Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Температура, затнат нос, фатен глас, главоболка :devil: Аман веќе
     
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Убав ми се гледа денешниот ден.
    Ахх, како добро би ми дојдила една прошетка...
    Ама јас треба да се тапам со Математикава проста...
    Кога бе мене во живот ќе ми затребаат овие Лимеси и триста глупости???

    Математико ми земаш еден прекрасен ден, ти се лутам!! :)
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.361
    Допаѓања:
    103.079
    Пол:
    Женски
    Љубам, денеска конечно го прочитав интервјуто, морам да го пофалам Сандро, секоја чест за одбраните зборови и за собраната храброст. А го прочитав и делот каде со воодушевување зборува за неговата девојка, искрено, се наежив. Ти си пресреќна жена, почнуваш да ми стануваш Идол во животот да знаеш, се воодушевувам. Огромни бакнежи за тебе и едно големо браво за твојата Љубов :* ;)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Некогаш се прашувам дали се преценувам самата себе ,прашувајќи се како никој не ги забележува моите доблести.А всушност дали тие постојат? Можеби тоа е одговорот на прашањето.
    Многу пати сум помислила дека можам да го разберам секој,да сочувствувам со него и да му помогнам,но исто така и сум повредила личности...Многу пати сум помислила дека не е убаво физичкиот изглед да е пред карактерот,но сепак не се случува да засакам некој по карактер а физички да не ми е привлечен.Многу пати сум помислила дека сум совршена на изглед,но можеби сум далеку од тоа?!Или тоа е само знак на мојата несигурност?

    Луѓето во последно време ме карактеризираат како наивна личност.Почнав да верувам во тоа дека сум.Или можеби е тоа само последица од тоа што се трудам да не бидам злонамерна со луѓето и сакам да помогнам?
    Некогаш ќе ги дознаам одговорите на овие прашања ,а до тогаш сметам дека се уште не се познавам доволно добро самата себе. :|
     
    На Amaia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    СДК
    си го сакам зетчето :lol: Прекрасен дечко прекрасен карактер..немам зборови супер е :)
    Плус тоа е вреден работлив, преемногу добар..
    Среќна сум поради сестрами.Нека и е многу убаво , таа го заслужува тоа :)

    Мене денот ке ми помини во пишување домашна , мноогу домашна и учење историја.

    Ајварот е готов прекрасен е многу ми е вкусен повелете на домашен ајвар приготвен со помош од мене. :!:
    УБАВ ДЕН :*
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Само јас можам да вежбам уште посабајлечки на Радиохед џоа е Ај оф а тајгер... тоа е болест! :D Моите ме гледаа со ококорени очи, а јас уште малце и на уши шо не застанав. Мачорот мирно ми скокна у кревет и си вика Лилит извади ги дрогите од тебе и дај ми да ручнам.

    Изгледа кога газам по чаршија, има некои сензори по тоа калдрмата. Не можам да поминам еднаш и раат да ми биде душата. Се разбудив со три пораки и три прашања ИМАШ ДЕЧКО?! Неам. Не, не знам луѓе колку сериозно се сфаќате себе си,ама одење у чаршија за да правите баш чаршија е срамота! А башка што веќе ми е малце незгодно да имам другари. Зошто ви е непозната таа дружба?! Ако седам до некого и пијам пиво и се смеам, ако џентлменски ми понуди да го фатам под рака, не значи дека ми бил било некад или било кога вечерта или дека ќе ми биде! Тоа е вашиот проблем! Имајте малку чувство за приватност! Јас на пример си поминав и ич не ве ни видов.
    А и не знам шо е ваа работа,а сум во овулација истото ми се дешава! И СТО ТО! Баш тоа го имам приметено. Абе не е случајност,мајке ми! :D Излеа си сјаам,хормоните ми викаат, најди си мажјак, најди си мажјак буууууууууу, скокаат на сите страни феромони што повикуваат жени да ме нејќат, мажи да ме испитуваат дали имам дечко! :D Луѓе се заебавам бе,се заебавааам.. многу се заебавам, режирам. Сабајле на пример си замислив како е да сум шпагети со ќофтиња. :D
    И на другата страна од паричката, убаво се спиело ич не соблечен...освен чорапите наравно. Како стареам, така пролупувам.
    Мајка ми ми вика уозбили се.
    Другар ми ми вика дојди со мене,не си за тука!
    Знам дека не сум,знаааам... знааааааааааам...

    Некои луѓе природно е да си ги сакаш и кога им ја знаеш цела душевна гадотија,а и тие твојата... Јас сум од тие што се заљубувам и паметните...а познавам многу паметни луѓе и ... ај сеа?! :D

    Имам проблем...убаво ми е. Не знам шо да праам сега.
    Слушам Д ХХ и седам по гаќи, глумам позерај женска со ролинг стоунс маичка.

    И од втора мајка, да ви кажам како сум сменила мислење за трето полувреме! :D Ама сметајте дека сум тој напорен тип на човек кој по два пати гледа филмови и увек е на првото ох ноу, деј килд Кени и рикам и после мееех...ова,ова и ова фали, овде не ми се свиѓа. :D Тоа ми е дел од атеншн дисордерот. :D Не требаше да пишувам дур не го гледав втор пат,си знаев,знаев дека ќе се зезнам, за филмски дела менувам мислења,а додека за книги,речиси никогаш.

    Недела МЕДЕНА НАЈМЕДЕНА У СВЕТ! Јас сум среќна и не знам како да се понашам ко таква... :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=7iL5NCrh ... re=related
     
    На caroline.costa, HardSex и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Значи без стресови. Треба да се ужива и да си средувам цакум пакум. Треба да блеска. Мора се да оди по планот како што треба. Утре е мојот ден. Ќе се изнасликам за сите пари :))) :rofl:
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е истото детенце, кога однесов еднаш облека таму, душиче какво беше убавко.Истото и јас го имам слушнато, колку е вистина,незнам.Но не е добро да му одземеш на некој нешто, посебно за овие работи, храна...Во вакви моменти животот не тестира колку сме спремни да помогнеме некому, а зависи од нас дали ќе го положиме тестот или не.Во животот поважно е што човек ќе направи за другите, отколку обратно.Можеби е смешно ова, ама воопшто не е.Здравје, секогаш ќе има позитивни и негативни работи, кои секогаш може човек да научи нешто од нив.
     
    На bittersweet, Libera и martinuska им се допаѓа ова.
  9. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Вчера на излегување почувствував нешто. Тоа не беше ниту тага,ниту копнеж,ниту некаква смисла кон она што го почувстував. Почувствував љубов кон паднатиот жолт лист. Сите пишуваа по форумот ја сакам есента ја чувствувам, а јас не можев да ја забележам нејзината таинственост и убавина. Не можев ни да ја видам.
    Едноставно не ја забележував зошто не бев среќна. Ни дојде таа на прагот, а јас не знаев да уживам во неа и сега се каам. Вчера ја забележав нејзината убавина кога одејќи низ паркот и газејќи ги нејзините лисја ветрето ми дуваше по лицето и шумот и се слушаше. И наеднаш станав многу среќна. Срцето ми се исполни со радост и милина. Како јас очекував да бидам среќна кога не гледав подалеку од носот? Не можев да ја видам есента која очекувала внимание и радост,а доби игнорирање. Сега сум среќна и заклучив дека животот го прават убав ситниците ,кога ќе ги видиш.
    Имајте убав ден :sun: :coffee:
     
  10. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    СДК дека незнам како да кажам дека ми треба нов фустан, а вчера си купував. :?:
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629


    Браво за хуманоста,убава работа е да се помага,верувам децата сирачиња ке бидат пресреќни,и Мајка Тереза како зборела правете добро,иако не секогаш со добро ке ви се врати,нема врска сепак прави добро.
     
    На martinuska и kikav им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    сдк Минатото се заборава, сегашноста се живее,
    а иднината се сонува
     
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Чудна работа.
    Се повеќе луѓе кои не ги познавам и не ме познаваат, имаат многу да кажат за мене.
    За мојот начин на живот, за моите ставови, за моите размислувања на одредени теми. Па и да ме осудуваат. Ајде мајката, што луѓе се, бре !
    На мајка ми и рекле - цитирам :
    " Вашата ќерка е многу добро дете, учтиво, но изгледа дека живее во заблуда. :o Има таа некој нејзин, измислен свет, во кој само таа ги знае правилата. Ако тоа е добро, но лошо е што не дозволува некој да влезе во него. Ние се обидуваме да и помогнеме. Понекогаш е изгубена, не приметува некои работи, те гледа, но не те регистрира. Не слуша нас, но од едното уво и влегува од другото излегува. Разочарани сме. " - кажано од лекари кои ме гледаат единствено кога сум болна. Ни тогаш, јас одам строго кај матичната моја, таа најдобро ме лекува. Некогаш ќе им се свртам само, ќе ги поздравам - културно и со насмевка.
    A мајка ми, која е секогаш смирена, освен кога се работи за мене, искоментирала - цитирам :
    " Ви благодарам за вашето мислење, но неможам да сфатам како тоа, луѓе кои не ја познавате воопшто, имате толку негативни работи да кажете за неа. Во право сте, таа има нејзин свет, но не е целосно измислен. Ќерка ми живее во реалноста, не е во заблуда. Дали вие сте се обиделе да влезете во тој свет или само кажувате. Изгубена е да, но таа се менува како личност, се пронаоѓа, новата таа. Многу време и требаше да се смени, да го избрка тој негативизам од себе. А, незнам за што сте се обиделе да и помогнете. Освен денес, таа оди само кај матичната, па не сте имале шанса да поразговарате со неа, ниту таа ви се има обратено за помош. Сепак, уште еднаш ви благодарам за мислењето. Ќе ја поздравам, ќе и кажам дека и посакувате се најдобро и успех во животот. "
    :| :!: :?:
     
    На Monna.Monna, La.Reina.Del.Sur, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Како да бидеш маж со стил?




    Како што денот се познава по утрото, така и маж со стил се познава по добрите чевли, квалитетниот часовник и добрите манири. Има тука уште нешто, а што, прочитајте во текстот кој следи.

    Чисти чевли

    Валканите и неодржувани чевли можат дури и најубавото одело да го направат неугледно и невпечатливо.

    Велат дека жените најпрво ги гледаат мажите во чевлите. По нив го проценуваат нивниот карактер, а ако вашите чевли редовно се со прашина, тогаш по некоја логика и вие сте неуредни и неодговорни.

    Коса

    Исто како и за чевлите, и вашата фризура треба да биде уредна и негувана. Ако сакате да се прикажете како маж кој има став, секое влакно треба да биде на свое место.

    Ова секако не значи дека треба да се претворите во жена, но немојте да излегувате со "перница" на тилот или "антени" по страните.

    Облека - големина

    Секогаш кога купувате облека, проверете како ви стои. Немојте да купувате нешто што не прилега на вашата фигура, облека кој ви е голема или мала. Многу мажи ги купуваат алиштата без претходно да ги пробаат, најверојатно се чуствуваат засрамени затоа што излегле на шопинг.

    Размислете, давате пари, логично е да купете нешто во коешто ќе изгледате добро нели?

    Боја

    Порано постоеја правила за сложување на боите. Денес тие правила не важат, и се советува да се експериментира во секој поглед.

    Сепак, како главно правило остануваат три бои. Значи, на себе можете да искомбинирате бои коишто ги сакате, но не повеќе од три. Повеќе од три, комбинацијата станува бесмислена и типична за луѓе без нималку вкус. Правилото исто така вели дека ременот треба да одговара со чевлите, краватата за нијанса посветла или потемна од кошулата, но не подалеку од бојата на сакото.

    Детал lИсто така, комплетниот впечаток на маж со стил, е тоа што тој обрнува внимание и на најситните детали. Освен валканите чевли и неуредната коса, тој треба да обрне внимание и на облеката. Така што, таа не смее да биде изгужвана, не смее да има флека, или пукнати шевови.

    Исто така лицето треба да биде чисто, ушите, носот, ноктите потсечени. Што се однесува до деталите поврзани со некои стилски додатоци, во ваша корист би било доколку имате квалитетен часовник, оригинал наочари, но немојте да избегнувате убаво ланче, прстен, или добра кожна торба.

    И на крајот да не ги забораваме гаџетите, кои го зголемуваат машкото его. Телефон, iPhone, iPod, лап топ, не мораат да бидат најнов тренд, но треба да бидат убави на изглед, покрај функционал

    Парфем

    Добриот глас надалеку се слуша, а добриот мирис на вас, надалеку останува. Секој маж треба да води сметка за хигиената на неговото тело. Редовно туширање е мал чекор за вас, но голем за човештвото. Тоа е минимум што можете да направите за себе и за луѓето околу вас.

    Вториот чекор е дезодоранс. Овие се основни работи на цивилизацијата. На повеќе од ова никој нема право да ве приморува. Сепак, ако сакате да одете чекор понатаму, парфемот е вистински начин.

    Важно е да одберете парфем кој ќе ви прилега и ќе прилега на она што сте го облекле и ситуацијата за која сте се облекле. Pacco Rabanе е идеален избор, исто како и Armani Black Code.

    Самодоверб

    На крајот, правило без кое нема да бидете маж со стил се додека не го облечете - не го носи оделото човекот, туку човекот оделото. Ако немате храброст или самодоверба на вистински начин да го изнесете тоа што сте го облекле, немојте ни да се обидувате.

    Стилот не е оделото, стилот сте вие!

    Стил

    Стилот не значи екстремно скапо име на бренд на облека која ја носиш. Доколку имаш стил, можеш да се облечеш и со многу помалку пари. Едноставно, стилот не може да се купи, треба да се родиш со него или да научиш неколку основни стилски правила.

    И што е најважно, стилот е автентичност. Човек со стил е онај кој на луѓето им пренесува порака за тоа каков е тој преку неговата облека.
     
    На biggirlsdontcry и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Незнам зошто постојано ми се повторува истиот сон? Тоа прекрасно лице се појавува и исчезнува, ми се насмевнува во сонот и ми зборува. Некогаш па само молчиме и се гледаме. Обиколени сме со луѓе, или па само ние двајца. А досега немаме направено ни два реда муабет. Ако продолжи вака нема да е на арно. Се плашам да сакам пак. Во сонот е поразлично. Таму не сме толку далечни и барем додека спијам чувствувам неопислива среќа. Длабоко во себе знам дека не е реалност, дека ќе се разбудам во секој момент ама верувајте, чувството не се споредува со ништо. Единствено што сакам во овој момент е да останам разумна, чекам нешто а незнам што... Незнам уште колку долго.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Во преговори сум со моите.Дали за зимоска да ми купат Мартинс(пошто нели се малку поскапи) или обични чизми.Епа држете ми среќа ;)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Многу жени поштуваат расцветани метли у октомври.
    Скратете ги тие расцветани и оштетени коси гад дем ит! Летото,плажата и све тоа што ги направило лом. Завршува еве го, ве молам ишишајте се.

    Ако видите жена со ножици по град,јас сум. Жими се на незнаење од позади ќе им приоѓам и кврррррц, ќе ги осакатам тамам колку на фризер да отидат!!!
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Страшно ме иритира кога некој ќе се "истури" на мене. Јас ќе сум сунѓерот што ќе впие се, секогаш. Ако. Ќе дојде маче на погаче... Сакам да сум фина со сите, ама некои луѓе не дозволуваат ни една насмевка да им подариш. :| :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Nothing beats hard work.
     
    На kravce, cinderella5, Ema.Sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Колку е човек добар, за другите е дупло поглуп. Ама ако ми е. Убаво ми велеше другарка ми- Абе не прибирај секакви луѓе, не се дружи со сите, не биди фина и фер со сите... А јас жал ми е, е нека ми е ама сега за мене.

    Вртам низ темиве со рецепти, барам некој фин за торта некоја да смутам. Недела е убав ден, особено кога е посветен на семејството. Сестра ми почна со подготовки за ручек, а мајка ми ужива со кафенце.

    Имајте убав ден, па повелете на торта ако бидне. :wasntme:
     
    На bittersweet, tweety26, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.