Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ...all we need is just a little patience.

    Дај некој нека ме освести да земам да се соочам со реалноста околу мене,и стотици коски од телото за изучвање,наместо да барам стхиови иХХ други начини за полесно учење на горноспоменативе.
    Се осеќам ко Хана Монтана,овај епизодава што ја гледав во хм,осмо..
    Mи се излади макијатото,фуј...
    А и сериозно трба да ми се забранува ЕуроСпорт и СпроткКлуб за време на тениски турнири!

    Only two days to my trip. ^_^
    Patience sweetie,patience.
     
    На kravce, Annie.mk1 и imelda им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Мила моја Фемина,
    со твојата статија како да ја контролирам желбата за слатки задоволства само придонесе да повеќе мислам на истите.
    Со љубов,
    Не се ставаат убави слатки слики за таа цел!
     
    На kravce, cinderella5 и Tamara16 им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Покрај читањето во библиотека многу размислувам.... додека гледам како се учи и чита не велико и си викам се надевам овие деца нема и тие како мене да климчарат за работа толку време, а потрошиле пари и време на студии......патем сеуште не сум вработена да прецизирам :!:
     
    На Tamara16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Сдк дека се вратив од патување и многу сум иизморена.Воопшто немам спиено,а обврските се сами напрупуваат.Едноставно сакам само да си легнам и да спијам ...
     
  5. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК никогаш работите не се одвиваат по планираното. -.-
    Тоа најмногу ме мачи.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.422
    Зошо се вреѓаат коа им ја кажуваш вистината која се афектира на сите и велат дека е мешање у нивна работа?!
    Извини, ама економијата и работното место кое го зафаќа твојот неспособен гз е и моја работа и на секој кој е поспособен од тебе бич!
    Дил уит ит!
    Чизс!
     
    На cinderella5, Sexybaby86 и lovely91 им се допаѓа ова.
  7. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Ма какви бе турски шпански серији................ уште тије ми потребале
    Ионака си живејам во сапуница...............се расипала машината пењави сапуници на сите страни, дали по дете да трчам ........ дали да слушам ненормални како се караат.
    Това ти је парскево ........ зимај детето излези прошетај џабе ти се нервози.
     
    На DeMelo, kravce, Annie.mk1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Додека сите имаат омилени ресторани и пицерии, додека сите имаат клупи кои им навраќаат купишта спомени јас го имам мојот омилен и сакан, неговото Височество кревет.
    Имам бре на него спомени, имам на него комфор, имам утеха во перниците и најбитното можам да си го овозможам и кога сум шворц, можам да го "вкусам" и во тренерки, фармерки, пижами па и гола.
    Немаме никакви услови, всушност ѝ нашата врска се базира на безусловна љубов, дотолку ме сака што и кога имам секс на него повторно е luxury comfort. Можеби затоа што знае дека каде и да бидам на крајот од денот пак во него ќе завршам, каде и спијам пак него му се враќам, а не бара многу повремено пребришување, празнење на душекот и еднаш неделно чиста постелнина.

    Знае колку го сакам и знае дека кога не спијам во него обавезно го замислувам, зошто многу ми фали, и знае дека покрај бањата тој е една од двете работи кои секогаш ми фалат кога не сум дома.
    Тешко ми паѓа што за некое време ќе треба да се разделиме, се надевам дека новиот ќе биде исто толку добар како овој, Величенствениот што ќе остане на своето место да ме чека, можеби и други ќе го гушкаат ама јас секогаш ќе си го сакам.

    И кој рече дека кревет е само предмет?
     
    На imelda, Neytiri, slavica999 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Значи стварно не ми е јасно како некои луѓе не сфаќаат дека се досадни и упорно ти се јавуваат и замараат додека ти упорно им викаш дека не можеш ништо да направиш во моментот? Како? Како не сфаќаат дека едноставно некогаш не е се’ до тебе, не е се’ во твоја моќ? Значи, зборувам за банални работи за кои навистина нема потреба од толку тормозење. Мислам, стварно |( Гив ми а брејк!!!

    Друга работа, ми го отекоа веќе со молов. Аман бре луѓе, НЕ, не одам! Зошто да одам? Да зјапам по излозите и да ми течат лиги, а немам скршен денар во мене? Не, фала. Ќе одам кога ќе имам намера да си купам нешто и кога ќе имам пари, а не за да се чекирам или сликам во нашиот ни Сити Мол. Мене ич не ме интересира како целиот тој објект изгледа, ќе одам кога (и ако) имам потреба и тоа е тоа. Нит сум нешто посебно воодушевена од молот, нит нешто посебно ме тангира што тоа здание никна во рекордно време, нит па патам да го видам. I don't give a damn за работи од ваков тип.

    Туку, се радувам! Заборавам да јадам во последно време :D Не дека е тоа нешто убаво и здраво, ама добар е филингот кога ќе ти текне дека ништо не си јадел цел ден, а патем сфаќаш дека не ти се ни јаде, а сето тоа се одразува позитивно на твојот изглед :clap:

    Ај доста дрдорам, и така немам ништо паметно да кажам :D Отидов да прикаснам нешто (да не е без ич де :D ) и се фрлам на најновата епизода од Декстер. Ја обожавам серијава бре, зошто не излегува нова епизода секој ден? :| Ех...
     
    На DeMelo, kravce, lovely91 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Колку малку ми е доволно да сум среќна.
    Доволно ми е да имам пристап до интернет, празна куќа и имагинација.
    Деновиве сум опседната со сајтови за накит и облека.
    Да не ве излажам ама сигурно имам симнато околу 500 слики за овие два-три дена :|
    Си барам, симнувам, гледам цени, си замислувам што би си купила ако земам толку и толку плата, што би си одбрала ако некој ми каже да изберам 3 парчиња на негова сметка, ама само три, па се мислам кои, како би ги носела... :tmi:
    И убаво ми е бе. :D
    Ако неможам да ги имам, барем си уживам во имагинацијата, таа е бесплатна. :)
    Толку од мене, отидов да симнам уште некоја сликичка. :hai:
     
    На Divinebutterfly, ludoto19, Ann.94 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Епа неможам више, од 4 часот поручек пишувам една семинарска работа, поточно пробувам да ја напишам ама неможам, ич не ми иди инспирација, а и не дај боже да ти текне нешто да пишуваш за Македонија, па и од мојава област.. ништо нема да најдеш на нет. А нормално статистика и бројки за се ми бараат. :fubar:

    Колку добро би ми дошло еден топол чај и добар филм.
     
  12. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Не сте свесни значи колку ми фалеше форумов и ете - баш кога убави работи ми се случуваа не бев тука,сега кога веројатно најбезгрижната личност на светот има грчеви во стомакот од нервоза и секиранции,ете - фемина :lol:

    Да не ме заборавивте па? :( :l: :l:

    Почнувам да се сомневам дека некој мене ме проколнал се со далечина и километри да си имам работа. Вууухуу! Ама не,несакам да ви го расипам денот дека сепак се развеселив со колаче :sun: и со другарица ми што ми рече дека не ми стоело добро да сум тажна :sun:
    Многу се променив за овие 2-3 месеци,жими се.
    Одговорна станав божем,абе кога ќе отидеш во економско се се мењаа :sun: (незнам што ми е со сонценцево,изгледа го ставам дека ми недостига :( )
    И макарони научив да правам :inlove: Готово,мома за мажење да не се урочам,абе Ананди (ќе ставав уште сонциња ама неможам веќе смајлиња да ставам њињиии )

    И знам дека ова е најбезвезниот муабет кој сте го прочитале,ама незнам за што прво да кажам,па си кажувам се што ќе ми дојде. (многу срциња смајлиња)
    Ве сакам (уште едно срце.)
    (сонценце)
     
    На Divinebutterfly, Sanjichka007 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ова ми се случува веќе по вторпат....
    Во состојба на длабока разочараност од некои работи, кога се прашувам дали вреди толку да се вложувам, кога се преиспитувам..... ми се јавува моето мало пријателче со големо срце. Ми кажува дека е добар, сите лузни зараснале (од 6 операции за три месеци)...дури имал и девојка. Живее нормално.
    - Да не беше ти...ми вели.

    И ми ја враќа вербата дека сепак вреди, за ова вреди се-и времето, и нервите, и парите.
    А Момчето со очи на исплашена срна, чека со нетрпение да дојде денот, а јас чекам со напнатост која не смеам да му ја пренесам, и си велам само Господ...
     
    На Buttterfly, imelda, MSkorpionka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Дека очајно ми треба некој за во ЛП за совет и еден разговор ;(
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Гладна неможам да учам, прејадена пак ич!
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Утре на брат ми е роденден. Финансиски не стојам добро за да му купам нешто, ама затоа тортата ќе ја украсам јас. Идејата е тука, купив бои сега само ја чекам мајка ми да дојде од работа, знаете да не утнам нешто :$. На брат ми тортата сигурно ќе му се допадне, само да испадне како што треба.

    Идејата ми е вака нешто да биде
    [​IMG]
    па ќе видиме.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Еднаш знам реков, она што сам нема да го направиш, никој за тебе нема да го направи.

    Да, точно е. Не можеш цел живот да се ослонуваш на некој друг. И премногу им благодарам на моите родители што ме воспитаа на начин кој ме тера сама да си ги решавам проблемите. Не дека не биле тука за мене, далеку од тоа! Биле премногу покрај мене, но како што почнав во средно, а поготово откако го завршив истото, почнаа постепено полека да го откачуваат ланецот. Ако ме разумете...

    Сакаш да искочиш? Ќе ми помогнеш во фирмата.
    Пополнување фактури? Досадно? Нема гајле. Ќе го правам тоа само да заработам некој денар вишок!
    Се досаѓаш по дома? Епа еве ти, да дистрибуираш малку товар по продавници. Ухууу, со голем полн ранец одев, тогаш немав сеуште возачка, што значи со автобус од еден до друг крај на Скопје. Ако! Мотивација ми беа парите.
    Сакаш стипендија? Потруди се, пријави се на натпревар. Направи нешто за себеси.

    И така постепено. A дури денес го гледам ефектот...

    Денес, ама баш конкретно денес, ми се истури на глава пак вреќа со проблеми и недорешени ствари. Ми тежат. Ужасно тежи кога нешто ти е незавршено, и додека не го завршиш, нема да имаш мирен сон.
    Па си викам, сама сум, ајде, еден по друг, полека, диши длабоко, чекор по чекор. Не мисли премногу, одеднаш. И така не можеш се наеднаш да завршиш.
    Ама да ви кажам, колку и да стегаш мускул дека се можеш сам, не дека не можеш - можеш, ама многу олеснителна околност е кога некој ќе ти понуди помош самоиницијативно. Колку и да смета некој дека „тоа не е ништо“ - за мене е премногу!
    Знам дека не сум сама. Ептен ме олабавува од бремето. Немам веќе 38 работи кои треба да ги завршам, имам 36 ама помага да знаеш дека за тие 2 некој ти помогнал.

    Ако нешто многу мразам, тоа е да барам услуга од некој. Стискам заби, измислувам начин како да го заобиколам процесот на - „еј ај те молам нешто да те прашам, дали ќе можеш ова, за мене, знаеш...“.
    Мразам, и ептен се мислам пред да го изустам тоа...ама кога некој сам ќе ми се јави и ќе ми рече „мутле едно, што не дигнеш слушалка, слушнав ова и ова...“ ептен ми олеснува.

    Изгледа сум сепак само човек. Сам против сите не можеш, но ниту сам против себе.

    Диши длабоко, чекор по чекор ќе се среди се. Наеднаш не можеш ништо. Иако сум жена а жените се познати по мултитаскингот. Е некогаш некое сијаличе ќе прегори...

    Човече, што би правела доколку би била не само жена, туку и мајка, и сопруга, и жена која заработува, и све?! Не знам, но гледајќи неколку светли примероци околу мене, кои плус никогаш не сум ги чула да се пожалат, си велам. Епа алал да им е. Ваљда еден ден и јас ќе бидам ваква! Дотогаш, ќе се жалам овде :D

    И така, со свиткани раменици и со ум на триста страни си го пишувам ова и си викам, ќути биди среќна што не те мачат други проблеми. Ама, секој со свое бреме.

    Отидов да решавам животни задачи.
     
    На green.eyes, antonina, slavica999 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мразам кога гледам како некои луѓе се дискреминарани.
    Пристигнав конечно на нашата автобуска станица и барав слободно такси за да ме префрли до дома, во ташната освен 150 ден. смоки и чоколадо друго немав, седнав на клупа и чекајќи да дојде такси дојде жена со своето дете беа роми, беа изваклани :( детенцето кое беше некаде 3 години плачеше, иако бев гладна од ташната ги зедов смоките и чоколадото, и му ги дадов на детенцето, ме растопи кога му светнаа очињата и кога ми се насмевна :)
    Кога дојде слободно такси, ја прашав жената дали сака до некаде да ги префрлиме со таксито, срамежливо ми одговори, ја отворив вратата и чекав да влезе во таксито, но тогаш таксистот ја погледна женава со остар поглед и и рече "нема место за тебе" не ми се веруваше што слушнав :o тогаш му реков дека нема ни јас да се качам човекот ме погледна со чудење и праша што не е во ред:
    Кратко и јасно одговорив: "Кога нема место во кола за нив, нема ни за мене"
    Ја затворив вратата од колата и го чекав следниот таксист со Надеж дека во него ќе има повеќе Човечност и Хуманост.
    Жената ја наведна главата и се врати на клупата, седнав и јас но немав храброст да почнам разговор со неа. Жал ми беше да ги гледам со детенцето така сами :(
    Зарем таа не е жена како другите, зарем во неа не чука срце, зарем таа посакува таков живот, каков што живее :devil:

    Си дојдов дома еден час покасно, но среќна заради таа мајка и тоа дете кои знам дека ноќта ќе ја поминат во својот дом, а не на некоја клупа на автобуската станица.
     
    На Thallia, sweet-cherry, antonina и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК би сакала да живеам во друго време :?: Знаете во времето кога немало компјутери и само преку телефони се слушалe и тоа оние на вртење :rock: Кога се пуштала квалитетна музика и си имало респект помеѓу луѓето,а не сега нема ништо од горенаведеното :x
    Го нема тој забавен дел кога после некој период ќе излезеш или кога некој ќе ти договори состанок :wasntme: Ја нема таа шашавост,палавост како што било порано....Сега се ни е навика,па дури и излегувањето.А музиката што да ви кажам од типот ,,do my dance on my d**k" :puke: :puke:
    Нема слога воопшто во денешно време,наместо некој да ти помогне ќе те повлече со себе |(
    Едноставно не е исто,единствено нешто што засега останало се книгите :inlove: Е во нив е животот кој сите го поскакуваме....

    Забегав и јас од темата :wasntme: Отидов јас да се напијам топло чајче и да прочитам нешто :*
     
    На imelda, kravce, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    сдк и јас си добив цветче и сум многу срекна , ....
    и мислам дека многу убаво ми стои хахах
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.