Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PrivateMe

    PrivateMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    26
    дека сакам приватност. дека сакам приватност во јавниот простор... сакам да кажам, а сите да ме слушнат,а сепак никој да не знае дека сум јас ;)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.246
    Допаѓања:
    157.339
    Текст,како побрзо да си ги решите проблемите...и сега кога измислија виршли со кашкавал, си викаш могуќе е и ова да го средиле.

    Точка број еден... Препознајте го проблемот. Молам?! И цртајте дијаграми за и против...
    Ох тенк ју.
    Како да го решам атеншн дисордерот,особено ми доаѓа до израз коа некоја се жали за дечко, кога треба да запамтам нешто НАЈВАЖНО у свет и слично,и опсесив компулсив дисордерот коа гледам материјали на кои се појавиле топчиња од триење?! А?! А?!
    Уште не лажат значи брееее... :D


    Oу и членката над мене има проблем... кој треба да го реши. А тоа се вика,немање му-да ( орден на храброста).
    Сакам да кажам се и никој да не знае кој сум. Бу-ху...
    Уствари тоа се вика скептик. Не верува у демократија. Уствари, не можеш да обвиниш некој што е благопараноичен на овој свет...
     
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    :D

    Поздрав до Lilit нека не се лути што и' ударам пик, ама ме збуни со овој пост кој наликува на кодот на Да Винчи заради неповрзаноста и нејасноста на мислите. :) Одлично изразување а ла Достоевски или а ла Ден Браун кога веќе одиме со кодот на Да Винчи, почитувана феминке. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Ееех, колку ми недостигаат пријателите сега.. Да можам да си ги гушнам, да споделам некоја новост со нив, некоја моја будалештина, мој лапсус... :) Да видам тие како ми се, што правеле, кај се движеле, еех.. Човек понекогаш не знае колку е среќен кога ги има оние, вистински пријатели..
    Уф, се натажив, ми недостигаат... Си ги сакам.. Секој посебно со своите несовршености и маани..

    Ветувам кога ќе си појдам дома, добро ќе си ги изнагушкам и ќе им кажам по не знам кој пат дека ги сакам.. :inlove:
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.246
    Допаѓања:
    157.339
    ^^ Си пишував за моронска статија од нашите портали бе?! Кој е проблемот?!А?! Ајде, хит ми! Научив да решавам проблеми! :D
    Онака упатство,рецепт,као за Васина торта да правиш! :D
    И после гледам над мене пост и се надоврзав на нејзиниот проблем со скептицизмот со демократијата! :D Сака да каже се што мисли,ДА БИДЕ ЧУЕНА (леле ако мисли на фемина,онда... :D Ова имаш све, освен демократија, ни свадба не можеш да си организираш ко шо сакаш,одма свадба наци доаѓа! Не смееш ни за рамковен да пишеш, пошто некоја ќе плаче,ќе пцуе и македонско знаме ќе запали! :D ), ама пак да не ја знаат,пошо не верува у системот...Онака се заебавав за тоа,ама малку ми падна смешно...Добро малце поише.

    Ај сеа кажи шо те мучи,да ти ги решам проблемите,по пат на дијаграми! :D

    Устварииии тебе бистри ти биле мислииите денееееееес...Аааааааааа...сфаќам! :D
     
    На PussyHunter и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да избегам од тука, вистина е дека ништо не ми недостига, независна сум, имам луѓе што ме сакаат. но мислам дека сакам на одредено време да заминам во друг град..
    Затоа бев денес во уорк енд травел агенција и си се распрашав се што треба, и се надевам дека следното лето ке ја видам америка :inlove:
    ох колку се радувам, знам дека не треба предвреме да се радувам ама среќна сум..
    А овој па мојот, кога запна |( што ке правам без тебе? тоа што си го правел и кога си бил без мене..
    не дека не ми е гајле што туку така ке го оставам, но решив, и не може и не ни сакам да се откажам од мојот сон...
    си прави филмови, јас ке го варам, ке се мувам.. ама не знае дека јас да сакам и тука ке му го направам тоа, па никому ништо ..
    ај со господ напред :)
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Предизборен молк, ја ли врзан јазик ко врзано ќесе...? Што ќе да е?
     
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не сфаќаш ти ништо, само претпоставуваш. :lol: You just assume baby. :D Така Lilit разменивме пар “жестоки“ мислења, да не се препукуваме тука, а ако сакаш продолжи, најжестоко ќе ти возвраќам. :D

    Инаку да не испаднам the God of trolling, ќе истакнам дека денеска времето стварно залади и ја осетивме есента. :) За првпат после повеќе од 5-6 месеци си пуштив да ми дува топло во количето додека си го возев пи*ето. :D Се плашам да не биде многу студена зима пошто како што најавија не очекуваат екстремно топли лета и екстремно студени зими, практично ќе нема пролет и есен. :P Е ајде и тоа чудо да го видиме. :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.246
    Допаѓања:
    157.339
    Мене ме погоди најмногу што Васил (Марионка) бил геј! Ми беше прва симпатија бре!!! ;(
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Кога толку многу мислев дека нема веќе ни чувства, ни емоции, ни ништо во мене за него, пак се јави. Сам. Тој. Зошто сега кога не ми треба? Кога се навикнав да живеам без него. Кога жив го закопав. Кога од мене успеа да направи идиот без чувства кон никој. Зошто сега пак се појави. За да ме доуништи или има некоја друга причина? Ама нема да му завртам лице. Нема никогаш повеќе да минам низ истото макар и да умрам од болка од спомените. Ради него не успевам да направам некој подлабок контакт со машко, ради него се плашам да гушнам некој.Ради него престанав да правам многу работи кои ги праве секој нормален човек. Не заслушил он ништо добро од мене на крај. И да, многу пати викам дека сакам да побегнам некаде. Сама. Тука секако имам чувство како никој да не ме сфака. Џабе зборам. Ме гледаат бледо и ми даваат некои мутави коментари сите. Добро освен татко ми. Фала му на Господ шо ми дал таков татко. Неограничен во сфаќањата, човек кој може да те ислуша за се. И мајка ми. Ама се карам бе со неа. Нервозна сум. А она не знае да слуша и да куте. Ах тато татооо каде си денес да ти кажам некои работи јас тебе. Е само заради моите немам срце да се иселам од оваа проклета, проста, сиромашна и бесперспективна државичка. Кој знае.можеби некој ден...
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Симпа ??? Абе од тогаш се гледаше дека ќе биде педерче :lol:
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    9.10.1992-со тешки сили мајка ми ме донела на овој свет,ич не сум сакала да ја напуштам утробата,веројатно и затоа до ден денес сум толку приврзана за мајчица моја.Мама ми раскажуваше дека кога сум се родила,имало страшно невреме.Како дете сум била многу мирна,и солзите ми биле главно оружје кога некој ќе ми го повишел гласот.Од секогаш сум знаела да почитувам кога ќе ми се каже.

    Се сеќавам како помала,со душа чекав да дојде преминот од 8ми кон 9ти,и кога некој ќе ми честиташе роденден многу плачев,веројатно од среќа.Знам дека на секој пред време му кажував што сакам за роденден,и ако не го добиев тоа бев многу повредена.Се сеќавам за еден роденден сакав кукла голема,мајка ми ми кажа кога ќе се разбудиш ќе биде до тебе.Ама пуста моја возбуда,ме натера да не издржам,се будев на секој пола саат и ја барав куклата.Бев многу лута,потоа некако сум заспала и кога пак се разбудив куклата беше до мене.

    Денес полнам 20години.Сите работи кои некогаш мислев дека се далечни денес се до мене.Си мислев колку е далеку времето кога ќе имам дечко или ќе се запишам на факултет.
    Ме израдуваа многу повици и честитки.Прекрасно е чувството да знаеш дека некој не ти го заборавил твојот ден.Сеуште се радувам на подароци иако годинава не побарав ништо од никого :D
    Убаво е чувството.Од секогаш на мојот роденден се чувствувам како да сум центар на сите случувања,така е и денес.

    Тортата си ја направив повелете виртуелна дружино. :party:
     
    На thelittle17, Annath, kate21 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.246
    Допаѓања:
    157.339
    Цирибирибела,сеа ме замисли! Сите беа по оној Сакам кола убава,само јас по Васил бре! :D Ама дете, од кај сум знаела што е геј?! ;( Ама треба да го разгледам прашањево,зошто пак Васил?! :D Се плашам дека има скриен месиџ у тоа. :D
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Абе гулабите ми одлетаа ви кажав? Ги немит веќе..
     
    На XstrongerX и kikiritka89 им се допаѓа ова.
  15. kikiritka89

    kikiritka89 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Ова беше тешка недела за мене. Ни самата не сум свесна кај се наоѓав ама ако се исплати барем.
    Ако некогаш сум згрешила нема повторно.....
     
  16. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Незнам што сакам да кажам.
    Чувствувам како да во мене органите ми играат ориентални танци, се прекршуваат, се вртат и повторно се враќаат на нивното место. И цел ден така, одново и одново.
    Нормално е. Чувствувам и доза страв, нестрпливост, фрустрација, но среќна сум. Сепак на крај останувам да се дружам по малце и со тагата.
    Душава ми е жедна за нешто ново. За некаква промена, и еве ја добивам.
    Вчера за малку ќе ме расплачеа. Муабети, потсетување на старите добри времиња и многу гушкање. Им делев љубов, а они мене храброст.
    Ги сакам.
    А го сакам и него. Тој па, се смешка цело време. Ме погледнува и ми се насмевнува, со онаа виновна насмевка, како да сака да му простам што несака да ми ја покаже тагата. Но го разбирам, потполно бидејки јас го правам сосема истото. Се смеам и се кикотам како луда по цели денови. Брбљам без прекин, водам банални муабети, бидејки се друго ми е болно. Бидејки се ќе почне да ми недостига а јас уште не појдена.

    И така, дојдов тука да си поприкажам за мојата мака драга Фем. Оти тешко е да се патува 18 саати, кичмата ќе ме боли, а можеби и нешто друго...

    https://www.youtube.com/watch?v=STf7B33yEHw
     
    На L-enna, Tenkai и kravce им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Скопје ќе добие вртелешка од 160 000 евра!

    Cо здравје да си ја користиме, и на нејзе да се втиме, втиме, и втиме, дур мозокот не ни се зашемети, и да заборавиме која бедотија сме...
     
    На thelittle17, Annath, butterfly33 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не бре, сериозно паднав во депре(сија). Има денови кога онака ми доаѓа да мрчам ко Битолчанецон во клипови, не да исмејувам, туку да мрчам до висок степен на шлакнатост во шејкер со досада. :drunk:

    А не дека немам што да правам, имам ехеее да свирам ко штурчето, место да работам ко мравката. Ејјј не ми се мрднува, не ми се движи, мрзоволна сум, абре да седам да се укочам во креветов, па не Септември, вејк ми ап вен дис муд ендс.
    Кого да прашам што осеќам кога и сама не знам? |(

    Има денови кога мрчам зашто порно глумицата стенка онака фејкерски, измонтирано, мислиш претходно го вежбала истото на диктафон ...
    Оооох, врати се Сузи. ;(
     
    На thelittle17, Doozy, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  19. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Хахаха не се нормални бе овие, извртеа 160 000€ на вртелешката. :D Ќе измислат и вештачка месечина над Скопје само да лапнат уште некое милионче. :lol:

    Немам никакви политички претензии ниту сум симпатизер на некоја партија затоа што политиката е
    курва
    , ама мора да признаеме овие на Илинденска бб градат + крадат, за разлика од претходните кои само крадеа. :D Добро ај да не навлегуваме во такви сфери. ;) Ама 160 000€ за вртелешка??? Не дозволувам да ме прават малоумен!
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Оваа вечер не спијам.
    Се наголтав капучино, се избањав и сега ќе дремам пред компјутер. Ќе чекам сите да идат на работа па ќе рокнам звучниците до даска.
    Да, тоа ми треба. Баш тоа. А после како ќе го преживеам денот ненаспана е знак прашање. Ама не е ни битно.

    Колку брзо одминува времето. Како летаат овие месеци. Чинам вчера започна летото а веќе што се вели е на прагот зимата. Толку чекав времето да подзалади а сега кога веќе заладува јас не знам како да се стоплам. Ни тренерки, ни чорапи не помагаат. Само да си лежиш во топло ќебенце.

    А да, и мачката ми текна баш вечер да ја бањам. Не сум видела суштество што повеќе мрази вода. Добро е што не ми остави гребаници како по обичај. Па дури од купката моја и ставив. Која привилегија ја има :).


    И да, постов ми е безвезален ама колку да се шкртне нешто...одамна ја немам посетено темава. :)
     
    На CIA, anabel-a и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.