Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека денес е ден на :) што убав ден :D
    :sun: надвор си грее, вечер Тоше покоен -нека почива во мир ке ни :music:
    искрено ми недостигаат неговите песни :( ДНК и Слаткаристика го засенија
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ех морее... да знаете колку сум уморна да се замарам, да се карам, да пишувам, да се спремам, да искачам, да шетам, се се сеееее... само ќе речам, летово ептен се задржа кај нас.

    2 години и 6 месеци, времето си лета ко вчера да беше, а тоа е само официјална бројка, инаку е повеќе. Нека се множат, ај лав хим соуууу мач! :l:
     
    На Doozy, Stoimenovska, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... моите две мали мендовци вчера, од никаде пројавија интерес за Египет и пирамидите, па зошто не смеело да се влезе внатре, па кој бил роден во тоа време, кога се граделе пирамидите... :^)
    Мислам дека наполно ги шокирав и збунив со сите тие информации и приказни, останаа зачудени, со подотворени устиња... и конечно, многу ми стана мило и убаво на душичката што мали дечиња прашуваат и се интересираат за такви работи, одошто кога ми кенкаат само за играње на компјутер, пресоблекување барбики и One direction на repeat. :^)

    Кога тие две хиперактивни мали ѓаволчиња можат да се смират повеќе од 20 минути на едно место, и да слушаат без збор, да потпрашуваат работи од типот - имало ли магаренца во времето на пирамидите :D , едното дури знаеше што е балсамирање (добро, малку го поправив, оти според неа - ги виткале од горе до долу со тоалетна хартија :rofl: , ќе да е таа од Карфур, ептен беше актуелна вчера), но сепак... факт е дека се трудеа.

    На крај малечкото ме замоли на чист, бел лист хартија да ѝ ја запишам загатката на сфингата, па ги гледавме моите слики од одморот во Египет, и завршивме во подрум, каде што во залутан ќош, сум буцнала комплет пирамиди-сувенири со сфингата, им ги подарив и умреа од радост, повеќе се радуваа отколку за нова барбика или блузичка, зашто ги имаат премногу и одвишок...

    Тоа што го немаат е внимание и посветеност за вакви навидум обични работи, илустрирани книги и енциклопедии, малку повеќе работа околу нив, некоја активност надвор од школото, за да се издуваат со нивната детска енергија, отколку да се искривуваат пред тв и компјутер.

    Во секој случај, ова сознание ме смирува и ми ја враќа надежта во дечињата...
    :)
     
    На LilBaby, Annath, L-enna и 22 други им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес е ден на насмевката,па затоа феминки,
    SMILE and of course,
    http://www.youtube.com/watch?v=uCg2BoKiuOM

    Гушки од петочно расположена Свит :hug: :hug: :hug:
     
    На Stoimenovska, srcekrsacka, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не си Македонец, ако не знаеш да се снајдеш!

    Зборам со другар, ми текна дека брисачите нешто забушаваат, еднаш ме фати дожд додека возев и бев буквално ко Ace Ventura - со главата низ прозор. Си реков боље да ме врне него низ шофершајбна да гледам. Разбирај ништо не гледам. И да се слупам некаде.
    Му викам, тешко се мењаваат брисачите? Ми вика - не бре, лесно а и евтини се.
    Ахам. Супер.
    Ама не мора да ги мењаваш, помини со јаболко и пак ќе ти чистат ко нови.
    Јаболко?!
    Да бе
    - и почна да се смее. Вика, ретко кој ја знае финтава ама јаболко помага.
    Види мајката :^)

    Ќе го правев Македонец веднаш, а не е, ама има девојка Македонка, сега сфаќам зошто :D

    Па ми текна, колку сме ти ние снаодливи и флексибилни. Да да, тоа е дипломатскиот збор, да мислиме позитивно, флексибилни сме и прилагодливи на секоја ситуација. А по можност ако може да решиме проблем без да платиме еден денар, ќе најдеме решение, ма што сака нека е!
    Летово, одејќи накај Аеродром, вртам накај Тобакото и гледам ме одминува чика на скутер. Потенцирам, СКУТЕР! Натоварен со теписони кои веројатно или ги носеше или ги собираше од перење. Теписониве беа големи. Седнал со раширени нозе, едниот измеѓу едната нога и потпрен на едното рамо, а вториот измеѓу втората и потпрен на второто рамо. ОГРОМНИ! Му висат преку раменици а јас се чудев како успева да и пркоси на гравитацијата и да не се преврти на тоа мало скутерче. Среќен и насмеан, батката си вози со теписоните мислиш пердуви пренесува....како само немав фотоапарат да направам фотка! :D
    Ми текна на онаа фотката од Офф нет - Радишани патува, со типот кој се враќа од некаде (или оди) со огромен куфер, а другар му го носи дома - со што друго ако не со скутер! И мислев дека тоа е последната будала која сум ја видела вака да се вози, на скутер - башка што му ја жалев фамилијата, не изгледаше ко да му е удобно седејќи на работ на седиштето.
    http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/radishani-kje-patuva

    Е не е последната будала! Другарка ми ја повтори ситуацијата со два куфера. На скутер! Каааде бре?
    Абе шо ќе идеш со такси, јас ќе те носам на автобуска со скутерче.
    Ги гледавме 15 минути како се местат, буквално за стомак се држевме од што не можевме да прекинеме да се смееме. Една цура, куферот, друга цура и вториот куфер - во рака! И замисли стигнаа на автобуска!
    Или она, ме собира типот на дејт, и пред да искочам од дома ми се јавува - ај молим те земи шише и наполни го со вода.
    Си велам, океј. Дотерана цупити цапити носам шише. Овој скоцкан излегува од кола и ми вели - ај сега седни и пушти ги брисачите, јас ќе прскам.
    Што правиш бе?
    Па немам вода за чистење шофершајбна!

    И го гледаш дотеран, бега од колата за да не го испрскам, истура вода од шишето а јас пуштам брисачи и си викам тивко во себе - а на бензинска да отидевме да си купеше?!
    Шо не кажа бе дека ти фали, и детергент ќе ставев во водата!
    Еј видиш не ми текна, ај нареден пат!

    А?! :^) Абе до бензинска да отидевме...и се замислувам колку сме за снимање во моментот.

    :D Или пак она, другар ти кога паркира под билборд. Зошто? Па да не го собере пајак! Нема како да му пријде!

    И мал милион вакви измишљотини. А што ќе се дообјаснувам, тука на форумов, пилинзи и шеќерни пасти фрчат, снаџи се па буди леп! Со кереа, багатела!

    Муабетов ми беше, браво за нас!

    Надвор од муабетов колку сме супер, јас изгледа не можам да се откажам од летото! Секаде кокос! Се снабдив со се што мириса на кокос, па и си прскам уље за сончање со мирис на кокос, за пак да ми е мека кожата.
    Кај и да е, ваљда некој Македонец ќе измисли патент за мирис на кокос, да не морам да трошам пари за козметика.

    Се чуствувам убаво некако и мотивирано. Ми текна на вакви некои дешавки, и сама си се клештам. А смеата велат е здрава, дури и кога нездраво се смееш.
    Убав викенд и милион продолжени животи ви посакувам! Бидете снаодливи и среќни ;)
     
    На 1209, L-enna, Buttterfly и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Многу љубам денес!

    Љубовта е Рај! И боли и те облагородува. Нема друг начин да се живее. А ни умира. Совршено глупав четврток, ама во нос мирисам петок. Да. Петок е. Утре одиме за Маврово. Прописно крварам, скајпувам, да не речам скапувам пред монитор, договарам термини за административно белење образ, купувам мали штипкички со бубамари од Севе и скришум им ги оставам на колешките во шкафче. Да отворат, да видат, да се насмевнат. Да ги гушнам. И без да ги видам.

    Му се налутив на Иван вчера, го искарав, ама срце не ми дава да бидам долго лута. Секогаш ме нервираат неодговорности за сопствените одлуки, но ајде. Никој не е совршен, а најмалку тој. Но го сакам како брат и не сакам да биде самопрогласен гениј кога не е. А може да биде, ама не со тие бубалки во глава. Нејсе, мојата глава деновиве е под опсада на идеи, планови, прекројување денови, смени на работа, пријава на конкурс за беседење, снимање песна и надеж дека сето тоа ќе биде легнато фино да се одмори. Ми се сака една колегијална збиранка да бидеме повторно компаративци во круг на ливада, со пивце и тивки разговори. Малечка отсечка од А до Б, еден мал зрак сеќавање. Не е носталгија, повеќе е желба, недостиг.
    Ширам раце кон небо и ништо не ме плаши. Духот ми се зацврстува кога сум сама, а не сум. Од далеку праќа сила. Го чувствувам. Што би правела без него? Би била обична единка што ќе лута низ лавиринти на животот. Ме учи, да бидам подобра. Чудесен мотив.

    Какао со цимет. Гушкање со креветот и со спомените. Со иднините и визуелните претстави што играат во душа. Аплауз од солзи. Што е следно? Мал триумф и отворени нови врати. Новости. Да блеснат во сиот свој сјај, чекаат само отворено срце!

    Љубете, по стоти пат, секој ден, по малку, на грамови, како сакате, само не го затворајте срцето. Фатете го денов. Има што да се допре во дланките, само ако сакате.
    Јас отидов, да фатам некои нови приказни.
     
    На anabel-a, Peppermint, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.322
    Мило ми е што си пишала.
    Ни оддалеку не го сватив постот лично, напротив како основа и почеток на една разумна дискусија.
    Сваќам дека си се пронашла во дел од постот и сакаше да ја раскажеш својата приказна, или другата страна како што велиш, оти не е се така црно и бело како кога еден посматрач ја прикажува ситуацијата.
    Не сум мајка, но сум сопруга и повеќе години живеам во брачна заедница и свесна сум за сите мали и поголеми работи кои можат да предизвикаат помал или поголем конфликт меѓу партнерите, како што кажа дека од време на време пука тиквата.
    Исто сум и ќерка на разведени родители кои поради премногу слични ситуации на онаа која јас на кратко ја опишав уште пред 15 години ставија крај на заедничкиот живот.
    можеби и јас си се пронајдов во делче од оваа ситуација па уште еднаш си се жалев себеси за сопственото детство и неодлуката на мојата мајка уште порано да испадне од тој брак...
    Оти знам како е да живееш и растеш во таква атмосфера чиј сведок сум во моментов.
    Одбегнувам да пишувам за животот на другите, посебно кога јас не сум лично засегната.
    НАјчесто пишувам за моето секојдневие и мојот живот, затоа таа случка ја опишав во само една реченица што е премалку да се долови една ситуација а уште помалку да се извади било каков заклучок дека судам,критикувам или обвинувам.
    Само гледам и слушам.
    На жалост делот со слушањето е многу почест, посебно во вечерните часови. Не сакам да навлегувам во туѓи караници и зборови изговорени од туѓи усти кои не биле кон мене наменети.
    Си стојам на зборот и констатацијата дека тоа бебче е за греови.
    Како комшија мене ми е психички и ментално напорно да слушнам такво нешто...а не па едно мало дете да живее во такво секојдневие.
    Не е еднаш неделно, не е еднаш месечно и не е само пукнување на тиквата во прашање.
    ЈАс зборев за болно секојдневие.
    Ти кажа дека кај вас било берено со месеци.... и дека после само мал повишен тон сте се сецнале за детенцето и веднаш сте си ветиле дека ќе дадете се од себе за поголема самоконтрола.

    Мојот коментар го испровоцира она мајчинското во тебе, но нема ништо заедничко помеѓу случајот кој ти го раскажа и оној мојот.
     
    На bittersweet, imelda, DeMelo и 4 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк бев да си купам фармерки,и стварно ми е смешно кога продавачката ке те испофали као добро ти стојат,како за тебе се,абе се е ти е супер,ептен ти се погодени и као биле многу квалитетни итн,се прашувам што све нема да напраат само да ти ги продадат,а истата таа да те види во град нема ни да те примети дека постоиш,тоа ти е.
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Да беше петок 13,иако не го сметам за баксузен ден,ќе сфатев што баксуз сум толку,баш денес..
    Но,јбт,петок 05,10 е.
    Што не ми се случи за 3 часа еејјј.
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Сега знам дека е вистина кога некој ќе каже на час во Електро/ ФИНКИ кога ќе трепнеш цела табла е испишана.
    Бројки....... Верувајте, во овие 2 недели што 6 часа неделно имам Калкулус, скоро цела тетратка испишав.
    А колоквиуми се ближат. Гад плис сејв ми.
    Знаат како се чувствувам тие што студираат тука. :wasntme:
    [​IMG]
    И петок веќе не е тоа што беше кога бев средно..... :lol:
     
    На AmericanWoman, Mishela, Tenkai и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Кога ќе се родиш, сите слават, само ти плачеш. Живеј го животот така да кога ќе умреш, сите плачат, додека ти славиш.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Тажен ден.Денес,точно пред 5 год Тоше го имаше последниот негов концерт.Имав тогаш 9 години.Отифов со мајка ми и пријателка (а и колешка) нејзина.Памтам дека бев мн немирна.Носев кремаста кошула и зелена тенка јакна.А на 16 октонври умре....Еден беше Тоше! :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
    На blaa, I.love.your.lips и pamelche им се допаѓа ова.
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Не судете им на другите, додека не дознаете што е причината што се токму такви. А ако успеете да разберете, ќе сфатите дека нема што да се осуди.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Денес ми е најсреќен ден мислам дека ништо вејке подолго време ме нема усрекено ништо како тоа денес што ме :sun:

    Преубав ден сончево.не многу топло,со еден збор прекрасно


    Не им суди ан другите затоа што и тебе ке ти судат еден ден :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    По повод на ова во Скопје има како концерт....
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Мразам личности на фејсбук, што пишуваат на српски јазик, а сеуште не си го знаат доволно македонскиот. :tmi:
    И... ^_^ Уште една недела зад нас, искористети ги овие два дена одмор и имајте убав викенд :)
    [​IMG]
     
    На I.love.your.lips и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    11.193
    Пол:
    Женски
    Посакувам да си имам што поскору и јас едно вакво златце :$ :wasntme: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, melani-melani и belisima88 им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    На Вас професоре што мислите дека сте БОГ, сакам да ви го покажам средниов прст.
    Со Вашата диплома професоре, можам да ви ја светнам ќелавицата. Безвредна е.
    Штета што заборавате професоре од каде сте дошле, КОЛКУ сте имале, КАКО сте дошле до тука!
    Како професоре, не Ви е срам да барате да го купиме вашето дело, како, кога со тие пари некој живее цел месец?
    Како толку брзо заборавивте, о мој професоре, дека и Вие со толку сте преживувале?
    И како можете да не гледате така презирливо професоре.
    Знаете, и ние смртниците имаме душа. И гордост :!:
    Мојот памет вреди повеќе од Вашата лажна ученост, мој ценет професоре.
     
    На gothchick, Monna.Monna, sadangel и 20 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     
    На Ella.313, Lepaaa и Sara123 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.