Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Абе луѓе знаете оти ја уште верувам во таа народната приказна ако правиш добро, добро и ќе ти се враќа?
    Добро сега, јас во малце подруга, парична верзија си ја рачунам ама у принцип тоа би било толкувањето.
    Ете успеав да си заштедам некој денар од џепарлакот за училиште и таман се израдував дека имам за една нова маичка, или кредит во телефонот, дечко ми си ги заборави парите дома и јас му позајмив.
    Денес пак, другарка ми немала пари во себе за леб за дома па и нејзе морав да и позајмам.
    И се ќе беше океј, ама да ги враќаа.
    Не се многу пари, ама мене ми се битни, јас дури и на 10денари се радувам кога ќе си заштедам а тие дали од заборавеност или незнам што никогаш не ги враќаат парите.
    Порано многу се нервивам ама сега почнав да си тешам, ако сега јас давам, еден ден Господ и мене ќе ми даде.
    Па ќе видиме, колку има точно во поговоркава. :)
     
    На julie77, Doozy, Markusa2 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.368
    Готово,ми помина еуфоријата! :rofl:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Луѓево мислат ако имаат дете сè им се може. Детето може да растура, да оди кај сака, да прави околу него ко свињарник, епааа дете е. Е мене ме заболе, ко божем само вие имате дете, никој друг на земјава нема. Никаква култура да се немало, почнува да ми се гади општо од луѓето.
    Една па, во сред кафич ја извадила цицката и го дои детето. На сред маса еј. Ќе си пишам за тоа во темата, ама човече... :x
    Колку можат да бидат луѓето одвратни само.
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Чувството кога 45 минути решаваш една задача, за на крај да ти фати една А4 формат страна. :) Абе срам ми е да кажам дека учам од 5 листа цела недела и пола ги немам поминето, ќе се јави некој од страна со книга од 1000 страни :D Математико туго моја, не те мразам бе, цел ден ќе си решавам. Подобро отколку да учам теорија :)
     
  5. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сабајле треба рано да станам!! :swear:
     
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    СДК дека ми дува од негде во собава ама нз точно од каде :?: :?: :?: :?: :?:
     
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Сдк... Е конечно дојде есен. Конечно!
    Штом надвор залади, почна сезоната на носење боди и пиење чај, значи ново годишно време.
    Моментално седам свиткана во старото Тетексово ќебе од вреето на баба ми во мојата омилена фотелја и гледам стара Југословенска комедија. Додека пареата од чајот од мајчина душица ми ги замаглува стаклата од очилата, ја гледам баба ми како заспала и тоа безгрижно избрчкано лице ми ја топли душата. Колку само ја сакам, најмногу!

    Ах есен.секоја година ми носиш среќа па ајде и оваа.Посакувам да имам некого да го сакам и да бидам сакана!
     
    На Monna.Monna и cinderella5 им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Sing with me,sing for the years,sing for the laughter,sing for the tears...dream on,dream on,dream on until your dreams come true ! ;)
     
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    8.023
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Една жена може така да те прати по ѓаволите, па да го чекаш патувањето со нетрпение. :D
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Настинав. И конечно залади, убаво е за промена. Си ги сакам новите парчиња облека, она чувство коа ќе си купиш нешто и едвај чекаш прилика да го облечеш :D а не сум единствена која има парчиња кои досега никогаш не ги облекла, знам. :lol: ма обожавам есенски и зимски комбинации.
    И може немам во моментов гиро или хамбургер со огроооомна топла плескавица како што посакувам, ама утре ако не отидам да си се почастам нешто слично еве на. Засега ќе се задоволам и со болоњезе макарони. ]:)
     
    На Ema.Sk и butterfly33 им се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК1 дека одвај чекам да дојди четврток, оти не учиме :dance: Со надеж дека и петокот нема да се работи оти обработен ни е :!:

    СДК2 дека не можам да ги разберам луѓето кои го сфаќаат животот преозбилно. Рилекс, животот не треба да се помини само со нервоза, уживај малку ;)
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Е да и јас не можам да ги сфатам луѓето што се пренапнати..иато едвај чекам да дојде четврток,и уште нешто..
    Ми се смаќи од карајне..
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да ви протресам некоја глупост да не биде работава ништо не сум кажала.

    Мојот внук од 6 години има фејсбук, кај и да е ќе станеме пријателчиња. Шта речи? Не е тоа криво, само тоа ќе кажам. :)

    Понеделников убаааав. Ногу и тоа. Скитнички активности цел ден, смотан факултет(али арно пројде денес), со другар си се смеам цела вечер тој против жени ја против мажи(секако се е тоа зафркавање).

    Ќе се спие добро вечерва. Чувствувам. Како и да не се спие после три изедени топки сладолед :D Како идиоти не гледаа со тоа корнетите низ населба лижеме ли лижеме, ама многу ми е гајле :rofl:

    Господин господин Битен, го видов синоќа. Ба, какво изговорено здраво беше тоа. :D

    Утре втрник, онака по дифолт грд е претежно, ама ќе видам што ќе донесе овој втор октомвриски вторник. :P

    Нека залади веќе да си ги носам чизмичкитееееее. :inlove:

    И сдк сум го тестирала дедо ми, му се кренал притисок на човекот, место апче за притисок му тупнав едно витамин ц, и му спаднал притисокот од апчето. Аха да. Се е психа дедооо :D ама не му кажувам :rofl:

    Баба ми купи сребрен прстен. Си ја сакам и си ја сакам и си ја сакам. И никогаш од рака нема да го извадам. :!:

    Останете ми поздравени 8)
     
    На AnaKarenina, bittersweet, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мирисот на свеж магдонос, вкусот на незаменливата домашно подготвена супа, морковчиња, брокули, компири. И носот пикнат во ќесичката со чај од брусница, шипка, хибискус и јаболко... Ниедна кујна не е како нашата дома, ниедно дома не е како моето дома.
    Му благодарам за тивкото слушање. Ги нема кај него стандардните шаблони на тешење. Ќе се гушкаме деновиве, сите на куп, ќе креираме фотографии во црвено-жолтите патеки низ Скопје. Шушкаат годините на дрвјата под нас, мое мило куче, и сјаат очите од радост за зимата што се најавува.
    Октомври, јас и ти сеуште никако да се поврземе, а зад нас, последното уловено зајдисонце од Септември
    Вели, надежта се раѓа во мракот. А што друго ни преостанува. Стапалото од кочница, на гас. Нов ден.
     

    Прикачени фајлови:

    • zs.jpg
      zs.jpg
      Големина на фајлот:
      199,7 KB
      Прегледи:
      252
    На antonina, bittersweet, Buttterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.356
    Допаѓања:
    103.044
    Пол:
    Женски
    Па и не си го заебала баш дедо ти, вит Ц го намалува притиското, дури и побргу од апчето за притисок, бидејќи побргу се раствара.
    Јас си куцкам на Фемина додека во мојот двор се прави журка, роденден, 30 и некој, не дека сум тапа ама не ми иде више пиењето дефинитвно. Идам да им се придружам, да не бидам тапа плеер, комшиите викаат цајкани, ама па ние живееме со еден така да не е проблем. ;)
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^Прво јас не го реков тоа ко да е нешто лошо, сакав да кажам дека не е зависен од тоа лековите за притисок што демек мора да ги пие секој ден, а вака мислејќи дека го испил апчето на психичка база побрзо допринесе навистина да му се симне притисокот оти се почувствува смирено бидејќи си ја завршил работата(си го испил лекот за денес). Не беше муабетот леле го заебав дедо ми еј топ, да ги носеше наочарите секако немаше тоа да можам да го пробам. Знам како делува витамин ц, тоа учам цел живот. И кај човек од 70 и нешто години што е секој ден во последните десетина години на апчиња не се раствараат лековите баш лесно па дури ни витаминот ц. :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... и да сум најуморна и капната, макар морала да ставам чкорчиња на очињата да не ми клепнат како затворени ролетни... за 2 работи секогаш ќе изнајдам сила...
    за секс, и моите серии !
    :D

    Им се џиткам сега на 3 нови епизоди, ^_^ бидејќи момакот не ми е близу мене за џиткање. :$
    Сум ги мислела цел ден сериите мои, болест ли е, што ли е, боже... :D
     
    На JuLleE, antonina, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не можам, никако не можам да се ослободам од спомени. Од оние болните, мислам. Ме прогонуваат, супер ми е и не сакам да мислам на лошото што прошло, ама не можам... Просто, посилно е од мене! Знам, многу повеќе сум повредила отколку што некој мене, ама зошто уште не можам да заборавам многу работи, да ги пребродам и надминам и да продолжам со животот? Се некој предмет, слика било што, ќе ме потсети за момент... и тука запира се, запира сегашноста, не ја гледам иднината и се што знам, се што гледам е минатото...не, не сакам да е вака. Ама не можам да си помогнам. Не сакам да гледам ништо што ме потсеќа на лошо, а како сама да го барам... контрадикторност... а сакам само заборав и спас. Ако веќе не може да се избрише, се да остане, каде што му е местото, длабоко закопано и никогаш да не излезе на виделина, никогаш. Мир е она по што копнеам. Ухх... :doh:
     
    На Monna.Monna, SOVRSENSTVO и sweet.star им се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    СДК I failed again денеска на спортски т.е. коцкарски план. :D Абе ич не ми тргна викендов не сум нормален 50 евра скурцаааааааааааав, коцкарчина луда и глупава. :D Ако ми е кога сум идиот, но знам дека е само лоша фаза и период на лоши резултати, не дека сум лош типувач. И понатаму ќе се коцкам, значи немам памет. :lol:

    Но, добрата вест е тоа што обврските и материјалите околу факултетот се натрупуваат, па со оглед на тоа дека сакам да положам повеќе од 50% предмети преку колоквиуми, ќе се посветам повеќе на учењето и на нормалниот живот. :) Мора инаку вака ништо не правам, знам дека сум на лош пат феминчиња мои мили. :) Но за среќа ќе ја фатам кривината во вистинско време и ќе останам на вистинскиот пат, нема да забегам од колосекот. :)

    Со тоа и ќе снемам време да пишувам активно на форумот, но ќе крадам по некој час од слободното време да напишам неколку поста. Ајде подобро да бидам зафатен со учење, отколку смислување добитни комбинации на спортска. :fubar: :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.