Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ми рече да сум си купела штикли.
    :|
    Цитирам: „Ќерко, симни се доле, купи си штикли! Им донеле нови, што убави модели - да ти се присака да си ги земеш сите и да си ги спакуваш во плакар. Да си земеш, ќе ти се најдат, има убави и за секој ден.“
    Мамо ма !? :^)
    А до вчера велеше дека штикли се носеле само за посебни прилики и дека излегувањето за време на викенди во штикли е жива глупост на денешнава младина.
    Климакс !?
    :?:
    Како и да е, убава промена, мајче моја - ми се чини како што старееш, така повеќе откачуваш во позитива. Да си ми жива! :D
     
    На CIA, Monna.Monna, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не сум совршена но барем не глумам тоа што не сум! (како некои ) |(
     
  3. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Златен мор, златен! :D

    [​IMG]
     
    На Lov3, Buttterfly, Name и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Не ми се пишува многу.Само ќе ве читам вас.Уживанции.
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Шо им се нервираш? Јас лани колку отсуствував и на испрашувања и на тестови, колку збореа ама ич не им се замарам. Си знам јас што и како ми е, зошто и како не сум била на школо. Не си ја полни главата со глупости. ;) П.С. Побрзо да оздравиш :hai:


    Туку бев на хумнитарна претстава. Не сум нешто а-у направила, ама мило ми е што барем тие мои 30 ден. ќе бидат донирани во црвен крст. Претставата иако 15 минутна, добра беше. Се расправаше за македонка и турчин како се засакале, го доведува она дома да се запознае со нејните, ама нејните не и дозволуваат да се гледа со него бидејќи турчин. А девојче од црвен крст им одржа лекција дека не битно на верата и националноста сите треба да бидеме исти. Дека сигурно нема да сакаат ќерка им да ја направат несреќна, да не ја дадат за тучин само за да не зборуваат комшиите. И така. Поуката е веќе јасна, ништо ново. Ичи-мичи-готово причи :D
     
    На icegirl и L-enna им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Баш не е глупост туку е вистина. Црвен кармин, црвена и плава боја на коса не стојат на секого.

    Инаку, на некои луѓе им треба огромен камбек во реалноста, ама навистина, јас не знам од каде таа мисла кај повеќето од луѓето дека се центар на светот. Знам дека понекогаш сите имаме потреба да бидеме центар на вниманието, или ете едноставно не ти е денот, ама ти да очекуваш 10 луѓе да се адаптираат на твои потреби, па јас би се замислила малку. Па и уште не им одговара, а не се ни потрудиле тие самите да превземат нешто.

    Други пак од друга страна, самопрогласени гуруа во билошто. Абе ај барем да ги бива навистина, ама ова ептен очигледно дека врска си немаат. Ама како и се тука, така и ова, добар си не колку што те бива, туку колку што имаш следбеници. Добра реклама, мачкање очи, и куп слепци. Среќа што квалитетна маса се насочува на друго и не потпаѓа лесно на кичови.

    И трето, Сити Мол. Го-спо-де! Се дотерале луѓево мислиш Скопје е Милано, центарот на модата (нешто калабалак со претходниве гуруа) е во Сити Мол, па тоа низ Зара гледаш опулени граѓани, се разбираат они од мода, ако само разгледуваат. Секогаш сум за тоа да си ја пружиш ногата колку ти е долга чергата, не значи дека ако е скапо е и ултра стајлиш и модерно, а и има разлика помеѓу двете не дека нема, ама некој со парчиња што пиштат од ефтино и низ кои ѕиркаат спојлери и витки (навредете се слободно, така си е) не може да диктира некој стил, ниту пак да си дава слобода да критикува. Факт е дека за да бидеш во тек со модата или за да имаш добар стил треба да си поддржан од џебот, а боже мој и од фигурата. Ретки исклучоци има што може да направат од ништо нешто...преретки. И после секој втор е фешн гуру, епа е.

    Ех, мојата чудесна земја.
     
    На Cacy, karenin и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665

    За бојата на карминот е вистина. Тврдам. Ич не ми стое црвен кармин, ама затоа и црвена и плава боја на коса ми стое.

    Само се фалам. :wasntme:

    :D
     
    На Lov3, Cacy и Nymeria им се допаѓа ова.
  8. sandra74

    sandra74 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    хаха , некој да не ти ги донел за поклон :)
     
  9. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Колку сум била будалетинка! :D
    Дечкото го изгубив,а денес за малку и другите што се околу мене и што се со мене (малку се,само семејството,роднини и пријател,ама доволно) ке ги изгубив.Ама не,нема да им дозволам да си заминат.Никогаш!Сватив колку вредат,посебно мајката.Дечко можеш да си најдеш,не е само еден,ама мајка е само една,никој неможе да ја замени.Јас и викам и се правам дека сум и лута,ама најмногу ја сакам. :)
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Грд, убава, слаб, дебел, висока, низок, црн, плав. Смачено ми е од таква дискриминација. Смачено ми е поради нив, поради денешното општество да се казнувам самата себе и да си набивам комплекси за тоа каков сум и што сум. Кои сте вие да ме оценувате мене? Сте се виделе ли самите себе? Прво, кажете ми дали знаете колку можат вашите усрани зборови да повредат некого? Не? Одлично. Тогаш подобро преќути, никогаш не можеш да знаеш што се случува во нечиј живот. Никогаш не знаеш какви проблеми имаат некои луѓе, колку им е тешко и без тие ваши навреди. Никогаш не знаеш колку добро знае да глуми некој човек дека е среќен, без разлика дали неговата причина за несреќа е љубовта, проблемите дома, пари или нешто друго. Едноставно престанете да ги оценувате луѓето без да ги знаете !
     
    На CoverGirl10, Stoimenovska, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас само да ви кажам дека на секоја девојка и стои црвен кармин, ама вистинската нијанса на црвено.
    А на некои жени им треба вечност за да ја пронајдат.
     
    На 1209, CoverGirl10, M.a.r.i.l.y.n и 21 други им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Или знаеме да се сносиме со проблемите,или не знаеме,трето нема!
    Има луѓе силни како карпа,оформени и заштитени како орев кој нели навидум има цврстина,а во внатрешноста е толку мек.Им се случиле 300 разочарувања,ништо не им оди во животот,ама ај препознај дека нешто лошо им се случува-да те видам.
    Има луѓе меки како памукче,нели памукот така нежно изгледа а уште по нежно се скротува во рацете.Е на овие луѓе слаба страна им е преголемата осетливост и замарањето.Одма,по ликот им се познава дека нешто не е во ред со нив.
    Е сега,што се случува ако настане спој помеѓу овие две групи кој јас моментално ги оформив?
    Овие по меките,овие памукчињата еден ден сфаќаат дека мораат малку по храбро да се носат со предизвиците во животот и само доколку сакаат почнуваат да наликуваат на млади оревчиња,ама зборувам за млади,нели има разлика од орев и младо оревче.
    А оревите?Ќе омекнат и тие,ќе омекнат.Ако не,доаѓаат родендени ќе се искористат за торти. :!:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Дали денес ова се случуваше??????
    Да мислам дека сум дел од хорор филм.
    Дали делеа без пари??
    Дали луѓево немаат видено трговски центри??
    Дали можеше сите луѓе надвор од Скопје денес да дојдат дури до тука за да купат вц папир? :fubar: :fubar:


    [​IMG]
     
    На thelittle17 и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    Како не му се здосади да се смее еден саат веќе хистерично ха ха хи ха |(
    Почна дури да поткашлува и да се задавува.

    Сето тоа зачинето со харибо и една флаша сок за налевање...абе совршена лап топ- кино ноќ со Мадагаскар.

    Да сум гледала и јас.
    Не фала.
    А баш му завидувам, што убаво ќе ми беше да го пуштев и јас паметов на пасење.

    ама нејќе бре....месојадец и тој да не е станат :^) :rofl:
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми текна на една случка.Секогаш кога ќе ми текне на тоа се смеам.Можда и не е толку смешно колку што мене ми е,ама..:D

    Одиме еднаш 4 другарки надвор и јас облечена во Ramones маица,другата во KISS,третата во Rammstein,a четвртата погодете како.Во розева маичка со знак PEACE,формиран од зелени и жолти цветчиња.Луѓето по улица кој како оди ни се смееја :D
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    СДК. Многу се лаже оној човек кој мисли дека може да живее без луѓе, а уште повеќе се лаже оној кој мисли дека луѓето неможат да живеат без него!
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Полека но сигурно чувствувам дека запаѓам во депресија.Веќе ми е доста од тоа да се чувствувам мизерно и како паразит,да не е тој крај мене мислам дека ќе полудам.Ах бре до каде стигнавме денес :x Веќе не можам да се справувам со ситуацијата,силна сум да ама не можам повеќе да го издржам ова,со последните сили се борам против тие грди чувства кои што искрено се надевам дека наскоро ќе ги снема бидејќи во спротивно јас ќе полудам.
    Чувство на мизерија бегај од мене што побрзо,сакам да се чувствувам корисна,веќе не се чувствувам комотно во своја кожа,а тоа не е добар знак :x.Не смеам да покажам слабост пред моите дома,не сакам да ги загрижувам нив и него,но и јас пукнав,некако ќе се вратам во нормала ,нема да дозволам да ме скрши ова ,НЕ :!: јас до сега се издржав па и ова сега ќе го издржам поради себе и поради тие што се околу мене.Само го молам Бога да ми даде сили за да преминам преку ова и се да се заврши како што сакам,друго ништо не ми треба.
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Јас верувам во Бог...тој ме пушти на земјата, и тој може да ме врати назад во секое време..!
     
  19. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Не размислувај толку негативно.Мора некогаш и нешто лошо да биде,ама и лошото поминува и после тоа доага добро.Ова е период,ке помине и се ке оди на подобро,дали порано или покасно ке биде.Не е секогаш се црно.. јас исто така викав,ама сватив дека МОРА да има и нешто лошо во животот и дека поминува со тек на време,ама и на времето треба да му дадеме време,а најважно е да бидеме силни и поситивно да размислуваме.... :)
     
    На kravce, Gordana10 и ilipili им се допаѓа ова.
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    утре ме чека теееежок ден, ама се радувам конечно ќе си ги видам другарките после 2 доооолги недели. јееееееее :* :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.