Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Eгото те е*бе цел живот! Ништо олабај го па може и ќе тргне нешто!
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Успехот е нешто што сите сакаме да го постигнеме.
    Но, некои прилики мораме да ги испуштиме...има многу поважни работи и напредокот во професијата.

    Кога се работи за твоето семејство, се оставаш на страна.

    Еве и јас сакам да пристигнам со сите обврски ама неможам. Школо,тестови,проекти,....Преокупирана со семејни проблеми и никој неможе да помогне...

    Абе ете неможе да ми оди во секое поле. Комплетна не сум никогаш. Како и повеќето.
    Но, кога морам да одлучам...до крај ќе се борам за тие што ги сакам најмногу на свет.
    Само цело време си се надевам дека се` ќе се среди. Ова...оно се средува ама привремено :)
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    среќна сум ... :) :inlove: :rock:
     
    На cinderella5, cveke123 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Што вреди да ја знаеме природата на животот и неговото значење, ако никогаш не сме ги искусиле сите негови благодети и проклетства?
    Подобро е да го вкусиме чоколадото, отколку да се препираме за неговите состојки.
     
  5. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Сакам да бидам во сериозна врска.Сакам да сакам и да бидам сакана.Ама се плашам од разочарување.Се плашам дека повторно ке ми се случи истото.Колку и да сакаш некој колку и да си подготвен да му помагаш ти ако си разочаран од луѓето неможеш да му веруваш.Љубовта е слепа да,ама некогаш ние со сила ја правиме љубовта слепа,веруваме во нешто со сила иако знаеме дека не треба да се верува.Исто како јас,му верував односно се обидував дека му верувам и си се лажев дека ме сака,со сила се правев будала и затоа се разочарав.Затоа од сега прво доолг период со некој како пријателска врска па после со големо размислување ке одлучам дали ке бидам со некој,бидејки несакам да живеам со лаги...
     
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Се чека утрее :rofl:
     
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Oдсекогаш сум се прашувала што прават луѓето кои ги сметам за блиски во слободното време,каде мислат?
    Одсекогаш сум се прашувала како ќе реагираат некои кога ќе дознаат дека те нема? Дали ќе ронат солзи од љубов или среќа,можеби ќе им биде сеедно :?: или нема животот да им биде ист без тебе...хм...не знам!
    [​IMG]
    Прашањето што треба да им го поставам на сите мили личности и да ги видам нивните изрази и одговори.
     
    На Monna.Monna, martinuska, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ако на човек некогаш, некој му згрешил, не значи дека другите се должни да ја платат туѓата грешка;
    Ако некогаш човек бил излажан од некого, не значи дека и другите го лажат;
    Ако на човек некогаш, некој му се преправал, не значи дека другите се преправаат.

    Подобро човек да го реши проблемот со виновникот за сите тие горенаведени работи, отколку го решава проблемот со некој кој не е ни крив, ни должен за истите.Затоа што последниот едноставно нема време туѓите проблеми да ги решава.

    Бидејки секој не може да биде министер, економист итн.Тоа е целата разлика.
     
    На bittersweet, Monna.Monna, slavica999 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Велат како има навика има и одвика, јас веќе навикнав без него, и да бидам искрена 100 пати подобро е без него, нема главоболки, нема расправии, нема гужви, слободна сум и ќе уживам во слободата секако додека не најдам некој кој ќе ме "зароби" повторно :wasntme: :D

    Слушнав од другарка ми дека на 20-ти Тој ќе прави свадба :) Ако мило ми е, навистина го кажувам ова, со целото свое срце сакам да е среќен, му посакувам се најдобро. Пред некое време мислев дека тој ден нема да го преживеам, ама сега ми е сеедно.

    Друго денов беше прекрасен, запознав еден фин момак тука на Фемина, ќе се препознае кога ќе прочита ;) Потоа дојде на мајка ми пријателка на гости со малото, си играв со него, ми кажуваше за во градинка, ме изнасмеа и си заминаа. Сега ќе пукам пуканки и ќе се сместам во омилената фотелија за да го гледам Бурни времиња... Се читкаме покасно :hai: :hai:
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Тенка е линијата помеѓу лицемерието и искреноста на човекот.
    Денеска се сретнав и со двете,не дека до сега се намав сретнато,но денеска за прв пат ги почувствував во вистинска мисла на зборот.
    Имав средба со целосно непозната личност која што никогаш до сега не сум ја видела ниту пак таа мене и знаете ми подари една толку искрена и мила насмевка и толку топли зборови кои што можеби за некого не значат ништо,но мене ми значеа и тоа како многу.Направи да се почувствувам посебно,дека сепак сум оставила некаков впечаток кај неа што многу ме израдува.Убаво е чувството кога знаете дека на некој сте му го направиле денот посебен,секој ден на некого кажувајте им барем по еден убав збор што за некого ќе значи цело богатство.
    За разлика од таа која што ми покажа како изгледа вистинската искреност една моја многу блиска личност ми го покажа лицемерието и користољубивоста кај луѓето.Не сум ја видела 6 години,а денеска се однесуваше како да сум и најмила и ко да секој ден се гледаме |( Едно време кога ми беше најпотребна не знаеше еден телефон да крени,а сега кога има корист од мене се прави ко демек многу ме сака и како цел живот да била овде крај мене.Мисли дека сум сеуште наивна и мала,дека не знам да ги разграничам нештата и да проценам кој заслужува мое внимание,а кој не.Е па гадно си се излажала драга госпоѓо ако мислите дека можете да ме вртите како сакате,не сум повеќе онаа старата. :shake: Животот ме научи да се сменам и да не им верувам слепо на луѓето.Не, :!: јас нема да попуштам повеќе и да дозволам да ме газат другите слепо верувајќи им на оние кои што не ми го мислат доброто.Од сега па натаму на оние кои што ми прават добро милион пати со добро ќе им вратам,а на оние другите доволна казна им е што нема никогаш да им прозборам,па тие нека се замислат после.
     
    На Monna.Monna, martinuska, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Чувството кога немаш чувство за чувствување чувства :D
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Hayley и 9 други им се допаѓа ова.
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Носталгија ме гризе,ме јаде..
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Фала богу залади денес.Едвај чекав,кога беше топлоно во школо не ми се идеше.Не дека не сакам топло,ама ова претера, во октомври да носиш рамбовка.Убавко е и вака ладничко. :rain: :nod:
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.813
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога одеднаш се соочуваш со тешкиот удар што животот може да ти го зададе. Не знаеш како да реагираш, не ни можеш да реагираш.
    Како да се натерам да поверувам, да се убедам дека најверојатно е грешка.
    Секаде болести, болести, болести. Тие проклети нешта те тераат да сфатиш дека некогаш си кревок како мала прашинка, доволен е еден развигор за да те заниша, а потоа да те кутне доле на земја. Да ти ги скрши нозете и надежта, толку многу, па да не можеш да станеш.
    И почнуваш да навлегуваш во вртлогот од сини плочки, бели мантили и дијагнози кои се молиш да се погрешни, па одиш од доктор на доктор, од бајач на бајач.
    Колку и да не веруваш, почнуваш да се молиш, затоа што така можеш да најдеш утеха.
    Што живот си проживеал на 20 и кусур години? Само што си почнал да заживуваш, си почнал да правиш планови за иднината.
    Сурова е реалноста понекогаш, а сегашноста убива нечујно.
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, CoverGirl10 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Ако вие сте дошле порано автобусот доцни ако ние сме задоцниле автобусот подранил..
    убав ден, ретко ми се случува да кажам дека понеделник е убав ден аа ова времево му текна да се смени време му е веќе малку ме затече на враќање и коските ми смрзнаа ама ќе се среди се со чајче
     
  20. happY-smiLeY

    happY-smiLeY Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    48
    Зошто, зошто, зошто не учам ??
    Ахх :worried: Секој ден викам, готово, од утре од книга не станувам, доаѓам дома и пак иста песна. Па добро, треба сите кецови да ми ги наредат за да се свестам ?? |( Јас неможам самата со себе на крај да излезам, а не пак некој друг...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.