Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    http://www.youtube.com/watch?v=HgzGwKwLmgM&ob=av3e

    Оваа песна уште сабајлечки ме наполни со позитивна енергија. И Сонцево надвор е за мераци.
    Еве ви ја ја на вас за да ви го разубави денот. Ве поздравувам! Happy Monday!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    еве ме мене пак,убав викенд ,не смеам да се пожалам,поминав прекрасни моменти со оние кои највејќе си ги сакам ,иако ми фалеше уште еден за да биде целосно , али тоа е тоа,се додека е она што ги прави среќни, па ке се издржи кога е за нивна среќа :) ,нова работна недела, и пак обврски еден куп,учење али како кога оваа хем,ијата ми иде :headbang: не сваќам и не сваќам,али ке се помине, имајте најубава недела сите ,бтв фала што ми го разубавувате денот
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Да ја започнеме неделава позитивно :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ех бре ако ти е тебе расипан денот,или животот не ми го расипувај и мене мизеријо во форма на човек.
    Извинете феминки драги,ама прекрасното сончево утро се обиде да ми го расипи една персона и морав некаде да кажам да ми олесни. ;)
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Едвај гледам. Едвај седам. Едвај куцам да ви кажам право. Ефакингдвај. Аирлија славље!

    Едвај го туркам понеделников и се мислам - добро што да почнам да правам сега? А ова си го велам од моментот кога станав. А станав прилично рано.

    А вчера ме понесоа емоциите прилично. Го слушам гордиот татица по телефон, ма нема поим што ми збори, онака у транс нешто ми кажува, душа :D
    Ах а ова пилево мое, се сеќавам кога прв пат ја видов кога се роди. Кога прв пат ги здогледав тие мали прстиња - дете бев но многу добро се сеќавам на тој момент.
    Сме поминале низ многу перипетии - пих а кој не поминал?! Ама пораснавме заедно и сеуште сме пријателки и замислете сега и таа си има едно такво мало. Ах бре!
    Сеуште сум - онака, веома узбуѓена. Ма сум бре сум! Не можам да ви опишам како се чуствувам. Еден ѕид не делеше и си тропкавме преку него а кога грмеше мајка ми стално велеше - глеј сега како одма ќе дојде кај нас. И ете слушаш како ита кон нашата врата :D

    Ах ах уште колку вакви „ах“ ќе испуштам, и кога ќе ја видам знам дека пак ќе се расплачам од среќа.

    Многу е интересно да следиш нечии етапи во животот. Да знаеш дека што и да се случи некои луѓе сеуште ги имаш во него, поштено, со години и не ги губиш. Многу е интересно да сконташ дека една етапа штотуку завршила и настапила една сосема нова. Дека нема повеќе со нејзе или со него да играш џамија или збирам фото пред зграда туку ќе гугуткаш бебенце или ќе играш чочек на свадба. Интересно, носталгично, но сепак совршено убаво. Не можам да ви опишам како се чуствувам. А и не морам. Сигурно и самите знаете.

    Раскенкана сум и емотивна. И среќна. Башка што едвај гледам. Нека испари чудово па да одам да си офкам по домаМИ, шта би рекли ови из Охрида, јел’.

    Синоним за понеделников ми е зборот - едвај. Ма, аирлија!
     
    На bittersweet, Strumfeta93, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Пред некое си време, кога бев малечка, имав единствена живoтна желба. Да пораснам.
    Постара ќе можев се. Да облекувам штикли, да се шминкам, да носам фризури, да излегувам до доцна во ноќта, да не давам никому објасненија, да се дружам со кого сакам, да се бакнувам, да гледам филмови со љубење...
    И кога некој ќе ме прашаше зошто, кажував дека постара ќе можам се што не можам сега, ќе имам се што немам сега.
    Да. Ќе имав своја работа, засебно место за живеење, ќе се омажев и ќе изродев еден куп чеда шарени. Заедно ќе го прошетавме светот.
    Ќе имав љубов. Зашто љубовта е за возрасните.

    Пораснав брзо и добив дел од тоа што го сакав. Стареење.
    Но никој никогаш не ми кажа дека да пораснеш не значи само можност за постојана забава. Туку и дека значи куп обврски, проблеми и борба за опстанок.

    Не посакувајте да пораснете, убаво е да знаеш дека има секогаш кој да се грижи за твоите потреби.
    Да пораснеш не значи решавање на твоите проблеми, туку можност да ги решаваш сам... барем своите.

    А да имаш љубов... тоа е за среќници.
    Доволно е да имаш среќа и никогаш да не пораснеш. Не да не пораснеш како недоветните или џуџињата, но да не станеш доволно зрел за да си ја заглавиш душата во проблемите на староста.
     
    На bittersweet, Strumfeta93, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    СДК имам добро претчуство за седмицата што следува :) Некако позитивна енергија ме облева уште од рани зори,хмм...чудно некако,зашто наутро јас едвај отворам уста :D
    [​IMG]Мајка ми уште од 8 часот,штом станав ми направи топло чоколадо со млекце и цимет :mm: Па дојде братучед ми и баш ме изненади што понеделнички решил да оди на предавање,кога го гледам по пет минути заспан в дневна.. :yawn: :worried:hock: Не бе,арно вели вујко ми - Се учи прле,не магаре! :D
    СДК 2 - Ќе одам на натпревар по хемија,оу јее :rock: Во петокот ми кажаа,и веднаш почнав да се распрашувам што да учам плус,материјал некој,вежби.. :D ,а дури во мај натпреварот....нестрпливост.
    Имајте убав ден феминки,постојано ве следам! :) :*
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јухуууууууууууууууууу,ГО ПОЛОЖИВ важниот испит!!!! Последниот семестријален!!!! (сега уште државните,ама тие ко ништо ќе поминат!) ААААА HAPPY сум!!!! :clap: :*
    После за дипломата да ве частам :) Повелете почастете се!
    [​IMG]
    [​IMG] Овие јас ги праев :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На bittersweet, Miss.Ricci, Adi888 и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Нестле бела чоколада и купишта книги. Сум заборавила како е да си изглодан од четива, букви, раскази, од нови простори облечени во сопствената бесмисла.
    Но, ми се допаѓа. Иако сум мрзлива и штом стигнам до страница на која има ѕвездички за ново поглавје, ставам ливче и престанувам. За да ми е послатко наредното читање.
    Вчера бевме богови на Хедонизмот. Готвев неколку оброци, израдував неколку души, од мерак. Нема поубаво чувство од насмеана љубов. Понекогаш си мислам, колку малку значи толку многу. Макар била обична паста со пармезан и пченка салата.
    Го гледав Wall-e по стоти пат и си кенкав. Што чудо се стори моево кенкање на роботи! А те како е манипулативен и умен тој цртан филм. Сега симнувам едночудо филмчиња од програмата на Анимакс, ме закопка чие дело е награденото. Сурфам малку бесцелно.
    Иван ми титка ко средношколец. Во убост и радост е. Ми кажува глупави вицови, а јас насилно се смеам, и после му признавам дека е тапа. Многу развлековме со емисијата, башка штом те спотне љубовна прикаска, ко слеп и глув и неарен си. Од радости, секако.
    Ништо ново не ми се случува. Дури можам и да си кажам - во ред е.
    Доаѓа нова, свежа година.
    Кога ќе се сетам само каква бев лани... Тоа е тој циркуларен свет. Лани fucked up, сега, totally up.
    Животов нема правила ни редови. Ко скокање со пречки е. Твое е да рипнеш, да заобиколиш, да паднеш, станеш, да ја искршиш пречката.
    Кој како си сака.

    За крај... Мојата омилена поетеса изјавила: Пишувам само затоа што во мене има глас што не сака да мирува.
    Така некако и јас.
    Сите ние, впрочем.
    Убав ден имајте.
     
    На Strumfeta93, caroline.costa, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сакам да кажам дека очајно ми треба кревет и топло ќебенце. Капациве ми тежат повеќе и од задникот и дури ни методите на Том не ми помагаат да се одржам будна.
    [​IMG]

    Од сабајле 2 кафиња и зелен чај, очигледно не доволно за да помогнат и да се освестам. Моториката забавена, очите полузатворени, мозок на стенд-бај и говорни способности еднакви на нула. Се молам само што побрзо да помине денов и да му се фрлам во прегратки на мојот најсакан кревет.

    Ах, како ми недостигаш...
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Abeja и Magnolija им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^ И јас едвај чекам да му се фрлам на креветот, болна сум од вчера,затнат нос, температура, главоболка, секој мускул ме боли, ама никој не те гледа дали си болен и дали можеш да издржиш, без осет, не можеше никој да рече навистина си болна оди си дома одмори ден-два, да бев како нив ќе си земев боледување како што си прават они,гзот ќе ги заболи оп боледување, ама јбг така ти е со нершен јебан статус.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  13. smajliX

    smajliX Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    29
    СДК дека Ќе го мењавале името на нашиот ни убав град. Пошо нели имаме плажа Коцекабана и цветен пазар Коцеикебана требало и имево на градов да ни биде помодерно, па место Скопје ќе се викал Грујорк :rofl:
    No hard feelings, малце да се насмееме
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Вчера потрошив саати на спремање на моето ново CV, видов на нетов дека било полезно да ги пишеш сите претходни врабoтувања, јас па се задржував на тие повеќегодишните и така си го изработував полека лезетски, ги читам годините на дипломирање, па на вработувањата во оваа или онаа фирма, навираат спомени како филмска лента и како сето тоа да се случувало на некоја непозната актерка, блиско, а сепак далечно. Денес си го меркам новово CV онака мерачки, му вршам по некоја ситна корекција, сакам некој перфекционизам да изведам на официјално наменско парче хартија кое нафрла сувопарна фактографија по хронолошки распоред, не давајќи притоа баш увид во нечија душа.

    И се смеам кога ќе се сетам како сум се обидувала само со поглед да продрам под површината, да влезам низ нечии очи и начујам што говори нечија душа. Се испитуваме и разбираме пречесто преку погледи и притоа го исфрламе понекогаш најчовечниот пристап оној преку допирот. Ја прогласуваме за полуварварски чин прегратката бидејќи емоционалната безличност е фенси и трендовски заштитен знак на новите времиња. Дури и со поглед го штитиме сопствениот простор меѓу нас и другите, поглед кој говори ,,не приоѓај, личноста е под напон,, и ,,мене ми треба простор,, што звучи како некој да сака да ги користи нашите полици за облека. После на голема врата се кука поради осаменоста и луѓето личат на неприфатен багаж заборавен на некој светски аеродром.

    Ова беше сосема случаен тек на мисли и слободен како флуид. Понекогаш е добро и мислите да ти наликуваат на кубистичка слика и онака не сум љубител на строгата геометрија на Мондријан.
     
    На Strumfeta93, JuLleE, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  15. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    сдк дека ја извртив денес цела болница од нуклеарна до ушно до очно,крв ми зедоја три литри...и на крајот се испадна дека ми е во ред.А проблемите шо ги имам со нервот испадна дека ми излегва умник и затоа ме боли толку страшно многу најгрдо :( умникот ке мора да ми го вадат со операција изгледа само ми е многу страв не знам шо ке биди...после то колку време ке ме боли...веке недела и нешто немам на факултет ојдено и не знам кога ке учам :( а треба и да вадам друг заб зато што и друг умник ми излегува...е добро не можам да сфатам како можи се наеднаш да ме снајди.....??
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.377
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК многу ги сакам моментите со најблискиот другар, кога седиме на скали пред зграда. Како мали дечиња си се смееме на цел глас, а денес ич не беше во форма му кажав дека е тапа, па се изнасмеавме и на тоа како да е нешто којзнае колку смешно. Не се сеќавам да сум била со него, а да не се смеам од срце. Убаво е да се знае дека имаш некој со кој можиш да зборуваш за се и сешто, да му кажиш се, да го малтретираш, да го зафркаваш и да знаеш дека никогаш нема да ти се налути. Јас имам. И го сакам многу. :D
     
    На Phyramide, crazylady и teddybear им се допаѓа ова.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Пресврт за сите...
    Трага од изгореница се уште ми стои на прстот...
    Мала и тапа главоболка...
    Ново мозолче, на левата страна од брадата...
    Што понеделник ќе беше овој?
    Смоки и кока кола за ручек,
    во единственото друштво кое го имам.
    Можеби овој понеделник ќе го заокружам со црвено на календарот,
    можеби ќе означи некој почеток...
    А можеби ќе помине незапаметен...
    Можеби 5 зборчиња ќе ми сменат животот..
    А можеби не.
    Се е неизвесно...
    Понеделнички!
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... иако и мене деновиве не ми е добро, не сум во никаква форма ... мозокот ми е збрлавен, мислите не средени, прашања многу, а одговори ни еден, исполнетост само во мали ситни ствари ... гледам да не паѓам со енергија и психички надолу ... Го искористив малку Сонцето ... ме погали, ми се насмевна и ми рече: Ќе биде добро.
    Затоа ви го испраќам виртуелно да ве смири и насмее

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Strumfeta93, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.472
    Допаѓања:
    114.862
    Пол:
    Женски
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.