Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Станав премногу нерасположена со неубави мисли.не знам што ми е приметив дека последниве неколку месеци ништо не ме прави задоволна све ми е сеедно ништо не ме исполнува ама баш ништо,а навистина не сакам вака да се чувствувам не знам што да правам што да променам :(
    се извинувам за патетичниов пост но само тука можам да кажам слободно како се чувствувам :worried:
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Oдам на конгрес, држете ми среќа. Утре ќе држам презентација пред професори и научници од цел свет.

    Брррррррррррррр
     
    На bittersweet, antonina, mims-89 и 34 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.853
    Ми се повраќа од притисокот на работа што секоја година го имаме од септември до декември. Нозете ми се враќаат, страв ми е мејл да отворам, да не ме стрефи уште некое пријатно изненадување, а мајке ми, ги има и тоа многу во последно време.

    Само за разлика од порано, кога другиот дел од годината беше лабав, сега веќе ни тој не е. Цело време сум во некоја трка со времето, просто неиздржливо станува.
     
    На imelda, Moira, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Нешто грлото ме боли,,,,.....
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    Јас не знам во каков свет живеам,ама ако погледнам статистички,најмногу успеале девојките кои беа жално препотентни во тинејџерските години,правеа милион глупости,менуваа момци како гаќи,носеа секакви етикети,пиеја,скитаа, се провлекуваа ни училиштето а подоцна и на факултет на разноразни начини,се соблекуваа каде ќе стигнеа...Тие исти етикети ,истата околина која денес ги кове во ѕвездите,некогаш им ги залепи.Денес ги фалат на сите ѕвона,а до вчера ги учеа своите деца да не се огледуваат на нив.Просечните девојки а (во нив се ставам и себе),останаа просечни.Имаат просечни плати,ако воопшто имаат среќа да работат,просечни мажи,животи,некогаш и дури испод просекот,а со своето однесување не го заслужиле тоа.Ме иритира општеството во кое живееме,оние кои не заслужуваат се ставаат на пиедестал,заборавајќи да, до вчера беа главна трач партија , а денес се жени од комшилакот,добри и фини,дотерани како од моден магазин,домовите средени како од списанието brava casa и секако добро потковани.
    Некогаш ми се чини нема правда на светов.
    И не , не сум љубоморна,туку само сум свесна за појавата која ме допрела на било кој начин.
    И просто не знам како да ги воспитувам децава :x
     
    На stetoskop, sweet-cherry, ludoto19 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Си се подзамислив нешто, во врска со некој коментар на форумов, дека ние жените бараме мажи какви што ставаме во темата за Згодни мажи. Си направив филмче како тоа би изгледало :^) Џејсон Статам со неговиот британски акцент и секси глас ми вика сосема ладно и маженствено -Драга, одам јас да ја земам правосмукалката-. Позади него во кујната, Кијану Ривс the same look како во Матрикс, плус цвикерата, мие садови. Џерард Батлер со наметката од 300, полугол ко Тарзан грабнал косилката и коси низ двор :wasntme: Џони Деп со рацете ножици им праи фризурчиња на другарките во гаража :rofl: Рајан Рејнолдс со бањарката како во Buying the cow :tmi: спрема ручек, Мел Гибсон наместо со мечот од Храбро Срце, со четката собира пајажини... :emo:
    [​IMG]
    Па ме прашува другар ми дали се чувствувам осамено понекогаш. Искрено, не. Се изнагушкавме, изнасмеавме, пријателства убави и топли. Бебулето ми се врати од болница, па сега и со него ќе се гушкаме, смееме и ќе правиме балончиња.

    Плата...сеуште нема :x
     
    На bittersweet, kate21, sweet-cherry и 20 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    ^^^^
    Ама ти е секси чистачов....толку многу да и од неговиот поглед би останала веднаш трудна...и тоа со тројка :rofl:
     
    На Umbrella22 и kravce им се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Точно :D
    [​IMG]
     
    На slavica999, Nine25, Ilusionist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Луничке, тотално си во право! Инаку се е знај оптичка варка, затоа работите се секогаш обратнопропорционални ...

    Кравче ... ептен си креативна. :wasntme: Ех овој твој распоред да го има секоја жена, светов би бил многу поубав и полн љубов. :angel:

    СДК ... блазе си ви што имате инспирации и можете да чкртнете по некој збор, реченица, пост ... Јас пак сум во систем даун верзија. :doh:
     
    На kravce и lunicka им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Специјален поздрав до
    Петко
    Рајко
    Трајко
    и еден до мене зашто многу си се сакам :wasntme:
    абе ајде глупости |(
    уште не сватив која е финтата со само поздравувањево |(
     
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Сум станала голем скептик.. Наместо да се трудам да успеам во нешто, ги согледувам можностите да не успеам и се откажувам, и можноста да неуспеам ми изгледа многу поголема од можноста да успеам во нешто... И одма се откажувам,знам дека правам голема грешка,знам дека ќе се каам,но пак скептик сум да пробам, мразам да потфрлам во нешто, желна сум за успех ама на некој начин сум и кукавица бидејќи работите кои ме мачат можам да ги решам со малце храброст, а таа храброст никако да ја соберам....
    Работите кои ми се случуваат ме уништија, психички и физички... Немам сила,физички сум исцрпена, мојота душа е уморна, ми треба некакво духовно исцелување од сиот стрес и нервоза кој е во мене секојдневно.. Морам да побегнам со мислите, а не успевам.. Неможам всушност да го искажам она што го чуствувам... Се чуствувам уморно, многу уморно...
    Посакувам да имав волшебно стапче и со еден замав да ги решев сите мои проблеми...
     
    На zarah и Ilusionist им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Ова е муабет од утрешното возење со автобус накај работа. Разговараат две средношколки, од кои едната погласната ама и бајаги гласната, ме иритираше страшно. И вика на ова другава-се видовте вчера? каква беше таа, беше ли нежна кон тебе, аха така е првиот пат, после ќе се смееш на срамежливоста, ти си многу интересна, срмажелива си и тивка, повлечена, многу си ми интересна, не треба да бидеш толку повлечена, ама многу си нежна, па правеше муабет со некој на мобилен, па пак се врати со комплименти, ти си многу интересна, нежна и повлечена, не треба да бидеш толку срамежлива,...истото срање по не знам кој пат, додека јас да укапирам дека маливе девојчиња, односно едната од нив како да збореше за лезбејство, не сакав да си верувам на заклучкото ама така беше изгледа. А и додека збореше на телефон, на некого му кажа (веројатно одговор на прашање како си, што правиш)-еве си најдов женска. Во текот на муабетот, поради високиот глас неколку пати се подзавртев да погледнам што цури прават мауебт. Ме запрепасти тоа што од втора година средно повеќе не можев да им дадам. Па до кај отиде светот, па дури и вака јавно во автобус тресе глупости. Ај погрешно да сум разбрала, ама и едно машко исто средношколец, стоеше пред мене и им го наслушна разговорот,па со скриена насмевка им го следеше муабетот. Ах да сум на место на мајка и во карантин ќе ја ставам до кога не и дојде памет.
     
    На eli25 и sunfemina им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ех, утрово ми започна многу рано. Кафенцето испиено, книгата прочитана, весникот прелистан. Си велам што да правам? - Ќе гледам албум со слики од малечка. Да се вратам на прекрасните денови.

    Емоционална личност. Плачам на сликите, обавезно. Па што кога ми недостигаат тие денови.
    Се сетив кога прв пат се сретнав со чувството на сожалување.
    Обично, не паметам ништо од кога сум била 3-4 години. Но, на ова се сеќавам како пред очи да ми е.

    Тоа беше мојот роденден. Ми подарија Мерцедес количка која се управува. Толку бев среќна...на сите вниманието им беше свртено кон мене. Ме сликаат, ми честитаат, ме качуваат на колата...Јас додека сфатам што се случува ми беше тешко. |(

    Се тргнаа сите од мене. И тогаш вистински почнав да и се радувам на мојата кола. Само што почнав да ја возам и некој ме завлече за џемперчето. Тоа беше мојата братучетка, една година поголема од мене...
    Ми рече, може ли да се качам заедно да се возиме? - А јас таква целата нафурана ја тушнав силно на земја. Почнав да и викам Никогаш повеќе да не се доближи до мојата кола!! И така јас си продолжувам да се возам. А таа седна во едно ќоше и плачеше додека ме гледаше јас како уживам. :devil:

    Тогаш, се појави тоа чувство на вина...сожалување...
    Тогаш прв пат во мојот живот се извинив некому, ја гушнав силно и ја научив и таа да вози. ;(
    Како почнаа да и светат очињата, беше неверојатно...а колку јас бев исполнета неможам да ви опишам.

    Е токму таа слика како и се извинувам е сликана. И стои во мојот албум. Токму на таа слика мене сега солзи ми потекоа.
    :)
     
    На Miss-Independent, anabel-a, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Го сакам Скопје вакво.
    Ладно, тмурно и магливо. :coffee:
     
    На mims-89, Annie.mk1, Gordana10 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се откажав од фејсбук. :wasntme:
     
    На fallenangel, Dvolicen, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.790
    Пол:
    Женски
    СДК не знам кај терам. Ама стварно. Ни ваму ни таму сум. Сакам дома, ама дома ми е празно. Овде ми е убаво, ама... не е тоа тоа... веќе десетина дена не е тука, и се чувствувам попразно од било кога...
     
    На antonina и Sara123 им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Дека есента ништо не ми може, напротив, јас и таа сме ко некои другарки...

    Си пловам во утрински мисли и уживам.

    Моето прво интервју во think.mk, и вие уживајте!

    http://think.mk/2012/10/12/glasot-vo-gr ... -vo-pesna/
     
    На antonina, L-enna, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Се мислам дека денес е понеделник. Премногу работа имам и само ми се трупа се повеке и повеке. Јас седам читам фемина и кулирам, никако да се фатам за работа. Пиев две кафиња, а главата ми пука никако да ми помине. Ладнокрвно ги гладам папките со предмети, кој ли ке работи? Ми фали креветот како би си легнала сега, да кулирам и да гледам некое филмче. Го гледам саатот врти ли врти лета времето. Дали времето е такво или денес не е ден за работа? Шефот ме прашува до кај си? Еве работам. Ама на фемина :lol:
     
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Вчера видов нешто што толку ми ја стопли душата, па дури и очите ми се насолзија.
    Одам по улицата занесена во своите мисли кога една кола застанува до мене. Си помислив "што му е на овој", но одеднаш од колата излезе мало детенце. Потрча на другата страна на улицата и од земјата зеде едно малечко маченце, колку неговите рачиња, толку малечко. Радосно детенцето почна да вика - "еве го тато, еве го". Татко му излезе од колата му ја отвори задната врата на детенцето и тоа радосно, со маченцето, влезе во колата. И јас исто толку среќна како детенцето, а и како маченцето што ќе си има дом, си го продолжив својот пат.
    Како може една ситница да ти го разубави денот..

    А јас од кога се разбудив неможам да престанам да се смеам. Срцето ми игра во ритамот на песните што вртат на youtube. Среќна сум. Денес сум повеќе од вчера, а помалку од утре. Ги сакам ваквите денови како денес.. среќни денови. :)
     
    На Adi888, BoaVista, JuLleE и 29 други им се допаѓа ова.
  20. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Aхх колку е добар животот...
    Се се памти, се се плаќа, се се врти, се се враќа... :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.