Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Чај за болно грло и топла душа. Како не пијат луѓе чај нема да сфатам. Во убава шолја (мојава со мачка, комплименти до газдата), пареа што ти скокотка нос. Дуваш и правиш бранови, да видиме и ние смртниците како му е на Посејдон. Чајопијците имаат свој свет. Радоста кога ќе влезеш во Ла Ча и тагата кога ќе сфатиш колку пари всушност имаш. Ех....

    Тука, сите се ниски. И висина и во знаење, Два збора не знаат да сврзат на некој друг јазик. И многу им е гајле. Логиката е следна, зошто јас да учам друг јазик кога каде и да отидам ќе се најде по некој што знае италијански. :x Не купуваат списанија и гледаат серии. Јадат и јадат. Не гледаат црно-бели филмови. Јас како џинче се смешкам. Им преведувам англиски реклами и песни, им раскажувам за Балкан и Скопје. Не го знаат Скопје. Не знаат дека имаме аквадукт. За Ацета не им кажувам. Барем не денес.

    Ефтини кашкавали и скапи цигари и зеленчук. Тоа е животот на запад. Јас сум од исток, па ние први го гледаме сонцето. Може и затоа сме трошка посреќни со помалку.

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, zarah, Buttterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Утринско кафе и колач со најсаканите. Чувството е незаменливо :) Само покрај нив се осеќам мирно, сакано. А татко ми утре ќе си дојде. Ми недостигаше. Ми недостига кога знам дека е некаде далеку од мене, ако го немам видено само 5, 6 дена. Ми се смеат некои колку сум приврзана за него, по колку пати на ден се слушаме :) Ама јас немоќам без да го слушнам по 2, 3 пати на ден. Го сакам, многу. Несакам никогаш да останам без него. Синоќа го сонував Тоше. :| И тој човек многу фали. Ама нема денес да бидам тажна. Ќе се смеам за се што имам и што ме прави среќна. Така јас станав малку од кревет, гледам надвор топло е, ама вечер пак камен м? :) Вие сите имајте си убав ден и искористете ги зраците од сонцето
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Си го сипив кафенцето,си појадував убаво,и сега настапуваат маките на денот..
    Учење..
    Пуууф,маки мои. :D :D :)
     
  4. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Љубов, ах љубов.

    Ами сакам да го гушнам да го издишам гушкајки го.
    Да ме стопли оти овде е смрзнувачка...

    Си ја гледам сликичкава, и чувствувам нешто топличко во мешево.
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath, Noemi, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ...дека сакам да направам 100 мислења и да си добијам сино цветче
     
  6. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Зошто? :geek:
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека воопшто не ми сметаат муабетиве во врска со часовникот,поздрав. :hai:
     
    На Umbrella22 и Cataleya им се допаѓа ова.
  8. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    така,кеф ми е :)
     
  9. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Знаеш дека не даваат колачиња, така?
     
  10. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Добар ден и имајте убав ден! :hai: ;)

    ...Осамена сум.Немам другарка со која можам да излезам на кафе,на шетање..Сакам и јас малку да излезам пукнав дома.Ама ете кога се нема ќе се трпи.Имав другарки,ама ги изгубив по моја вина.
    Ама продолжувам напред.Знам дека сам да си е мн тешко,ама се издржува,некако.Се надевам дека ова ке помине и дека и јас ке видам бел ден.Сепак мислам дека ова е само период.Сите ке заборават се за некое време,ама јас нема никогаш да заборавам.....Се простува ако сакаш,а се заборава ако можеш!
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Никогаш не сум сакала да присуствувам на отварања, промоции, новитети, вип случувања ... И никогаш не сум сакала да бидам центар на внимание, несакам ни луѓето да зјапаат во мене кога се движам некаде. Никогаш не сум сакала да бидам фаца во градот, или најјака кхм.. знаете што.
    Скромна ли сум ако кажам дека сум скромна?
    И никогаш не сум сакала да се истакнувам или да бидам најдобра во нешто. Никогаш не сум сакала да бидам најубавата енд шит...
    Сакам да си бидам незабележлива, обична и така мислам дека сум. А тој ми вика дека се двојам од толпата затоа што е безлична и дека за него секогаш ќе бидам најубава.
    Не ме радува. Ме нервира. А вчера имав блиц средба со судбината, ме виде или не - незнам, само помина покрај мене, сериозен и нервозен. Можеби затоа што ме држеше друг за рака...
     
    На L-enna, antonina, cinderella5 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Прочитав овде едно такво мислење а имам многу примери и во реалноста.Жално е и голема штета е,да немаш другарки,макар и пријателки со кој би требало да излезеш да се прошеташ,да пиеш по едно кафе. Еве денес е празник,а ти пример седиш дома,немаш друштво а сите се негде излезени и го искористуваат денот максимално.Јас незнам,какво е тоа чувство да изгубиш по твоја вина другарки.А зошто би ги изгубила? Поради тоа што немаш доволно време да им посветиш?Поради тоа што дечко ти за тебе претставува се на светот,па ги занемаруваш нив?
    После некој ќе каже,еј ти да си и била вистинска другарка немало да и замериш што поминува толку време со дечко и.Сосема погрешно! Не сум јас таа вистинската што треба да и замери за нејзините постапки,ама да ја молам да пиеме кафе со недели а таа да го одбегнува поради изговори еј неможам ќе одам со дечко ми..мислам и јас би и кажала чао,пријатно.

    Доста кажував јас,да го допијам кафето и отидов да шетам со другарките,фала богу уште ги имам,тие се,такви се.Што би правела јас без нив?
    Патем,за многу години празникот.
     
    На CoverGirl10, anabel-a, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Боже луѓево... не се разбираат па глупости пишуваат по 1000000000 пати испревртено секој пат. Инаку некои луѓе од овде како што приметувам значи не е од сега од поодамна е се ‘‘борат‘‘ (тепаат да не речам) за цветче и зошто? ? Ако имаш цветче во боја не значи дека си нешто посебен или дека пишуваш МНОГУ јаки постови или пак мислиш ако имаш цветче во боја дека си НАД другите кои немаат никакво ?? Можеш да имаш срање мислења па да имаш цветче во боја. Just saying нАли :!:


    Леле колку е ладно божее се смрзнав да си пуштам греење малкуцка или да се бутнам в креветче и да не станам никогаш ??
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Од толку што ми е досадно,пет пати во 2 часа се налакирав и се избришав.
    Што е премија за мене.
    Браво ! :clap: :clap:
     
  15. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Баш ко ќе помислам дека готово, решени се проблемите и нема појќе расправии, кога ќе помислам дека конечно почнуваме да личиме на нормално семејство, пак се` се враќа на старата песна.
    Пак почнуваат расправиите, итоа за истото - пари. Кој каде потрошил, кој кога потрошил, кој колку потрошил. Епа, јас знам на шо се потрошени вашите пари. На цигари :!:

    И ете, ако сте толку во криза, се откажувам од моите мартинки кои ми беа ветени уште од минатата есен, па со тие пари пак купете си цигари. Можам јас и боса да одам, не ми е проблем мене. |(

    И да :!: онаа рекламана на МТВ1 (или каде и да беше) со цигарите е скроз точна. :|
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Дали си жив или мртов ништо не менува.... :)
    Понекогаш две различни работи имаат исто значење.... :)
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Секое нормално семејство има расправии, тие што немаат се ненормални.
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    многу сум изненадена од некои ликови-од некои позитивно, од некои негативно

    вчера требаше да се состанеме(ама јас не знаев дека нема да имаме и си дојдов кога требаше) и да поразговараме за сите настани што следуваат, и нормало никој не се појави од тие што јас ги знам , ама од повозрасните да, и баш се појави една повозрасна членка се договоривме за настанот кој е за некој ден во колку часот како , што и од некаде се појавија и дечкиве-претседателот и некои од членовите,а инаку господата биле во домот на АРМ само ете на никој не му текнало да каже :fubar: и многу ме зачуди неговото однесување-беше малку поднапиен(премногу очигледно) фин, културен, ми ги кажуваше своите почетоци во политичката кариера :lol: а е помал од мене и е волонтер-дури и не сакаше да одговори на 2 повици за да поразговараме :!: и тоа се на политичка основа, ништо надвор од тоа малку бев изненадена пријатно секако од него и ја познавам мајка му, сестраму- во исто маало сите живееме :)

    не ми се верува дека една личност за која најмалку мислев дека ке ми пише, ми пиша :x мажот на една моја поранешна колешка од факс, ама овој пат го прашав дали таа знае дека јас сум му пријателка на ф.б. :devil: ми кажа дека знае-се сомневам искрено оти мислам дека бев доволно јасна откако му кажав дека ја ценам и почитувам неа-некако се врати во реалноста :lol: :rofl:
     
  19. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    абе, ние имаме ненормални расправии :rofl: (не ова со парите, туку уште многу други расправии за некој глупи работи). Не би сега да пишувам за тоа. ;)
     
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Вчера поминав еден баш прекрасен ден.
    Правев се` јас што сакам. Мене што ме исполнува.
    Долго време копнеев по тоа да бидам малку сама...да имам простор за релаксација. И така и беше. :)

    Размислував многу.
    Земав книга, првата што ми дојде при рака. Ги анализирав Херлаклит и Демокрит. Нивните филозофии.
    Абе така...сакав да размислувам на некоја баш случајна тема.

    Демокрит- насмеаниот...од него научив дека треба да се смеам и кога ми се плаче.
    Добар човек. Ми се допадна неговиот став за тоа колку насмевката ни помага.

    Јас продолжувам денес со оптимизмот кој вчера си го спечалив од човеков. :D
    Продолжувам со моите лудории...и сама да се смеам на нив.

    Смејте се луѓе. Така се` е полесно! :)
     
    На cinderella5, kravce и srcekrsacka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.