Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Дека секој за своите грешки си плаќа. Господ можеби ќе задоцни но никогаш не заборава. И му благодарам од се срце што ми ја исполни желбата барем 1% да почувствува оној морон што јас почувствував. И во друга држава не му е најсјајно прочитав се обидел некој да го убие. Хахах ни таму не го сакаат. И така си заслужил после се што ми направи.
     
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека секогаш постои среќа во несреќа после толку долго очекуваниот момент да ја возам колата на дечко ми седнав јас да возам и како што возев со малку поголема брзина ете ти полиција и дечко ми паника го фати дека јас без возачка и џандаров ми вика девојче возачка (немам) и личана карта му дадов што му дадов и ми вика абе мн си ми позната ама нез од каде и јас тука ми текна а вие случајно да не јадете во XXL (кафаната на чичко ми ) и он да сега ми текна ти си внуката на газдата и ми вика земи личнава карта и пази како возиш абе чиста среќа и морам да си кажам си го обожавам чичко мшто би јас без него
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Volim sta me volis :lol:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    СДК дека овој дождов навистина дебелее,седиш дома пред компјутер не излегуваш никаде за да попешачиш затоа то врне и нема каде да одиш и цело време гнетеш нешто чипс чоколада и такви некои ствари :D и после ке кажат дека јадењето дебелеело е не е точно дождот дебелее и тоа многу :rofl:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Учење, учење, учење...часовникот откуцува, колоквиумска се ближи, тензијата расте и напорот се зголемува. :doh:
     
    На cinderella5, Allthatglitters21 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Среќна сууум денес :dance: Убав ден, не успеа дождот да ми ја расипи вечерта, преубо си поминав.
    Не сум се смеела со месеци вака, дефинитивно животот е полесен со позитивни личности покрај тебе и многу смеа :!:


    Ве гушкам сите :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, cinderella5, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Стврано незнам зошо живееме, сигурна сум дека некој се заебаа со нас, не гледа од горе и пука сеир се гази од смеење.Си го сакам животов.Не беее не ми е совршен, не го сакам заради тоа.Него не ни сакам да ми биде совршен мн ке ми биде досаден, а несакам да ми биде досаден.Сакам да кажам дека во моменотв прстиве ми летаат по тастаура, ама шо да праам иам некоја инспирација за кажување глупости.Да како што кажав си го сакам животов, со сите глупости, сра*а, депресии, мрднати смеења.Дури си го сакам и коа плачам, го сакам и коа тропам глупости како во моментов.Некогаш праам глупости кои ни сама не си ги свакам.Некат ми иде да си ја треснам главата од ѕид, зошто боба зошто такви глупости правиш сама на себи си наштетуваш.Што да праваиш таков е животот, ама не е важно треба да си го сакаш сепак еден е.И стварено не ги свакам оние што се самоуубиваат, какви слабаци, кукавици цц.Незнам зошто изнапишував волку кога сакав само да кажам, ЛУЃЕНЦА САКАЈТЕ СИ ГО ЖИВОТОТ, КАКОВ И ДА Е, СЕКОГАШ СЕ ДЕШАВА НЕШТО УБАВО , НЕ Е СЕКАТ ЦРНО ИЛИ БЕЛО, ИМА И СИВО. ТРЕБА САМО ОПТИМИСТИ ДА БИДЕМЕ ТОА Е СЕ!
    НЕ СЕ ПРЕДАВАЈТЕ НИКОГАШ.
    Толку од мене, уствари не, сакам да кажам дека вечерва си поминав стврано убаво.

    П.с : се мислам дали да стистам испрати, ама ке стиснам, знам дека изнакажав глупости пред да кажам нешто паметно, и се мислам зошто уствари го изнапишав се ова, сигурно некој ке мисли дека сум се мрднала, не бе само кажувам што мислам, и ств незнам зошто го напишав во п.с.. и уште едно П.С: се извинувам на некои особи, кои ми значат незнам зошто сега го кажувам ова, требаше порано..

    :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Некогаш, кога граматика на германски оди премногу напред и почнува да ме замара така што се губам меѓу редови кога читам, мојот мозок сака да успори и се враќа - премногу назад. :)

    Денес, заклучив дека на некои луѓе секогаш ќе се сеќавам, некои нивни движења, гестови, реченици, никогаш нема да ми избледат од глава. Иако со сите луѓе сум била во милион ситуации, сме правеле муабет на милион теми, мојот мозок ги меморирал на тој начин и така ќе ми останат, долги години, сигурна сум.

    Починатиот ми дедо, како ми вели, добро бе дедо, ти како сакаш, така прави и како ја накривува главата на десно, па ја враќа назад додека ми го вика тоа. Другарка ми како се смее кога кажува нешто дрти, така што речиси веѓите и летнуваат во косата и испушта само еден цифкав звук. Цимерката како носи лилјаково венче на главата и вика нешчо да си направиме, или за нешчо да се договориме. Друга другарка како ми зборува со носот надоле и бушавата коса нагоре додека го тапка телефонот и фаќа вифи. Другар ми како ме чека подгрбавен со раци во џеб и таков свенат целиот, со шишка настрана. Бивши како ми вика ај бе шо се замараш, уживај. Сестра ми со тивко гласче и влакненца по раците како ми вика дадо може ли да седам тука со тебе. Мајка ми со подигнати веѓи. Комшиката со витлери во глава и нејзиното има ли некој дома... Баба ми и комшијата во меѓусебен муабет, и двајцата како рипаат како попарени кога ќе разберат дека ги слушам. Колега со неговата широка насмевка, мислиш го освоил светот иако во џеб нема повеќе од 50 денари. Дедо ми и баба ми заедно со нивното НИЕ ќе ти дадеме, НИЕ ќе ти донесеме, НИЕ сакаме да помогнеме. Друг бивши со неговото завртување на глава на лево и наназад додека ги шири очите, како да сака да види од подалеку и подобро да анализира. Другарка како се смее во сини фармерчиња, коса разлетана нанадвор и како вика хе, хе, а потоа хехињата убрзуваат. Братучед ми како ми се обраќа само со ,,нашето,, специјално име додека му се дујат обравчињата. Училницата од прво одделение со хамерот со симболите за времето, жолто сонце и сонце зад облаче, залепен на прозор и учителка која стои на светлината. Мојот поглед во огледало на матурската вечер, кога се гледав отпозади и си викав види колкацка ти е половината.

    Милион луѓе, милион сеќавања, почнувам да се плашам дека некој ден ќе ги заборавам или ќе ми се измешаат. Премногу заборавам. :tmi: Важни настани, битни моменти, работи кои се случиле првпат, за првпат, за последен пат, работи кои се случиле само еднаш и никогаш повеќе, ништо такво не памтам. Не знам на која дата биле, во кој ден, дури некогаш ги мешам и местата на кои се случиле. Мислам дека само роденденот си го памтам како битен настан. Ме плаши, дали работите не ми се важни, дали па поважни ми се емоциите поврзани со нив отколку ,,формалните,, податоци од типот кога и каде, навистина не знам.

    Морам да почнам да запишувам во еден тефтер. Пример, на ден 14ти, месец десетти, Дузи збрлаве и си го прекопа мозокот наопачки. :D
     
    На Moira, Artemission, Oxymoron и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Кога дојде 03.00 часот :o не ни приметив :!:

    Понекогаш колку и да се трудиш да заборавиш некои работи од минатото, кога ќе се погледнеш себе сваќаш дека не може.
    Минатото на ваков или таков начин не следи. Оставило траги зад себе, кои на човек понекогаш му е тешко да ги заборави.
    Колку и да се трудиш кога ќе се погледнеш во огледало, гледаш дел од минатото, дел кој целиот живот, се до последниот здив ќе те следи, и ќе те потсетува низ се што си поминал. Ќе те потсети која всушност си била и која си сега.
     
    На bittersweet, booba и marama им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    93.902
    Пол:
    Женски
    уффф.чим се најавив не сум толку пијана!ма дрво сум ама немав кај се олеснам!туку два пати се сринав пред да влезам дома-го ебав мантилот нов па и лакираните чевли од зара-голем к.р битно сватив дека ми фалело она чувство на сринати дланки на внатрешна страна,и успеав да не му пратам порака на пијано...леле како паднав на дождооов!ај имајте убава недела и не пијате розе вино-тера на паѓање и на љубов..добра ноќ!
     
  11. Flavoraid

    Flavoraid Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Добро бе си ги обновивме контактите пред 1 недела а ја неможам да го извадам од глава , не го сакам бе не го сакам , ама многу ми фали ако го видов вчера , и зашто ,зашто го мислам цело време ? Ако си ми забранет ,као шо викаат забранетото овошје е најслатко ,епа да бе . И зашто не дојде вечерва ,супер ми беше ама пак он ми фалеше . Он бе он и само он , знам дека ќе ме заебе знам таков си е му пишува на чело ,ама ако ,фали уште вечер да го сонувам , епа неможам бе више само него го мислам. Као шо кажа боба оној од горе ни се утепува од смеење ама ако . Ма мрш у пичку матер и ти и сите , смејте си се ако !
    :|
     
    На booba му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Лека ноќ феминчиња кај и да сте и со кого да сте. Поздрав од вашиот ноќен ловец и ангел чувар :angel: додека вие спиете. :D
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    СДК дека го добив одговорт што го сакав. Сега сум пијана од љубов и страст, знам, знам дека ќе бидеме заедно некогаш ама јас почнав да пијам и славам уште од сега.

    Мора да е љубов.
     
    На Annie.mk1, bittersweet, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Токму така mims-89, добредојде во моите љубовни канџи. :lol: :lol: Ќе си се среди се како што треба не бери гајле. :D You and me together, that's a perfect combination. :D Дојди да се опијам од љубов од твоите усни опојни. :lol:

    Еве ти фино песниче:
    http://www.youtube.com/watch?v=uTM78XsU8GQ

    Аууууу што беше романтично ова од моја страна. Извини за ова тролање длабоко во ноќта, дефинитивно овој пост е за бришење. :D

    До сите феминки ако се во конфузија и бунило, само ја зезам mims-89, немаме ништо јас и она ниту некогаш сме пишувале или сме размениле порака хехе.

    Сам си ја барам бељата, брлив сум. :rofl:
     
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Демек мислиш ко призна пола му се прашта?
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Не можам да се препознаам. Јас не сум јас повеќе.
    Ми иде да земам да си реплицирам на сите мислења откако сум зачленета. До толку сум сменета. Во ништо што порано сум го мислела сега не верувам. Ех што ти е животот и што се може да ти приреди.
     
    На crazylady, lovely91, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нема да веруваш потполно и јас исто. ;) Доста се сменив во изминативе 365 дена, а уште повеќе ќе се сменам во наредните 365 дена кога верувам ќе преминам од студент во вработен и озбилен дечко. :) А до тогаш, ќе се “глупирам“ уште малку. Го имам тоа чувство на спокој и сигурност дека ќе си ја биде работата, неоспорни ми се квалитетите. :) Life is life, да живее животот. :) Биваме возрасни и зрееме, до тоа ќе да е Виножитке. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=EGikhmjTSZI
     
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Пропаднатата годишнина сеуште непреболена, ненадокнадена во право светло, но барем падна помирувачкиот секс :wasntme: :$
    Кој сака што сака нека рече но нема нешто послатко од секс после кавга. :D
    Работите полека се вракаат во нормала.
    И изгледа ке игра непишаното правило кога една работа ке тргне на добро сите коцки си се местат на своето место.
    Да, и конечно компјутер и мк фонд :)
    Денес ден на ајвароманија.Ке се пече, ке се лупи, ке се меша..
    Златна бабичка многу ми фали, секогаш правеше ајвар за цела фамилија.

    Дошло времето за шат даун.
    Толку од мене вечерва, и едно нешто за крај

    Ни порано ни подоцна, во животот сè доаѓа кога треба да дојде. :)
     
    На Moira, kate21, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека сите се менуваме повекето на полошо ама што ми е галје за таквите,јас одам на подобро и тоа ме радува. :)
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сакам зима, сакам снег и сакам предпразнично расположение!
    Сакам зимски распуууууууустттттт :party: :dance: :rofl:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, teddybear, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.