Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Људи, људи, вратила се плата! :rofl:

    Дома сме многу збунети, не знаеме што да им правиме на парите, многу наеднаш ни дојдоа. Додека се нема, се нема, ама кога ќе се има, ехеее! :D

    Па да одам да си купам асален маус, тетратки, пенкалца, и уште некои ситници. Меѓу кои и апчиња, некое парталче, маскара, можеби и пудра во прав, т.е. сите работи што ми требаа последниве два месеца а се правев дека не ми требаат.

    Сакав уште нешто да ви кажам, ама заборавив... битното дека си полнам батерии, си шеткам, си одам на ручече кај баба и то. :wasntme:
     
    На bittersweet, JuLleE, cinderella5 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Слушам во Скопје Сити Мол ќе имало и базен, вчера имале пробно тестирање... во холот. Информацијата е од прва цефка. :D
     
    На creshicka, ludoto19, CharmedGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. lolly-1

    lolly-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Горчливо кафе.......уште погорчлива ми е душава, на времево убаво се плаче и си се совпаѓа со моето никаково распложение. Упорно ги чекам моите е..... 5 мин само до кога, само до кога ке ги чекам, ке стигнат ли тогаш кога ќе немам веќе сили и нерви за чекање.....сигурно ќе биде така...БАКСУЗ СУМ ЈАС!!!!
     
  4. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Хм, мислам дека можеше и подобро! :| Но, сепак ни така не е лошо, ако се земе во предвид дека можеше и полошо! Уџ, па и не ми е се едно, но вреди да се продолжи, бар научив нешто ново! :D
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Вистинското прашање е : Дали можеш да живееш со самиот себе, а не со некој друг.

    Сечие друштво, пријателство, партнерство можеме да го прекинеме колку и да се чини болно во моментот оти знаеме дека он/она не се добри за нас.
    И во тие најтешки моменти, имаме една мала олеснителна воздишка бидејќи образот ни е чист а совеста мирна.
    Самотијата ќе ја замениме со друго друштво, друг партнер гласна музика...
    Но на полноќ кога ќе ги изгасиме светлата, тргнеме слушалките од уши и затвориме очите...дали имаме мир.

    Како да бараме хармонија и баланс со некој друг ако ни самите го немаме сопствениот.

    Не се бара втората половина за да ја поправи или исполни онаа нашата, тоа е наша работа.
    Втората половина е тука за да се гради целината од две одделно спремни и комплетни единки.

    Празнината во себе, достигнувањето на дното не се толку лоша ствар....замисли па до гуша да си полн со гомна и да леташ во облаци.
    Тоа значи само дека подоле не може да се оди....туку чекор по чекор на горе, на вистинската стаза.
    А празнината значи дека имаш доволно простор да ја пополниш со нови, поубави нешта.

    Уфффф што сакал писателот да каже :tmi:
     
    На mims-89, crazylady, Johny и 17 други им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кој ги уби sms пораките?
    Кога ќе ми текне дека кога бев тинејџерка, во тие најкритичните години, мобилките ја доживееа својата експанзија кај нас, ми се чини како тоа де којзнае колку далеку. Тогаш купувавме некои мали телефончиња, буквално за на привезок, со маски во лоши дреч бои и паѓавме на гз кога некој ќе извадеше мобилка со полифонски мелодии. Дилема на Нели беше стандард рингтон, а воедно и масовен хит, додека бев тинејџерка. :wasntme:
    Не знам дали кај сите било така, ама баш тогаш, sms пораките беа најфраерскиот начин на комуникација. И на флертче нормално, на договарање први состаноци, ширење на првите трачови, карање и смирување со друштво, сите работи како што е редот, знаете. Сме седеле по цели ноќи со мобилките во рака иако следниот ден треба да се стане за во школо. А најголема радост беа понудите од Космофон и Мобимак за бесплатни sms за време на викенд. Да знаете само колку симпатии се ќаруваа тој период. :D
    Мене sms пораките ми отворија сосема друг свет, различен начин на комуницирање, кој можеш да го скриеш, да го задржиш само за себе, а тоа е желба на секој тинејџер, да си има своја “приватност''.

    И дојде време на интернетот, на мејловите, на месинџерот, скајпот и остало. Сега постои whatsapp и мал милион слични бесплатни апликации. Ретко кој праќа порака, зошто поефтино е да се јавиш, а и не губиш време во куцање. Инобоксите на мобилките се жалнички, суви за разлика од пред неколку(може малку повеќе од неколку)години.
    А се обложувам дека сите го памтат чувството кога ќе ти стигне првата sms од симпатијата, или воопшто кога си во исчекување на нешто и ти стигнува порака.
    И после кога ќе ме прашаат зошто толку сакам порачиња! Е заради сето ова горенаведното, затоа што имам некоја емоционална конекција со инбоксот во мобилниот. Е затоа.

    Можда е до времево и благата депресија, што сум некако носталгична. Ако ви се види смешно, смејте се, иако знам дека некои ќе се сочуствуваат со мене. :D
     
    На Hipster, L-enna, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... типична женска грешка: со парите за Виноскоп и ноќен провод, вие си купувате сукња.
    И сега - што?
    Прстето во уста, или да ја облечам и бесрамно да ја кревам, како не претстава во градинка, па некој можеби ќе се понуди да ме почести чашка вино? :D

    Другар ми е тука, и срцето ми е полно милина. ^_^
    Не време, не ветришта или дождови, урагани нека се случуваат, јас сум спокојна и среќна.
    :)

    Во контекст на муабетот на Старфиш (поздрав драга :hai: ) јас сум буквално зависна од смс пораки. ;)
    Ги праќам како манијак, сакам да ги добивам, кога ќе видам 150 бесплатни порачиња, мислам дека го цедам максимумот. :D
    Кога веќе ги погребавме честитките за Нова година и разгледниците пратени по пошта од одмор (некогаш стигнувавме порано од самата разгледница до дестинацијата, но што е важно тоа? :D ), барем смс пораките нека се задржат во една фина, носталгично-романтична форма за комуникација.

    п.с. Да ти го имав мобилниот Старфиш, ќе ти пратев смс-че. :D
    Mensaje de texto... јуху. :)
     
    На JuLleE, cinderella5, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам кога последен пат сум си рекла: Леле досадно ми е, немам што да правам.
    Веројатно затоа што одамна не сум имала слободно време за да ми е досадно.
    И почнав да го мразам овој динамичен живот кога премногу работи се случуваат во само еден ден. Трчам како мува без глава, брзо менувам локации бидејќи треба да сум на повеќе места во исто време и пијам по неколку кафиња дневно не затоа што сакам, туку затоа што кафето е повод да се видам со различни луѓе. Штотуку помина пладне, а јас веќе имам испиено три големи шолји топло макијато. Патем, уз кафето паѓаат најразлични разговори, планови, тактизирање, шеми за како добро да се изигра, поставување приоритети и ширење познанства со луѓе со кои ќе имаме заемна корист.
    Мајка ми ми вика дека сум станала турбо инџекшн и дека имам обврски нетипични за еден просечен студент. Мозокот ми работи триста на саат и веќе почна главата да ме боли од секојдневната трка со времето.
    Сфатив колку ме смени студентскиот живот и пред се опкружувањето. На работите гледам низ поинаква призма и почнав пореално да гледам на нештата. Научив да читам меѓу редови и секогаш да ја гледам и задната страна, бидејќи не е се како што изгледа. Не знам дали се работи за некоја женска интуиција или нешто друго, ама сум станала експерт во предвидување на работите. А тоа е една од клучните карактеристики на еден добар играч.

    Одвреме навреме ми треба пауза, за онака лезетски да седнам на мераклиско кафе со луѓе пред кои можам да се отворам. Си давам слободен викенд и заминувам на планина. Го пакувам куферот и го пуштам мозокот на пасење. Чистиот воздух во комбинација со старото, добро друштво одлично ќе ми дојде. А во меѓувреме, телефонот го оставам уклучен - со надеж дека нема да добијам повик кој ќе ме врати назад на обврските.
     
    На mims-89, Mishela, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк зашто не е како што сакам јас да биде? Мора да има некој проблем,на крај краеви па се тешам ако се оди така подмачкано ке незнам што е мака,ок ако мора да се оди по потешкиот пат,тука сум не бегам,а и незрело е да бегаш од проблемите.
     
  10. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Леле од кога не сум се уклучила на форумов ццц...заборавив излеа од многу учење ќе да е хахаха :D
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не знам зошто мора да ми се искомплицира секоја работа!? Зошто мора да совладам куп нервози пред да направам нешто!? :( Не може ли некои работи едноставно... да се лизгаат!?
    И кога ќе се почувствуваш вака, џабе ти е некој да ти кажува дека ќе успееш, дека не е ништо страшно.
    Џабе ти е и цел свет да ти кажува дека ќе успееш, дека не е ништо страшно, кога ти и само ти можеш да си ги победиш она гласчето во главата што е пресудно за тоа како се чувствуваш кон некои работи и настани.
    Откако добро се најадов тоа гласчето внатрешно ми се смена малку :D Зашто нели: Ти не си ти кога си гладен :!:
    И друго нешто битно - Кога ќе успеете да го победите тоа гласчето, или барем малку да го смените, не кажувајте на други што ви е маката зашто пак ќе се врати :|

    Инаку, денес ќе правам едни мафини, многу едноставни се, па малку сум скептична за вкусот, па држете ми среќа да не одат состојките за џабе. Ако добро испаднат ќе се фалам.

    И уште еден тмурен ден денес, а јас повторно ќе се преправам дека ми е интересно со чајот и ќебето, иако тоа нема да бидам јас. Јас вушност не можам да седам на едно место и да се концетрирам на една работа, вријам, па така да веројатно ќе си најдам друга занимација.

    И за крај ви посакувам тмурниов ден да ви биде вас сончев со една песна, која дури сега (wow, колку сум брза) открив дека е убава.

    http://www.youtube.com/watch?v=NRdHsuuXxfk
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК т.е. да се надоврзам на муабетот на Старфиш и Трендафилка, никој не ја разбира мојата љубов кон смс пораките. Дајте меѓу нас ќе си пишуваме. :D Инаку дечкото само ми пишува секој ден, останатите ретко... :( Ама добро е не се жалам и вака. Плус од фб пораките ми стигнуваат на мобилен и така почесто си имам насмевка на лицето.
    Инаку сакам некој да ми пушти писмо. Ама сеуште не се родила таква добра душа... :doh: :)
    СДК 2 Некои личности полека, но сигурно почнуваат да се бришат од списокот на сакани и мили луѓенца во мојот живот...онака избледнуваат...за жал.
     
    На teddybear и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Секој нареден ден, нови врвови за освојување. Но, се додека сме испратени со онаа вистинска насмевка отчитана во сјајот на нивните очи, сите угорници, непознати запрашени патишта и препреки кон врвот бледнеат пред нивната моќ. Ве љубам
     
    На kravce, MacenceEna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Remember you can always choose to be HAPPY instead of being sad!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    И јас мн сакам да се запознаам со него,да се шетаме и да збориме во четри очи,а не на тел,ама неможам.Јас му кажав се и затоа сега немам храброст со него да се видам.А он е единствениот и после се што ми се случи остана со мене.Иако не е вистинско пријателство (сепак не се знаеме) јас многу го сакам.Сега ќе си оди и нема да се слушаме одредено време и тоа мн тешко ми падна.Тој е вистински пријател.Имало и др периоди кога не бил во Мк па не сме можеле да збориме,ама сега ми е многу потребен,овој период ми е мн тешко,а уште потешко ке ми биде кога нема да го слушнам.
    Зошто,зошто? Он незнае дека мн ми значи и дека го сметам за нешто најблиско (роднинска врска).
    И така сум тажна периодов,а сега и тој ке замине.Зошто? Мора ли? Знам дека му требаат пари и работа,сето тоа,ама мене он ми е потребен и затоа неможам да се помирам.
    Зошто толку се зближив со него? Зошто толку го сакам,а он никогаш нема шанси толку и така да ме сака? Не го сакам како дечко,туку нешто по друго.Како пријател,татко......Имам потреба од него.Сакам да се шетаме,да збориме,да ми раскажува,да ме насмее..Несакам да си оди!!! Н-Е-С-А-К-А-М! ;( ;( :l: :l: :l:
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Aуу бре, што сум јас тука? Ај ако можеш потпиши ме, не доаѓам на предавање. Бич, плис. |( Мрш.
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ајде па и ти, запиши ја- некое утро и тебе нема да ти се оди па она ќе те запише, иде зима ;)
     
    На Monna.Monna, DeMelo, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ви се има ли случено некој да ве лаже, ама така, подмолно и просто, и тоа за толку важна работа како што е Бебе?
    Е мене ми се случи, летово. Такви лаги изнаслушав во тој пола саат, да буквално ми се слоши од персоната, и верувајте, без разлика што бевме заедно на одмор, еве се` уште и` се немам јавено, иако повеќе пати ми звонела.

    Чуден човек сум ви јас, за Луѓе душа давам, се` што имам и немам ќе го поделам со било кој, ама кога некој ќе ме излаже.....го бришам, и продолжувам ко никогаш да не бил присутен. Филтер е тоа луѓе, филтер невиден! Што ќе ми се персони кои ни самите не се сакаат, а камоли мене и мојата фамилија?
    И што е најтрагично - навистина го мислам тоа, еве мм е сведок дека ниту еднаш не сум потклекнала и не сум лижела од плукнатото. А бре карактериште невидено :muscle:
    Така, ги отерав сите што на било каков начин ми го менуваа расположението од убаво во „толчено“, и си ги гушнав блиску до себе оние малкуте што ме знаат и БАШ ваква сакаат...барем со мене си секогаш на чисто :lol:
     
    На kravce, DeMelo, figgiMK и 5 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.355
    Допаѓања:
    103.033
    Пол:
    Женски
    Колку е тажно да погледнеш во нечиви очи и да ја видиш тагата, а таа подмолна состојба ти се впива така сурово во твоите очи што колку и да не те тангира ти продира длабоко во тебе. Згаснување на еден млад живот, за кого ли не е болно. Има ли посебен рај за млади талентирани како него, за такви очи продорни и насмевка како полумесечинка. Пријетеле млад, поминаа неколку денови а јас непрестано мислам на тебе и на твојот најдобар другар кому сега срцето му е растргнато на две страни, помеѓу рајот каде што се наоѓаш и земниов свет каде што треба да продолжи да оди по твојот пат, да создава нова музика за да докаже дека само со музиката можеш да допреш до нечиво срце толку длабоко како што допираше играта на твоите прсти врз гитарските жици. Последното соло ќе го чуваме во срцето длабоко и ќе се присетиме дека пред нас има денови кои сега ќе траат за една воздишка повеќе по твојата загуба.
    Се надевам дека ги најде твоите идоли во рајот за музичари!
     
    На tweety26, Stoimenovska, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ја запишувам, ама веќе трети пат ми бара да ја запишам оваа недела. Не сум себична за да не ја запишам, ама и она треба да има осет.
    Уствари не е една, две се.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.