Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    нели? :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Моите дедо и веќе покојна баба, со време тоа го средија. И слики имаат ставено, од кога биле млади :!: , им недостасува само (сега веќе на дедо ми само) годината на умирање. Жално е што пред нив, погребавме помлад член на семејството во истиот гроб, а забегано веќе што на секое изнесување, попот во мртвите ги пееше и живите ми баба и дедо :| (зашто и нив ги гледаше на гробот :tmi: ). Додека си млад градиш еден дом, кога ќе остареш вложуваш веќе во другиот :|
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    СДК - Понекогаш мислам дека некои феминки помислуваат на мене повеќе од мои „блиски“ луѓе |(

    Сношти ѕвездичката моја легна без мене, сабајле заминав без да ми каже Таооо, така слатко си спиеше....кога само би знаела како ја поминавме вечерта.

    Патот од Јане Сандански до Клиника ми изгледаше ко од овде до вечноста. Колку ли само била голема, како не сум видела кога се пораѓав? А да - тогаш мажот ми ги броеше чекорите....
    Тешко било од оваа страна....тој внатре, јас надвор. Солзи ми доаѓаа на очи, од жал, од бес, од љубов, од неизвесност. За прв пат видов чуден одраз во неговите очи, го масираше срцето и молчеше...
    Како ти е? - Добро сум, немај гајле.
    Гајле? Не, немам гајле....имам СТРАВ.

    Неколку пати проверував како диши ноќеска.....го наслушнував како му чука и срцето....а ѕвездичката моја, од другата страна, ми легнала на перница и ми дише на уво. Ме обвиле страв и безгрижност истовремено, соновите ми се испреплетиле чиниш гоблен везат, а утрово сепак не ме почасти со нејзината насмевка....
     
    На Mikako, Micheleljubov, slavica999 и 29 други им се допаѓа ова.
  4. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Утрово мириса на досада. И сивило. Сакам цел ден да останам склопчена во кревет, да ја бркам ноншалантноста во собава со арома на магнолија зад повлечените завеси. Топол чај и омилениот појадок - штрудла со јаболко.. Денес ја чувам љубовта само за себе, себична сум и безволна. Луѓето очекуваат да им ги објаснам своите постапки.
    Тој се повеќе ми влегува под кожа, a јас одамна не сум била во непознатото...
     
    На bittersweet, ViktorijaMari, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  5. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Беше напорна ноќ. Сонував страшен сон. Мојата најголема ноќна мора. Беше толку реална, што почувствував дека ме боли целото тело. А најмногу душата. Од тоа и се плашам. Веројатно мојот потсвесен страв и она со што немам сила да се соочам дење, се ослободува ноќе. Се уште се чувствувам лошо, а изгледа и ќе потрае. Само мене ли вака ми влијаат соништата? Ми се чини дека цел ден ќе тргне наопаку. Не знам зошто, едноставно така претчувствувам. Станав рано, но се чувствувам хронично изморена. Можеби е од есенва, но некако немам волја да се справам со денешниот ден. Само кога ќе помислам колку многу обврски имам до вечер. А може и поубаво. Барем ќе морам да се средам и да излезам од дома. Да направам нешто корисно, со што нема потоа да се обвинувам дека залудно сум потрошила уште еден ден. И се така во круг. Од денес до утре. Купи ден помини. Кога еднаш ќе се среди се?
     
  6. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    читајќо ја "Чичко Горио" Ја сретнав мислава и многу ми се допадна
    -Ако човечкото срце застанува да си почине при качувањето на височините на љубовта,тоа ретко кога се запира на стрмната удолнина на чувствата на омраза
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Ај аирлија,убаво тргна денот,се надевам така ќе биде и цела недела.
    Оти веќе ми е смачено од нервози.Сега си кувам едно нес-кафе малку да си ги опуштам сетилата,па ме очекува дружба со љубениот... :inlove: :* :* :inlove: :*
     
  8. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Фејсбук е преплавен со Сораја и нејзиното секси тело, Ким Кардашиан колку пати денес била во вц, онаа Станија каде, колку пати и колку пари потрошила на одмор и нејзиниот "згоден" задник..
    Значи ПЛИС ХЕВ А ЛАЈФ!!!

    Кога ќе почнат луѓето да се грижат за својот живот, своите идеали, своите желби?? Или не, ќе се грижиме за старлетиве која повеќе ќе ги покаже своите гради и која се сек***а со кого... Не мрчам, само криво ми е што никој не си ги гледа своите проблеми, туку туѓите глупости!
    Луѓево им го дигаат рејтингот на таканаречениве познати фаци, кои да напоменам дека станаа познати по по*но филмчиња и голотија. Зошто на денешниве тинејџеркиве и маженцава идоли им се горе наведените старлети? Зошто да не им биде идол некој хуманитарец, некој кој прави добро за сите? - Е не, мора тоа да биде Ким Кардашиан. :) :swear:


    Си го почнав лошо денов! Се надевам дека подоцна ќе биде подобро...
    Бај д веј, не дозволувајте да ви биде идол некоја обична старлета.

    Ви праќам љубов и да имате убав ден полн со добрина, разбирање и среќа! :*
     
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Жељко Cамарџич: 9 хилјада, метара на небу сам ја..
    Феликс: Bitch, please...
    :D :D :D :D
     
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Викендов ги јадев највкусните њоки со четири видови сирење во Џино.Едноставно прекрасни.Ме воодушевија одново со прекрасно приготвената храна и неодоливите десерти.
    Единствената работа која ми недостига во мојот град се големите трговски центри со огромен број продавници за облека,но и секакви ресторани кои нудат одлична храна.

    Врнежливиот понеделник од старт не ме воодушеви,ама се надевам остатокот од неделата нема да биде како сабајлево.
    Имам принципи и сакам да ги следам.Убаво ми е така,иако навидум се строги,јас одлично функционирам со нив,и огромна желба ми е секој да си ја врши работата за што е поставен,за да не го троши за џабе моето и времето на другите.
     
    На tweety26, marama, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Знам дека секогаш можам да се навратам на назад, и да го повторам истите грешки. Но нема. Разумов нека ме служи. И не знам, сериозно не знам колку треба да се жртвуваш за некој, за кој знаеш дека не би ризикувал никогаш за тебе?

    И некогаш е потребно само едноставни зборови некој да ти каже, за да знаеш дека му значиш, за да ти го направи животов поубав, ама себични се луѓето. Пресебични.
     
    На Neytiri, DeMelo, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Постојат луѓе кои ме потсетуваат што не сакам да бидам во животот. Има луѓе кои откако ќе ги видам, сретнам на улица, ќе слушнам за нив... во мојата глава го будат она гласче кое ми вели, НЕМОЈ, немој никогаш така себеси да се уништиш, да се потцениш и така ефтино да се продадеш.Па така денес на улица кога те видов навидум среќна, насмеана, издотерана, знаев дека иако си качуваше висока цена се продаде ниско.
     
  13. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Денес ми се посреќи денот,а посебно утрото.Ме обзеде една позитивна енергија и мислам дека и планина можам да турнам.
    Се впуштив во добар шопинг и си купив работи кои одамна ги посакував.
     
  14. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Па и не почна лошо денот,мислам.
    Сабајле станав,се облеков,отидов во школо и цело време мислите ми беа на др место.Пред еден месец,на денешен ден сабајлето,беше прво и последно будењето покрај тој што го сакам,си лежевме заедно,си се гушкавме,беше посебно утро.Нема нешто поубаво да си легнеш и да станеш покрај тој што го сакаш.Ахх солзи ми потекоа,ете спомени. ;( ;( Неможам да заборавам,не.Наутро станав тоолку наспана иако спиев само 3 саати и кога се разбудив тој покрај мене и во тој момент бев најсреќна.Заспавме во 3 по полноќ,а станавме некаде во 6 и до 9 си лежевме,си се гушкавме.И како да го заборавам ова? Како? Сега толку ми недостасува што ако го видам сега не ке можам ни збор да му кажам,само тоолку мноогу ке го изнагушкам.Ама сепак реалноста е дека тој е минато,а јас живеам во сегашноста и дека сегашноста и иднината треба да ги гледам,а не минатото.Ама ке ми треба време да го заборавам.
    И да.Џ не си оди.Останува.Колку сум среќна.Прееска зборевме и заради тоа сум мн среќна.Ме исполнува.Нема пријател како него.Се плашам да не го загубам.Ама ке дадам се од себе секогаш да биде тука.... :)

    Имајте убав ден! :hai: ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Викендов поминат на планина ми дојде како мелем на рана.
    После напорниот период, си дозволив малку да заборавам на обврските и целосно да се релаксирам.
    Надвор врне, огнот крчка, а ние слушаме радио, пиеме винце, грицкаме кикирики и играме друштвени игри. Па раскажуваме најразлични дешавки и се смееме до солзи, потфатени од винцето пееме песни и се расправаме за тоа кој краде додека играме карти :)

    Викендот си летна, а понеделник ме врати на обврските.
    Ама ако, не се жалам. И онака по природа сум хиперактивна, па според тоа мразам да безделничам.

    Патем, во ваков период кога сум во недостиг на самодоверба, во инбокс ми стигна следниот Quote of the day, кој решив да го споделам:
    “Confidence comes not from always being right, but not fearing to be wrong.”
     
    На Stoimenovska, slavica999, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  16. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Ќе се расплачам од среќа,ау! После цели 2 месеца успеав да се уклучам на фемина,е што брат ќе беше,незнам што направил ама после неможев да се уклучам на форумов,кујзнае што си пишувал ;( значи да ви кажам дека сум се тркалала на патос од среќа и дека сум скокала на кревет што пак можам да се уклучам на фемина,ќе ми верувате? Абре од интернет кафе и од кај другарки се уклучував ама џабе - Пак неможев да ставам мислења :@ Конечнооо,конечноо,конечноооооооо :rofl:
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Жени вака, јас овај јавен муабет го борчам, како објаснување прибидејќи едно по едно пишав два муабети кои неправилно ги поврзавте.

    Животот ми стана постојка за чекање, оние кои ме познаваат го знаат тоа. А јас сум човек кој не пати од нетрпение, имајќи го тоа во предвид можам да заклучам дека нечие присуство во мојот живот постојано ги одложуваше работите што ми ги скрши сите граници на толеранција .Не мислев дека проблем ќе ми биде да родам дете некому за кој не чувствувам љубов, мислев поголем проблем е да не родам воопшто. А тоа ќе се случеше најверојатно ако останев со оној што искрено го сакав...односно ако се продолжев да се надевам дека тој ќе остане со мене.
    Тоа е што е. Животот е иронија. Јас уште не верувам во брак, ама какви времиња идат ќе мора да рипнам в тавче.
    Сега ме фаќа меланхолија и паника. Не дека се покајав во изборот, само емоционалните последици се катастрофални. Но одлуката ми е правилна.
    Јас само избрав да го живеам животот со редослед и безбедно. Не сакав да ризикувам да завршам на неславен начин.
    Мислам дека редно е да се навикнам на тоа дека од мојот живот некој мора да замине, за да пуштам некој да влезе.

    Имајте убав ден.Насмевнете се. Живејте го моментот но мудро, не го одложувајте и не го форсирајте.


    Од време на време дајте му предност на мозокот во размислување, срцето често прави фатални избори.
     
    На zhap4e, kravce, ilipili и 16 други им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Заробен крик во грлото.
    Пригушени солзи синоќа, слушајќи за судбината на една девојка- судбина која и јас можев да ја имам :worried: .
    А не можам да и помогнам.
    Слики од минатото ме рестреперија и ме натераа да сум благодарна за денес.
    Но крикот останува, плачот исто.
    Колку денови сакам да пишам, да се испразам, овде, некаде, било каде- макар на лист и да го запалам, може така ќе ми олесни.

    Ми се собрале многу работи- неправдата е она што многу ме боли, но не помалку ме жеже и лицемерието.
    А го гледам насекаде.
    Го читам овде, го гледам во луѓето околу мене, па и кај најблиските.
    Сите мислат дека се многу опасни, со нивните лажни животи собрале околу нив уште пожални гревчиња кои се водушевени дека се заедно со нив, а не се свесни дека се само една огромна маса ѓубре што гние од смрдеата на нивните души.

    И уште се осудуваат мене да ме обвинуваат и по мене да маваат, мене да ми даваат “совети“ , а не погледнале колку се бедни.
    Не ми треба совет- ако можеш навистина да ми помогнеш, ајде, слободно.
    Вака со паламудење- не.

    Видов до сега кој беше тука и ме гушкаше и помагаше секогаш кога ми беше тешко- знам и затоа не се прашувајте зошто сум таква со вас.
    Имате среќа што мојата душа е нежна, заслужувате вие многу полошо.

    И овој Достоевски мораше ли во секоја книга да убива некого?
    Уште тоа ми фалеше, и од него да се потресувам :|

    Сепак пред малку ме насмевна постот на Битерсвит за синчето :* , и покрај сите мои тешкотии и солзи, иако се тресев од бес и одеднаш се насмевнав.
    Тоа ми даде надеж дека некаде, сепак има нормални луѓе и треба да продолжам да верувам.

    Шашав период.
    Исто како времето надвор.
     
    На Hipster, girl1985, caroline.costa и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    Универзум, татко ми не знае да вари макарони, ама знае да вари грав. Уште еден доказ дека си ме оставил во земја каде што не треба да живеам!

    И патем, се мислев да напишам еден огромен пост за ЉУБОВТА, нејзиното величество, цепидлаки и себичните,упс извинете еуфемизмот за себично беше - независните.
     
    На cinderella5 и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    На моменти морам да се согласам со некои работи и тврдења зошто не секој го заслужува комплиментот на рационално спротивставување.
    Добиваш толку колку што даваш. :)

    Под перницата имам куп соништа и недочитани книги, на бирото куп шољи од кафе, а чевлите ми се искривени од сонување.
    Одиме во војна, сами против себе.
    Ќе купиш кутија љубов или кутија кондоми? Плими и осеки.
    Последниот бакнеж нека биде полн со надеж. Не сакам краеви кои докажуваат дека е крај. Барем не нашиот. Ајде да се вратиме во (не)познатото.
     
    На kravce, ViktorijaMari, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.