Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Колку си пооостар со некој тој повеке ке те сака :) ...а колку си подобар повеке ќе ти се качува на глава... :)

    Највеќе боли кога некој те лаже :@ и тоа подолго време и те смета за глупав а кога ке дознаеш и кога ке му залепиш една светот ќе му се обарне ке ти се извини но вејке ќе биде доцна :!: ...


    Добра ви ноќ на сите имајте убави сништа.... :*
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.356
    Допаѓања:
    103.046
    Пол:
    Женски
    Ми иде да напишам у темине за големите прашања Дали сум бремена: Драги феминки, само што ми заврши, многу ми се јаде, би изела и жив човек, дали сум бремена? Жими све само уште такво прашање фали. Онде па една и дале тастатура и се распишала, на 12 години си има палета на мувачи за мување, па се прашува дали да се мува со некој 3 години постар кој има девојка ама не е битно или шо да праи со овој шо го свиѓа али на него друга му се свиѓа. Секоја трета има напишано: Јеееее.... гоооолллллл..... Победивмееееее.... Не, не победивме, пак изгубивме :^)
    Аман бре џенцки што ви е? Дај кулирајте малку :@
     
    На anabel-a, Umbrella22, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Времево е :worried: незнаеш како да се облечеш, облеков туника мислам дека се сварив во неа, облеков блуза на куси ракави замрзнав.
    Сакам да врне, да се истури.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Го чекам овој брат ми да излезе, да му украдам од гумените бомбони и да си гледам серии до ниедно време. :D
    Е тоа сакам да кажам :angel:
     
    На Umbrella22 и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Умор склопчен како маче, директно на срцево. Да. Ама топла супа од Подравка, Петелот, со бибер и гушкање со мама и те како е лековито.
    Си најдов на среде Партизанска низ брдото паднати костени еден во форма на срце. Љубов насекаде. Само треба да ја дофатиш. Јас ја сместив во чашата од вино, купена час претходно на Виноскоп. Сивила, досада. Ми требаше Дома. Мојот кревет, столче, мирисот на перени алишта, близината што се лепи на завеси и ѕидови. Егото разгалено, Ритерспорт од ванилици подарок од тато - на маса во соба, даде ми наместила филмови да се симнуваат, женичкиве ме изгушкаа за интервјуто. Големи мали нешта. Скриена среќа во мекоста на шепите од мачињата. Како тоа што денес во подрум го најдов како смешно мјауцка, а му се исполепила пајажина на бркчињата. Му оставив парче саламче и млеко за да памти каде да си се врати.
    Смешки. Превртување очи. Поезија во секој грам од моите вишок килограми. Колешка од работа, стара мома е, ја читала За Нас, и се расплакала. Ми кажува прееска - Ана, го разубавуваш животот некому. Емоциите ги носиш како подарок, без возврат, чувај го тоа. Ме погоди искрено, жената е сама и никогаш не зборува за приватниот живот. Зборуваат дека и починал мажот, но никогаш никој не ја има прашано директно ништо. Јас, знам само дека ја допрев некаде каде што не смеам, но ете. Ми кажа жената своја тајна и ме направи поголема од се’. Мирувам, ме умори денов, ме уморија многу нешта, но ете, лекот е пишување. Дали овде, дали во ворд документ кој трпеливо ме чека да завршам... Некако. Мудрувам, ама се радувам.
    На 17ти ќе му ја промовираме новата книга на професорот Владимир Мартиновски во МКЦ со мој Иван. Кој сака, добредојден е да присуствува, да биде малку анимиран :)

    Мене уште ми трешти блузот од полупразната 19ка за накај дома и бушавата коса на шоферот со каубојките... Треба да почнам и раскази да пишувам, имам материјал и те каков. Врви ноќва, ја испраќам со полни раце емоции, ги фрлам во вис ко конфети. Кому паднат - радост нек го фати.

    Среќна сум. Ми недостига. Ми праќа многу Љубов и за тоа и живеам. Да го прегрнам пак силно, да си заспиеме на нашиот кревет со постелнина целата во цвеќиња, да ми ја мрси косата со прсти додека потхрчнувам, да му готвам тостови и да ме гали додека демек спијам, а јас само меркам како со Љубов ме чува и ме гледа.
    Ете за тоа постојам...
     
    На Hopeful, kate21, antonina и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ми се спија. |-)
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Теди ако крадиш, кради и за мене :D
    а дур украдиш земај од овие
    [​IMG]
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Денес делам љубов...
    Делам прегратки, бакнежи и пријателски погледи. Потребно ми беше чувството да сакам и да бидам сакана. Се чувствувам како да сум на седмо небо. Колку ли само сум исполнета со позитивна енергија! :angel:

    Ништо подобро од вечер помината во прегратките на твојот љубен, гледање на филмче и нежни вљубени погледи. Да, се сакаме. И сега?
    Најсигурното место на овој свет, неговата прегратка. Прави да неможам да ги контролирам дланките, да се загубам во мислите и да потонам во неговите топли прегратки... Се топам од неговите бакнежи. Го прави невозможното возможно и со само еден бакнеж ми дава се што ми е потребно... :inlove:
    Денес славевме втора годишнина, иако би требало да биде во недела ( пусти обврски ).

    Доаѓаат времиња во животот, кога си заминуваш од целата драма и луѓето кои ја прават. Се опкружуваш со луѓе кои прават да бидеш среќен, да заборавиш на се лошо и да се фокусираш на се она што е добро. Сакај ги оние кои те сакаат, моли се за оние кои не те сакаат. Животот е краток, па затоа биди среќен. Паѓањето долу е дел од животот, враќањето назад е начин на живеење.

    Љубов до вас! :*
     
  9. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единствената која има има такво мислење за луѓето на факултет, конкретно за нашава група. За повеќето имам впечаток дека се затворени за комуникација и недружељубиви, ако можам така да се изразам. Секој си ги гледа тие 2-3 што се дружи од порано и тоа е тоа, со другите не ни прави муабет. Не викам дека секој со секого треба да стане пријател, тоа ни теоретски не е возможно. Иако примарна цел за која сме таму е да одиме на предавања и да научиме нешто, сепак треба да се воспостави одредена комуникација помеѓу студентите.
    Но, не генерализирам затоа што постојат и исклучоци иако се во мал број. Можам да се пофалам дека во изминативе неколку недели запознав доста луѓе, а како ќе се одвива нашата комуникација и какви ќе ни бидат односите во иднина останува времето да покаже. До душа јас и не се надевам на настанување на нови големи пријателства, меѓутоа никогаш не се знае :)
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Си седиме со папагалчето мое, тој грицка просо, а јас сончоглед. Задачките ме чекаат, стрпливи се тие, а мене дремка ме фаќа. Се замислив, тргна периодов... Во рок од еден месец и некој ден плус, прво падна баба ми, па тетка ми си скрши пршлени на вратот, па паднав јас ( за среќа ме додржа дечко ми, инаку директно на глава ќе паднев), па моите имаа сообракајќа, па татко ми денес за малку ќе ја прободел баба ми во око... Ни тргна изгледа... Ај барем сме сите добро, за среќа... Можело да биде и полошо.
     
    На CoverGirl10 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке се сетам каква бев некогаш и сега- девојка убава на лик, чиста душичка која знаеше да сака, да искаже љубов, да покаже дека и значиш, а сега истата таа девојка убава на лик чиста душичка ама со срце ладно како камен-без чуства, без емоции, -нормална реакција после толку неуспешни љубовни врски , безброј солзи пролеани, и премногу ноки неспиени заради љубовта
    кога ке му раскажувам минатото на психијатарот на секоја сеанса по малку се прашувам дали сум тоа јас-истата личност-не ми се верува звучи неверојатно, но така е
    лошо е кога си вршиш сам на себе психоалализа а најлошо од се е кога ке почнеш да размислуваш .
     
    На fallenangel, Lepaaa, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    аааа преку глава ми е од тој факс веќе. дури наредната година треба да одам а уште сега ме растргнаа моите од една страна да одам кај нив,дечко ми од друга да останам тука.. абе луѓе ме полудевте, остајте ме да дишам малце
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    „Не знае ништо, а мисли дека знае сè. Очигледно е дека ќе има политичка кариера.“
    :up:
     
    На Lov3 и DAngel им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    И конечно заврна :D :D ќе може добро да се спие вечер
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Колку треба да си глуп за да учиш цела недела физика - материја која се учи за 1 ден и на крај да имаш единица ? Незнам што е работава ..
    :^)

    (не е случај со мене)
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Едно е да гледаш во книгата и да учиш, а друго е само да гледаш во книгата :lol:

    Сакам да кажам дека мразам студени денови и ноќи. Мириса на зима, ладно е, смрзнав. Иде зима, снегови, мразови... А не сакам.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не сфаќам, зошто кога ќе ми речат ,,Искористи го викендот максимално,, не сфаќаат дека моето максимално, барем моментално, нема да значи наздравување со текила шот на секоја нота? :D

    Максимално јадам, пијам и спијам. Точка. :D

    Да не се разбереме погрешно, поштувам, о и тоа како поштувам добра журка, со добро друштво и уште подобро пиење 8) , ама некогаш.... некогаш само сакам да лежам и да јадам. Евентуално да си ги напрегнам мозочните ќелии и да читам/гледам филм. И пак максимално си го искористувам времето, правејќи работи по мој ќеиф. :D

    Или па да си поседам, максимално, по цели денови, кај баба ми и дедо ми. Дома со сестра ми. Или максимално и да јадам, и да спијам по 12+ часови и максимално да не правам ништо. :D

    Па вака ако не си ги наполниш батериите, како. :D

    Последен паразитски викенд, веќе си купив тетратки, фул опрема, не ја бива веќе вака. И од понеделник се заангажирувам околу наредниот летен период и активностите во него. :geek:
     
    На kravce, bittersweet, imelda и 9 други им се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Вчера бев на виноскоп, да ви кажам право убаво си поминав, се изнаиграв убаво, музиката беше топ, уште само на крајот да не му ја затупеа со некои крш стари, народни песни ке беше уште подобро..
    и си доаѓам јас дома, ај викам леќите да ги извадам, ама јас мрзла една ме мрзи да идам до вц пред огледало викам ај можам и вака, и она леќата јас мислам сум ја ставила во кутивче, а она надвор паднала на масичето, кога станувам сабајле што да видам, исушена леќата.. и така денес бев ќорчо со едно око гледав |(
    искачам надвор, ама си се наоблеков прво, видов дека времево нема да го бива, и де ке го соблечам џемперчето, де ке го соблечам курци палци играше времево, па склет ме фаќаше.. и се така, и послем нема да настинам? :fubar:
    Посакувам да оздравам одма, се нервирам кога се ме боли и не можам да си помогнам ..
    па и испитов што ми се ближи, значи книга не ми се фаќа, женава ме натера да го замразам факултетот, не ми остави трошка воља за да учам, да имам желба да повторам, да се трудам повише..
    Мајка ми од друга страна, мора да пишти за испитов, ко да знае она како ми е мене, или ко јас да не сакам да положам..
    Посакувам да положам, ох колку многу посакувам за конечно да си најдам време за мене. За конечно да продолжам со толку многу работи што само сум ги почнала и сум ги оставила така, до пола :(
    посакувам да им докажам на сите тие што ми велеа дека не можам, сакам да им докажам дека можам и те како..
    е вечер ке се покријам во кебе, ке си сварам чајче и асално ке си се наспијам, така да си знаете. и не не сум излезена и многу ми е убаво .. ке се дружиме феминки :D
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Го мразам она кога немаш никакви емоции. Кога не чувствуваш ништо, кога се осеќаш празно.Ниту среќа, ниту тага. Кога мислите се празни. А имам толку многу причини да сум среќна....но и да сум тажна...
     
    На Moira, kravce, antonina и 21 други им се допаѓа ова.
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Има мажи што пушат слим цигари и жени кои мислат дека знаат да возат.

    Не е точно ! Сакам да убивам предрасуди, ако не скапам во затвор кога ќе изгазам некој :$
     
    На imelda и zarah им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.