Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Тооооо една добра и квалитетна мисла ми го дигна... расположението пред спиење. :D

    [​IMG]
     
    На martinuska, Cacy, imorena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На martinuska, Cacy и blond им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Да ви кажам...Ме дрма емоционалност а рано ми е за пмс. Или им беше премногу притискање на чувствата.
    Како да зипував фајл со недели, месеци и одеднаш бам- некој ми притисна Extract Here.
    А кога исфрлам од себе, не знам за што попрво.
    За трпките што ми поминуваат кога ќе затворам очи и помислам како одново ме држи пред огледалото.
    За луѓето дома со кои пивото се претвора во разрешување животни дилеми. Или домот кој се плашам дека еден ден ќе го нема.

    Градов од некој милион жители е преголем за да најдеш засолниште, а бурите надоаѓаат. Знам дека ќе ми однесат некои нешта, ама сама си го избрав патот.
    А после неколку вотки и неговиот повик, не престанувам да се прашувам кога знаеш дека е тоа?
    Кога ќе ти надојдат солзи од радост што го слушаш или кога адреналинот ти се крева до небо од само едно допирање на дланките.
    Или кога не сакаш да споделиш со никој зошто е предобро и сакаш љубоморно да ги поседуваш моментите само за себе.
    Знам дека вреди, а тоа е повеќе од доволно да ги избрише прашањата што ми лебдат над глава.
    А дома, дома ме чека храна, пријатели и тој. Постудено од август, а потопло под покривките.
     
    На bittersweet, marama, imorena и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    СДК во последно време ми недостасуваат многу работи...на прво место самата себе си недостасувам...онаа која носеше репче на едната страна,или раштркана пунџа,...онаа која умееше да се затрча и да изгушка некого,коските да му заплачат...онаа која пеглањето на облеката не го сфаќаше како обврска,...онаа која не знаеше да носи штикли,...онаа која склопуваше пријателства на секој чекој,во автобус,воз,...онаа која цврсто веруваше дека розевата не е само боја туку и начин на живот,..онаа која зборуваше дека нема никогаш да порасне,...
    Ми недостасува...
    Можеби баш затоа што до неа ништо не остана...
    Животе биди понежен, те молам...
     
    На stetoskop, Umbrella22, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Матичен лекар може да ти каже 3 работи: настинка, промаја и нервна база.
    Сите 3 ги имам според нив, lucky me.
    Промаја бе, кој збор чоече,ама има логика, убо викаше мајка ми Роси земи облечи се надвор ладно, јас нц скитам со кратки ракави и правам ху во воздухот. И после промајата ќе нема логика. Има бре, има.
    До сабајле дремев во кревет и чекав негативни резултати ко некоја улава, смотана сум, смотана!
    Оно здрава крв ко за цела нација имам.
    Ама па и добро ми доаѓа денешново боледување од работа, па кога ќе ми текне дека и утре е неработен ден скокам од среќа :rock:
    Негативни мисли аут, се релаксирам, дури ќе земам ќе го шетам пуфлево мое, ако е ладно, па и ќе се расчистам низ дома и ќе правам и блашко да ги изненадам моиве, доста живците деновиве им ги искинав.
    Сум неможела да дишам, ма немој, оно мене. Ќе дишам со полни плуќа макар ми пукнале дробовиве.
    Ајт.
     
    На Smilly, marama, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    На Peppermint, marama, Kasha и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако Gangnam Style стигне до број еден во uk во недела, и јас сум крива :$
     
    На Glossy-girl, Miss-Angie92 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Времето поминато со најблиските не може да се спореди со ништо друго на светот. Гледајќи го насмеаното лице на дедо ми кога ние внуките бевме покрај него ми навираше солзи во очите. Колку малку му е потребно на човек да се насмее и да биде исполнет. Колку убави спомени чувам од времето поминато со баба ми и дедо ми.


    А да, го видов и него. А тој ладен спрема мене, само еднаш ми намигна како да сакаше што побрзо да заминам од него. Навистина не можам да го сфатам :o
     
    На zarah и marama им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не знам што сакам да кажам :?: :wasntme:
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мислам дека деновиве нема поголема мрза од мене :tmi: И не дека не се трудам да сработам нешто по дома, Крива ли сум што имам така убав кревет и што ме повикува да се дружиме :wasntme:

    Денес ветив нема седење, денес ќе правам генералка :!: ќе правам и ручек :D

    Се јави братучед ми соопшти прекрасна вест, ќе станам тетка

    [​IMG]
     
    На teddybear, Monna.Monna и starbucks им се допаѓа ова.
  12. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Имааат Германците еден убав израз за животот, па еве сакам да го споделам со Вас и да го истумачам малку ;)

    Leben und leben lassen! На англиски преводот би бил: (to) live and let live, а на македонски Живеј и остави ги другите да живеат!

    Многу ми се допадна изреката кога првпат ја слушнав или прочитав, ... веќе не се ни сеќавам кога беше тоа. Но, нејзиното значење дури многу покасно вистински го сфатив. Ми требаше и пристојно знаење на германскиот јазик, иако фразата не е тешка да се разбере од лингвистички аспект, туку од филозофски. Ми требаше и доволно живеење во Берлин, за да го сфатам германското општество и нивната германска култура на поимање на животот.

    Првиот дел од фразата е: Живеј! Авторот сака да каже дека треба да бидеме среќни во животот, дека треба нешто да постигнеме, дека треба да се трудиме за нештата кои ги сакаме, да бидеме активни, да бидеме живи, да се смееме, да чувствуваме, да патуваме, да доживуваме различни нешта ... Живтотот не е само јадење, пиење, спиење, работа, телевизија, рутинско повторливо секојдневие... Да не веруваме во несреќна предодредена и непроменлива судбина, туку да си го земеме животот во свои раце и да го живееме! А не страдаме. Со еден збор, да сакаме повеќе од и во животот, (кој како сака нека си дефинира)!

    Вториот дел е: Остави ги другите да живеат. Ние луѓето понекогаш како да не се оставаме на раат едни со други да си го живееме животот. Другата интерпретација би била во смисла на не-себичност, а тоа е дека и другите луѓе, мора да бидат среќни како нас, па дури и посреќни, ако подобро си го изменаџирале животот од нас. Не сакам да верувам дека има толку лоши луѓе, што си го мерат и споредуваат животот во обратна негативна насока: Ако сум несреќен, другите да бидат исто толку несреќни или по-несреќни од мене. Можеби најпростото толкување е: Не се замарајте со животот на другите! Правото на приватност и на не-мешање во внатрешните работи ;) , пардон, во приватните и интимни работи на другите, па дури и на нашите најблиски, е свето право во Германија. И под право на приватност не се подразбира само не-љубопитност кој со кого спие, туку и дали најде работа, што работиш сега, колку заработуваш; кога ќе се мажиш/жениш, зошто се уште немаш дечко, ... па кога ќе имаш, зошто имаш дечко ;), па зошто баш тој; како и со кого го поминуваме нашето слободно време; што и како студираш ...итн. Ќе речете, па за времето ли да си правиме муабет? Не е поентата во тоа ... сето ова се нормални прашања и теми за луѓе кои себеси се сметаат за блиски, ама оставете ги другите самите да ви кажат, без вие (љубопитно и наметливо) да прашувате, ако токму со вас/со тебе сакаат тие нешта да ги споделат.

    Е сега, ние никогаш не го живееме животот сами, ниту пак го живееме животот само за себе! Ми доаѓа да кажам дека сепак живееме за другите, ама во една благородна смисла, во смисла да бидеме со другите за споделување и заедничко доживување на нештата, а не во смисла другите да ни го управуваат животот, да им бидеме слуги или да се трудиме другите да ги импресионираме. Живееме за да бидеме со другите. Поентата е да се најде таа рамнотежа помеѓу нашиот живот и животот на другите, еднакво вредни како нас. Другите се еднакво вредни како нас!

    Живејте и оставете ги другите да живеат :)
     
    На vendiii, zarah, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Стискајте палци за баба ми, денеска ја оперираат. Само се да се заврши добро пак да си дојде дома :worried: :doh:
     
    На zarah, BeYourself, sweet-cherry и 21 други им се допаѓа ова.
  14. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Ке стискаме душо :(
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако правам муабет за вчерашниот ден неможам со зборви да ви доловам колку убаво се чувствував.Сите околу мене ми беа мили,сите беа уште по мили со мене.Таков сакам да ми биде секој ден бре,не само кога ми е роденден.Вие ми приредивте многу насмевки со честитките,уште кога ги видов цигарите наместо тортата си реков "Браво цигарче,и ти си некој пример за останатите"!

    Денов намуртен,таква сум и јас моментално,очајно ми треба перницата.Ќе и приредам дружба,ќе ја гушнам и ќе сонувам.
    Имајте убав ден!
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Уште малку заминувам пак во Шведска, продолжување од точката каде што застанав таму. Нова изложба, нови проекти. Мила ме возвишува, сакам уште десет деца како нејзе. Животов ми е фотографија.. некогаш црно/бела, некогаш вивидна. Секој момент сакам да си го урамам. Со нив само постојам.
     
    На anabel-a, AnaKarenina, Phyramide и 6 други им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ЖИВОТОТ нема реприза затоа УЖИВАЈ и никогаш не мисли на криза. ;) :*
     
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    Сакал сериозна врска :o :$ :lol: абе дете :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е до мене, јас се изразувам погрешно па ме сфаќаат грешка или е до другите...
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Епа, есен е.
    Жолти лисја на исушени дрвја, чадор под темни облаци со малку дожд, шалче и чизми, мирис на костени, магија во воздухот, љубов енд шит и ШЛАААААП, сељак со кола.
    Епа да, есен е, hooray bitches |(
    До сељакот: јас до утре и ќе се преперам и ќе се исушам, ама тебе утре к***то нема да ти биде поголемо.
    Или ако беше глупача, јас утре пак ќе си бидам дотерана и убава, ама ти сеуште ќе си бидеш селанка.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.