Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!:

    Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности


    Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони тврди дека карактерот на жените и нивните сексуални склоности, може да се проценат врз основа на обликот и големината на нивните гради. Еве како тој го дефинирал сексуалниот темперамент на неговите „испитанички“

    Диња
    Спрема мислењето на овој италијански сексолог, жените со големи, кружни гради кои личат на дињи, можеби на прв поглед делуваат мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквите жени обожаваат да јадат, сакаат да им угодуваат и да им се восхитуваат. Воедно, тие не се премногу заинтересирани за секс.

    Лимон
    Градите со облик на лимони, укажуваат на „жешка“ партнерка. Таквата жена е полна со живот, умее да се насмее од срце и да се пошегува на своја сметка, а во креветот сака разновидност.

    Ананас
    Оние со овален облик на гради кои наликуваат на ананас, оставаат впечаток на интелигентни жени. Сопственичките на необично наречениот облик на гради, се успешни во својата кариера, а воедно се и романтични и верни љубовници.

    Грејпфрут
    Градите кои изгледаат како грејпфрут, укажуваат на жени кои ги одликува скромноста и едноставноста. Таа ќе го разгалува својот партнер и на неа, нежноста ѝ е поважна од сексот. Иако изгледаат многу еротски, сопственичките на такви гради се срамежливи, а во креветот немаат преголеми очекувања.

    Портокал
    Жените кои имаат два портокали под маицата, се самоуверени и добро знаат кои се нивните животни приоритети.

    Цреша
    Кога градите личат на цреши, станува збор за интелигентни, многу забавни и возбудливи жени. Тие се срдечни, друштвени, разумни, добри, сигурни во себе, но и малку површни. Тие се прилично посветени во сексот.

    Круша
    Жените со гради со облик на крушки ја сакаат љубовта и сите нејзини варијанти. Пријатни се, но и нескротливи и самостојни. И покрај тоа што не се премногу интелигентни, а честопати се и несмасни, тие сепак знаат како да ги повлечат мажите за нос. Неверни се, бидејќи ги сакаат авантурите, а сексот за нив најчесто претставува чиста екстаза.

    Јаболко
    Жените со јаболкови гради наводно се фригидни домаќинки, кои тешко доживуваат оргазам, но во креветот би пробале баш сѐ. Не сакаат да ги менуваат партнерите и најчесто се попаметни од своите мажи.

    Домат
    Жените кои имаат гради со облик на домати, според Лоренцони се преполни со љубов и во животот уживаат со цела своја душа. Тие лесно се заљубуваат и сакаат да бидат доминантни

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    www.kafepauza.mk
     
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ме фатило некое лудило од сабајле.
    Станав си направив сама доручек,кафенце,па нате нане полека си уживав во оброкот. :)
    А потоа дека сама дома,гласна музика,танцување низ цела куќа,пеење...а врвот е оној момент кога се нафрлив на миење садови,правење ручек,чистење све што стигнам.
    А моментално сум со здрвено лице поради мојата маска,третмани на раце,лице...испробав се што имам дома,а сето тоа го правев танцувајќи. :D
    Некој да ме види само цел ден што правам ќе се чуди...а богами и јас се чудам што стана со мене денес... :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    СДК дека има за учење а ич не ми се учи :^)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Он заборава што кажал
    Мене па ако некој нешто еднаш ми каже никако да заборавам
    ....
    И така ние ќутејки се караме, не му држи уста да отвори |(
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^ Е шо сеа?Се скаравте? Вие? Абе не зезај, исексајте се веднаш, и тоа лудо и незаборавно, па дури и ти што памтиш кој што ти кажал, ќе заборавиш зашто сте се карале и тоа ќутејќи.

    Уффф, одмор после ручек/вечера е најбољи, си се оптегнеш на креветчето, даљинското у рака и си пушташ бој ту бој тиви и се запрепастуваш, губиш доверба у машкиот свет. Се зезам, не сум пуштила сеуште бој ту бој, прво планирам хастлер да пуштам :rofl: Значи како владеам со терминиве на програмите за возрасни, дури и јас се чудам 8)
     
    На Moira, kravce и danichap им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Добар дан туго, ево врачам ти се ја ...


    Мајка ми денес срце ми стопли, ми вика: Зошто си толку сериозна и тажна? Ти не си ти, ако не ме насмееш, ако не кажеш од твоите шали, ако не го разубавиш некому денот.

    Ех мајко, дури и јас знам да сум тажна. Не ми е добро, не ми е воопшто добро. Само мир и самотија ми се потребни.


    Ваљда секому му требаат.
     
    На eli25, cinderella5, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Вторник, пезнионерски ден, полна 19ка со старчиња сите до еден со кеси од Карфур, замислете во автобус не можат да постојат една секунда, а можеле да чекаат толкави редици пред влезот и на касите од хипермаркетот.
    Туку секоја вечер обавезно го сонувам тоа што го правам преку ден, е последниве неколку ноќи сонувам само бои, бакнежи, насмевки и прстени :^) ....
     
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Греам раце на столна ламба, додека не започне грејна сезона. :drunk:
    Што ли уште да облечам за да се згреам, или кого да викам да ме подзгрее. А,а,а..?!?! ^_^ :wasntme:
     
  9. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    kitty.lover само чајче му е мајката :D
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Прошло лето и дошла је зима... Сада свака даска, сисе има :| :emo:
     
    На cinderella5, Monna.Monna, Mrs.Cuper и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Секогаш кога сум заљубена, размазена, фина женска со манири, кога си држам мисловен поглед, па и мисловно посматрање (за подетални информации Браќа Карамазови, Достоевски), кога се држам како што обично не, и кога мислам дека се би направила за мојот маж... си ја слушам Ета Џејмс!

    Си го видов мојот човек по толку месеци и ми помогна да и вратам на комшиите дупло за сета бука и мака нанесени неправедно на мене. И ме држеше за рака, како што никој не знае да држе, цврсто, нештедливо. И ме гушкаше цврсто во автобус да не му паднам, малку да не му се лизнам. И ме гледаше баш како негова Палчица. И ми го чуваше сонот, ме љубеше и милуваше, одново се запознавме самите; па го препознавме она што го чекаме толку време...
    а да кажам љубов, малку ќе да е!

    http://www.youtube.com/watch?v=_Q2rZb7E0EY
     
    На bittersweet, caroline.costa, Hkikica и 18 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Како на вовчето од Боливачково да сум. Крени застани, пак некој крадел кабли изгледа. Вечерата набрзинка ќе е. И така додека не мрдаме на никаде ми доаѓа така една мисла. Сакам да сум домаќинка!
    Не ми е до пеглање да се разбереме. Си фантазирам јас тука. Како си шетам по дома од сабајле со витлери во коса, кафенца, лакирање, разубавување на раат. Ах убавини. Звони телефонот -ланч? Јес дарлинг! Како си, цмокцки во воздух, леле колку убава блуза, фала фала, ти многу убави чизми имаш, ама чекај ти си ослабната, леле колку си убава, леле и ти, кафе, ма какво кафе, дај винце за муабетот, па после ќе се испратиме, па малку шопинг терапија, ах кучката, морам да си најдам нешто ново за наредниот пат да се дотерам повеќе од неа!

    Вууухуу кренавме, трајте си! Ми помина сонот.
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Ладно нек си е*е мајката. Сакам кога е топло а не вакво тмурно,ладно,грдо време.

    Ми стигна сметката за телефон и кога ја отворив ваква бев [​IMG]
     
    На Hkikica, slavica999, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Ех времиња.. Не дека се сеќавам на Југославија па да го тупам ко дедо ми и татко ми кога маваат ракиивче, ама навистина порано поубав живот се живееше. Го видов денес бубаторот од основно, изменет, мангуп, тоа гласот длабок, кога се смее мислиш земјотрес, ама толку ми врати некоја топлина на душичкава со нашиот два три реда муабет за детството...priceless :)
    Инаку татево го испратив на родителска пред некое време и го предупредив со десна нога да влезе, а јас си се прекрстив со надеж дека дневникот нема да се отвори на средбава со класната и дека главна тема ќе биде таа фамозна екскурзија :lol:
    И така седејки и чекајки да се врати тој со свежи средношколски информации, си разгледувам јас по денешниве новини со чајче во рака и што да видам рингишпил на плоштад `Македонија` вреден 160.000 евра. И ни треба богами. Си се вртиме во круг со напатената наша држава... Тоа беше се за денес, ви благодариме на одвоеното време и останете со нашата програма :D
     
    На SexyLady и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Знаеш дека светот отишол по ѓаволите кога ќе дојде време колешка да краде од тебе. И тоа не само знаење, туку и материјални работи. Ја сфаќам таа компетиција помеѓу бруцоши, па ајде нека биде и меѓу постари колеги, се грабаат за вниманието на професорите и се натпреваруваат со оценките во индекс, ама ти буквално да крадеш и да се правиш ко ништо да не се случило кога упорно те гледам со предметот во рака? Или премногу паметно изиграно или крајно ненормално, не знам кое е. И тоа да беше било која колешка, ама ова станува збор за некој со кој буквално го поминуваш секој ден. Мене искрено многу работи ми сметаат, пребирлива сум екстремно, не можам да поднесам секого, ама едноставно, за воља на добрите односи, трпам и гледам да се прилагодам, зошто во спротивно би било војна водена на празно, за џабе, со однапред познат исход. И очекувам истото да го прават за мене, зошто ако јас почнам да палам, нема вода што ќе го згасне тој пожар. Ситни души бе, женишта глупави, ама ако, талентот мене никој не може да ми го украде, може само да зеленее од страна додека гледа и импровизира.
    Но, подобро е вака, некои луѓе и подобро е на време да ги дознаеш какви се, макар и те разочарале, а тенка е границата помеѓу само колега и пријател. Дистанца и строго службено, се крстам во вас.

    И да, кога еден ќе ти рече дека не чиниш, во ред е, повлечи се, не ти треба таков. Кога двајца го тврдат истото, треба да си ја чукнеш главата малку и да размислиш што не е во ред со тебе. Мнозинството секогаш надвладува, а најчесто е во право...дури и кога станува збор за недоразбирање.
     
  16. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Сакам да кажам дека сум во исчекување да ја погледнам gossip girl season 6 :$
    Вчера беше 8 октоври значи вејке е промовирана ама додека да ја стават на нет. ќе си почекам! :tmi:
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    СДК дека некои среќи се толку големи, што целосно зашеметуваат. Еве,уште стоиме со неверување пред ова мало чудо кое мирно спие и никако да си поверуваме на очите. Сета љубов ми се чини ќе ми го распука срцето на милиони прачиња пред глетката како синот ми ужива во прегратката на татко му. Се топам, ме снемува, се губам како под опиум.Љубов,да, сега доби сосема друга димензија.Безусловна љубов има, о да. Една е и единствена :inlove:
     
    На AIT, Serafima, Hopeful и 35 други им се допаѓа ова.
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Заборавив да ви кажам последниве денови колку сум среќна. Оној црн облак конечно се тргна од мојава глава. Да, се молам на Господ оваа среќа да трае... Зошто убаво е кога ќе те огрее сонце и после се.. :sun:
     
    На Umbrella22, ludoto19, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Пи*ка му мајчина на комшијата/ката кој/а пржи стек и лепчиња у 9 саатот навечер :swear:
    Не дишам,не дишам :shake:
     
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    Периодов баш ништо не ми оди од рака... ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.