Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    сдк постојат и многу богати деца, на кои родителите не им дале ништо друго освен љубов :)
    филозоф дерпина фејс :D

    него не не, овие 3ве кокошки што ме замараат :rofl:
    да штикла :D :D
    ај чао :lol:
     
    На bittersweet, Doozy, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако ми верувате, би дала се, буквално се само за да ја немам оваа (пред)менструална мигрена. Некои 4-5 дена во месецот, пред да добијам, за време на добиено или после тоа, обавезно имам главоболки.
    Главоболки кои не можам да ги поднесам.
    Можам да се сносам со синусите, со се друго што имам ... ама овие главоболки душата ми ја вадат.
    Ми пулсира главата, ме стега, ми се грчи, очите ми потекуваат, ушите ме болат, ми се мати пред очи, нервоза ми ствара, ми жежи, едвај гледам ...
    Не можам јас да се поднесам, а не па некој друг да ме поднесе ...
    Ми иде да се искорнам од плачење, рикање, дерење, ама само полошо си правам.
    На татко ми му се раздрав, на брат ми исто, на мајка ми исто.
    На него толку глупи работи му зборев што не знам како не ме лупна еднаш од ѕид ... а после се успеа пак да ме гушне ... и да му поплачам припиена во него. Знае со што си има работа ...
    И после ете убавата вечер, си дојдов и како јагода на шлагот за безвезна проклета небитна ситница му пишав страшна порака. Ама чим не враќа, знае дека демонот од мене зборува а не јас ...
    Го занемарувам фактот што утре треба да полагам во 8, а допрва ќе учам, го занемарувам фактот што ова беше еден ле пис оф шит понеделник, и што треба утре да сторам нешто да им се искупам на моиве сироти дома што створиле ваков монструм ...
    И нафрлам насмевка, со една од омилените песни, се фаќам за работа.
    Денес тоа е, па сега утре ќе биде подобро ...
    Ваљда.
    :tmi:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Постојат и вакви како мене што седат до касно, а наутро не можат да се разбудат. :|
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    СДК денес конечно можам да си дада одмор...спиев и уште не ми е доволно.Ама веќе лакше се дише :)
    Личам на зомби.Ама утре обавезно ќе си обрнам внимание на себе.

    Иначе кој е за LOVE SONGS on Antenna 5? :wasntme:
    На останатите лека ноќ и убаво да спиете. :* :hug:
     
    На Lepaaa, AnaKarenina и ludoto19 им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК ПМС WTF!?
    У ПМ колку ми е гадно :doh:
     
    На AnaKarenina, Beauchamp, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Чиниш се е полесно отколку да се пренесе некое чувство. Јас сум шизик кој љуби да пишува за своите чувства, изгорена од жигот на пречуствителноста, внесена во некој Вертер филм, а сепак знам дека сум дете. И овој ден ми стави печат дека навистина сум дете. Порано не знаев, жими се! Признавам, колку и да е срамно тоа. Ама дека сум имала некое детство - не чуствувам, од причина шо и навистина не сум го имала. Думкањето на сестра ми, музиката на тато, емотивноста на мама, моето моливче и тетратките правеа да ме мрзи да си играм со барбики и да бркам во калта со децата од маалото. Можеби и поради тоа се лажев, а се лажам и сега дека сум многу позрела, а всушност јас сум малку повеќе чуствителна од другите.

    Но, тежината е во апсорбирањето на тие чувства. Полесен е физичкиот контакт. Никој не може, а едвај се и труди да ги разбере туѓите чувства, оти луѓето се трудат да бидат само среќни за себе и пред други, колку и да е површинска таа среќа. Ма и да посакаат, тие се тотално глувонеми било за твојата тага или среќа.
    Зошто јас да и раскажувам за врската помеѓу мене и него, кога тие нема да разберат? Зошто јас да и кажам дека иако сум поминала толку работи со него ние пак сме заедно?
    Па не секој има доволно отворени срце и доволно отворен ум за да прима некои чувства! Повеќето се затупавени оти тоа и е во гените или оти сами одбираат така.
    Па и мојот дух почнува помалку да се крши, право да ви кажам.

    Пошо е време кога е модерно да си робот на својата е*ана објективност, а љубиш да си ја почестуваш својата е*ана субјективност со јадење гомна и користејќи го зборот - патетика. Патетичен е циникот. Патетична е мојата десна папуча оти е една обична десна папуча!
    Трка ЕДИНСТВЕНО за песимизам, трка за главен фраер пред другите, трка за моќ, трка за било шо, освен по трка за себе. Оти? Па оти тебе и те нема право да ти кажам, ти си ко мојата десна папуча! Барем знаеш дека е бесцелно да трагаш по нешто шо не постои...
     
    На bittersweet, Phyramide, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    сд ви к чао, мене ми заврши 8) сега сум кул, инаку :x
    и јас сум за Aнтена лав сонгс :wasntme:
    скришно романтичаре... марш бе не сум :rofl: добро де, онака :wasntme: Mааалкуцка
    ми се пие чајче а ме мрзи да ставаммм :drunk: мрза светска
     
    На AnaKarenina и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Тачна сум, као швајцарски сат, а не некои тука да ми викаат нетачна сум била. :fubar:
    Кога сум прва смена, алармот ми ѕвони во 06:11, излегувам во 06:29. Кога сум втора смена, ми ѕвони алармот 11:23, излегувам во 12:22. :!:
    Сум имала 3 пиштола за нинтендо, од кои само еден работи.. Ама машала, машала, сите кој од кој поголем. И прееска си играв таен агент, изи мизија.
    Ра та та пуцам у небо, е будала, у себе сам требо.
    Boom, boom, boom, boom, boom, kana hi naj kutz fwieofhiewohf.. Калашњиков, калашњиков, eee. :dance:
    Сега озбилно, чаоздравохејпријатнодогледање отидов да спијам. |-)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ви се придружувам за Антена Лав сонгс. Одамна не сум ги слушала, не ми одговара тајмингот.
    Ама вечерва ќе си се пикнам под јорганче со слушалките и ќе уживам :)
     
    На Divinebutterfly, Strumfeta93, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Чувството кога еден од добрите другари те гледа во очи и те лаже.
    Другар што го знаеш 9 години, со тебе е од забавиште...
    И на крај, тебе те заменува со тип што го запознал минатата година.... во средно...
    Фино, епрен... |(

    (објаснување: лектирата ни е за утре)
    Денес:
    Јас: Ќе може ли да ми ја дадеш лектирата ако си ја прочитал неможам никаде да ја најдам? Те молам! А и ако ја немаш прочитано, дај ми ја за саат време ќе ја прочитам одма после школо ти додека спиеш и ќе ти ја вратам.
    Дотичниот: Не, ја немам прочитано лектирата, денес ќе ја читам цел ден.
    Јас: Цел ден ќе читаш 100 страни? :^) :D
    Дотичниот: Епа нема цело време да читам. Ќе прочитам две страни па ќе одморам, па пак две па ќе одморам. И така цел ден ќе ми се фати.

    (аха жими стапов) |(

    (после саат време, го слушам Дотичниот у сред разговор со некој друг)
    Абе ја имам јас прочитано таа уште од летоска, лесна е за пола саат се чита, ако ја нема во библиотека ќе ти ја дадам јас.


    WTF? :^)
    Ако не сакаш да ми ја дадеш, кажи ми ебаго, не да ме моташ ко мрсул.
    Jerk... :@
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Вечерва и мене ме фаќа некоја несоница, па ќе ви се придружам и јас во слушање на лов сонгс. Ако не дадам утре никаков знак на живот, знајте дека песниве беља направиле :lol:. Шала на страна, пред некој ден си имав....онака, депресивни 20минути- па, повеќе би ги нарекла издувен вентил. Си пушташ некои лов сонгс и си цимолиш малку. Нема штета де! Одамна не сум пуштила солза- исто како што некогаш мора да заврне :)

    Како поминува времето јас полека си одгатнувам некои работи...последната што ја открив е дека имам страв од врска, поточно, имам страв кога не можам да ја видам иднината со некој кој моментално се нашол во мојот живот. Тоа е страшно, тоа носи многу точки, извичници и прашалници во мојот живот. Тоа е тој момент кој ме прави степски волк
    Шансите се за давање, а јас ги чувам некаде заклучени :^)
     
    На julie77, Divinebutterfly, Acerola и 3 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Го заокружувам денов, понеделнички меланхоличен и здодевен. По ништо посебен од останатите.
    Ви посакувам убава ноќ и уште поубаво утро откако ќе се разбудите.
    И сонувајте! За еден ден да речете: Овој понеделник е поинаков од останатите.
    [​IMG]
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    6.721
    Да пробуваш да победиш во караница со женска, е исто ко да пробуваш да изгасниш сијалица со дување :devil:
     
    На Phyramide, martinuska и angel92 им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Што се подразбира под поимот мирни девојки? Девојки кои не пијат, не пушат и немат дечко? Девојки кои не знаат како изгледа 4ка во дневник? Или every girl is a good girl, until they get caught? Значи прекиснато ми е веке од бабски муабети и величења на одредени дотични особи кои се прави ангелчиња дома а надвор е веке друга приказна.

    -Многу паметно девојче е Цвета на Трајко, дома секој ден прави ручек, и нема дечко. Браво, БРАВО!

    Да де, браво. Браво де Браво. Кога би ја виделе Цвета на Трајко во град со минич до пич и цигаре во рака не би верувале дека тоа е Цветулина на Трајко. Ех бреее, да ја видиш Цвета на фејсбук какви ебозовни статуси има и какви слики, оу мај гад, кој ѓавој влегол во Цвета наша?! Не не, Цвета нема дечко. Јеа рајт, само пола град знае како и изгледаат лепотиците и госпожата хкмммм.. А требаше да ја видите Цвета кога :puke: позади диското, мртва пијана со едната цицка надвор од кошот. :o |( Зборот ми е, ако знае Цвета да направи еден ручек, и ако не сте ја фатиле никогаш досега со цигара или мортус пијана, не значи дека ЦВЕТа е чиста и недопрена како планински ЦВЕТ. Не не не, треба понекогаш, ова родителите да излезат во град и да го шпиунираат своето дете, па да видиш дали Цвета е онаа Цвета што се претставува и мачка очи. Их бреее!
     
    На Chocoholic, Divinebutterfly, martinuska и 6 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.887
    Пол:
    Женски
    Ништо не може да ми ги разбуричка емоциите како некоја песна. И кога некоја песна ќе ми влезе под кожа морам да ја слушам 24/7. Чувствувам болка ако не ја слушам. Легнувам со слушалките на уши, потоа ми ѕвони како аларм. Нон-стоп. Љубов бе, љубов. :wasntme:
     
    На zhap4e, L-enna и sanjaeva им се допаѓа ова.
  16. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    .. Не е важно како другите гледаат во мене, туку како јас гледам на себе си!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Морам ова да го испробам еј!
    Како ке ги стресе оние на кои им мрда, мх мх...

    [​IMG]
     
    На SexyLady, la-chicka, JoxyTheFreak и 5 други им се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Само јас за да убијам досада можам ишишам над 10 сантиметри од косата.
    Веќе сфаќате дека имам нова фризура, која да бидам искрена многу, многу ми се допаѓа.

    А и веќе не ми толку досадна косата.
    Убава и здрава, не третирана со фарби, ниту изгорена од пеглање...среќна сум :rofl: .
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    сдк дека просто не ми се верува дека по светов газат уште поштени луѓе. Браво за таквите :clap:
     
    На Strumfeta93, la-chicka, Lady-Cha и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    На Strumfeta93, kate21, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.