Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Дури сега приметувам дека календаров во соба ми е застанат на јули, а јули одамна пројде.
    Не се чувствувам среќно.
    И не, не ми викајте дека ме сфаќате кога не сте почувствувале како е да си осамен со илјада луѓе околу себе. Мразам и ме иритира кога некој ќе ми каже „Да срц те сфаќам!„ - Епа не, неможеш да ме сфатиш кога никогаш не си била на мое место и не си се почувствуала како мене, затоа поштедете ме од фрази кажани ради реда, зашто знам дека не ме ни слушате кога зборувам, најлесно е да се каже, ахм, те разбирам срц! Епа еби се бе срц!
    Времево ми лета, каде бев вчера, а каде сум денес. А во мислите сеуште на исто место и заглавена во тоа време.
    Уште еден пораз денес, еве ставам уште една цртка. Засега водат, не губам надеж, ќе биде подобро, МОРА.
     
    На Tenkai, Ema.Sk, wolf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Скопје мое како ќе живеам јас без тебе и без твојот мирис на асфалт и промашен канализациски систем, без твоите мали сокачиња и широки булевари, без твоите паркови и смрдливиот вардар?
    Лежам и оставам сите спомени да ме обземат, да ме прегрнат и да ме однесат некаде во височините, од каде што ќе можам да го гледам овој град заедно со ѕвездите.

    Тешко е кога треба да го напуштиш она што те создало, што те изградило во онаа личност која што си.
    Скопје мое, како ќе живеам јас без тебе ?
    Ми се кине душава вечерва..

    http://www.youtube.com/watch?v=V0kRnazSIJM
     
    На kravce, Tenkai, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Само шо се вратив од на свадба. Ако на мојата свадба гостите играат барем 1/3 од она што сум изиграла јас на сите свадби, ќе имам највесела свадба. Добро ќе биде да си се вработам како професионален играч по свадби. Озбилно. :$
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Ако го знаете врвот на среќата...епа тој е... Ми се чини дека следниот ќе биде кога ќе се омажам за мажот на мојот живот,па кога ќе го добијам своето прво дете...
    Толку е. Не можам да ви објаснам колку сум среќна и на колку луѓе го кажав тоа...
    Не можам да ви објаснам моќта на самодовербата во што спие. Не знам дали е доволно ако кажам дека е во тоа да ги имате вистинските пријатели. И вистинските пријатели од машки род кои можат светот да ви го симнат,да ви ја бакнат раката,да ве погалат за коса и да ви кажат дека ќе ви бидат пријатели засекогаш од многу вистински и разумни причини...
    Не можам да објаснам колку сум среќна...не можам...Не можам да ви објаснааааааааааааааааааам... како под инфузија пуна со пиво да сум... би се гушкала до бескрај!!! Мојата слабост е во мојата најголема сила - моите пријатели,aма оние вистинските кои ќе го направат најдоброто и за мене и за нив и обратно...
    Аааааааааааааааааааааа!!!
    Не,не знам шо да кажам. Допамин ќе ми ја прсне главата.


    Ау да,и дур по втор пат го гледавме трето полувреме ми рече срамежливо мојот пријател од преку седум мориња - ти си поубава од Катарина... и не дека е у право,ама се стопив до под седиште... Му кажувам на другар ми и он ми вика-јас и го реков тоа на девојка ми! :rofl: :rofl: :rofl: Ама јас сум среќна едноставно! Јас сум ... СРЕЌНА! Јас толку среќна не знам кога сум била...
     
    На ViktorijaMari, Monna.Monna, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Men want what they can't have !


    Remember that young ladies .
     
    На Sanniii, Ema.Sk, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Во виното е вистината ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    е колку ненормален персонал имам во кафанава чудо ај денес бела ноќ и до 3 работиме и они земаа пијат со гости играат сум се изнасмеала па уште и наа крај ми викаат шефице утре сите од 8 ќе дојдеме па многу нормално но заебано е тоа што и шефицава нивна треба во 8 да оди таму
     
  8. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    изгледам ли толку млада за да ми се лепат деца од по 18год,значи типчево сношти незнам од кај се најде на нашата маса,камен сторен,почна да ми збори бугарски :x и тоа само 2 збора знае,абе седи брат му викам мене ли најде да ме лажеш,не ми глуми булгарин,нели ти е убаво што си македонец,он не упорен абе блгарин см ас,другарчето до мене ного те харесва :puke: ,ама и ас те харесвам :^) ,викам другар кога ке научиш уште некој бугарски збор дојди ке разговараме :tmi: ,после го слушам му се фали на другар му,демек он ми глумел бугарин а јас сум поверувала :@ ,што ли се не шета по земјава,ццц,ако немам лепотани удварачи барем се смеам со овакви неуспешни глумци :D
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Среќна сум!! :) :) ^_^ ^_^
    Вчера навечер касно отидов во село.Отидов во мојата соба од дома си ги земав двете бонбоинери ги отворив,пуштив гласно музика и почнав да плачам,да плачам,да викам.Плачев едно 5 саати,заспав и сабајлево станав одморена.Освежена.Сега сум мноогу подобро.Ете што ми фалело.Сега сум хепи.Плачењрто и викањето било корисно.Сега уште малку ке излезам на прошетка,тука е прекрасно.Би сакала тука да останам засекогаш ама неможе.Ама како и да е сега за сега немам негативни мисли па оваа состојба подолго нека ме следи.
    Имајте убав ден! ;) :)
     
    На COollLady и CIA им се допаѓа ова.
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Викенд..хм. Ова утро станав рано. Си припремив појадок, си ставив цвеќе во вазничка, шолја чај, дебело џемперче и излегов на балконот. Појадував заедно со чистиот утрински воздух :wasntme: , нешто што ме исполнува најмногу.
    Овој викенд не излегував, ама затоа ми помина најубаво до сега, јас и семејството. Со мајка ми, синоќе до доцните часови гледавме смешни видеа на нет, а друштво ни правеше и NesCafe.
    Долго чекав еден таков викенд, исполнет со смеа и радост. Не ја тргнав насмевката од лице. :)

    Имајте пријатен неделен ден. Ви испраќам многу позитивна енергија :sun: :hug:
    [​IMG]
     
    На Ema.Sk, Doozy, Miss-Angie92 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Денес е убав ден гледам, сите се среќни, па дури и јас! :D Сабајлево станав, од сон ме будеа илјада ѓаволи, постојано сонував како ме гази воз и не можев да издржам и се разбудив! Па, си седнав си излегов на тераса, вдишав свеж воздух и еве цело време сум весела. Среќна сум, изгледа ѓаволите што ме разбудија биле Ангелите на Утрото, сакале да ми покажат дека грешам, дека и утрото може да биде убаво! :D Па поздрав и имајте убав ден! :*
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Расеана сум..
    Знам дека ме нема многу долго во темава, ама стварно немам и не знам шо да кажам.
    Расеана стварно на сите страни, и не знам кој пат да го фатам и по кој пат да тргнам, да не речам монотона е ситуацијата, а јас не знам шо да прам, на факултет е прекрасно запознав многу луѓе и многу ми е драго шо ги запознав, Дали да ставам крај на ова измачување? Да или не? Прашање е сега.
    Сакам да сум безчувствителна и ништо поќе да не осеќам, ионака веќе се навикнав се, и на болка и на радост и сеедно ми е шо и да се случи.
    Ми е страв сама да не си стварам болка, да плачам и пак да ми се врати депресијата :worried:
    Ќе ме нема овде некој период, морам да учам, ама некако слабо книга ми се фаќа, а морам, знам дека морам, ја сакам струката, го сакам факултетот и ќе биди се океј.
    Ви посакувам среќа на сите бруцоши, да си ги положите колоквиумите напрво :hai:
    Ви посакувам среќа и на другите студенти, и на сите феминки овде.
    Бидете среќни, насмеани, уживајте во секој миг од животот, сакајте се. :l:
    Насмеани, паметни и умни, како и секогаш шо сте, и само весели настани да читам ко ќе се вратам
    А Ќе се вратам ко ќе бидам послободна.

    Ве сака вашата Ади888 :hug:
    :hai:
     
    На Doozy, cinderella5, Miss-Angie92 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сонував дека сум родила шесторка, ехеееј 6. Малку ли ќе ми беше едно па отидов на шест деца. :rofl: Ама многу ми беа убави леле плукнати на мене :D Кој знае што значи да се сонуваш трудна и после со 6 деца нека биде љубезен да части едно лп :lol:

    Денес скоро цел ден е резервиран за скитнички активности. За арно нека е, барем ќе пројде во смеење. :emo:

    Инаку убаво неделно утро, ако ги занемарам шишкиве во г состојба, дури можам да речам и совршено дека е. Знаете тудеј ис д прфект деј фор а прфект деј :D Нека ви биде прфект и вас :)
     
    На AnaKarenina, kravce, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Јас сум си тапа женска за романтики, си ја заборавив првата годишнина од бракот, мислам стварно треба да бидеш талент за да заборавиш такво нешто :D
    Туку си го направив и мм луд, му викам не бе срцка не сум ја заборавила, јас ја рачунам датата од свадбата не од регистрацијата :rofl:
    И као ми поверува, си знае и тој дека земал жена што е тапа за романтика, барем си знае дека и он ако заборави нема да се лутам со недели и да драматизирам како не ме сака :D

    Паметам родендени, пин кодови, телефонски броеви ама дати кога сме се фатиле :lol: (знам внук ми беше 7-8 месеци) кога почнавме заедно да живееме, сме се вериле и ете најбитното кога сме се земале не паметам, сега ќе си ставам потсетник во телефонот за догодина :D

    Покрај тоа што сум тапа за романтики, не се радувам на цвеќе, накит, повеќе се радувам на некоја нова ситница за во домот, посебно за во кујната, купи ми нова тава и јас сум совршено среќна :), сабајле се израдував дека мм ми ја испрал колата, повеќе ми значи тоа него цвеќето што ми го купил.

    Љубовта за мене не е во подароците, паметење на важни дати а останатите денови да не те ни ферма, важно за годишнина дошол дома со цвеќе, љубов е кога ќе дојде од работа и ме гледа со малиот кај што шпартам цел ден наведната и се мести да продолжи за да си го исправам грбот, кога и двајцата заспиваме на под гушнати, изморени и среќни и да љубов е и испраната кола затоа што знае дека немам можност со малиот сама да си ја исперам а ме нервира таква прљава :inlove:

    Ете така јас сум си луда женска глава, троа удрена со мокра чорапа :D а и мм не е нешто поарен и тој се задоволува со мали нешта, после ручекот само што му спомнав да го оставиме малиот кај татко ми да си имаме малку us time да си ја прославиме годишнината на раат и тој беше среќен како да сум му купила нов автомобил :)

    Сме се нашле какво тенџерче, такво капаче :rofl:
     
    На Hipster, sesilija, teddybear и 33 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    кафе пауза
    Флертот и додворувањето се афектни состојби на изразување допаѓање и симпатии кон одредена личност и се препознаваат по интензивни погледи и намерни насмевки.
    Да, јас искрено се чувствувам должна да дадам конкретна дефиниција за овие поими затоа што не сум сигурна дали освен во љубовните романи и филмови на друго место сте ги сретнале. Нивното практикување во реалноста е комплетно заборавено. Денешните генерации не знаат да уживаат во младоста и во предностите кои таа ги нуди. Симнувањето ѕвезди веќе не е „ин“, најновата мода диктира нешто од видот „само едно добро лапање, важно е да се смуваме, ништо повеќе“. Жалосно, но вистинито. Флертот и додворувањето со лупа да ги бараш, во вакви услови на страшна искомплексираност, тешко да ги најдеш.
    Денешното општество ни нуди поинаков начин на машко-женска кокетност и заведување. Започнуваме со „poke“, „like“ и знаете, сите оние пропратни Facebook-елементи, и очекуваме оној од другата страна на мониторот веднаш да остане воодушевен или заинтригиран за нас. Во ред, секако дека не можеме целосно да ги занемариме модерните начини на комуникација, но немојте да дозволите предолго да останете заглавени во технологијата. Во секој случај вистинскиот живот е онаму надвор.
    И да знаете само какво треперење може да предизвика ловењето на нечиј поглед вперен кон вас. Кога само би сфатиле колку една блага насмевка може да ви го разубави денот. Игрите со невербална комуникација знаат и тоа како да бидат интересни и пријатни. Има моменти кога говорот на телото кажува многу повеќе од зборовите. Чувството како да полетувате или можеби слетувате, како да се галите со ветрот или како да чекорите по облаци, такви се оние вибрации кои се шират помеѓу тајните сигнали на двајца непознати.
    Ајде момци, што стана со вашата машкост? Наоколу изигрувате бестрашни мачо-типови, а кога ќе дојде ред да ѝ се приближите на убава девојка, како преплашено маче предете во некој агол и барате храброст во алкохолот.
    А вам девојки, каде ви е женственоста? Дотерани и стокмени како штотуку да сте излегле од некој моден магазин, а кога на повидок е згоден фраер кој ви ги буди пеперутките, наместо да тргнете во акција, се одлучувате за повлекување. Не оди така тоа мои фини дами и почитувани момци. Љубовта која толку упорно ја експонирате и барате нема ниту од небо да ви падне, ниту пак некој ќе ви ја подари спакувана со украсна хартија и црвена панделка.
    Наредниот пат кога ќе отидете на кафе или ќе излезете на ноќно журкање, па дури и кога ќе потрчате до најблиската продавница, не заборавајте да го понесете најголемиот адут – вашата шармантност собрана во една неодолива насмевка.
    Флертувајте за посреќни утра и повесели ноќи!

    Што се случува во последниве години што се почесто се пишуваат вакви површни статии? Мене ми се толку дебилни и генерализирачки. Не е точно дека луѓето заборавиле да се додворуваат и флертуваат. Само може е точен фактот дека самите ние не знаеме од кои луѓе и на кои места да очекуваме да дојде до таканареченото фамозно флертување. Сите некако сакаат најголемите фраери да флертуваат со нив. А всушност не си даваат објективна слика за самите себе, а и вистинска слика за тоа кои и какви се тие најголеми фраери. И дали ако некој е најголем фраер е достоен да го имате? Или дали вие сте достојна за него? Смешки со опашки исто како и лагите со опашки!

    Па уште кога ќе видам кои особи се дрзнуваат да ги лајкнат ваквите статии и ги ставаат на своите ѕидови на фб. Знаете несомнено тоа се тие девојки кои изгледаат толку невино а постојано самите флертуваат со сите машки, без разлика дали машкиот фраер има девојка, без разлика дали тој фраер е навистина фраер!! Но шта чеш, живееме живот во кој не опкружуваат секакви дами, господа, лажна аристократија, глупа а вистинска аристократија, преварантна сиромашна душа, а секако и вистинска добродетна душа. И никогаш нема да заборавам еден дечко пред едно добри 8 години. Тој беше богат а софт како лепче, културен, паметен, образован и добар другар. Е тоа е драги фураџии тоа што се бара кај човекот. Да имаш, да вредиш, а да не ја загубиш човечноста. А не да ми се правиш убавица а во душата ти се насобрало црнила.

    Недела е, прекрасна, или не? Преку прозор гледам дека е! Па и за кој како. Тој учи! Јас го гледам моето куче како гризе корупка од банана :lol:. Златно е, мое е. Толку љубов имам кон овој мој смотко.

    Луѓе почнете да ја тренирате душата на вистински начин. Тоа нималку не значи да се трудите да ги открите другите и да им глумите на нив за да им се допаднете. Тоа значи да бидете свои и така ако му се допаднете целосно барем на еден ќе видите, ќе почувствувате дека цел свет може да биде само ваш. Ама на несебичен начин.
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Јас можев да бидам среќна. Само ако општеството не ми е ја потискаше фантазијата со лажниот морал.
    Дека се пренетрира, се пренетрира на големо, најмногу во мозоците на луѓето, тоа е неспорен факт. Неможе да рекламирам европски менталитет во провинцијалска држава. Незнам каков е животот во странција, од муабети сум слушнала дека луѓето во прв план си го живеат сопствениот живот, а во втор се сидосани. Иронија е што сидосани се и тука, ама сепак се понасочени кон трач малограѓански муабети и озборување. На велико.
    Не се давам во промискуитет, уживајте. Само понекогаш сакам да излезам на кафе со другари. И сите тие се матуфи. Незнам дали ме зјапаат во газот кога ќе си заминам. Незнам дали глумат пријателство. Не е точно дека се дупам со нив. Не ни личи за така ама ајде.
    Денес ќе се покријам со ќебето преку глава, не кревам ролетни и ќе спијам до крајот на животот. Ќе бојкотирам живот дури не смислам начин како да се помирам дека живеам под будното око на бројна публика во импровизирано реално шоу.
     
    На Shelea, caroline.costa, ViktorijaMari и 6 други им се допаѓа ова.
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сабајлево со тетка ми бевме во домот за деца без родители да однесеме алишта и играчки.
    Се паркиравме во дворот и тргнавме накај вратата и таму стоеше едно малечко детенце и ни рече: Кого барате?
    Ние му рековме да викне некоја од воспитувачките за да им ги дадеме алиштата.
    Кога дојде воспитувачката рече да ги однесеме кај неа горе, а детенцето да ни покаже каде е тоа и душичето тргна со нас да ни помогнело со кесите :) .
    Кога стигнавме кај колата имаше уште некои деца што седеа таму и му рекоа на детенцето: Д. тоа е мајка ти? А тоа душиче така тивко рече: Не. И почнаа да му се смеат. ;(

    И ајде сите да помагаат. Требаше на два пати да ги носиме кесите, ама сите деца земаа по нешто и ги однесовме. Прашуваа дали има нешто за нив. Ние им рековме дека се за помали, ама може ќе најдат нешто горе. Ги оставивме работите кај помалите деца што се и рекоа од утре ќе им ги разделат.

    Дај боже сите работи да им ги дадат и да не е точно тоа што имам слушано дека од вработените си земале за нив од тие работи што ги носеле за децата. А ако стварно си земаат арам да им е.
    Од некој што нема никој и ништо да му земаш, треба да си без душа... :x
     
    На ines.h, Libera, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК работа,работа и работа кон бескрај..
    Без маките не се може ни ден ...Глупаво е чуството кога знаеш дека тоа што го правиш нема крај. :sweat:
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК дека овие дена нема да сум многу активна,ќе гледам да го избегнувам интернетот,бидејќи мора да се потрудам сега за ова,па да можам после да имам слободно време.Премногу време ми одзема.А и секако сакам да им помогнам на мајка ми и татко ми,а и да читам,па нема многу да го гледам интернетот. Секако кога ќе можам ќе пишам тука.

    СЕга ќе и готвам на сестра ми,ќе ја спакувам ќе ја дотерам и ќе ја пуштам на факс :D Душа моја :) Нели сум поголема сестра :)
    САкав да кажам и дека секогаш сакам да се грижам за оние што ги сакам.За нив најмногу.А и за останатите. Макар и ми сториле лошо,јас си заземам функција на лекар и секогаш кога можам ќе помогнам на човек,нема да го оставам така.Тоа е и смислата.
    Еве,и примерот на Мартинушка ми се допаѓа,сме го правеле и ние тоа,кога можиш да помогниш,помогни! Кога можиш да подадеш рака,подај. Барем да ја одржуваме човечноста која колку толку ни остана.
    И не се водете од она,кога мене ми беше тешко никој не ми помогна,барем сме се научиле сами да се грижиме и да се справуваме со проблемите. Напротив,помагајте,можеби еден ден ко ќе ти треба помош,некој ќе ти ја возврати направената добрина.Па и да не добиете ништо за возврат,не е важно. Кога правите нешто,помагате, правете го тоа од срце,без да очекувате нешто за возврат. Понекогаш кога не очекуваш можи и ти да добиеш помош :) А и Господ дава на оние што даваат :)

    А сега одам,да не ја оставам сестра ми да чека и побрзо да ги спремиме работите. Имајте убав ден :sun:

    P.S.И нешто за студентите,се изнасмеав :D оно кад се студент врати кући (од vukajlija.com)
    [​IMG]
     
    На Cacy, kravce, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Да ви признаам, никогаш не сум ги сакала нит Family Guy нит South Park. Глупави ми се, многу. Башка тоа песничето од Саут Парк ме вади од такт, буквално.

    Туку, вчера вечер бев на Скопје у 90-ти ми беше прекрасно. Ептен се опуштив, обожавам места и свирки на кои се чувствувам дека сум дома, се чувствувам пријатно, опуштено. Имаше и такви кои ваљда отидоа да бидат видени па само се бутаа да бидат што понапред, како да ќе им смени да се 2 метра а не 4 пред сцена. Музиката е иста. Туку што се замарам, јас важно прекрасно си поминав. Ќе се изедев жива ако не отидов. Јадете се сега вие што не бевте. ]:)

    И да си кажам... Јас не сум пијаница. Јас сум боем.
    Толку.
     
    На innablood и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.