Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    мењам 2 зими за 1 лето!
     
    На Phyramide, martinuska, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека постојат денови во кои си ја предвидувам иднината или подобро кажано што ке се случи и за жал секогаш испага како што сум замислила.Лошото за миг се остварува а доброто го нема никаде.Ке морам да го пуштам мозокот на пасење и да сменам неколку работи во мојот живот.Можеби да прифатам неколку понуди на моја адреса или да се насочам повеке кон факултетот.Или да кројам план како да заминам побрзо од здодевната Италија.И што ако сум таму?Лелееееее чудо големо |( Јас сум во земјата на убавината-како да не.Здодевно здодевно здодевно.Па и откога сум овде и хороскопот не е нешто уау :?:
    Па дури и давам совети во врска со љубовта и секогаш сум била во право а јас себеси не можам да се средам.Која иронија нели?
     
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Зошто се луѓето толку глупави и слепи?Секогаш повеќе не загрижува исплатливоста на љубовта него ли исплатливоста на бизнисот.
    Таму чашата е секогаш полу-празна па "не се исплати" да се мачиме за она што ќе го добиеме,а во љубовта па чашата е секад полу-полна па ни "се исплати" да се мачиме за да добиеме, што?трошки?
    И само ради една глупа навика.
    И ќе каже дека мене ми е многу лесно да и кажам,а нејзе толку тешко да примени...
    Никогаш нема да ја сфатам потребата од комплицирање,кога магијата на љубовта е едноставноста.
    Или ја има,или ја нема.

    И да...Утре правам три години со мојата љубов.И сум среќна.
    Затоа што не се достигнале тие три години ради навика,мачење и очекување да ми се исплати.Него од чиста љубов.
    И ви поскакувам на сите вас феминки,да ја пронајдете таквата чиста љубов.
    Љубим вас
    :*
     
    На Phyramide, Strumfeta93, beached и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.143
    Допаѓања:
    156.258
    Сдк ја финиширам годинава лудо! Фак јеа! :D
    Ми треба среќа,многу среќа! Ако се испадне како што треба,ма ви ветувам бре дека ќе ве частам и ќе ве носам на егзотично патување сите,само без Билката и Михајло,ама ќутете не кажувајте! :D
     
    На Neytiri, Phyramide, Mygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.539
    Пол:
    Женски
    Можам и на воздух да бидам алергична, ако не?
    Маки, големи маки. Да не можеш да си каснеш душичката овај де стомачето што ти бара. Да не можеш да излезеш на прошетка зошто ладниот воздух лошо ти прија. Да не можеш лице со ладна вода да си измиеш и што ти не.

    Понеделник со бурек со месо и јогурт. Кафе и торта и апче Лоратадин. О је!
     
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Dear Monday,f*ck you!

    Бутам со лажичево од нутелата во уста,тапкам со левата нога така силно,што почнаа да ме болат прстите..
    Повторно прегризена долната уста,но овој пат на поинаков начи,со лутина,толку силно што ми зарумени.
    Сините очи дури и убави, полни со жар лутина,така црвени,застрашувачки!
    Ми се чини дека е потребен само еден поглед и ќе свртиш 2 метри назад..
    Не можам да кажам дека ми е сеедно,дека не сум скршена,но можам да кажам
    -everything it's gonna be alright!
    Така пецка,како сол на ионака разгорена рана.
    Го гушкам мечево мое,барем тоа е тука секогаш за мене.Убаво му е и на него.
    Иако така бесно,ако се загледаш подлабоко лесно можеш да видиш дека се тоа две ранети очиња,тажни,никакви.


    Ах зарем не треба пријател да е секогаш тука за тебе,да те гушне да направи се за да измами една излишна насмевка од тебе.
    Зошто бе не е така? Зошто?!
    -Јealousy,maybe.

    I won't give up on my life.
    I'm a warrior queen.Must be!!

    Ама па не бев лоша последниве денови,бев толку фино дете..
    Сини облаци накиснати со тага,во секој момент можат да го исфрлат киселиот дожд врз мојата кожа со мирис на ванила...
    Не ве сакам,одете си.
    I'm not gonna cry anymore.

    Hate you Monday,hate you!!
    [​IMG]

    Smilly,
    малку разочарана,само малку.
    :hug:
     
    На beached и pink4ever им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    СДК Колку е ужасно чувството кога ќе изгубиш пријател.
     
    На Serafima и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Идам у Шведска луѓе 8)
    Колку пријатно знаат да ме изненадат моите :rofl:
    и плус пред тоа ќе си го добијам Canon EOS 600D мхм 8)
    долго време го чекам. Ќе си носам таму се ќе изнасликам. Леле мераци ^_^
    Ај се испофалив што се испофалив ај сега да почнам да се жалам.
    Сум се направила лом од стискање црнки ко претепана сум :@
    ништо не ми помага, а читав на форумов за павловичева маст дека црвенило поминува мене ни малце не ми помина :(
    Многу осетлива кожа имам. Затоа сега ќе си шетам ваква :lol: . Ама затоа другпат нема да ми текне од досада да се глупирам. Се за памет. Иначе ако знае некој што да му ставам на ова да ми помине нека кажува преку ЛП и ако ми помине го земам со мене во Шведска една недела. :D
     
    На spellbound, Serafima, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    И јас го кажувам истото !!!
    имам огромни празнини ;(
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес станав со помислата: „Е овој понеделник ќе го сакам!“ И покрај тоа што бев нерасположена вчера, и покрај тоа што спиев одвај три часа, и покрај тоа што ме чека пат и распакување и уште пат и предавања...ќе го сакам бе! А тој пак, направи се за да ми го докаже спротивното.
    Доаѓам утрово со торбици, ташни, лаптопи (во моментот кога го напишав зборов, сфатив дека laptop доаѓа од lap+top, а lap = скут...револуционерно откритие!), ручеци и слично. Се влечкам така јас шармантно по улицине, и таман го преболев тоа што некој млад господин не ми помогне со багажот, ја гледам мојата мила и мала цимерка. На предавања повторно доцни, а црешата на шлагот - си го заборавила клучот дома. И објаснете ми како ние три (цимерки), сите со различни распореди, ќе се отклучуваме-заклучуваме неделава?! Искрено, ни јас не знам, и сега не можам да легнам зошто ја чекам да се врати. Само ако пак отишла на кино или во Рамстор, а јас дремам овде, ќе види таа :swear:.
    Океј, се откажувам. Одам да спијам. А зошто остатоков од понеделников беше лош? Денес научив дека имало посебен збор на Германски за шмукање со правошмукалка, посебен за бришење прозорци, а посебен за бришење прашина. Ете така.
    И пак се предомислив. Излегувам на винце и коцка чоколатце со мојов. А можеби и нешто повеќе :hai:
     
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од заболекар и пресреќна сум!
    Прелесно си поминав, ич болка не осетив!
    И го сакам “жешкото столче“ !! :lol:
     
    На beached, Divinebutterfly и k.i.m им се допаѓа ова.
  12. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Еве ја!!!
    Ја осеќам од километар, свири и алармира. :devil: Главава ми пука, лицево партали, надувана како балон ја чекам во секој момент да дојде. Те плачам, те се смеам, ми се јаде, па ми се :puke: нервозна до даска а потоа за 10 минути смирена мува не ме лази... Да, да. Тетка ми со црвното ферари :tmi: Ма веќе аман, аааааманнн!!! Еднаш не сум ја пречекала со насмевка, а и зошто би, кога е толку лоша гостинка.
    Ми иде да и пуштам една забрана за доаѓање од 9 месеци, само поради ова :@
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.923
    Допаѓања:
    123.450
    Некогаш навистина се прашувам колку многу трпи човекот . :|
    Седнувам ,замислена ко денес -имав среќа да завршам порано,па ми излегуваат многу моменти пред мене,ко надојдена бура,де ова де она.....како кога те сликаат со апарат, па блиц од сите страни...ја вртиш главата на другата страна,демек да го избришеш сеќавањето но ете нов и нов и нов момент....

    Па си велам до сега низ што се не поминав?
    Некогаш дури мислам и дека животот повеќе нема да ти приредува искушенија и тешки лекции,зошто ми се чини ги минав сите.Како?Ни самата незнам.Кога размислувам вака,дури си велам-како сум издржала?Не сакам повторно да се вратам назад дури ни во меморијата.Навистина е тешко кога за секоја тешкотија сум си давала мотив за да ја издржам,барав утешни зборови,па веќе ги истрошив сите.Да,тоа не се случувало само на мене,да, има и потешко,да, ќе биде подобро,да, после дожд иде сонце,да,мора да има причина зошто ова баш мене ми се случува........И да,имало и има а и ќе има моменти кога се спушташ најдолу што можеш,изморен од секакви причини за да си го олесниш јалот,што јаде ко ненормален.И да беше само еден,но не кога почнува не престанува! Но ајде,мозокот е широко поле па му текнува нова утеха зошто да станеш......И така до недоглед и веќе на 26 год.си велиш-Уште што повеќе да поминам,па животот ме тестира во се.......!

    Не е мед и млеко ама убав е.Немам среќа да ми е се совршено,но знам дека го сакам и никогаш не би се откажала од него.
    Но најмногу мразам кога некој што НЕ ЗНАЕ како е ми се прави паметен! Те гледа на чуден начин,ко демек изрод си,но се надевам некогаш ќе ги облече чевлите со кои одев јас,па ќе се сети на мене и зошто сум таква-не по мој избор.
    Ете и за таквите си најдов утеха-Се' се враќа,убаво си кажа Џастин-What goes around,comes back around ;)
    Епа тоа е...........Најтешкиот ден од неделата помина-барем мене понеделникот ми е :sweat: ,е сега уште утре......до кога вака со стегнато срце ,не знам ама знам дека се навикнав,а повеќе не се надевам......За ништо.
     
    На maca99, teddybear, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    6.522
    СДК, ако некоја феминка дала некој текст да и го објават на Кафепауза и ако и го објавиле, ако сака нека ми пише ЛП. :)
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сакам да кажам дека, оваа Чиара, ако се чита така ова Chiara Ferragni, ми е многу ружна, а во последно време и не се облекува убаво. Не дека мене ми е некој важен фактор во животов, ама интересно е да се тепа време кај неа на блог. И не само кај неа.

    После, треба да ми дојде, а идиотон го немам видено не знам од кога и ако не ме посети набрзо ќе го убијам, because mama needs her sugar :lol: а ако не го видам до петок ќе треба да чекам додатно една недела за sugar-от зошто ќе ми дојде. А кога сум кај него пак, секако ќе биде убиен бидејќи едноставно не можеше уште повеќе да ме изнервира, у некој фрик период е, ко у константен пмс. Оф кај го најдов и јас па него. Ќе почнам ама некои тактики, стратегии, па ќе видиме кој кого ќе нервира повеќе. Мрднат.

    И некако убаво ми е, нетипично за мојот ПМС, ама знам дека ова е затишје пред бура, не може туку така да пројде еден ваков бурен период. Ме залажува нешто организмов. И паметов. Се чувствувам мирно некако, спремна за понатаму, треба може да ме плаши ова зошто е крајно не типично за мене. Then again, PMS. И бидејќи се премислувам само што ќе почнам да пишувам нешто, дефинитивно започнува полека но сигурно да се манифестира лудилово.

    И кој уште звони со непознат и ќути на телефон? Бог да чува со луѓево. Задодуше, има манијаци уште, ама мислев јас не сум им интересна веќе. А има и бивши, од нив човек треба најмногу да се плаши.
     
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Моментот кога цел свет ти се руши и веќе не се чувствуваш ни 10% од личноста која си бил поради споредба која никогаш не си сакал да ја слушнеш и доживееш...бесценет.
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.543
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Морам да те цитирам.
    Постов ти е за во испукајте се, прво. :D
    Второ, по ургентен пат е направенa копија на клучот, се разбира, јас го мавнав шпринтот од Свирипичино за да стасам побрзо и да не ме чека.
    Трето, била госпожата цел ден на предавање така да џабе си ја чекала.
    Четврто, животот ни е многу забавен, така да не се буни. :rofl:


    9ка македонски, јухууууу!

    За еден е*ан процент немам 10ка бе, тоа не е прашање, тоа е ПОЛУПРАШАЊЕ. :fubar: Бааги солидни процентички си имам, втора во група. А сега мојот болно амбициозен мозок се напнува зошто немам еден процент плус, и зошто има некој подобар од мене. Одам да учам македонски! :rofl:

    Кисела Вода, улиците ви се ЛОМ! Нозите си ги искршив во сите тие дупки, е така да знаете.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... кога во најтемните часови, помошта доаѓа од сосем неочекувано место, тогаш се враќа емпатијата кон луѓенцата, кон животот и полека се бришат сите солзи, сите грди изминати месеци и неправди.
    И така, со нови угг чизмички (мајка ми вели дека сме роднини со Јети), смирено и гордо газите по асфалтот, и сфаќате дека - животот е борба.
    И МОРА да се борите до крајот.
    Прашањето не е дали, туку како.
     
    На bittersweet, Hopeful, Bright и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.213
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека мислам дека почнувам да се заљубувам.
    А не сакам.
    Ниту пак имав во план.
    Шта чу, дис ис ит - убаво ми е, ми се допаѓа оваа блага занесеност, уф. :angel:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.