Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ao ноно бијела, ао ноно бијела. Математико, туго моја. Ооо, вода те одњела, вода те одњеееееееела.
    А мении, а мении, немој да си је доњела. :D

    Добра му е песницава на Здравко. :wasntme:

    Математико, донт би скептик, херметик, патетик, анафабетик.
    Форгет ол формулс, ју нид поетик, естетик, еклектик, диаглектик.
    Доста ја зафркнав песнава, и онака незнам ни јас што напишав. :D

    Да се наџемо на пола пута. На пола пркоса, и пола поноса.
    Ич не ми фалиш ти, само сам љута. Немој да глумиш, знам, да ти фалим ја. :hug:

    Што ми е? Незнам. Си направив еден куп преработки на песни. Maтематиката лошо ми влијае.
    Ама подобро да заќутам. И за мое добро, и за друго добро. :x

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, LilBaby, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Си се потшишав :D и се олеснав .Го намалив товарот на главата...Амаа за жал ни јаас не знам како сум поубава дали со крата или долга коса.
    Сега си сум со краткича,до рамења бидејќи пократа НЕсакам :D :wasntme:
     
    На srcekrsacka, Glossy-girl и teletabis4e им се допаѓа ова.
  3. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Господ ги сака храбрите!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ^ А другите ?
    :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    ДЕКА СУМ НАЈСЕЌНА НА СВЕТ :D :D :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Се спремам за добра забава :dance:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Овие неколку слободни дена од школо, со сестра ми имавме телепатски договор за утакмица: кој ќе изгледа повеќе филмови. Мислам дека водам :lol:

    Викендот секогаш ми биле деновите во неделета кога не се замарам со школо и се однесувам како да е лето.
    Овие 4 дена ми се викенд.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Сончко денес убаво не погали бевме на скара на село, со блиските роднини и некои од пријателите, тетин и дедо интерпретираа стари македонски народни песни, некој трезен некој не знаеше што зборува :D зеленило насекаде и миривче на крајви лепешки :D Опуштен почеток на викендот, ах колку ќе беше убаво да траеше 5 дена, а не само 2 :$
     
    На srcekrsacka и Peppermint им се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Чувството кога работиш само 6 саати , зашто на газдите им дошле гости :rofl: што убаво ми дојде :wasntme: па и утре слободен ден :wasntme:
    Сдк да доаѓа побрзо први да си ја земам конечно целосно платата :angel: ^_^
     
    На crazylady, Glossy-girl, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    :rain: :rain: :rain:
    [​IMG]
    Ах... преубаво е, си седиш на компјутер затуткана во ќебенце, пиеш чај и слушаш кап - кап - кап, дремката те повикува... а ти се чувствуваш толку занесена и задлабочена во мислите што и не ни забележуваш дека е доцна и дека треба да си легнеш.
    Исто многу сакам да спијам на вакво време, или да читам книга... нешто најубаво.
    Иако дождот изгледа толку меланхоличен, но некогаш го сакам повеќе и од сонцето.
    А јас сега ќе ве напуштам, го сакам ова... го сакам, сакам, сакам! :inlove:
    [​IMG]
     
    На teletabis4e, crazylady, Ilusionist и 20 други им се допаѓа ова.
  11. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ако е совршен - оженет е,ако е убав и симпатичен - женскар, ако е богат и сам - ретардиран , ако е мамин син - педер е! Логика - Сеа глеам зошто манастириве се полнат со калуѓерки.
     
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ве читам колку уживате во есенсково временце и ви завидувам.

    Јас не знам и не можам да ја сакам есента. Ме потсеќа на нови почетоци, на неизвесност...ме потсеќа на тивки разделби. Од секогаш...
    Сакам дожд, но не и есенскиот. Студено ми е, згрчена сум. Студени дланки, студени стопала и студ во душава. Тажна сум, напната, нервозна и би требало да се движам со предупредување-пазете, оваа каса.
    Кожава ме боли од ладно, не можам ни со крема да се намачкам. Се запустив.

    Ај уште малку па ќе го пуштат железарското парненце, па ќе се преродам. Тоа ми е лекот
     
    На Hipster, Moira, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    .
     

    Прикачени фајлови:

  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам уживам слушајќи ги капките дожд на моите прозори...уххх совршено е.Ја пречитував Тајната и се полнам со убави и позитивни мисли,по која пат само ја читам...некако ми е како Библија.
    Сега ќе се префрлам на нешто посериозно,тамам ме обзема сон,ќе заспијам со убави мисли...чајот од липа го снема :) сосема ги опуштив нервите,есента знае да биде убава и да те исполни со спокој,само треба да знаеш да чувствуваш :inlove:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК не постојат совршени мажи, ама искрено и не верувам дека жените сакаат такви!?

    Тивко дожденце, тивка дискусија, тивки планови, тивки исчекувања...љубовни чудесии малце погласни :wasntme:

    Па и зошто ми е совршен, таков гарант ќе бацуваше само во уста и најверојатно ќе имаше досаден распоред за секс ]:)
     
    На Cacy, DeMelo, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Маж што знае што прави во кујна...ОМГ :inlove:
    Маж со косилка во двор, без кошула.....ОМФГ :P :P
    [​IMG]

    А се фати мм за косилката знам дека ќе ми дојдат пола комшики на кафе :D
    И тој си знае дека го гледаат па се вртка непотребно повеќе во предниот двор него ли задниот, нарцис :rofl:
    Туку да си ја врзам маицата под гради и да го понудам градинарот со свежа лимунада, ептен се намачи вртејќи се во дворот како манекен :rofl: :rofl:

    Ако самите не си го правиме животот интересен никој нема, смеењето е здравје :talk: :*
     
    На Lilit, Moira, Monna.Monna и 21 други им се допаѓа ова.
  17. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Сакам да кажам дека на денешен ден пред еден месец (14 септенври) и ја направив најголемата глупост,ама и најубаво си поминав со личности што не ги познавав.Ама личностите ги нема,односно ги има,ама далеку се,мноогу далеку,само спомените се тука.
    Не требаше знам,не требаше бидејки знаев дека тоа ке трае 2 дена и ке заврши и дека ке се вратам со лоши спомени.
    Ама едно искуство плус и си ја научив грешката.А да заборавам неможам,ама ке престане да боли за неколку месеци,знам,само сакам побрзо да помине болката.
    А една од најдобрите работи што сум ги направила досега е тоа што кажав НЕ (за нешто) и што дозволив да заврши пред да почне бидејки несакав да останат лоши спомени,како што ми остана спомените од пред еден месец.
    Сепак од своите грешки научив и нема да ги повторам,а да не се сеќавам за лошо ке си се тешам со тоа дека сум го пробала тоа,бидејки можеше и да ја немам таа шанса........

    Добра ноќ! :) ;)
     
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Импровизирана маса од стара кутија, а внатре мало скриено богатство од книги .. Козета и Гаврош, Сребрените снегови, Алиса во земјата на чудата ... И опп на дното, ете го и мојот гимназијалски ранец, недопрен и заборавен веќе четири години. Книги, ливчиња, тефтерчиња, допишувачки..Налив на емоции и спомени, а не бев подготвена за тоа.

    ... Дознав дека е на распуст и дека е вратена во државава и се изборив против временските разлики што работат против мене последниве три дена и излегов. Сто пати паднав во искушение и да и заѕвонам на врата и само да ја гушнам и да си заминам. Нема да кријам дека со поглед ја барав шетајќи низ улица надевајќи се дека ќе ја препознам, и дека потајно во себе се надевав дека ќе дојде ќе ме допре, ќе се свртам и ќе ја видам.
    И да, возејќи се во таксито накај дома случајно фрлив поглед низ прозорец и ја видов. Можеби и не беше таа, ама сакам да верувам дека ја видов. Мафтајќи хиперактивно со рацете му објаснуваше нешто на соговорникот со воодушевување и неверување..А таква и ја помнам. Сигурно за некој нејзин нов, голем успех. Или пак му раскажуваше за некое ново место кај што била летово. Како и да е, јас никогаш нема да дознаам.

    Во животот имам изгубено (тогаш) "големи" љубови.. Па и другари и другарки. Луѓе доаѓале и си заминувале од мојот живот. Ама толку голема загуба не сум имала до сега.. Никогаш немам почувствувано толку голема празнина во градиве. Тешко е и ме боли и животот откако не ја гледам не ми е ист. А за првпат не знам што да правам ?! Незнам, незнам .. Како, што.. Да ја барам, што да и кажам, да заборавам..Можеби па и вака е најдобро.
    Како и да е, проклето ми недостигаш. Се повеќе и повеќе.
    Те сакам, К.
     
    На innablood и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    First comes first -
    ако Вие почитувани, се опседнувате со мене, тоа е само ваш проблем. Моите постови се наменети за една посебна личност, каква што вие никогаш нема да имате покрај себе. Ваше е да читате и да се восхитувате, или просто да го одминете моето мислење. Благодарам .

    СКД дека денес се видов со еден мн добар пријател со кого по сплет на околности, не се бевме виделе долго време. Во повеќечасовното општење, како што е редот, нели, опфативме се. За да ви ја приближам вредноста на она што ми беше кажано,ќе признаам дека веќе некое време прекинав со потрага по мојата друга половина. Едноставно, се откажав, и се посветив на својот професионален развој. Зошто се откажав ? верувајте, не знаев. Се заљубив, и веќе не посакав никој покрај мене (или барем си мислев дека е вака).
    Да се навратиме на другарчето. Некаде помеѓу трачарските муабети ми кажа дека многу му се допаѓа едно девојче. Беше самоуверен,ми кажа дека наскоро ќе и признае, иако тоа го сметав за лоша идеја, бидејќи, додека тој гледаше во неа како во жена која ја замислува покрај себе, изградиле едно многу убаво пријателство.
    Арно ама, моите совети пропаѓаа покрај неговата увереност во позитивен исход. Искрено? Му позавидив. Одамна не сум видела толку оптимизам во себеси, за било што.Знаете ли девојки, како ја оправда својата упорност за неа? Ми рече дека таа била една прекрасна, комплетна личност. Трикилометарски пост би бил малку за да ви ги кажам сите епитети. Секундарно во мојата глава се појави моето се. И тој е таков, верувајте, не идеализирам, навистина е таков. Ова ме натажи. Тогаш другаров ми призна- вели дека се обидувал да биде со други, но нив секогаш нешто им недостигало...за да бидат како неа. Ми кажа дека сите токму со неа ги споредувал, и дека тоа било болно измачување, до моментот кога сфатил дека не му треба нешто слично... туку единствено ТАА.
    Тука се замислив. Тука се пронајдов. Тој бев јас, а Таа беше моето се. Затоа сум престанала да барам. Не од разочарување, не од недостиг на време и нерви како што знаев да се убедувм, туку поради надежта дека ќе го имам, но пред се поради тоа што нико друг го немаше сето она што го има тој...
    знам и дека нема да го има... не е до љубовта - тој навистина е совршен.
    Ми треба оптимизам, па да се наоружам како другарчето и да тргнам да го освојам... изгледа несум доволно храбра..
    Тебе пријателе, среќно! Искрено се надевам дека ќе ја имаш. Искрено се надевам дека оние кои совршено се вклопуваат , на крај завршуваат заедно...заради тебе...заради мене...
     
    На Springy, marama, mjauuuuuu и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк подобро е човек да не тропа на онаа врата, кај оние,каде згрешил,се додека нема лице за да се извини за грешката.Не благодарно е и безчувствително е доколку се направи обратното.Се што правиме за другите,си правиме всушност на себе си.Полесно и подобро е доколку се направи правилното.
    Човек треба постојано да е отворен кога разговара за се, не само кога треба да се спаси од одредена ситуација.
    Само да кажам, воопшто не ме интересира што другите мислат,не си го губам времето.Мислам општо.
    И мене не ми се допаѓаат сликите на Пикасо, мислам и дете може да ги нацрта....па никому ништо.
    Пак мислам општо,објективно.Уствари како и секогаш.
     
    На bittersweet, Ilusionist, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.