Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Aко денот по утрото се познава ,тогаш денешниов ден ќе ми биде многу убав :rofl: Уште не разбудена мојата ќеркичка ме почасти со една мила насмевка ,синчето со најтоплата прегратка ,а мм со најврелиот бакнеж.Машкиот дел од семејството во хор ми ја испеаа Хепи Б.,а ние женските се топевме.Веројатно ќе пееше и ќеркичката,но таа се чува за следната година :D
    Ова ми е втор роденден што го славам со вас феминки и од сесрце ви благодарам за честитките,а богами и за тортите :) Ви посакувам убав ден исполнет со многу љубов,среќа и насмевки ;) Сакајте и бидете сакани!
     
    На Moira, DeMelo, tweety26 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Танцувај до бескрајот. И сето тоа нека биде во Љубов престорено. Крушата за доручек, заедно со поезијата. Мисливе, зеленкасти. Небово, сивкасто. Срцево, црвено.

    Громови нема, сонцето лажно подава рачиња и гушка само одбрани луѓе. Се фолирам дека сум страк детелинка и мене ме гушка некако најпосебно. Нели.

    Ангажмани на сите страни. Се радувам кога сум во километража што бара напор и мускулите и ганглиите ми се напнуваат во позитивен стрес. Ако воопшто тоа може да се нарече позитивно. Промоција, примопредаја на документи, семинар наредна недела и интро за сликарска изложба повторно. Дап. Можам да си се себенаречам поет, зошто ме бараат и фино ми е. Штом добивам потврда и од професорите лично, што се лажирам и скромнувам, кога не е така? Па што.

    Промоцијата на Владимир ќе биде во МКЦ, во 20 часот. Повелете. Книжулето е мед и танц. Како и сите ние, кога сакаме и живееме во дивоста на сопствените желби. Ќе има и слободен перформанс после тоа, а јас ветувам, има да танцувам, додека ме држат нозете.

    Ве чекам и гушкам и бидете умни и не читајте жута штампа, читајте поезија.
    Цмокови и цуфки.
     
    На DeMelo и cinderella5 им се допаѓа ова.
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    [​IMG]

    Ете зошто ја сакам есента :)

    Кафенце,чајче,газењето по суви лисја,читањето книги,долгите прошетки,носењето плетени работи,гушкањето за да се стоплиш,ветерот.....Тоа е доволно за мене да ме направи среќна :angel:
     
    На sweet-cherry, booba, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Проја и чајче за да ме потсетат на дома. И Џими Дуранте и еспресо. И недела спремна за водење љубов.

    Ме очекува средба со купче странци кои сакаат да ја претворат туѓината во домче. Несебични луѓе, само тоа му треба на светот. Луѓе кои не се изгубени во минималноста на своите драми, кои секогаш гледаат низ шарен калеидоскоп и кои од се срце се смеат.

    Имаат импровизиран библиотека во еден трговски. Си земаш книга, ја читаш и ја враќаш. Без потпис и плаќање играме на карта доверба. Претпоставувам и да ја задржиш ќе се радуваат, книга сакаш да задржиш па кај го има тоа. На времето крадев книги од библиотеката во основно. Затоа што библиотекарката ме излажа дека ќе ме прати на натпревар и затоа што немав срце да барам пари за уште една книга.

    Мрсничко на уста и во меше. Еден грам салце плус. Е арно де....
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, DeMelo, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Брзината се дефинира како поминат пат во единица време, среќата се дефинира како долгорочно задоволство од животот, додека пак тагата се дефинира како количина на болка во единица време. Не знам како да го дефинирам она што вчера го доживеав во една скопска кафана. Беше тоа количина на глупост и примитивизам во единица време :) Денес цел ден ќе читам книги за да ја искомпензирам глупоста од вчера и да се вратам во позитивна нула :lol:

    Бевме повеќе луѓе. Кафаната не важи за селска и турбо-фолк. Демек, културна, урбана. Во тоа и беше нашата изненаденост. Ја избравме по логиката, ... абе, кафана да е, со жива музика, пристојни цени и амбиент. А и најважно беше некаде да отидеме, да се подружиме и посмееме ;)

    На крајот сите заклучивме дека можеби ни беа преголеми очекувањата, дека тоа е тоа, дека народот на тие песни се весели, игра и радува. Ама некако премногу се соживуваа луѓето, премногу беа во филм...
     
    На DeMelo, booba, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Серии и кафе- типична Недела за мене. А богами и секој ден ми е таков.. Нека ми се случи нешто што ке ме мрдне малку, да живнам, оти вака веќе неможе. :)

    п.с. Чувствувам дека во последно време многу откривам на форумов, некој ке ме препознае а имам чувствителни теми, па ке изретчам малку повеќе.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Неделно попладне.А јас уште под нерва.Ма што да правам кога некои луѓе не се свесни за ништо околу себе?
    Кафето ми е како лек,па досега можи манав 2,3то веќе се вари.
    Ах,мислам ќе полудам.Љубениот ми иде на нерви,нешто глуми хард кор лудило,ама си велам ќе го полудам.Ај толку од мене,сега го чекам и него и кафето,па ќе има уживање во овој ладен,депресивен,намуртен ден. |-)
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Ми се хибернира периодов! Не знам дали е до времево, дали е до алкохолот што се испи деновиве, ама ќе да е до двете најверојатно.
    Фино што секој ден има некој повод за прослава, ама не можам да постигнам, очигледно сум излегла од форма :doh: На место си е она „ Многу арно не е на арно“.

    Воздухов во Скопје е грозен периодов, згора на се претерав и со цигари, очигледно ми фали чист воздух. Да не ми висеа над врат, во истиов момент ќе фатев пат за Маврово. Најубавите будења што ги памтам ми се од таму. Уште во 6 саат очите ококорени и спремна да зацепам некое дрво за огрев :D

    Него имам јас навика многу работи да ги поврзувам со храна. Се помирив со ладново, сега уште чекам да пресече јако па да почне сезона на пастрмајлии во комбинација со добро црвено винце. Велес wait for me ^_^
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Немам време да седнам и да ги читам вашите постови во темава како некогаш...
    Ми фалат тие мигови кога си ги разлистував странициве на СДК и старата СДК и пишував почесто.
    Овој викенд си го поминав многу убаво, сите мили луѓе и оние што ми значат ги видов, си разменив по некоја реченица со нив.
    Повторно ја почувствував атмосферата кога мајка ми прави зимница и ја собира во теглата.
    Измешани емоции, мисли и сеќавања. :^) :) :o
    Сестра ми покажува ладнокрвност, но не може да се оддели од мене, знам дека нејзе и фалам најмногу, ама не ми го покажува тоа. Ја изгушкав, ја стопив, како некое плишано мече ми е. :hug: :hug:
    Тука ми е убаво, а од друга страна и не ми се седи зошто тука сум како на одмор, немам никакви обврски во градов... :wasntme:
    Дедо ми збирал поени од т-мобајл и ми вика да си одберам телефон да ми го купел, ако требало и ќе доплател само да ми бил по кеиф, убав тој на дедо :D
    Другиот дедо ми дава 500 денари и ми вика што сакам да си купам.
    Одеднаш големо внимание и нежност покажуваат сите кон мене, дали дека ме гледаат поретко или дека сум им омилена внука не знам :D
    Како и да е, немам ништо паметно да кажам, во тек е мојата нова промена, ќе бидам повторно старо-новата јас, а дотогаш уживам во се што правам поврзано со тоа зошто чувството на задоволство не може да се опише со зборови, мора да се доживее.
    До следно пишување, останете среќни, паметни и задоволни и имајте убава работна недела.
     
    На Hopeful, Chica.Loca, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908

    Дали може да ти се придружам на добра велешка пастрмајлија и добро остро црвено винце??? ;)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... навистина сакам да сум од оние што мува не ги лази, уво не ги боли, и не се замараат, и не ги тангира никој и ништо, и си кулираат, и вечно се во чилакс муд, или што годе.
    Им завидувам на игнорантноста, ноншалантноста, индиферентноста... пробувам, сакам, ама не можам бре.

    Срцето јуначко мое се потресува, како што кажав вчера - и мрази и љуби, и менувам илјада емоции, илјада бои, илјада распложенија, за се' имам став и мислење, и жалам што сум таква, ама сум, и нема менување.
    Некој ќе рече - многу се заморуваш бе девојче, и така си е, не дека не сум опуштена или премногу напната, ама си имам рачки, си имам мудови, бедови, црвци во газот, ми лазат на нерви, лазам некому по нерви, ме вадат од такт, ги сакам, ги мразам, дискриминирам, стереотипизирам, поделена сум во мислења, некаде објективна, некаде субјективна, и што со себеси...

    Ми врие во мозокот некои денови, ниту се прави рифреш, ниту бришење на корпата со стари податоци, не можам да не поткренам веѓа на човековата глупост или непознавање на прости сезнајни нешта, или да не се насмеам на вриштачки аутфит, или да не ми се навее инстантно зборот мишкодигач на шабан кој се радува на Бајпас или Беле руже, да не извртам очи на помодарки, да не посакам да им мавнам шлаканица на покондирени тикви, и оние кои заобленото О го изговараат како тесно У, па слушаш дека е од СкУпје...
    исто како што не можам да ги исконтролирам солзите на тажен филм или песна, што ме погодува неправда, немаштија и сиромаштија, и болести на лица, познати ил непознати што не заслужиле сурова судбина, или мерцедесот на мрсулкото купен од тате, оти завршил на ФОН после 7 години студирање, фактот што немаме специјални установи за дечиња болни од аутизам, и ред други калимеро-ситуации...

    и кроз целата оваа гомнарија, тој што останува недопрен од светот, и е - к*р ми е - двор ми е, ма ич не ме боли бе, ма не се замарам, ма си го терам животот, прави и ти како мене, нека го каже лекот поскоро, оти јас еве пробувам и сакам - ама не оди.
    Не можам. :(
     
    На sweet-cherry, bittersweet, sparklie и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    За џабе не е онаа поговорката каков татко - таков син

    Ме боли што го гледам брат ми како расте, се повеќе личи на татко ми, насилен, инатечија, умее да се изживљава со луѓето.

    Го сакам оној брат кој секое утро стануваше но насмевка на лицето, оној кој готово кафе ми носи во кревет и после тоа два саати не излегуваше од соба, разговаравме, се советувавме, се смеевме, ми недостасува брат ми да пее песни како што нему му одговараат, ми фали дури и да ги слушам Слаткар и Тони Зен со глас до 100-тка кој ги слуша, ми фали да правам ручек со него и да се смеам како будала :(

    Го гледам и се прашувам во каков човек ќе израсне. Како ќе гледа фамилија со тој избувлив карактер еден ден, како ќе ги воспитува неговите деца. Во никој случај нема да дозволам да се понаша како татко ми :shake: Ќе сторам се да го променам, да го вратам назад каков што беше пред некое време.

    Утринава тиквата пукна помеѓу нас двајца, куќава ечеше, се трескаа врати, мислиш секој момент ќе се урнат ѕидовите. :|

    Ми кажа зборови кои никогаш нема да ги заборавам, му простив брат ми е, но никогаш нема да го заборавам денешниот ден, тоа што ми го кажа ме остави :o ;(
    Од секој ги очекував тие зборови, само не од брат ми, не од детето кое го учев да чита и пишува, не од детето кое секој ден го носев и го земав од школо ;(

    Подобро ќе беше да му удреше шамар отколку да ги слушнав тие зборови. Лута сум му, премногу, овој пат нема да попуштам и кога ќе се врати да разговарам со него како ништо да не се случило, Нема да му зборам некое време, иако душава ми се кине, нема да го направам тоа, ќе го оставам да си ја увиди грешката.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Нормално дека денот е поубав кога е поминат со најдобрата другарка. ;)
    Попладневните часови ги поминавме заедно ги обелаживме во нескафе и суви колачиња. Во нејзинот празен стан со часови разговаравме. Ми призна дека бев во право кога и зборував. И кажував да не се упропастува, кога тој не ја бара нека проба и таа да не го бара. А таа што направи...Се кае, плачи таа плачам јас, и мене ме боли.Ја знам од бебенце. Уште од мали заедно бевме.Заедно ги врвевме детските години.Прв училишен ден, прв симпатија, прва љубов...
    На моменти се повредуваме но двете знаеме колку се сакаме.

    Денот продолжува, мене ме очекуваат многу учебници и тетратки ,многу лекции и домашна потоа топла када и на крајот сладок сон.Утре е понеделник.Уште една работна недела која ке биде проследена со многууу дожд.

    Убаво неделно попладне :*
     

    Прикачени фајлови:

  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека се приближуваме до „фаталниот“ датум 21 декември 2012. ;)
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.568
    Пол:
    Женски
    Колку би сакала од денес,да можам, да не вртам друг лист,туку да ја сменам книгата.
    Кога ќе ми здосади книгата,да ја променам библиотеката,а во книжарницата на која ќе налетам да ги променам таваните,полиците...
    Да ги изменам буквите,да измислам нови.
    Кој може да ми забрани?
    Денес сум овде,утре којзнае...
    Колку само непрочитани книги останаа,5 животи не ми се доволни да влетам на секоја страница,да го облечам секој фустани да стигнам на секој бал.
    Тоа сепак не е причина да и со овој еден-не се обидам.
    Моите тикви чекаат,гулабите зборат на мојот прозорец,а чевли...чевли никогаш доволно.
    Дури и ми се чини дека една ја загубив,ја распарив...
    Некој ѕвони...
    Полноќта е се уште далеку...во што ли ќе се претворам?Во принцеза или...
     
    На imelda, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Повеќето не ја сакаат неделата.
    Јас напротив. Уживам во неделно утро, особено во неделно попладне.
    Денес убаво ми почна денот.
    Се разбудив наспана, ми мирисаше на дожд, а во собата влегуваше некој мал сончев зрак.
    Убава есен.
    Што убаво сум си ја исчистила собата, чиниш воздух ко на Пелистер.
    Милина.
    Па уште кафенце во таква атмосфера, ооо.
    Разгледувам што има овде онде и седнувам да учам, чунки
    Од Ѓорѓи Колозов ми е речников
    утре полагам...
    И така.
    Чао сега.
    А, да. Абе луѓе, не се преПОродувате, туку се преродувате кога ви се случува нешто убаво.
    И не се сменува се за 360, туку за 180.
    Е, сега чао. :)
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    http://off.net.mk/bavchi/jana/zanes-bez-osnova

    Се наежив од...гад.

    Него, шо правиш за другарка ти после неочекуван грд раскид?! Наоѓаш карти за Македонија - Србија (кои секако не се од типот кој ми се понуди), и покрај тоа што НЕМА! Епа мора да се испука. На мајка му пи*ката! Поим неаме од фудбал, не сакаме фудбал,ама ќе одиме на фудбал, ќе се дереме! Кога знаеме соодветно да гаѓаме, кога знаеме да се дереме, да се понашаме ко се освен дами, јас мислам легитимно е и да одиме на фудбал.
    Добро,она беше крива, и го кажав тоа,знае. Ама не е на одмет едно дерење.

    Вчера во сред гужви се разминавме,си ја скрив фацата...А дечкото што беше со нас го гледа и ми вика што се криеш?! Викам па онака, а па го знам јас него што билка е (билка беее... :D не како Билка администраторката, туку како споредба, може да отровна што знаеш?!), само жени и само глупости! Е да си ми жив и здрав! Знам! Поарно отколку да кулминираме да го затепам на сред плоштад,вака сокри си ја фацата!

    Ден како за дремење, читање, гушкање, душкање, удобно сместување во се што може и гледање филмови... Сакам да се изврне, за да престанат сите да зборуваат за дождот,а утре да пукне сонце за да ме напуни со енергија!

    Ми недостига едно човече,ама онака,болно. Мило се погледнавме вчера кај штандот на Стоби...и наврнав и настината сум сега... Она е уништена, другар ми се нервира зошто сум дозволила да пуштиме заеднички солзи, друг другар е напнат зошто вчера не бил некаде кај што сакал, друга другарка добиено... Денес светов стварно сака да се заебава?! Јас сепак се чувствувам многу смирено и меко, не кажувајте ама розе пижама стварно чуда прави! :D И носам и зимска капа со уши надоле! :D Додека сите се сликаат у секси пози толку убаво нашминкани (мислам убаво...као травеститки) и сексапилни...јас без шминка, у пижами и со зимска капа! Не може да не си најдам дечко вака! Едноставно не може! :D Кјутнес оувр лоуд се додека не го добиеш пакетот на домашна адреса и не почнам да ти играм чикен денс на клуб масичето у салон! :D

    А може и да си го пуштиме и Дуке Бојаџиев...и да чекаме да пораснеме...колку што се може до утре.
     
    На antonina, JuLleE, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    [​IMG]
    :rock:

    Ах, незнам зошто ама песнава ме копка дубоко у срце. Секогаш кога ја слушам мора да се насмевнам и очите да ми се наполнат со солзи. Ја слушам и сакам да има некој сиилно да го гушкам. Особено кога во песнава ќе го слушнам гласот на Кемал Монтено, ме исполнува едноставно. Секој стих ми е најубав на посебен начин. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=U2GB0sl9 ... re=related
     
    На CharmedGirl и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Е да некогаш е подобро само да ги пуштиш..

    П.С - Лилит јас сериозно не знам како даваат на вакви личности да пишуваат статии. Се сеќавам дека она пишуваше за медиокритети, се прскаше колку е она кул, а всушност се опишала сама себе. Медиокритет со мизерни постови. Нема интелигенција, нема поента, чист шунд..
     

    Прикачени фајлови:

    На anabel-a, cinderella5 и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    http://www.youtube.com/watch?v=7fDAFRcw1I0

    Љубам прво,повели кафе и Дуке....
    Поим немам искрено речено,зошто девојкава ми е одамна веќе иритантна пред се затоа што е глупава и поим нема од поимот колумна и не знам како може да се трпи со Илина БукБокс. Мислам јас да сум Илина Трендо би го отерала у пизде материне (ама од друга страна, не сакам претенциозности,ама гледам се твитериша жената отворено некако без критериуми и она,па така што...и тука се прашувам за други ишјус). А друго што Трендо јас разбирам да сака да си ги заштити *колумнистите* ама кога мејл од читателка го лупна како предмет на потсмев некако како да не сака да си ја прифати реалноста и има премногу самодоверба за еден стар,отрцан скопски мачор кој колку и да сака да биде носител на некоја рок култура,е само прв крик на македонската поп култура (која знаеме дека воопшто е ужасна,а тек тука...ако постои ко таква...е у-жа-сна,значи не ужасна,туку ужасна на слогови!). Извинете многу ако сум вулгарна...ама се надевам дека добро се продала оваа Јана,ако ме разумеш мачко (тм Покојна Милева), зошто ништо друго разумно не ми доаѓа на ум освен дека Трендо е глуп па му се допаѓаат колумните кои дозволува да излегуваат на сајтот или добро го врбувала,трето не сум паметна да смислам.
    Да скратам,она е у занес без основ...а посебно ме насмеа, чак што више ми дојде и слатко што толку се потрудила,..онака се смешкам,замислувам како ја галам по празната глава и викам,душичка...
     
    На JuLleE и ljubam им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.