезбеди посолидна живеачка. А што е денес посолидно? Се прашувам.

    Патем, сериозно некој во Македонија треба да научи поубаво да ги пишува огласите за работа. Не се ни чудам што толку се луѓето разочарани додека бараат работа. Кога во старт некој не знае ни да напише за каква работна позиција се работи, како може да очекува од тебе да ги исполнуваш сите 5,983 квалификации?!

    Ах бре Македонијо, quo vadis? И зошто сепак толку многу те сакам?!

    Никогаш нема да ми биде јасно...
     
    На Bibko, slavica999, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Направете филтер во вашата глава, мозокот е сличен на фиока со многу хартии, хаос ... средете го, фрлете ја хартијата што не ви треба, задржете ги само најважните листови, така кога размислувате ќе можете појасно да се слушнете сами себе!
     
    На zarah, DeMelo и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Сакам да кажам секој ден е се позаморен од претходниот.А кога ке се сетам летоска колку бев одморена, а спиев по 2-3 саати.Се се менува,се поминува,се има свој крај.Дури и љубовта има крај,ама,тоа означува почеток на нешто ново.На секој крај има нов почеток.Така е и новиот почеток на животот на хепи грл.Да.Се што се случи ме направи нова личност.И тоа сосема чудна.Ладна,бессчусвителна,личност која не верува ни во самата себеси.Тоа сум јас.А порано бев наивна,премногу чуствителна и на сите веруваше.Повеке за никој не ми е гајле.Кој е добар со мене,јас со тој сум уште подобра,ама со другите :devil: .Всушност ништо за никој не ме интересира затоа што на никој не му е гајле за мене.Можно ли е луѓето да се толку лоши? Ама ако,се надевам дека се се гледа-се се враќа.....Ама доста зборам за ова,да си се фатам малку за учење :D .Адиос! :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    втор пат бев до новиот трговски-Скопје Сити Мол гужва луге :x има многу од познатите брендови дури и Сваровски , е на три ката има ескалатори а за лифт незнам и ако случајно видите во познативе бутици дечки облечени од глава до пети во црно да знаете дека се секјурите 8) :D не успеав да видам се , ама од тоа што видов бев изненадена :)

    ме запрепасти коментарот на една жена пред да си влезам дома-кога ми кажа како кукличе си :^) :$ и ме загледа како да ме познава или можеби се препознала а јас бледа, бледа кога ке се видам во огледало јас ко да не сум јас :wasntme: :( не дека некогаш сум била црвена ко тетовско јаболче ама како сега :worried:
     
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    правиме криминал ? :wasntme:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ја отишла. Опет. [​IMG]
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК дека ова есенско сонце тотално ми ги полни батериите. Уште од сабајле, само добри вести и смеа во училницата. Почнав да сфаќам дека животот не треба да се зема здраво за готово, треба да го користиме секој момент максимално. Никогаш не знаеме што следува утре... А, најмногу ги сакам попладневните часови oд денот, кога сонцето полека заоѓа, улиците се распослани со жолти лисја, милина. Многу ми годи времето, многу :wasntme:
    Кога ве читам вас феминки, ми се полни душата, секогаш знаете да ми измамите насмевка на лицето, колку и да сум тажна. Некој се вработил, бил среќен поради никаква причина, се вљубил, се родило бебенце... Сите индивидуални доживувања ги споделуваме тука, какви и да се, сакаме да се исповедаме, Фемина веќе стана моја навика, па среќна сум за тоа :nod:
    Ве гушкам каде и да сте, одам јас да вежбам, денес не трчавме, па треба да се надокнади :geek:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... во мене секогаш го имало и ќе го има, детето. Затоа татко ми ќе рече на моменти - па ти си сеуште дете, наше. :) Кога одам во маректине значи освен потребниот список на работи јас секогаш заглавувам кај чоколадите, колачите, пудинзите, бонбоните и сл стандардни и нестандардни работи за кркање посебно слатки, кое нели секое дете го исполнуваат. Мене посебно. :wasntme:
    Еве признавам, пример дека на периоди јас сеуште си кркам Чоколино :$ , а кој не би?? Мене ми остана уште малку.
    Затоа си викам јас ќе си бидам вечно дете, едноставно некои задоволства кои децата ги радуваат мене ќе ме радуваат секогаш, дури и на старост.
     
    На innablood, La.Reina.Del.Sur, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Јас сум ви човек кој ужива во спомените. Гледам повеќето околу мене кога ќе прекинат со долга врска бришат слики или ги кинат, фрлаат работи од него итн итн...
    Јас во моментов го пијам омилениот чај од чашата која ми ја подари еден бивши и да омилена ми е. Ги разгледувам фотографиите со нив и секој си има свој фолдер како што има и свое место во моите спомени. Најубавиот украс ми е од пред неколку години од тогашниот дечко И., совршено се вклопува во мојата соба, па зошто би го фрлила? На клучевите имам милион привезоци кои си имаат посебно значење, а меѓу нив се наоѓа и еден кој ми го подари М. Летово го преспав во фустанчето од Д. а кутијата за накит ја отворам речиси секој ден и ми буди убави спомени.
    Никогаш не сум имала во соба рамка за слика со мене и некој од нив, никогаш не сум имала позадина на десктоп со некој од нив, но овие ситници ми биле доволни.
    Не сакам да фрлам, да бришам , да ги кинам спомените и делови од мојот живот. Но, тоа не ме спречува секој ден да создавам нови, а од кога ќе го затворам претходниот фолдер да не можам да отворам нов.
     
    На Lov3, 1209, La.Reina.Del.Sur и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Значи не и стои црвен кармин на секоја девојка, аман!
     
    На anabel-a и Nymeria им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Го сакам животот...
     
    На kravce, Gordana10 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-Добро бе толку години учиме заедно и се тоа,последна година ли најдовте да ме нервирате,а ? Од каде ти молим те,госпожа,извади дека не сум дошла во школо ради тестот,м ? Не ти паднало можеби на памет дека сум имала температура или дека ми се вртело и ме болело глава цел ден(поточно цели 5 дена),па затоа не сум дошла ? Или само сакаш да извадиш нешто,колку да има тема за муабет,а ? Браво,браво за тебе,и општо за вас.Браво.Ми се :puke: од такви како вас.Бедни сте до немајкаде.Со едно лице пред мене,а со друго позади грб.Мислите дека ве познавам само такви како што вие сакате да ве познавам ?? Е,тука дебело сте се излажале :!: .Не сум јас толку наивна како што мислите.Напротив,ви ги познавам сите лица и сите постапки,сите лигавења за да се доближите до некого и сите можни начини да го 'откачите' истиот.Зошто мислите дека светот се врти околу вас ?? Се лажете.Светот не се врти околу вас.Со вашата иронија и сарказам нема да стигнете далеку,поточно нема да стигнете никаде.Со вашето глумење исто.Така да приберете се малку,13 години имате.САМО 13 ГОДИНИ. |(
    И ич да не ве интересира зошто не сум дошла во школо,гледајте си ги своите работи и не измислувајте многу приказни,затоа што ни самите не сте свесни што можам да направам.

    Женски извинете за километарскиот пост и за негативната енергија во истиот,ама морав некаде да се испразнам.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    За да се мотивираме

    1. Нека твојата верба биде поголема од твојот страв!
    2. Не задоволувај се со тоа што си, стреми се кон тоа што можеш да бидеш!
    3. Не плаши се да бидеш поинаков!
    4. Престани да ја бараш магијата. Таа е во тебе!
    5. Вљуби се кога ќе бидеш подготвен/a за тоа, а не кога си осамен/a!
    6. Кога треба да донесеш тешка одлука – фрли паричка. Уште пред да падне паричката, ќе знаеш на што се надеваш.
    7. Започни го и заврши го денот со насмевка!
    8. Посвети се на некоја твоја идеја. Надмини го стравот, насмевни се и бори се за да ја реализираш затоа што тоа е твојот сон.
    9. Најромантичната приказна не е за Ромео и Јулија кои умреа заедно, туку за бабата и дедото кои остареле заедно.
    10. Единствено ти можеш да ги користиш твоите способности!
    11. Не срами се од сопствениот неуспех. Тие што доживеале неуспех, ќе те разберат, а тие што не доживеале, немаат право да те критикуваат.
    12. Кога животот е добар – прославуваш, а кога е лош – созреваш.
    13. Не тагувај за она што си го изгубил, затоа што кога дрвото ќе изгуби еден лист, на негово место расте нов.
    14. Минатото не може да биде сменето, заборавено, додадено или избришано. Минатото може да биде само прифатено.
    15. Понекогаш е многу подобро да не го добиеш тоа што го посакуваш.
    16. Не откажувај се од работите што сакаш да ги постигнеш!
    17. Вистинскиот начин да запознаеш некого е да се скараш со него. Тогаш тој ќе го покаже својот карактер.
    18. Вистинската љубов започнува кога не очекуваш ништо за возврат.
    19. Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш.
    20. Смеењето е универзален јазик.
    21. Секој ден кажувај нешто убаво!
    22. За да имаш повеќе контрола над својот живот, престани да ги контролираш другите!
    23. Биди позитивен/а!
    24. Ако некој те омаловажува, тогаш тој самиот е малку важен.
    25. Најубаво е да живееш на пола пат помеѓу здравиот разум и лудилото.
    26. Многу малку е потребно за да бидеш среќен.
    27. Кога некој ќе ти каже дека не можеш да успееш, заврти се и кажи му да те гледа како успеваш.
    28. Ако знаеш која е твојата крајна дестинација, тогаш веќе си поминал половина од патот.
    29. Да беше животот лесен, авантурите немаше да постојат.
    30. Вистинско знаење е да знаеш дека ништо не знаеш.
    31. Твојот живот е креација на твоите мисли.
    32. Патот до успехот е секогаш во изградба.
    33. Животот е одраз само на тоа што ти си дозволуваш да го видиш.
    34. Направи добро дело и осветли нечиј темен живот!
    35. Ако песимистот ја гледа тешкотијата во секоја шанса, биди оптимист и види ја можноста во секоја тешкотија!
    36. Не поигрувај си со туѓите чувства, ако ни самиот не си сигурен во сопствените емоции.
    37. Не чекај твојот брод да доплови до тебе, туку ти пливај до него!
    38. Радоста е таков вид среќа која не зависи од случувањата.
    39. Ако твоите соништа не те плашат, можеби не се доволно големи.
    40. Секој родител треба да знае дека детето еден ден ќе го следи неговиот пример, а не неговиот совет.
     
    На Name, DeMelo, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Пред да наполните 30 години треба да знаете дека…
    За повеќето жени третата декада е најинтересниот период од животот. За да го извлечеме најдоброто од овој период, еве кои 30 работи треба да ги знаеме пред да го прославиме 30-от роденден.

    1. Ако тој не се јавува, не значи дека не ја добил пораката.
    2. Постои разлика помеѓу љубов и страст.
    3. Понекогаш спиењето сама и долгото излежување в кревет е вистинско задоволство.
    4. Да започнеме разговор со згоден тип што не го познаваме.
    5. Да можеме да се подготвиме за излегување за помалку од 20 минути.
    6. Садовите за миење може да почекаат малку (но не вечно).
    7. Колку повеќе старееме, времето навистина ни поминува побрзо.
    8. Да подготвиме барем едно јадење за кое не е потребна микробранова печка.
    9. Вечерањето сама во ресторан може да биде вистинско уживање.
    10. Да знаеме како да го смениме маслото во автомобилот или барем да знаеме дека е потребно маслото да биде сменето.
    11. Да се обидеме да живееме без кредитна картичка.
    12. Да знаеме како да побараме покачување на платата…
    13. …И како да одговориме доколку не го добиеме покачувањето.
    14. Да го извлечеме најдоброто од годишниот одмор.
    15. Да купиме автомобил или да се претплатиме на тарифа за мобилен телефон без да нè „ограбат“.
    16. Да се осигураме дека одвојуваме доволно средства на страна за пензионерските денови.
    17. Да знаеме кој ни е омилениот пијалак…
    18. …Но и да знаеме до каде ни е границата за пиење.
    19. Понекогаш нема подобро чувство од чувството кога сме дотерани.
    20. Да знаеме да кажеме неколку добри небезобразни шеги.
    21. Вистинскиот пријател ќе ни прости ако заборавиме да му го честитаме роденденот.
    22. Да знаеме кога треба некој друг да дојде на прво место.
    23. Да признаеме дека не се согласуваме со некого или со нешто.
    24. Семејниот багаж е премногу тежок за постојано да го носиме со нас.
    25. Избегнувањето на штетните сончеви зраци е најдобриот лек против стареење.
    26. Некои модни трендови не вреди да се пробаат… никогаш!
    27. Или знаете како да носите шишки, или не знаете.
    28. Планирањето на времето за самиот живот е обично губење време.
    29. Предомислувањето не значи дека сме недоследни, туку дека сме доволно паметни да знаеме дека нашите ставови и мислења се развиваат.
    30. Некоја друга секогаш ќе биде поубава, помлада, попаметна и поуспешна од нас. Но, ниедна друга нема да биде тоа што сме ние.

    www.kafepauza.mk
     
    На girl.23, fallenangel, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Ова е чиста глупост :!: |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.