Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Изминатите неколку недели ми беа веројатно едни од најтешките периоди во животот.
    Одмарав од виртуелниот живот, бидејќи премногу работи ми се случија во реалниот.
    И мило ми е што најтешкото помина, па сега конечно можам да здивнам и да вдишам длабоко.
    Добив време за себе и за луѓето околу мене.
    Многу нешта запоставив.

    Јас сум човек со однапред зацртани планови и цели. Мразам вакви моменти на неизвесност. Ја сакам спонтаноста, но не и кога иднината ми е под знак прашалник. Некои работи во животот едноставно не зависат од нас самите, а јас во моментов многу би сакала да ги држам конците во сопствените раце.
    Ох судбино, какви ли планови кроиш за мене?

    Во меѓувреме додека го чекам одговорот, учам како да уживам во животот.
    Апстинирам од кафе, но не и од „кафе“ дружби со пријатни луѓе. Делам насмевки, чувам мали желчиња, купувам филигрански накит, јадам сладолед во октомври и пишувам.
    Многу пишувам.

    Фотографирам портрети на стари бабички на чија улица израснав. Патем, додека објективот ги забележува емоциите испишани низ нивните збрчкани лица, јадејќи локум ги слушам нивните животни приказни. Нижам измешани чувства и мисли, решавам задачи по математика со дропки и мечтаам за бегство од градов. Барем на неколку дена. Само јас, тој и свежиот планински воздух кој ме тера да му заспијам во прегратка за да се стоплам.

    Собирам парчиња соништа, се обидувам да се вратам во колосек и водам внатрешна борба со себе.
    Како што би рекол Момо Капор - "Teži i od građanskog i od verskog rata je onaj koji svako vodi sam u sebi."
     
    На Mishela, tweety26, kate21 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Посакувам во овој момент да можам да и заѕвонам на ташната за у школо, да ми каже кај е. :emo:
     
    На blond, sunfemina, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.361
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Добра си жими све, јас најчесто сакам да им титнам на клулевите кога брзам за на работа, на ташната никогаш не ми текнало. Мислам дека си многу несреќна со школово, стисни заби и издржи, еден ден ќе ти се исплати ;)
     
    На Glossy-girl, sunfemina и pamelche им се допаѓа ова.
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ако се сопнеш два пати на ист камен,тогаш вреди да си ја скршиш ногата!
    Ако има во ова вистина(а верувам дека има),тогаш јас одамна требаше да си ја скршам ногата. :swear:
    Ама многу сум упорна и покрај тоа што се уверив дека патот по кој што одам е погрешен... :| |(
    Е тоа сакав да кажам.
     
    На ViktorijaMari, blond и Lilliana им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Па и колку сум несреќна, тоа е чудо.
    Туку си го најдов ранецот, дури позади кревет. :D
    Што е најтрагично, додека го тражев си ја обележав половината со една доста длабокичка гребнатинка.
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    [​IMG]

    Или во превод ,,И си поминуваат месеците како да се денови.."
    Извинејте ако не ми е точен преводот,незнам шпански само општо :wasntme:

    Сакав да кажам дека си поминуват денови,недели,месеци,години...Некои луѓе се менуваат или пак самото време се менува,има ли нешто што останува,а не плови во времето?
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.002
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум најсреќна дека Интер пак си ги дупчи Милан :*
    Браво маченца најјаки сте ми :D
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    E не е лесно да учеш како се прават и раѓат деца. Ич не е лесно. :wasntme:
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Не Едека немаш среќа во љубовта, туку Бог те чува од погрешен избор! :devil: :devil: :devil:
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да беше само ранецот... Мене главата незнам каде ми е. А камо ли слободната, новчаникот, мобилниот, клучевите... Собава ми е како атомска бомба да ми паднала внатре. А во фиоките како мегагигаатомска бомба да ми паднала. :wasntme:

    Се вратив од екскурзија, и како изгубена во просторот се чувстувам. Утре кога ќе станам од спиење, нема да се чудам, ако пред подрумот од влезот, застанам, ѕвонам на ѕвонче, и чекам да дојде лифтот. Па некој така фино-лепо да ме испцуе, за да ми тргне денот, така благословена.

    Иначе да, убаво си поминав. Само што јас не сум многу за шетање. Чим во своја населба се губам, а не пак надвор од М. Ама добро.

    Ако не од оваа, од другата недела сигурно ќе почне колењето во школо. Ќе помине и тоа. Што не поминало, па тоа да не помине.

    И така ти викам. Незнам да раскажувам. Оти сум бетер од Цацко, во таа работа.
    http://www.youtube.com/watch?v=XncmurHmg8g
     
    На Monna.Monna, Glossy-girl, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.361
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Прво па машко, денес ептен радостии, се разбудив крај мојот Буцко сабајлечки, Меу ми се породи, мојата омилена трудница од Труднички муабети, си најдов кученце на улица кое сакам ненормално многу да го вдомам, пешачев неколку пати низ населба и многу ми бидна убаво, си фатив 500че во кладилница, од прва, :rofl:
     
    На Monna.Monna, cinderella5, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Пред да му кажеш тајна на својот пријател, не заборавај дека и тој има свој пријател, и... сите да знаеа што зборуваат меѓусебе, на светот не би постоеле ни четворица пријатели! Не знам кој го кажал сето ова, ама кој и да е - во право е!


    Чувството кога се ежиш целата и ги чувствуваш морниците по целото тело, стомакот ти се превртува и не, не се пеперутки туку аааааааајкули од внатре те јадат... се чувствуваш чудно, како да очекуваш нешто и приметуваш дека... не, не си заљубена, си добила. Менструација е во прашање, да тоа ми се случи денес.
     
    На cinderella5, Cacy, Greeen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.386
    Се молат хормоните да не ми прават цигански работи.
    И се молат непознати мажи со сомнително потекло да не ми се дерат по улица со ХАБИБИ уејт фор а минит,уер ар ју фром хабвиби дур си го шетам кучето! Мајке ми се исплашив, не друго... делуваше како вахабист и замислив како ми го убива кучето со калаш,а потоа мене ме зима бело робје или ми вади бубрег... :(
     
    На LilBaby, Cacy, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас и тој - Јинг и Јанг. Целосно различни, а едноставно неразделни. Заедно за да си помагаме еден на друг, да се водиме на вистинскиот пат, да си пружаме рака кога ни е потребна, да учиме еден од друг, заедно да си ги исправаме грешките. Да се гушнеме кога ни треба утеха, или пак само нежност. Јас и тој - две парчиња од едно исто цело.
     
    На bittersweet, kravce, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога имаш другар (потенцирам другар а не другарка), зашто другарството со машко е многу поубаво отколку со женско. Барем според мене. Барем откако доживеав и искусив се и сешто. Мислењата ми се менуваат и сега повеќе го ценам другарството со машко.
    Можеби постои опасност и онаа фразана за прераснување во нешто повеќе, љубов, страст...
    Но се надевам дека има среќни исклучоци.
    Прекрасно е да слушнеш искрен совет, мислење и поука без да се плашиш да не е кажано од љубомора, завист и слично...
     
    На bittersweet, cinderella5, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    „Тегобноста не ме напушти и верувам дека наскоро нема да ме напушти; но јас веќе
    не страдам од неа, тоа веќе не е ни болест ниту пак одминлив напад: тоа сум Јас.“
    - Жан Пол Сартр, Тегобност

    Си одам пред некој ден од теретана накај дома и слушам бучава, џагор, весели деца кои си потпевнуваат бесмислени песнички и родители со насмеани лица, налутени и разгалени деца кои врескаат на цел глас за да го добијат она што нивните родители сметаат дека не треба да го имаат, луѓе кои брзаат да ја поминат улицата, луѓе седнати во кафуле завртени со главите накај улица, девојки во 15ка штикли на сред бел ден и фустан на половина од нивната висина, возачи од автобуси кои секој ден ги поминуваат истите улици, таксисти излезени од автомобилите, стара бабичка која тргнала некаде, а не и се гледа и ми подава лист да видам кога и е следниот автобус, а притоа ми се жали како да сум директор на ЈСП бидејќи треба да чека половина час.
    И посочувам клупа на која може да седне и продолжуа со поплаките. Печело сонце.

    Епа пече. Ги пече сите подеднакво. Зарем тоа е причина за незадоволство?!

    Тргнувам накај дома, пробувајќи да го игнорирам фактот дека и јас сум дел од таа заедница на луѓе кои механички живеат, постојат, ги извршуваат обврските и заспиваат навечер.

    Почнува да ме обзема тегобност, станува дел од мене, дел од градот, од метежот, виорот од луѓе.

    Поминуваат покрај мене група насмеани лица и се прашувам дали навистина не можат да ја почувствуваат тегобноста околу мене, или самиот факт дека никогаш не ја искусиле автоматски ја оддалечува од нив, ги заобиколува, бара друга жртва која ќе подлегне под неа?!

    Се оддалечувам од вревата, доаѓам до парк, подалеку од улиците, тапиот звук на моите чекори.

    Мир.
    Мир кој го смирува моето забрзано срце и забрзан чекор.. И сфаќам.
    Ми треба тишина за да можам да го слушнам звукот на моите збунети мисли.

    Викаат толку силно, но не можат да го надвикаат звукот на сите тие автомобили, автобуси, забрзани штикли, певливи и врескави детски гласови...Од што се раѓа конфузијата, тегобноста.
     
    На marama и SexyLady им се допаѓа ова.
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Потполно те подржувам и се согласувам, супер е да се има другарка (зборено од моја машка перспектива) со која ќе можеш се да збориш и да споделиш и да нема крај на безбројните дискусии. :) Толку блиски, а сепак другари, тоа е интересниот дел. :) Го имам осетено тоа, но со истата таа другарка се скарав и веќе не збориме, па ако ме чита поздрав до неа. :D А баш супер ни беше, све си зборевме. :)

    Инаку она што сакам да кажам т.е. СДК дека викендов ја почнав сезоната на ајвар (iVar :D), така што премиерно изедов тегла ајвар и се прејадов до толку што стомакот ме болеше и мислев дека ќе ми пукне. :lol: Но што да правам кога цела година немав осетено ајвар на моето јазиче, па еве истерав мерак. :D

    Си поминав солиден викенд претежно дома и надвор на некои моменти и тоа... одиме утре понеделнички во нова недела. :)
     
    На SexyLady и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мака ми е што не можам да си пишувам толку често како порано, но од друга страна задоволна сум што можам барем да се приклучувам и да читам од време на време, па и тоа е нешто отколку ништо. :)
    Време е посериозно да си ја сфатам работата.
    Пред мене се ближи првиот колоквиум, книгата од 500 страни по Генетика ужасно ме плаши и ми влева чувство на стрес. :worried:
    Друго околу студенсткиот живот фала на прашање немам што да кажам, се навикнав, сега за сега добро е, кувам повеќе од вообичаено, мијам тањири секојдневно, перам на раце, се грижам за домот повеќе од вообичаено, се будам сама и никогаш не ми се случило до сега да се успијам, секогаш фрлам ѓубре на моја иницијатива(зошто нели нема сега кој да ми рече да го фрлам), сама купувам намирници и се што е поребно околу станот, самоиницијтивно смукам секоја недела па дури и рибам паркет редовно, ако тие работи ги правев за да и помогнам на мајка ми и да ми биде мене поубаво сега останува само второто и затоа што нема кој да го прави друг место мене и цимерката. :emo: :tmi:
    Се соочив со носталгијата и успешно ја совладувам, сега и технологијата донекаде си помага и си игра своја улога, нели преку скајп и телефонски разговори поинако е него ли никаков контакт да немаш.
    Како одеднаш да станав позрела и поодговорна, но и посериозна во исто време.
    И тоа би било тоа, сега слушам музиче, помина полноќ, а сабајле треба рано да станам.
    Имам уште многу за кажување, ама ќе ми треба уште пола час додека ви напишам се.
    Уште еден интересен детал ќе ви споменам.
    Дечкото што го сретнав кога се шетав со татко ми првиот ден после мојата преселба повторно го сретнав како слегува по скали во мојата зграда додека чекав лифт, што значи дека седи во мојата зграда и ми е комшија. Интересното е тоа што кога го видов многу ми се допадна, а јас ретко паметам фаци, а за чудо неговата ја запамтив и бев повеќе од пријатно изненадена кога го видов по втор пат ^_^ Морам да признаам и дека првиот пат кога го видов осетив некое чудно чувство или вибрација, имав чувство како да го знам цел живот и после повторната средва, речете дека судбината не вмешала прсти?
    И така, со оглед на големината на мојата зграда шансите да го сретнам се 50-50 зошто во рок од 8 месеци можам и три пати и пет пати и 30 пати и 80 пати, но и ич да не го сретнам.
    И тоа е тоа, ви посакувам пријатна ноќ и убава работна недела! :*
     
    На Mishela, Primavera, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Иронично е тоа што кога малку по безобразно и дрско се поставувам на запознавање и оставање прв впечаток кај непознати девојки, добивам подобар фидбек. :^)

    Претставувањето во најдобро светло (nice guy) до сега никогаш не ми има дадено некои посебни резултати. :!:


    Синоќа малку вино му помогна на Џекил да стане Хајд... па се опуштив на вокабулар.

    Имам чувство дека како појава луѓето од старт ме проценуваат како некој "негативец" и веројатно очекуваат да сум "лош" :wasntme:
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.306
    Моментот кога лежиш во постела со лаптопот пред себе.

    Со слушалките на уши слушаш некои романтични песни и се вртиш на десно и сваќаш дека твојот животен сопатник се обидува да рапува и прави некои гангста движења...

    Непроценлив

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На FortuneTeller.xD, bittersweet, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.