Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ви кажав еднаш, дека еден пријател познат поет во МКД, Никола Маџиров и подари приказна на мојата Мила тогаш постирав дел. Се думав дали да ја постирам целата, ама сега одкога знам дека е испечатена во “Росица“ можам. Многу сум благодарна што на некои луѓе им треба миг, за да ти дарат нешто, што ќе ти го направат твојот живот и на ќерка ти поубав, а нормално тоа мене мие најбитно, нејзиниот да е секогаш исполнет со такви моменти. Многу сум благодарна на Никола. Зошто ми дари нешто не заменливо. Се ближи нејзиниот роденден, а знам таа ќе биде пресреќна кога ќе ја прочита. Не секое детенце добива приказна посветена..



    СВЕТЛИНАТА НА НАСМЕВКАТА

    Сите роднини и деца се наредени околу тортата на Мила како свеќи, молчат и чекаат. Го чекаат фотографот. Свеќичките горат на тортата, а децата скришно дувнуваат затреперувајќи ги, чиниш некој ја оставил вратата отворена. Свеќичките бавно се смалуваат како баба и` на Мила.
    – Мамо, зарем мора да дојде чичкото со апаратот – ја пресече тишината Мила. – Ете, ти ќе ја паметиш мојата насмевка, а јас твојата, и потоа ќе си раскажуваме наместо да гледаме слики.
    Фотографот сè уште го немаше. Мила ги дувна свеќичките и децата извикаа, почнаа да ги палат и гасат сè додека не станаа едно со тортата. Надвор врнеше дожд, громови се појавуваа како светлини од голем апарат во кој можеше да се смести светлината од сите дувнати свеќи во животот. Чичко и` на Мила почна да фотографира со мобилниот телефон, но веќе никој не гледаше кон камерата, туку во нејзината насмевка која не старее.
     
    На AngelOfArh, bal0n43, Neytiri и 32 други им се допаѓа ова.
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Никој нема ни претсава колку вреди еден обичен утешителен збор! Еден збор може да ти изгради храм во кој можеш да се скриеш и вечно да вребаш за вистината! Но, секогаш ќе треба да се има на знаеше зброт е само збор, ако се потпреш на само еден збор да да градиш храм, тогаш тој храм може лесно да се уништи со друг збор! Затоа, зборот вреди но ако има армија од зборови кои ќе го подржуваат!
     
    На Tamara16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tamara16

    Tamara16 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Прво да ве поздравам сите,веќе подолго време го следам форумов ама ете ме мрзеше да се зачленам :P Нова сум и наместо отпрвин да се средам малце,ете јас веднаш ќе почнам да филозофирам :)

    Зарем има поубаво чувство од тоа кога си она,стварно среќен? Кога скокаш и се радуваш како будала,како мало детенце,кога не те интересира буквално ништо :D
    Е нејкам да се фалам уште од почеток,ама деновиве сум баш хепи :)
    И поентава ми беше - Колку добро ќе направите ако си ја признаете грешката! Колку вреди таа искреност,ах :) Ќе лажете,ќе лажете но се тоа ќе излезе на виделина и совеста ќе ве боли многу повеќе отколку што ќе болат тие 5 минути во кои ќе кажеш каква одвратна личност си и што си направил? Па и се да се смени,ќе имаш подобро и повисоко мислење за себе си..

    Да се срамам од своето потекло? Ме дрма хепи провинциско дете филинг. Велес е закон бре :D Барем не се тепаме за тоалетна хартија во Скопје Шити Мол. Да сакам пари? Ма не,парите расипуваат...а и секад во животот е така - едно имаш,едно немаш,па подобро да немам пари или незнам што отколку да немаш здравје,љубов или среќа. Не е се во тоа да се правиш курац ипол. ;)
     
    На creshicka и Pelikuna им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Убаво е кога ти даваат ден одмор. Без оглед на тоа што причината не е убава. И сега имам грижа на совест.

    Немирна ноќ во мирна смисла. 150 пати се разбудив, сонував глупости и се препокривав. Тмурно е надвор, топло е под карираново ќебенце. Другарствата се чудна работа. Веќе неколку дена размислувам за другарка, иако не заслужува да ја наречам тоа. Не заслужува секој пријатели и не секој знае да ги одржи. Сум направила и јас глупости и грешки, и сум се трудела да поправам работи кои секогаш ќе си имаат една мала пукнатина. Ретки се вистинските другарства и бараат многу. Ама вредат. Само што не можеш тоа да му го докажеш на секого.

    Станувам филозоф. Читам за растенија и норвешка митологија. Имале и тие нешто заедничко. Создавам и чекам. Трпеливо и со лакирани нокти. За мене, за него, за сите. Со чоколадо со чили, еспресо и изненадна цигара. И миризливи стапчиња од јаболко и цимет.
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Деновиве во моето пошироко семејство,потесно немам,се појави проблем на љубомора.И тоа толку голема да жената си ги собра парталите и сега е кај нејзините .Причина,мажот гледал во други жени.Мене ова не ми е верно.Мора да има тука и некоја друга причина,и не сакам да навлегувам во тоа.Ама ако е како што велат, мислам... :fubar:
    Јас на пример гледам во други жени и девојки и често му велам на мојон ;
    -Онаа има баш убави гради!
    тој
    -Ма твоите се поубави!
    Јас
    -Онаа баш има убави нозе и добро дупе!
    тој
    -Нејзините се како на штрк!
    јас
    -Колку убава коса има онаа!
    тој
    -Ма не гледаш ли нејзината е како слама!Твојата е поубава!
    И на крај заклучуваме дека сите имаат нозе како штрк,коса како слама,гради како лубеница,...и дека јас сум најубава на свет. :rofl: :rofl: :rofl:
    Така да што се однесува до мене ,може да гледа колку сака,поубава од мене нема да најде!!! :wasntme: Уште помалку да биде причина за развод. :!:
    Наздравје :d:
     
    На antonina, Neytiri, DeMelo и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Мирување, чистење низ соба. Ме нервира кога треба наменски да чистам. А вака, сама своја француска собарица, си подредив се’ по мојот личен ред и хаос и потопло ми е. Си ги редам алиштата со хипнотизирачка мекост, си ги душнувам тазе испраните постелнини и си слушам саундтрак на Нино Рота. Треба да пишувам исто наменски, но тоа не смее да ме нервира. Треба да ми создаде чувство на спокојство. И би. Првиот чекор е нели, најтежок. Ма дај. Никогаш не можам да поврзам нешто тешко со леснотијата на пишувањето. Да треба да ми прави анализа драгиот Кундера, треба да сфати дека мене ми е неподносливо токму тоа.

    Неподносливата леснотија на пишувањето. Да.


    Мирисот на печени костени, восок за депилација, варено гравче, средство за чистење, симфонија за нос, а и за прсти. Сте допреле мирис? Јас да. Секоја ноќ додека сонувам како ми ги гушка стапалцата и ги масира со Бекутан после напорен ден. Сварив чај и кесичките ги наредив на радијатор. Сега и корките од портокал ќе стигнат. Есента е секогаш посебен траг во првиот спомен кој создава ладно околу дланките, а топло околу срцето. Ми се гушкаш, ми се милуваш. Еден куп мачки низ маало. Фрлам саламче од втори спрат, а мачињата како Феликс се спуштаат со носињата за да го добијат својот оброк. Полиците за книги чекаат подобри времиња да се наместат. Книги имам секаде. Под кревет, на кревет, во биро, под душек (си ја најдов Малиот Принц таму, скриена од лоши соништа), низ соба, во кујна, во ВЦ. Никако не можам да ги сместам. Патуваат низ мојот дом и така им е поубаво веројатно. Си припомнувам на баба, скутината и зелникот со маст што го правеше под вршник. Одамна не сум и оставила свеж цвет на вечниот дом. Дедо. На тетка ми. Вујна ми. Ете, ќе спомнеш есен, книги, студ и веднаш ти текнува на оние што ги нема. Вредат да им се дари збор.
    Се радувам на животов, иако ме гушка во меланхоличен џемпер. Многу остарев, да не речам созреав, иако тоа сам себеси никогаш не можеш да си го објасниш, периодов... Мајчинските инстинкти ме закачкаат, срцето ми е поголемо за два броја, но чевлите уште поголеми. Пат, и многу мистика до него.
    Немав намера да пишувам предолго, но тесен е секој простор кој сака да опише отсуство. Како најголемо присуство.
    На Љубовта, што од неа и за неа стојам храбро додека да напишам нова приказна.
    А додека есента застудува, мене оваа симфонија пролетна ми ги топли петолинијата и нотите во срце
    http://www.youtube.com/watch?v=1_BwRineVcg
     
    На anabel-a, antonina, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    И додека цветав од среќа, сфатив дека се што е убаво кратко трае. Да, раскинавме. Ме боли.. Немам кому да се отворам.. Немам кому да кажам. Само едно знам. За ништо не сум виновна. Ама Господ е голем. Гледа и враќа....
     
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Значи колку се заразив со ФЕМИНАВА
    Значи сонував дека МАРАМА отворила тема за пилатес топки и јас да пишам во темата ја заклучиле :|
    Ахх,да и сум сонувала дека марама во модни критики ставила многу убав и долг фустан со светки :inlove:
     
    На marama и Tamara16 им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам едно милионче :?: море и тоа ќе ми биде малку..

    Сакам со тоа милионче да му купам на бато нови патики, нова кошула, нови панталони, убава јакна.. Сакам да биде згоден и убаво дотеран.
    Сакам на мама да и купам нова облека, затоа што онаа старата е веќе избледена и износена. Под стара не подразбирам неколку месеци туку околу 5-6 можеби и повеќе години. Сакам да и купам и нова чанта затоа што на сите по нешто им фали, дали патентот не работи, дали се излитила. Мама си има само две чанти едната за пролетно и летно време, а другата за есен и зима. И не се жали. Ехее имала она, не и требало ништо ново. А и треба! :!: Знам дека и треба!
    Сакам и на тато да му купам нова облека, да го видам дотеран и со најубавата насмевка развлечена на неговото лице. Сакам и со тие пари да купам малку од неговото време кое тој го троши за мене и брат ми. Се случува да не го видам со денови затоа што излага на работа од 6 наутро и си доаѓа накај 9 часот вечерта, а во тоа време или сум искочена или го гледам накратко и од умор заспива ;(
    Со тие пари би им платила некое патување на мама и тато, некаде далеку на море или планина, со вклучени масажи и платено јадење, за да мојата мајка не се мачи да испржи пиперки или нешто поскромно за да не потроши многу пари, за да има за мене и бато. Би им платила и воопшто око не би ми трепнало!
    Би и купила на мама автомобил, за да на овие години не се мачи да оди со велосипед на работа само за да не дава пари за автобус. Да има повеќе за нас.
    Би и нарачала огромен букет цвеќе на мојата мајка и црвено вино за мојот татко! Баш црвено како неговите образи кога ќе седиме и ќе се смееме како шлакнати.
    Потоа би го наполнила фрижидерот со најразлични продукти бидејќи веќе и тој се чувствува осамен, а и не може да запознае нови другарчиња бидејќи се состанува цело време со едни исти маргаринот, паштетата, сирењето и саламата. Од време на време ќе се најде и нешто друго, но многу ретко.
    Голема е жртвата на родителите кон нивните деца, јас знам дека моите даваат се од себе за да ги задоволат нашите потреби, а ние упорно сме незадоволни при толку многу работи што ни пружиле.
    Знам дека јас и брат ми го делиме првото место на листата на мама и тато и дека на нив "не" им треба ништо бидејќи имаат се!
    Ветувам, ама навистина ветувам дека од првата плата го полнам фрижидерот да не може да се затвори, му купувам подароци на мојот брат и ги праќам мама и тато на едно патување со нова облека! Ветувам! Само да сме здрави и живи да дочекаме....
     
    На Stoimenovska, Plavusa.17, Sexybaby86 и 56 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На happY-smiLeY, cinderella5, Anna-Banana и 5 други им се допаѓа ова.
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Еми... убав ден :wasntme: На тестот поминав подобро отколку шо очекував (се надевам на некое позитивно оценче), на физичко релаксација и дружење, кај има поарно нешто од одбојка?

    Сонот кој го сонвав ме врати во летото и на луда вожња со возот (само во сонот пософистициран беше :D ) AХхх лето 8)
     
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.024
    Имаме ново тролче на форумот кое билда мислења со светлосна брзина Miryam, се надевам некој ќе го запре на време да го банира оти за 10 минути ќе влезе и во Скриеното катче |(
     
    На Miss-Angie92 и Tamara16 им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.422
    На моите пријатели кои завршија на Американ, не им пишува на фејсбук,туку им пишува само дека работат у која банка. Да потенцирам, очи им не беа виделе на тој квази факултет... и плус се срамат од истото,ама не го менува фактот дека нивните поштени родители им го наместиле газето во банка.
    Ќе бирам, не сум дошла до просјачки стап за да работам било што! Како што мене ме бираат, така јас ќе ги бирам нив.
    И да ви кажам нешто, Лилит аплицираше и господинот у сред празник ми закажа интервју за утредента, по само два дена откако стиснав сенд на мејлот... Кога да го видам?! У недела вечер се разбира и откако ја расправивме работата, ми беше речено, драга, можеш да дојдеш кој ден сакаш на интервју после 15 часот. Како тоа коа сакам?! Као за мене огласот е отворен засекогаш?! Ма немој да ме јебеш бре!
    Ау да,и суптилно ми рече, платата секако е супер, 25 000 денари,со можност повеќе...и секако, ми стана јасно во прв момент дека за тие 25 000 јас треба да му се продадам скроз,ако ме разбирате,со се душа, тело и сето време кое го имам. Учтиво му реков благодарам,ама имам поповолна понуда во моментов! Мислам поповолна е да правам шо сакам и без притоа да бидам врбувана за едни мочани пари!

    Ма каква е оваа држава... ?!

    И дали чувствувам омраза кон икс особи?! Не! Дали сум гневна на нив и ми оди да им плеснам у фаца, како ти драга моја си го заслужила тоа место у таа фирма,пошо и го знам квалитетот?! Ми оди! МНОГУ МИ ОДИ! Ама немате поим колку ми оди да им се изназборам во фаца како резултат на мојот гнев.

    И рековте КВАЛИТЕТОТ У ДРЖАВАВА?! Абе немојте да ме смеете ве молам! Хелоу мастер дигри,па онда со тебе да можам да се сликам у тоалет дур праам дак фејс и до тогаш од петни жили да запињам да направам нешто од себе!
    Дур они искачаат 7 дена у неделата, со посебна прецизираност на Галерија 8 и Сектор и Излет, јас дубам пишување на нешто од 100 страни, коe за да го заштитам ми бараат баснословна сума која ја вложив у образование, а за сметка на тоа сакаа и да ми го украдат сасвим отворено онака, на сметка на тоа дека е знаеш викенд и опуштен состанок си правиме и си разговараме на маса за тоа како јас сум млада и неискусна и дека треба некој да ми ја лапне потенцијалната заработувачка само затоа што има некое си искуство И НУЛА,АМА НУУУУУЛА ИДЕИ?! Еби се,ок?! Не го давам, ИТ ИС МАЈН! А и рака на срце, коа ми ги изназборе тие глупости,секако не мислеше дека имам бекап, сигурно не мислеше дека сум сама,нели?! Се зезна сестро.
    Дали сум писд оф?! МА ДА!
    Да ти се плукнам во помочаната држава!!! Уствари не е крива државата, туку овој гнидоиден, лишај од народ!

    И немојте да се правиме наудрени ве молам,вие пернатите седнати во канцелариички каде само вие знаете дека сте издувен вентил на фрустрирани особи и сте млаџи референт (ок, се почнува од некаде,ама да се разбереме НЕКОИ ЛИЧНОСТИ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ГО ИМААТ ТОА МЕСТО САМО ЗАТОА ШТО И ГО ЗАСЛУЖУВААТ!),ама ќе направите хе-хе јас имам работа, а ти не, па немојте да мислите дека ќе ве штедам туку токму тоа ќе ви го кажам - извини сестро, кај заврши ти факултет?! А како го заврши?! Преку партија?! Преку врскииии?! Кој те вработи таму?! Ах нема да ми кажеш секако твоите, ама верувај ми тоа е вистината која јас ја знам и сите околу тебе,ама молчат пошо ским си такав си.
    И знам дека има и тука такви. Ако се пронајдете,БАШ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ. Фрустрирана сум од вас, многу се фрустрирани од вас, ама мислам дека е ок да знаете дека сте ГЛУПИ амеби кои за ништо во животот не се избориле! Фала и пријатно!

    И така,тоа е резиме на денот. Иако,не можам да се пожалам...искрено. Искрено кажувам огромно благодарам зошто на крајот секогаш го изодувам патот сама и сама ја наоѓам светлината, најсреќна сум што никогаш не ми е тешко и мачно,што во ниту еден момент не ми текнало да се откажам, ма не сум ни помислила.
    Не е толку црно,зошто увек имам златна резерва, ас во ракавот и поубави можности. Ова и онака ми беше као да видам што ќе се деси и наидов на потенцијален манијак... и глупаци у фотељчиња,што си играат фирма.

    Ау да. И најголемата ГЛУПОСТ што ја чув како мотив за вработување. ЛЕЛЕ КОЛКУ УБАВИ РАБОТИ ИМА ВО СИТИ МОЛ,ЗАРАДИ ТОА МОРАМ ДА СЕ ВРАБОТАМ! И од тогаш се заебавам со тоа... Стварно, до мочаните панталони ми дошло, стварно ја бараташ суштината на живеењето,простакушо една белосветска!
     
    На Plavusa.17, slavica999, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јусејн Болт не ми е рамен. За 15 минути се облеков, се симнав од 8ми и стигнав до факултетот.Така е когаво 5 до 12 ти одјавуваат дека утредента имаш вежби. И кога требаше јас тоа да го видам? Всушност добро е што и го видов воопшто. Ама затоа таму компјутерот не беше на моја страна, ништонемифункционираше како што треба :). И спејсот реши да се зеза со мене. :)
    Ме боли глава, чувствувам дека притисокот ми е паднат. Ќе се напијам едно кафе и ќе ми биде подобро. И правец на учење, во понеделник полагам... кога толку брзо... Останете ми поздравени, до после може пак ќе дојдам.
     
    На Tamara16 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ме прогонуваат духови од минатото, се дружиме во светот на бајките.
    Ах тие мои сонови, и чудни реакции на истите, си се чувствувам необјасниво (не сум сигурна за граматичката точност на зборов) убаво, чудно, за таква персона и таков сон, навистина чудна реакција.
    На некои спомени радо си се навраќам, колку и да не е убаво да се навраќам во минатото или колку и да не завршила убаво таа приказна. Времето поминато со нив е тоа што е убаво и ништо нема да ја промени неговата убавина, не е важен крајот, на крајот ќе се навраќам некој друг ден, кога ќе бидам лута и тажна. Денеска е убав ден. Денеска ќе си ги остварам моите обврски без разлика колку моето внимание ќе биде насочено кај некој друг со кој треба да го поминам времето наместо да ги извршувам обврскиве. Некои луѓе едноставно се неодоливи и вреди да го оставиш реалниот свет за нив, барем за момент. Но денеска, ми дојде :D
     
    На Tamara16 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tamara16

    Tamara16 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Што сакаат да постигнат троловиве,абе никад нема да сватам.
    Знам како е да ти е досадно,ама до толку?! А не сум баба Ванѓа ама со сигурност ви викам дека немаат повеќе од 12 години.
     
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Како што кажаа имаме ново тролче на форумов ,Miryam,и дај сопрете ја со време додека не го бомбандирала цел форум. |(
    Мислам...видете и ги мислењаата и ќе сфатите за што се работи.Очигледно оди во трка за повеќе мислења и не знае што да донапише па го препукува форумов.
    Ма,дај ДОСТА НИ Е ОД ТАКВИ! Стварноо... :envy:
     
  18. Tamara16

    Tamara16 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    И знам дека ова ми е трето мислење во СДК денеска,ама како нов член се радувам на форумчево како мајмун на банана,и повеќе. :lol:
    Извинете на пцовките :)
    Јас дефинитивно сум родена во погрешната генерација.Ама дефинитивно!
    И не,не сум толку бунтовна колку што викаат дека сум,само сум можда поискрена од другите.А искреноста? НајНЕценетата вредност денес.Никој не ти цени искрено мислење во сурат,сите сакаат да им лижеш гз.
    И што сега,поголем човек ќе бидам ако на аск.фм ти пишам се што мислам за тебе анонимно отколку тоа јасно и гласно да ти го кажам во фаца? Или ќе ми викнеш друштво да ме истепаат? Хаха,и со нож да не ми претат? Мене и тато ми кажуваше,вистинскиот маж вади нож само кога планира да го користи.Ако не го искористи за 10 секунди,можам слободно да му го земам и да му го набутам во ...
    Денеска ќе те мразат ако не ги слушаш Уан Дирекшн и Џастин Бибер,ау. Денеска е срамота да имаш свој стил. А баш затоа и имам. Дека каква и да си,и најголема светица,ќе ти најдат (или измислат) милион маани. Грда,глупа,ку*ва (а не се свесни дека ку*ва е таа која дава сексуални услуги за пари,а не некоја во шорцеви) ...Е баш за тоа имам свој стил,и не ми е ни гајле какви го*на ќе изедат за мене,живеам свој живот.
    Ете,замислете порано и јас имав аск.фм. И ќе ти пишат нешто,кога ќе ги закопаш,после ги нема :lol:
    Каде е сега тој што ми напиша "колку ку*ој имаш приманоо курвоооо" откако ја слушна суровата вистина дека не се пишува ку*ој туку ку*ови, и дека сум невина за разлика од повеќето,што е и нормално за моја возраст,дека сум свесна дека утре ќе бидам нечива жена и мајка дај боже,и стварно несакам да бидам безобразна,ама изгледа мајка му била ку*ва што давала по комшии и не го научила ни на домашно воспитание ни на граматика. Еј,мене некој нешто такво да ми каже во живо ќе го поштувам,а не вака!
    И незнам зошто имаат толкава желба да навредуваат.
    Ако ме викаат грда,не ги прави поубави,ако ме викаат ку*ва не ги прави светци или светици.
    А пак би била среќна некој да ми го каже тоа во лице,да знам дека директни луѓе сеуште постојат.
    И не,не е само 96та генерација.Веќе сите се расипани.
    Во школо не учат на некаква правда,а сепак кога има награди,стипендии или незнам што одат омилените девојки на класната.Не,Тамара нема да добие ништо дека се бунтува и е невоспитана.
    Или дека го кажувам тоа што го мислам и моите родители не им купуваат парфеми?
     
    На PeaceLoveBasketball и pamelche им се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Морам да дознаам зошто некои печат цело пиле на 180 а некои на 230, та да не се чудам дали треба да го ставам на еве 200 за да испадне таман. Уште повеќе па се чудам со кој памет сум земала цела квачка а не само копанчиња како и обично кога и така вечерата е за двајца. Хм, ама си стварам слика во глава како ја вадам од фурната, голема како трофеј, ја оставам настрана и со раце на половина ја гледам, климам со глава, и се восхитувам. И од мене ќе биде асална жена! :!:

    Ако не ја изгорам од страв дека нема да е добро испечена за да не се истровиме, тогаш дури на пица ќе се восхитувам
     
    На AIT, Neytiri, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Проблем е кога треба да се обнови козметика, ама уште поголем проблем е кога треба да се обнови се'. Да темпирав така немаше да успеам да потрошам се' во исто време, а парите цел месец ги чекаш да дојдат за нареден миг веќе да ги нема.

    Каков парадокс, работам, а немам пари, всушност ретко кога ми стасуваат до наредна плата.
    Пред некој ден седнав и реков ќе направам список, список за да го купам само она најнеопходното и да пробам да ја растегнам малку платата за да издржам до наредната без минус. Списокот беше релативно мал, но скап и морав да направам наново ревизија на само најнајнајбитните работи за денес да завршам со полупразен џеб, а најстрого се придржував до планираното.

    А каде е остатокот од месецот? Кај се другите трошоци? :sweat:
    Според моите пресметки до крајов на годината ќе биде уште покризно ама ќе запнам и ќе го издржам ова. Можам да преживеам без нови партали, нови чевли, нови чанти... Можам? - Морам!!!

    Немам кому да се пожалам за она што ме мачи зошто ретко кој може да ме разбере, а не сакам да се трудам да се објаснувам и да се чувствувам повеќе виновно отколку сега.
    Мој живот, мој проблеми.
    Сама си се пикнав во гомна, сама треба и да излезам.

    Епа среќно :drunk:
     
    На slavica999, Moira, DeMelo и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.