Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се изнагледав мрсни бутови во тексас шорцеви.
    Бесплатна обука “Научете кој тип на тело имате и што НЕ треба да облечете“ е задолжителна за сите девојки и жени.
    Очиве ме болат.
    I had enough, really!
     
    На Hipster, Lov3, tweety26 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Нејкам да кажам ништо. Се засрамив.
    Значи некогаш кога не оди и не оди до крај.
    Му купив поклон, му напишав писменце, го облеков неговиот омилен долен веш, црвен кармин, марама, и моите омилени штикли и во поход. Инаку заборавив да кажам дека тие се мноогу високи и јас пустата и не ја владеам баш таа висина. Некаде над 16 см високи..
    Слегов од таксито и важна седам пред неговата куќа.
    Бевме договорени да се чекаме, а тој отишол до продавница. Реков ајде да го изненадам да му го остам поклончето пред неговата куќа да се изненади. Така одејќи со главата на горе, носот кренат до небеса, мислејќи дека ова ќе биди добра ноч предосечам , почнаја штикличките да се крлаат лево десно, лево десно, изгубив контрола, и паднав се оптегнав колку шо сум долга и широка. Реков, да си станам дури не ме има видено никој, освен многубројните коли пошто ова е прометна улица... еве го тој зад мене ми подава рака, и ми вика добро ли си сонце...
    Знаеш во тој момент ништо не беше ко пред 1 мин. ништо не одеше по планираното.
    Знаеш, во раката имав поклон кој требаше да те израдува, да те изнанади, под овај мантил се крие твојот омилен долен веш, кој требаше да те запали, знаеш солзите од неуспехот го бришат овај кармин.
    Знаеш се засрамив.
    Знаеш, си ги изгребав омилените црвени штикли.
    Знаеш, ништо не е така како што требаше да биди.
    Знаеш, криво ми е.
    :x :x
     
    На EleMental, tweety26, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oвие од Mотика не ми ги објавуваат коментарите , што страна ќе беа со критика не знаат како да се носат, само убавите коментари се објавувани, па јас може си имам некое свое мислење за некоја статија, и сега нив ако не им се допаѓа, зашто да не го објават? :^) Hе разбирам навистина, ама ајде тие си знаат...
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    А јас па се пазам и ќе се погледнам во огледало 10000 пати да не е невкусно тоа што го носам и ќе си речам е дебела сум.
    Некои луѓе си тераат дебела не дебела носи и што треба и што не треба.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам дека се чувствувам осамено, тажно.
    Сакам да се исплачам, да викам силно дури ме држи гласот. А што правам јас, седам опкружена со многу луѓе, се смешкам и велам дека се е во ред. Не е во ред, ништо не е во ред. Не ме разбирате, никој не ме разбира, зошто се трудите да ми помогнете а повеќе ми одмагате. Не ми треба лажно пријателство, не ми треба да ми се смеете на мојата болка.

    Зошто постојат вакви луѓе, зошто се радуваат на туѓата несреќа, тоа не е човечки. Нема да се расплачам пред нив, иако срцево одвај издржува. Многу сум посилна и похрабра, нема да им го дадам тоа задоволство да ме гледаат скршена. Ми треба само еден човек да ме прегрне и да ми каже дека се ќе биде во ред, да ми каже искрено и нежно, да се почувствувам важна и сакана. Сакам искреност, доста ми е преправање, доста ми е од се ;( ;(
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мразам донесување на одлуки во 5 до 12, мразам правење на работи во 5 до 12, мразам луѓе за кои закон е 5 до 12!!!
    Ме доведува до лудило тоа 5 до 12, а толку многу ужива популарност кај народот!
     
    На Monna.Monna и smiley-94 им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Прв пат во животов направив мафини! ^_^ :party: Еве чекам да се изладат и да си ги спакувам за Скопје... знаете каков е студентскиот живот! И мислам дека овие ќе ми бидат највкусните :lol: (се до следното правење)

    еј, и да ви кажам, денес пак се заљубив во него и сега уште повеќе ќе ми недостига. Ми идат да си го спакувам в куфер и да си го земам Ск!

    Ах леле... ајде, ајде.. ќе издржиме..
     
    На bittersweet, anabel-a, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Хмм лесковачката , хамбургерот и остало секогаш било најубава и најсреќна диета , ем стомакот полн и среќен ем и ти ....

    Ех сеа кој глеа дали ќе се здебелиш или не :lol: , и онака карактерот е битен нели :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Викам по сестра ми ми скинала неколку пара обувки, а таа ми се врти и ми вели - Зошто си толку лоша? Па ако јас не ги скинам, ти ќе немаш оправдание како да купиш нови. Јас за твое добро.

    Е како, како да и се лутам? :rofl: :rofl:
     
    На Lov3, sparklie, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    If you don't want to have a cuteness overload then do NOT open the spoiler!!!

    :inlove:

    Почекајте да се лоудираат и уживајте :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Anna-Banana, Cacy, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  11. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Добро бе, ќе можи некогаш, барем еднаш, хм, да јадам на раат можеби?
    Иди време за ручек, сите се собираат на маса и почнуваат мене да ми филозофираат |( . И најмалку очекував да ми сврти грб и татко ми, тој шо секогаш ме поддржуваше. Ама лажно било изгледа. Вака - така, врти одовде - одонде, денеска сите в лице ми шлапнаа се` шо мислеле за мене. И пријатели и семејство. :|

    И добро бе, како можи родител свое дете да наречи копиле? Да, копиле. :fubar:
    После јас сум таа шо е невоспитана и на сите му враќа.

    Епа, од сега, баш така ќе биди. На никој не му ќутам појќе, не ми е гајле ако ми се родители. Тие едно, јас десет! :!:
    И нема да се откажам од мојата цел само затоа шо тие велат дека тоа е само тинејџерска фаза, и затоа шо тие не успеале и останале тука во градчево и во државичкава.

    Нема да се откажам. Ќе успеам јас.
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Случајно ја најдов приказнава и решив да ја споделам со вас :)

    Еднаш еден богат човек решил наместо да ја исфрли кесата со ѓубре во контејнер ја фрлил пред нозете на просјак кој се наоѓал во близина.

    Просјакот се насмевнал и заминал задоволен со кесата полна со ѓубре. Застанал покрај една локва, извадил се од кесата, ја очистил и ја наполнил со цвеќиња, кои растеле во близина. Се вратил кај богаташот и му ја дал торбата во рацете.

    Богатиот гледал воодушевен и прашал:

    - Зошто ми даваш прекрасни цвеќиња, откако јас ти дадов само ѓубре!?

    Просјакот му одговорил:

    - Затоа што секој човек го дава она што го носи во своето срце.
    [​IMG]
    Сиромашниот сепак е богат, а богатиот себичен и нечовечен.
     
    На bittersweet, sparklie, teddybear и 25 други им се допаѓа ова.
  13. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Овој викенд ми беше најубав до сега.
    Конечно ми отидоа црните мисли.Почнав се позитовно да размислувам.Ниеден проблем не е нерешлив.Само смрта.Друго се се решава.
    Не се каам за ништо.Ако се случи тоа,ете така требало да биде,а јас научив мноогу работи и ја сватив суштината на животот.Верувајте животот е прекрасен,а до нас е како ке го живееме.Му благодарам на Господ што ми дал живот.Се радувам и за најмали ситници.Среќата е во малите нешта.
    А за тие што се обидоа да ми го направат животот пекол не им се лутам ниту сакам да им се одмаздам,напротив,благодарна сум бидејки така мноогу ми помогнаа во животот и благодарение на нив јас сватив многу работи и научив многу лекции. :)

    Отидов малку да учам,не ми се учи,ама кога се мора,се мора.
    Денес нема да можам да пишувам,ама обавезно ке ве читам.
    Поздрав! :) ;)
     
  14. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    СДК... мн ми е досаднооооооооооо. ќе пукнам од досада
     
  15. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Не вреди да си губиш нерви за нешто што поминало, тоа е тоа нема назад, подобро да се фокусираме на она што следува!!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.361
    Допаѓања:
    103.079
    Пол:
    Женски
    Се заљубив луѓенца, во еден преубав ирски сетер, преубав, ама најубав.... Изгубен е кај мене на улица, ние си го нарековме Лаки. Да го видите само со неговото телце вито и со тие очиња крупни и темни, ко џамливчиња се... Ах да можев да го вдомам, да не бев подстанар веднаш би го вдомила, тој е најубавото куче на свет, ангелче е. Ако некој сака поголемко кученце кое е одлично чувано и е наистина паметно нека ми пише ЛП, се наоѓа на ул. Банско, Црниче, веднаш над школото Кузман, ама не тоа долу кај раскрсницата туку горното, на 200 метри од Рептил Маркет.
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас и мојот магнетизам.
    Просто го имам тој фактор да направам луѓето да ме забележат.
    Да. Зборувам за мојот спектакуларен, акробатски-нинџа-конг-фу, штиклокршачки пад у сред диско! Баш на скали, центар пажња, кај што не може човек да те промаши. :tmi:
    Имено, млада дама, попила је мало више алкохолно пиче, и така ноншалантно, мислиш прелетувам над ливада со лалиња, си ја прелетав и скалата... и слетав на задницата, во чвор! Буквално во чвор, каде еднато стапало, преку цела глава ми се закотви во некоја решетка. Долета еден културен младич да ми помогне да станам, да се отплеткам од самата себе, ама не, јас јунакот, можам сама.
    Којзнае како траги-комично изгледав кога едвај станав, сите очи во мене вперени, а јас се наведнувам во недостаток на една штикла, да си го побарам остатокот од истата.
    Ја наоѓам, ја ставам по мишка и достоинствено ја напуштам сцената со брзина на светлината. Уствари со брзината на пијана женска што оди со една скршена штикла.
    10 минути подоцна, јас со другарка, во кабина во ВЦ, пробуваме да се собереме од смеа и правиме план како да ме камуфлира додека да киднеме од народот. А како ќе камуфлираш некој што оди како прее*ан? :D
    Многу ќе бидам среќна ако вчернашната вечер се избрише од календар. Онака, да не постои. Барем тогаш ќе имам да се чудам од кај ми се модриците по нозе.
    И за штиклите ми е жал, нема враќање за нив. Една бела ноќ ме чинеше црно утро и минус пар чевли. Епа не се исплати. :devil:

    Прекрасна сум, знам. :wasntme:
     
    На bittersweet, tessi, tweety26 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Вчера ми недостигаше љубовта, па купувам автобуска карта и ајде за Скопје.
    Одам му звонам, го изненадувам. Имавме неколку часа само, морав да се вратам. Додека се напиеме кафенце, да јадеме, да шетнеме и помина времето. Се скаравме без врска, баш пред да се качам во автобус за назад.

    Си дојдов дома мртва уморна. Не ми се излегуваше, си легнав да спијам.
    И само што заспивам во 21:04 минути ми звони телефон.
    Ајде излегувај надвор ми вели, те чекам пред куќа.
    Е како бе ме чекаш кога јас денес бев кај тебе во Скопје?? Не е можно!!
    И така сонлива кревам ролетна, ги тријам очите случајно да не ме лажат...И навистина беше тука. Ме чекаше пред порта, навален на автомобилот. Душичка...

    Така на пижами трчам надвор и го гледам како од Марс падната. Па не го очекував ниту 1%
    Сакал да ми се извини што беше малку нервозен и што се скаравме без врска. Сонце мое, па таков те сакам!

    И ајде набрзина летам, се облекувам и одиме заедно на журка. Пиеме, се забавуваме...

    И така зборот ми беше што неочекувано имав најубава вечер во мојот живот.... :) Не било се така црно...
     
    На bittersweet, tessi, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес, после две недели живеење тука сфатив како се работи со рерна на гас. Со тоа што гледав Јутуб видео откако пола саат ја пцуев рерната и се друго околу неа. Решив мафини да правам и се направија само во 6 калапи јас сум ставила доза за 12 па сега грицкам запечени крајчиња. Дополнително, денес сфатив и како функционира машината за перење откако за првата тура алишта ставив омекнувач во тоа за детергент и обратно, а втората ја исправ двапати. Ама трета беше добра и сега се надеваме на четвртава. И last but not least, научив како да отвориш шише вино кога нема отварач во куќата.

    Сега, дилемата ми е дали да се смеам или да плачам. Виното не помага да ја донесеш оваа одлука ама за други работи и те како е корисно. Па не за џабе работел Тесла на случајот, што им фали на шпоретите на струја и степени покажуваат и се.

    И така, забавна е неделава. Домаќински настроена, само се надевам не очајно. Само што сфатив дека интернетот е подобар на горниот спрат него тука доле откако немав интерне некои 15 минути и се трудев да сфатам што побогу е со компјутерот.
     
    На bittersweet, lunicka, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК дека Убавите моменти доаѓаат сами.
    За прекрасните... треба малку мака и трпение си СФАТИВ денеска
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.