Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    ;(

    [​IMG]
     
    На cinderella5, Hayley и Hkikica им се допаѓа ова.
  2. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    [​IMG]
    Еве ме мене, утре на тестот. :tmi:
    I should be studying.. nah. Фемина и Youtube се поинтересни. :|

    :headbang:
     
    На COollLady и happY-smiLeY им се допаѓа ова.
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Само што се истуширав. Многу ми годеше. Чувствувам во последно време дека "нечистотија" се собира по мене и откако ќе се искапам маките како да отишле со водата. Сега сум си радосна и си ја слушам
    http://www.youtube.com/watch?v=y62OlGvC-bk
    Ааа,па не ви се пофалив зошто сум среќна. :) Ми предложија да играм во клуб. Ракометарски. Тоа го сакам :clap: .Вечер во седум ипол одам да се договориме. Држете среќа добро да поминам!
    Уживајте :wasntme: :hai:
     
    На marama, Glossy-girl, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Најубавите работи во животот не може да се опишат со зборови, нив можеш само да ги доживееш и само така да ја спознаеш нивната убавина!
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    7 мецеси учење - 3 месеци одмор.
    5 дена учење - 2 дена одмор.
    45 минути учење - 5 минути одмор.
    Па добро бе, воа ли се вика живот? :|
     
    На moonlight-girl.55, Monna.Monna и AnGel.fire им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.379
    И ќе дојде есен...и ќе ти донесе жолти ливчиња, животни сензации, уште некои чувства кои ти недостигале во колажот на така наречени љубови. И ќе ти се случи нешто кое ќе те ослободи од умор, страв, ќе те ослободи од македонска стега, ќе ти ги измасира мозочните виуги и повторно ти си ти. И ќе ти шепка убости на уво.
    И можеби ќе си замине со првото грдо време и свежо облачно утро кога празнината во стомакот се зголемува со првото горчливо утринско кафе. И можеби и тогаш ќе си заминат чувствата на смиреност и ќе си го имаш твое се во форма како и секогаш.
    Некои пријатели, личности се чуваат себично само за себе.

    Пред некој месец со еден човек, секое утро во исто време се размислувавме на едно ебано место, никогаш не ја свртев главата,а тој не дозна дека го сретнувам. Тогаш така, сега би застанала и би продолжила. Тогаш ми беше луксуз да ми го расипува секој ден,сега ... не чувствувам ништо...

    Деновиве - ненормална, го слушам малку повеќе од нормално :D
    И знам дека ниту една среќа не трае бесконечно...и сум ок со тоа.
     
    На kravce и Peppermint им се допаѓа ова.
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Нека те пратат луѓе кои го разбираат твојот ум, веруваат во твоите идеи и го ценат твоето искуство и минато. Во спротивно, тие луѓе нека пратат некој друг.
     
    На cinderella5 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Го најдов кученцето, живо. Уфф колку ми олесна, цела вечер го мислев.
    Повредено е, тешко се движи и јаде.
    Му дадов јуфки и паштета и заминав на училиште.
    За жал мајками не ми дозволува да чуваме куче, уствари она ништо не ми дозволува да чуваме, ама нема веза, барем ќе се обидам секој ден да му носам малку храна. :)
    Душичка мала невина. :hug:
     
    На anabel-a, Monna.Monna, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  9. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Денов ми е прекрасен. Станата сум од 6 саат, спиена сум дууури 5 и пол саати. Но.. за чудо станав доста наспиена и ведра. Се средив за на школо и имав некаква желба да обрнам повеке време на шминката па така и направив. Пред да излезам се погледнав во огледало, се насмевнам сама на себе.. изгледав прекрасно. Звучи како да се фалам, но навистина беше така, а така и се чувствував.
    Си помислив дека никој нема да примети, но сите приметија. Цел ден примав комплименти за тоа како сум денес посебно убава, очите ми биле преубави (имав ставено туш за очи), дека едноставно зрачам и ширам позитивна енергија. Тоа пријатно ме изненади, не очекував ни најмалку. И јас чуствував дека нешто убаво се случува со мене. Цело време бев насмеана и ниеднаш не помислив на нешто лошо што би ми го расипало расположението а со тоа и цел ден. Има многу новости на љубовен план, што е сосем чудно за мене. Одеднаш, почнав да привлекувам многу машки погледи и да примам понуди кои баш ме изненадија. :$ :D
    Ахх, да, ке повторам.. Денов е прекрасен! :rofl: :*
     
    На anabel-a и Libera им се допаѓа ова.
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не дека апстинирам од виртуелниот живот, туку немам време бре од оној другиот.
    Пред и после школо варам кафиња, а навечер топлам раце со чај од брусница. Си градам планина од кебиња, како времево застудува се‘ повеќе ми се прави меракот, а мајка ми па ми се чуди. Времево ми е само за топла соба и друштвени игри покрај печка.

    Обожавам друштвени игри, ма секакви игри.. секојдневно висење по подрумчето за играње билјард со другари, а под дома домино и карти.
    Отсекогаш сум била деградирана и потценета од страна на машките заради нивните високи ега. Значи како мала.. декларирана како машку(о)данка кој висеше на дрва пред зграда, играше втора постава џамлии(затоа што немаше место сите да играме од прва) и секогаш беше голман кога се играше фудбал, затоа што не сум знаела да играм фудбал. Е баш затоа ме вадеа од такт, ама јас како јас, трпеливо си чекав затоа што имав одбивност кон кукли, барбики, шминки, и никогаш ама никогаш не сум се маскирала во облеката на мајка ми и не сум сакала да и ги носам штиклите. До ден денес е така.
    И до ден денес остана истото, сега наместо на играм фудбал, им носам пиво и кикирики, ама пак не ме бива за коментатор на натпревари кога им го ругам тимот.
    Сега се вадат на тоа научи да играш, па потоа викни ме да те решам билјард, и потоа ќе си ја свиткаат опашката кога победувам. За жал сеуште не сум влегла во шемата да играм табла, во потрага сум по жртва да ме научи.

    Миризливи свеќи, меки раце, печена тиква, рум е е е тоа е длабока есен. А сеуште ми го нема тој шмек. Сеуште носам шорц и не сум ги кренала летните шешири, јадеме сладолед и ги прегледуваме сликите од овогодинешниот одмор.
    Ама, се додека се има инспирација за пишување е есен, или во најмал случај зима.

    И аман веќе. ДОЖД, ДОЖД, ДОЖД!
    Ќе почнам да да играм танци како во црнечки племиња, да правам обреди и да ги повикувам боговите за ДОЖД!
    :D
     
    На L-enna, sweet-cherry, cinderella5 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    СДК дека ми се пие кафе, али ме мрзи да си ставам. |(
     
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    СДк дека ни фали едно катче за позитивност.

    Денес сум среќна и не можам да ви кажам зошто. Решив да ја следам изреката - Не дозволувајте причината за среќа да биде нешто што лесно може да ви биде одземено.
    Станав насмеана, правев вежби околу 40-тина минути, доручкував здрава храна и не дозволив да се муртам што не ми се допаѓа вкусот, туку навистина уживав во сознанието дека правам нешто добро за себеси. Се искачив до рид за колку - толку да не ме фати мрзеливоста, удрив еден туш, се намачкав со омиленото кремче на Felce и потонав во свежиот мирис.
    Си ја оптегнав лежалката на тераса, затворив очи, свртена со главата накај сонцето. Ги замислив сите мигови на љубов. Изнуденото купување ружа од досадната продавачка можеби некого го чинеше 100 ден., но мене ми дари незаборавен спомен. Секојдневното смеење со него, без вложување никаков труд, спонтаноста која ја имаше, сличните интереси и воспитување, неговата срамежливост и изграден карактер. Па мачо типот, кој колку и да паѓаше во занес и ми создаваше одбивност ради тоа, не можев а да не се сетам како бакнуваше, какви сини очи имаше, како заведуваше секој момент и колку вистинито изгледаше секој гест и насмевка. И за крај овој мојов, кога трепереше како дете кога после години пак му дадов шанса. Уште ми е жив споменот кога заедно го лечевме кучето и ме уверуваше дека нема да умре. Секоја негова прегратка кога не ја очекувам, минувањето многу километри за да биде со мене и разговор кој почнува со реченицата - "Кога ќе се земеме....". Ја акумулирав сета енергија од сонцето, сеќавањата на минатото веќе не предизвикуваат носталгија, туку мило ми е што ги доживеав.

    И еве ме сега, со книгата во рака, и двете бушавки мечиња на кои сум им замена за мајка. Планинарат по мојот грб, но како да им се лутам кога ќе ги погледнам во тие светли очички? Не ме сметајте за луда, ама отсекогаш велев дека порадо би родила маче, него дете :lol: Какаото во омилената шолјичка ишарана со срценца ми е дел од рутината. И после такво исполнето, навидум досадно утро, со радост ќе ги комплетирам обврските.

    И како да не сум среќна кога се` почесто ми се јавува, сакајќи да ми го чуе тој весел глас и да го исполнам и него со среќа? Како да не се радувам кога ќе си ги пуштам на рипит омилените песни, ќе мрдам со главата лево - десно, надевајќи се дека никој нема да ме забележи? Лежалката и сонцето уште ми се тука, а бидејќи одморот на море не го поминав баш нај, време е да го довршам на убав начин, барем во мислите....

    Ви посакувам на сите денес да ја најдете среќата во себе :)
     
    На Moira, anabel-a, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Да.
    Ко ќе доеш на факултет, ќе видеш како е. Уживајте си сега, во основно и средно, додека имате време. :)
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Утро започнато со кавга во 6 и 30, само се свртев на другата страна и продолжив да сонувам. Какви се не слики ми се свртеа низ глава, од лоша полоша. Не знам зошто секогаш го очекувам најлошиот резултат...
    Така напета ја светнав цела куќа. Ако ништо друго домашниве имаат корист од тоа што сум напета :lol:
    Сега уживам со кафе што си го сварив сама. Еј па можеа едно кафе да ми сварат :( :lol:
    Ќе си посветам час, два да се разгалам, заслужив. :wasntme:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ух, ај да одам и јас да учам. :D
     
  16. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Бек ин Америка, бичес :D
    И оп, веднаш на школо -.- Учи, учи, глава бучи!
    Фала Бога сега си имам и интернет тука :)
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    И мене ме чека едно книгиче. Само едно и малечко плус.
     
  18. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК си купив мобилен телефоннн :D :D :D :D
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Еквиваленции, конјукции, теореми, импликации, Де Морганови закони, закони за двојна негација, дисјункиции, унии, пресеци, докази за теореми...Накратко:
    Драга математико, овде икс, онде корен, нисам ја за тебе створен! :yawn:
     
    На cinderella5, Libera, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и cinderella5 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.