Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Колку ми е мило кога ке прочитам/слушнам колку некој е среќен.Тогаш и јас сум среќна бидејки барем некој на светов е среќен,не се сите тажни како мене.Бидејки среќата сеуште не изумрела.Бидејки сеуште има насмеани лица,со спокој во душата.... :)
     
    На Glossy-girl, kravce, aaaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485


    Може ке те изненади со вечера комшијата,не се лути па ти одма :P :D

    [​IMG]
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Сдк дека едвај чекам да залади, за да можам да си ги носам овие
    [​IMG]
    :inlove: :inlove:
     
    На I.love.your.lips, Anna-Banana, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... и јас кревам раче и се вбројувам во групата на оние кои веќе си купиле чизмички, и мирно чекаат да застуди остро, за да тропкаат по скопските улици и калдрми.
    Си се опремивме вчера со мама, м'кневме кутии како чукнати, нешто за нас, а го почестивме и големото бебе.
    Очињата му светнаа, најевтини беа неговите, а запакувани луксузно, чиниш ги правеле по мерка за некој богат шеик. Пукнав бре. :D

    Отсекогаш сум тврдела дека креативноста и инспирацијата доживуваат кулминација во само два случаи - кога си најмизерен или премногу среќен.
    Јас деновиве сум на средината од панорамската вртелешка, златната средина - нит сум премногу арна, ниту премногу лоша.
    И тоа можеби е добар знак, за мир и спокој, барем на кратко.

    Не знам зошто сум навикната животот да го живеам во екстреми, во црно-бела рамка, со луѓе кои или премногу ги сакам, или ги мразам од дното...

    Една фина работа која ја забележав, со мојата работичка, вака-така, станав некако повредна и почувствителна за туѓите, односно домашните потреби.
    Претходно бев лута, гневна, и најголем дел од времето апатична; глува за нечии потреби или помош.
    Сега не ми претставува проблем ништо низ домот, а претходно не се ни потресував што паднало, а што станало, од што ми беше мака, од животот и грдото секојдневно сивило.

    Работата го краси човекот. :)
    100% точно.
    :)
    Бидете умни.
    :*
     
    На bittersweet, JuLleE, caroline.costa и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Мн Бундести чизми :lol: :clap: спремни за зима
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Конечно хепи деј :ninja: Убави вести уште од сабајле, планови за понатаму, денови кои едвај чекам да дојдат ^_^

    Утре скратени, четврток не се учи, петок не се учи (обработен ден со еднодневната екскурзија во саботата :!: ), сабота и недела слободни... Ехааа ко Велигден да иди си се осеќам :D
    Многу сум среќна бе луѓе, конечно....
    Сите ве сакам денес :inlove:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Кога денот ќе ти започне со Алачки со наочари а-ла-мува и нејзиното прошишување на пешачки додека назад се вози Кинез кој слика со професионален апарат, шта друго речи. :D Сигурно ќе го носи во емисија, исто како и амбасадорот на Словачка... пицнат во костим Бицијани, оваа му тупнала да ренда кромпири.

    Самоволно си ја кратам работната недела, од знајни и незнајни причини. Утре си одам дома, и не сакам пет дена да чујам за никој и за никого. Луѓе изгубени во свемирот и просторот, не знам ни јас што се чудам, се било и поминало, зошто ова да не биде и помине. Моето грло, стандардно септемвриско-октомвриски, функционира со половичен капацитет и сеќавам дека ќе почнам да верглам како старо фиќо или да бидам како уикед уич.

    Октомвриски ги искористуваме колегијално последните сончеви зраци и фрустрациите ги претвораме во заебанции додека се печеме како змии... Битно да се дружиме. Скопје, некогаш те сакам, ама ги мразам твоите ноќни линии и булеварите кои толку многу ги сакам, ми задаваат толку голема мака кога треба да ги изодам во незгодно време од денот, односно, ноќта.

    Дотичниот дојде некна, нели, загрижен родител, немојте да мислите дека ме праша дали имам чевли, палто, книги.... Ми донесе три марули, кило моркови, кило патлиџани, кило краставици, леб, маргарин и колбаси. Оти он знае што е најдобро за мене и што ми треба. Пари, ич не ми требаат, што ќе ми се. Не дека имам уште 230 денари со мене и никаква надеж за повеќе. Ми ги испланира парите, ќе сум зела стипендија, таман киријата да си ја плаќам.... Оооо, прост човек, да се понудеше барем со илјадарка месечно, да беше родител на дело, а не на зборови.

    Се бркаме со ветрот и со дипличиња, не сум знаела дека на повисоките спратови не е ветар туку е ураган, па да видиш како дипличе закачено со две штипки паѓа надоле како ѓуле. И додека стоев и жално го гледав, дигнавме мала узбуна низ цела зграда, проследена со разбудување на тројца дечки кои љубезно ни го бутнаа врз еден лимен кров, една баба на која наводно сме и скинале еден тел од петте|( (ќе и купам сушална од Карфур, телот та телот, демек златен и беше) и на крај ми дадоа генијална идеја да земам скала, и јас, Дузи, човек од два метра и сто кила (по стоти пат, ова не се моите вистински мерки, значи знам дека не сум мало џинче), и да се качам прво на скала, а после на лимен покрив. Дали човекот беше слеп (очигледно не му се виде колкава крава сум) и мисли дека јас јадам само кога татко ми ми носи марули? :D

    Скајп е во полна функција претходнава недела. Не знаев дека некои луѓе толку ќе ми фалат и ќе имаме толку да си кажеме. Некогаш се сецнувам, и сакам веднаш, ама одма, да им кажам нешто или да им се јавам, и после ми текнува... Абе не е тука бе, ќе треба да чекаш додека си отидеш дома и вклучиш компјутер. Ех, арно и тоа што го има.

    Сестра ми ме чека нестрпливо дома, ми пека по телефон, а до некна не и зборував. Греотка е бе, на глава ми се качува и пак ја жалам. :D Ќе ми цртала. Добро девојче е сепак. Баба ми се јави двапати во последните два дена и тоа пред самиот почеток на Бурните времиња. Мајка ми ме праша што сум сакала да ми зготви. Дедо ми ќе ме пречекувал. Тетка ми ми пишува на фејсбук кога си идам.

    Го нема човек дома две недели и џоа паша го гледаат после. ]:)
     
    На bittersweet, Mishela, Buttterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.996
    Пол:
    Женски
    Дури сеа прочитав :rofl: , ах бе ме изнасмеа, па да не прочитаат сите во спојлер.... :rofl:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Вечерва можам да пишувам за се.

    Можам да ви раскажувам за моите љубови, и бивши и сегашни. Поточно, можам да ви кажувам за како тоа никогаш не сум се заљубила вистински, а сите мои врски биле логична последица на неколку дејтови.
    Можам да ви кажувам за можеби единствениот човек кој кај мене побудил некои емоции и направил да се почувствувам поинаку од сите други, и за момент, сакано. За човекот кој ме остави со скршено срце, но ме смени, на подобро.
    Можам да ви зборувам и за моето детство, тинејџерските денови, како тогаш беше поинаку, како растевме без фејсбук и вулгарни песни, ами со Наш Свет и Супер Ѕвезда, за првата љубов која значеше „ме погледна и ми се насмевна“, за првите симпатии, за сите мои родендени.

    А можам да зборувам и за иднината, за Brave New World, за што ли не чека, за каде се гледам себеси за 5 години, за мир во светот.

    Но денес решив да ви зборувам за сегашноста. Ме немаше некое време на форумов. Само одвреме-навреме ќе напишев некој краток мрчаторски текст во СДК или ќе одговорев некое прашање.
    Се случија некои работи во меѓувреме. Се случи преселба, факултет, бркање автобуси...последниве две недели беа една голема мешаница и трчаница. Но добра сум. Сакам кога има нешто за правење. Добра сум. Ќе пишувам.

    http://www.youtube.com/watch?v=m5CE1yPDxAs&feature=plcp
    Ве оставам со една убава песна што постојано ја пуштаат на Vh1. Би сакала да ја посетам Варшава назима. Се што ми треба е точачето ми :sun:
     
    На zarah, teddybear, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Дојдов во темава да ви кажам дека имам две нови симпатии.
    Не дека мене ми се симпатии, ама најубави се :D

    Знаете од оние да ги грабнеш и да бегаш.
    8)

    Јас брво бегам па ќе грабам. Врска си немам што кажувам, ама можеби ме разбирате. :rofl:

    Инаку јас уште си фурам наочари у пегланово косиче и маички по кратки ракави. Трендафилка е сведок :rofl: Сите наоколу чудно ме гледаат ама што да им кажам освен оставете ме на раат ]:)

    Мене денес официјално ми почнува есента. да да, денес прв пат улица македонија мирисаше на печени костени, и денес јас ја започнувам мојата есен додека си шетам и си мирисам и си се подновувам со книгички или некое парченце накит. Ах филм бре филм. :D

    Многу сакам кога вака без оглед на сите лоши исцрпувачки работи низ деновите имам сила да останам топ расположена. :P

    Видимо се на виноскоп :emo: (ова колку да се пофалам дека ќе одам :rofl: )

    Ајде чао. :emo:

    Едит. И сакам да кажам дека ако посветувам 5 минути да напишам еден пост, после тоа посветувам уште 15 за да ги отстранам вишокот смајлиња и да стигнам до десет. Нек се превземе нешто. (насмеано смајли)
     
    На pamelche, bittersweet, Elennaa и 21 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    Ја јавнав мојата метла,растерав разноразни замарачи,вампири и дишам чист воздух.Жал ми што тоа не сум го направила порано,на некои луѓе едноставно не треба да им попушташ и да им даваш премногу шанси.Точка.
    .
     
    На kate21, zarah, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  12. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат!

    Проживеав и надживеав многу нешта…Се променив поради многу луѓе и ситуации…Доволно! Од денес започнувам да живеам само за себе! Биди природен! Биди себе си! Животот ни е само еден и не смееме да дозволиме некој да ни го обезвредни. Горе главата и не играј по правила…Барај за да добиеш, гради за да имаш и греши за да учиш! За да воведеш ред во својот живот, најпрво треба да го исфрлиш ѓубрето од него!

    Да мислиш дека животот ќе се однесува добро со тебе, само затоа што си добар човек, е исто како да веруваш дека бикот нема да те нападне само затоа што си вегетеријанец. Затоа…биди спремен да се сретнеш со бикот и продолжи да бидеш добар човек! Се во животот е многу едноставно и се сведува на ова – сакаш ли нешто, се бориш, немаш ли доволно храброст, губиш. И притоа да знаеш дека интригата е силата на слабите! Не дозволувај никогаш некој да биде приоритет во твојот живот, кога ти си само опција во неговиот.
     
    На kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Осцилирам во Љубов.


    Толку скришно, а моќно.

    Ви ја препорачувам момава, совршено добро лежи со ноќ, галење со партнерот, топло винце и лезети:
    http://www.youtube.com/watch?v=mJtM7SRo6l8
     
    На Anabelle и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Вчера починал еден мој сограѓанин.
    Прееска цимерка ми ми го кажа ова.

    Преубаво дете, имаше таква универзална лепота, овие од Холивуд можеа вода да му носат.
    Свиреше на гитара.
    Имаше едвај 22 години.
    Пред неколку месеци имаше ко акција за да му се донира крв.
    Беше болен од леукемија.

    Не го знаев лично, али сите во градот го знаеја. Му имав одено на многу свирки, си поминував најубаво на нив. Никогаш, али никогаш, не го имав видено намрштен, али жими се, секогаш имаше блага насмевка на лицето.
    Жално.
    Жално што морам во минато време да пишувам за него.

    Ми се насолзија очите прееска кога слушнав, иако не е некој што го знаев лично, сепак беше премногу млад, само 2 години постар од мене. За греота.
    Штом јас се осетив така, како му е на тие што стварно го познавале? На неговите другари, девојка му?
    Како им е на неговите родители?! Каква е болката кога се губи сопственото дете?
    Да го гледаш со месеци како гасне, а нема никаква помош да се спаси.
    Ужасно.
    Нека почива во мир.
     
    На creshicka, andromedae, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги мајките посакав и јас да станам мајка, нај сериозно :wasntme: сакам да пишам таму за бременоста, па за бебчето :lol:
    [​IMG]
     
    На CIA, AIT, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Некои луѓе заслужуваат искрена, силна прегратка околу вратот ... со јаже! ]:)
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК колку е безвезе она чувство, и колку одеднаш може човек да го фати лутина, кога наумил нешто да оствари и одеднаш некој го спречува во истото, се само заради злоба :@ |( :| :worried: :(
    Само здравје, време ќе покаже дали тоа имало ефект или не :devil: :emo:
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Јас пак сум допамински среќна.
    До кога ?! До КОГА ВИШЕ?! ;( :D
    Стварно се што е многу нечини!
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Цимерката ми замина на Финки жур-бур, а јас тука сама со замисленото пријателче јадеме „тазе“ пуканки, пишуваме уплатници, слушаме музика, се караме зошто не си легнуваме порано...

    Многу сум смешна. Толку многу се двоумам која тетратка за кој предмет ќе ми е. А сите што си ги купив се убави со спирала, зарем е толку битно каква е корицата? Детски смешки...

    За прв пат осетив како е да го нејќиш фамозниот понеделник. Станување рано, малце работа, па дома, па факултет.... ее и во 6 и пол дома - и упс! :o се чудиш што да зготвиш, макароните не се во мода, им треба и доста време дури се зовријат во вода... И правиш губи - демек потенки се, побрзо ќе се сварат...

    Веќе немам време пешки да одам на факс, а баш убаво ќе ми дојдеше. Ама и оние 10-15 мин во бус супер ми доаѓаат - навираат секакви мисли. Искрено, не знам вас како ова ќе ви звучи, ама во автобус сакам да сум сама, без пријател/ка. Ќути си, мисли си. :emo:

    Вчера, на враќање, мислам дека подочњаците толку многу ми тежеа што правеа да се осеќам постаро, а не како девојка од 20 години. Не дека ме исплаши понеделникот... ама :!: ... кога ќе се присетам на ланските понеделници и сегашните, сфаќам дека секој нареден ден ќе си биде и посложен и побогат со секакви случки... и едноставно треба да се навикнам на тоа. Арно ама денес, вторник, мислам дека зрачев. :sun: Како 20 годишна девојка. Се радував на друштвото на факс, разговорите со една професорка, се‘ наоколу ми изгледаше убаво... Јас пак си се вратив дома и не знаев што да јадам... :doh: ама тоа и не е толку важно. Внатрешно се чувствував убаво.

    ~ Добра ноќ ~
     
    На Hopeful, bittersweet, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Епа што да кажам!

     

    Прикачени фајлови:

    На antonina, kate21, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.