Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Ич не го сакам дождов. Ич.
     
    На kate21, sunfemina и anastasijaki им се допаѓа ова.
  2. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Што и да направам лошо испаѓа. Дали за школо,дали за другарки,дали за љубовен живот се работи,колку и да се потрудам,што и да сакам да направам,се наопачки излага... Вчера ми беше исклучително тежок ден во сите можни погледи,и од толку стрес и нервози два херпеси ми излегоа :doh: сега морам и со нив да се расправам... Повеќето би рекле неможам веќе,се откажувам... Ама и покрај се јас одам напред. Ќе учам повеќе,ќе се трудам повеќе... Се надевам дека важи тоа: "После дожд,следи сонце "
     

    Прикачени фајлови:

  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    Памти, па врати..па ролетни па прозорци. :)
     
    На Lov3 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Морав да се самоцитирам....патот ми изгледал долг...офф, сношти времето ми изгледаше ко да води кон бесконечност....
    Каков страв, Боже, ова не се опишува со зборови....нозе тресам, раце стегам, гледам во нешто - немам појма што е, докторката ќути, докторот покажува на една точка во мозокот, јас не знам дали гледам навистина или ми се причинува...времето ко да застанало, ко да не сум таму, ко да сонувам, ко да не е за него...тој со нем поглед, очи црвени, дланки испотени, храбар од надвор, а душа искршена на милион парчиња.....ах колку сакав да не е за него....

    Стент требало во мозокот....ете, човек ќе научи дека стентови и во мозок ставале....не сакав да дознаам никогаш, најискрено, ама никој не ме праша....
    Решив дека нема да се молам на Бога, само ќе се заблагодарам, оти знам дека веќе го држи во рака, инаку ни до тука немаше да стигне.....Фала ти Господе.
     
    На Doozy, La.Reina.Del.Sur, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Си седам во пижами, надвор врне, за еден саат ќе бидам на факултет.
    Само еден обичен ден.
    Се присетив на претходниот пат кога врнеше, а мојот ден изгледаше исто вака.
    Да ви раскажам.

    Денот ми почна со една глупава помисла.
    Што да облечам, а да не изгледам како кловн со розово чадорче? :tmi:
    Без разлика на бојата на чадорот си облекувам комбинација од окер, бордо и кафено, го грабам чадорот и цело време по пат рачунам колку ќе бидам мокра ако го соберам пред да влезам во факултет, без да ми се насмее никој.
    И тогаш, го здогледувам.
    Милото кученце со тажен поглед и мокро крзно како седи на студените валкана скали на факултет како човек гледајќи некаде во далечината небаре е човек.
    И повеќе не се грижам дали изгледам како кловн.
    Се што сакам е да му дадам на тоа кученце добар топол дом и храна, да знам дека е среќно и радосно.
    Но, не можам.
    И знам дека ќе остане таму на улиците засекогаш, ќе талка гладно кога ќе дојде зима...
    Ах, душава ме боли.

    http://www.youtube.com/watch?v=mikudzy6Ddo
     
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Од 8 сабајле тoпла купка,миризливи свеќи и песни од Тоше.Во инат на заебаниот ден вчера.
    Овој сама ќе си го разубавам,колку и да сакаат дурите,или вишите сили,или дождов.. да ми го уништат.

    После слаткото кафе,одам да го згрпчам денов.Ви посакувам добро утро и на вас! ;)
     
    На CoverGirl10, Hipster, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Лошо ми почна денот.
    Вчера не ми се јави.Зборевме само во школо кога ми се јави,ама нокеска не ми се јави.
    Денес не отидов во школо.Од сега се по мое.Нити одам во школо нити учам,за ништо не ми е гајле.
    Сега му вртев ама не е достапен и се загрижив.Колку посакувам сега да е покрај мене.
    Ама совеста не ми е чиста.
    Кога ке дознае татко што се не правам е тоаш,ама ако бе не му се плашам,да видиме што ке направи.Мајка ми знае дека ако ми викаат или нешто сл можам нешто лошо да си направам така да ни збор не ми кажува,ама татко ми за нигде.Мајка ми сум ја довела во ред,ама овој мој татко па и неможам баш.Ама јас ако умрам е тогаш ке се покаат и ке сватат па тогаш на татко ми,нека го гризе совеста.Само нека продолжи па што се јас нема да направам.Еее веке не сум таа наивната и глупата од сега сум мн поинаква.
    Ама само за Џ сум најдобра,за него живтов би го дала.Кога ќе ми се јавиш? Ми фалиш!! ;( ;( :inlove: :*
    А на татко ми дебело ке му вратам,а сепак ништо нема да правам! ]:) ]:) :D :D
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    Толкаво ли ѓубре можеше да бидеш бе. Вол. Да му го расипеш денот на бато, како не ти е срам.
    Веќе не ни даваш пари за јадење, пари за у школо, пари за телефоните, пари за кабловска, а? Се мама ќе плаќа. Ако. Ама ти веќе нема да јадеш тоа што ќе прави мама за јадење. За диоптерот мој мама нека се снаоѓа како да го земе од Штип и да го плати нели? Добро, ќе се снајдеме ние, без гајле него тебе да те видам.
    После бараш поштовање, епа нема бе, вол еден.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Мене пак ова време ме радува многу.Сакам тмурни денови,сакам студени денови.Го сакам периодот кој што доаѓа.Најубав ми е,а и јас сум најубава тогаш :) Цветам,едноставно кажано :f: како цвеќињата во пролет,јас во есен и зима.Не дека не се жалам кога ми е ладно,ама би го избрала илијада пати пред пеколно топло.Како што е убав периодот,такви се и настаните.Родендени,годишници и еден куп радости.

    А денешниот ден,беше ист ваков и пред 5 години.Се сеќавам ко вчера да беше.
    Толку сивило и црнина се собраа тој ден,мрачен и многу тажен.Одев тоа сабајле на работа,и не ни насетував што ќе донесе,се додека не стигнав таму...
    На сите им недостига тој,никој ништо не може да направи во врска со тоа,и секој има право на свој начин да му искаже почит,па ако сака само на овој ден,или на неговиот роденден,или ако сака секој ден.Мене ме нервираат мрчаторите што и оваа прилика ја користат да се направат паметни,па пак ли за мртовци ќе се зборело,па зошто само на овој ден,па никој не го сакал...Најдете си светла точка во животот бе луѓе и доста ги коментирате другите,толку сте несреќни?Несреќи едни!
     
    На cinderella5, teddybear, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...денес, имам чувство дека го преживувам истиот ден како пред пет години.И тогаш и сега, станав во 8, бев втора смена, учев и правев пауза околу 10 саат.Тогаш сеуште имаше А1, па се сеќавам дека таму прочитав што се случило.Се сеќавам дека во истиот момент ми се насолзија очите, иако до крајот на денот останав со надеж дека е погрешна информација или дека некако ќе го спасат.И не сакам ова да биде еден од оние патетични постови, или ова да биде еден од оние денови што цел живот ќе го памтам како тажен и несреќен ден, сакам да кажам-на денешниот ден треба да се сеќаваме на една прекрасна личност чиј живот згасна прерано, да ги пееме неговите песни, да се воодушевуваме на неговите хумани дела и никогаш да не заборавиме на неговите зборови-Ве сакам сите!
    Насмевнете се, замислете дека тој ве гледа од некаде, сигурна сум дека не би сакал да види солзи во вашите очи :)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Читајќи ви ги приказните, ме растажувате. Се повеќе бегам од Фемина, како да бегам од вистината. Толку совршено изгледате од оваа перспектива, тагата изгледа само на купче зборови .. Фантазијата во мојата глава ве прави совршени со совршен живот, но по еден пост се може да се смени.
    И вие тагувате од болештини, од смртта, раздебли.. И вие се радувате на една смеа , на еден бакнеж, на една прегратка.
    Каде сте вие во животов?
    Ако навистина постоите, како тоа сум јас само со лоши луѓе опкружена?
    Често си го поставувам прашањето.
     
    На enca.69, cinderella5, SimplyElegant и 43 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... ^ од примерите околу мене, лошотиите немаат време да сакаат, забележуваат и сочувствуваат ниту во реалниот живот, камоли да се закачуваат на форум, и да губат беспотребно време, според нив.
    Премногу се зафатени со цицање туѓа крв и газење лешеви.

    Не велам дека тука сме / се сите до една цветки за мирисање, но жално е што ќе пронајдеш повеќе разбирање и сочуство тука, отколку во реалноста.
    :|
     
    На cinderella5, Lepaaa, Monna.Monna и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Нека остане вака сиво и нека заврне. Абе мислиш во Лондон сме. :D

    Туку што сакав да кажам, а да! Пази на веб страната на Економски покрај огласите за пракса, еден оглас и за вработување. :^) Да ти била Агенција за администрација, бара бла бла и да ти бара со најмалце три години работно искуство. :D
    Ахххх пусти ние..... кај да ги извадиме тие три години жити се?
     
    На kravce и sunfemina им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Сите тагуваме и се радуваме од нешто, на свој начин и во свој простор....некои решаваат да го кажат тоа јавно, за да им олесни, некои не.
    Тоа се моменти и детали кои обично во правиот живот не ги изустуваме, за жал, па на луѓето околу нас можеби им изгледаме ладни, незаинтересирани или совршени.
    Ти ја гледаш нашата виртуелна страна, а на луѓето околу тебе нивната практична, која знае многу да излаже, во зависност од ѕидот кој сме го изградиле и маската која сме ја ставиле :)

    Сакав да кажам нешто, ама не знам дали ме разбравте, мислите ми се неповрзани...
     
    На Micheleljubov, kate21, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не знам за другите, ама јас Тоше не можам да го слушам баш.

    Ме растажуваат неговите песни, а поготово денес, си го спојувам со друга неубава случка која ги одбележа нашите животи, па кога и да го чујам ми текнува на туѓи солзи и срце ме боли.
    Искрено и така малку се нервирам кога ќе слушнам некаде дека го пуштаат во кафич или на друго место. Не ми наводува убава атмосфера затоа што мене асоцијација ми се автоматски неубави работи.

    Надвор од темава, тоа онака ми текна, затоа што денес само за него се зборува, синоќа сфатив колку ми недостига ноќна вожња со кола. Не возам толку често, затоа што не ми е потребно до толку, ама на времето кога имав своја кола, знам дека кога бев нервозна, или пак се чуствував неубаво, тажно, палев колата во ниедно време и си возев.
    Патував. Пушташ инспиративна музика и доживуваш своевидна преобразба. Не е дека возиш ко луд, ама таа тишина на ноќта, осамените светла на колата, надворешната апсолутна тишина и она што ти свири внатре, ко да се движиш у друга временска капсула во сосема друг свет кој е поинаков од оној твојот.

    Јао која романтика ја создадов од едно возење :D Ама сериозно ме инспирира....поготово ова!

    http://www.youtube.com/watch?v=SKfpgaK5tbw

    Mike Skinner многу луѓе не го сакаат. Ги иритира со неговиот акцент, и со неговата неспособност да пее.
    Ама не е до тоа. Човеков ми е СТРАШЕН!

    Надвор од се што кажав, музиката ми е инспирација во животот. А секоја негативна ствар која ќе ми се случи ми дава само импулс. Мене тоа ми е инспирација за да делувам веднаш.
    Шо би рекла мајка ми, ти си јака кога ќе се изнервираш до даска, тогаш делуваш. Ме знае подобро отколку што јас се познавам себеси.

    Ајде, нервирајте ме луѓе. Ако ништо друго, по дома како ќе ви зачистам, мх мх! :D
     
    На antonina, Magnolija, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
  17. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Однапред се извинувам за долгиот пост. Не е моја поезијава, ама исто како да е. Ми го распара срцево. Еден куп сози проронив пред компјутер. Браво! Дарко, ти си ѕвер!

    „Ми фалиш бе сега ...како да ти кажам...“


    Ми фалиш
    ми фалат и четрвт литро јогурт на бркови ми фали и бурек (кој ќе оди!) и двамиљона евра
    па за тоа пак на никого не го гњавам
    а тебе не !
    тебе не ти фалат
    -пошто ако имам ја ќе имаш и ти и па ко ќе видиш исто ти е!
    Ми фалиш повеќе од овие горе!
    Затоа ќе те изгњавам!
    Ако има телепатија ваљда утрово уште од 6 ќе те разбудам
    Ми фалиш ,а тебе не ти фали ништо пошто којзнае кај си и ваљда спиеш!
    ми фалиш
    ми фалат твоите збунки понекогаш
    понекогаш на пијано кога ќе те изнервирав
    Ми фалиш ноќва
    ми фалиш ноќва на пијано од Ерик Сати да те изизлапам
    ми фалиш ми фалиш ко на Моцарт, ко на бубуљичав пубертетлија што би му фалела десна рака!
    „Мх ммм...“ - ми фалиш баш така!
    Ми фалиш еве на глас ти кажав вистината!
    Ми фалиш...еве ко тебе и ја место „во ред“ - „вред?“
    ми фалиш ... од мајкати пичката!
    Ми фалиш еве пак ти кажав !
    Ми фалиш да`тиебам!
    Ми фалиш оти само пцовките колку ми фалиш ја имаат доволно таа емоција.
    Ми фалиш ко кров над мојов кревет
    ми фалиш ко створ на маса спроти мене
    Ми фалиш ко леб на гладни делен
    ми фалиш ко во соба што ми фали огледало
    ми фалиш - доста овакво ,сега ако се расони ти да ќутиш!
    Остај да ти докажам - ми фалиш ко декор!
    Ми фалиш ко прихрана за фикусот и за моево машко его!
    Ми фалиш ко пичка ипол низ град покрај мене
    ми фалиш ко другарче на сираче
    ми фалиш ко на Сидор и Саша Матиќ наочарите
    ...ко на покојна баба ми за телевизија
    ми фалиш ко Миланка за Оскари пизда ли ти твоја!
    Ми фалиш ко песна што фали на погреби и на Евровизија
    ми фалиш ко на германски пензионер со сандали што му фалат чорапи
    ми фалиш вечерва ко уште една утакмица за 120 000 да фати утре другарми
    ми фалиш ко на мајка ми што и фали уште вредноста од сто марки
    ми фалиш ко масло наплатно слика прслукот како си го закопчуваш и брзаш насабајле
    во петнаес за девет
    Ми фалиш ко мојата долго некажана и за тебе нејасна мамурна и конфузна утринска мантра : Ах да ти ебам владата ти ли си да работиш
    виисе колку си убава - уби се лелеле дојди дој врати се во кревет!
    Ми фалиш очајно како коцкарско „ жити све!“
    ми фалиш неопходно како дете на мајка во Џамбо за играчка „Мами моооолимте!“
    ми фалиш апокалиптично како наркоманско: „ Брат не е краден жити мене!“
    Ми фалиш како твоето : Еднаш научи се да не касниш бе да му ебам мајката стани скоте еден!
    Ми фалиш како твоите мултитаскинг ментално физички гимнастики
    Ми фалиш како твоите предменструални ѓоа си сценаристот на доктор хаус р`шум реплики
    Ми фали нашето ехо низ собите од смеата после нив
    Ми фалиш како оние од кај ми ги купуваше од кај беа многу ми беа удобни за чевли влошките!
    Ми фали нашето ехо низ собите после карање од секс врисоците!
    Ми фалиш како твоето уз гледање филмови мрчење : Пак бе не купи - ми фалат грицки!
    Ми фалиш како твоите генијални оксиморони
    како твоите нервозни лапсузи
    Ми фалиш да те извадам од памет и да не ми праиш пола ден муабет
    ми фалиш да ти извикам од ходник ко Русин „Бонџорнооо принчипессааа“
    ми фалиш да рашратакаш со новите штикли од ходник и од кога ќе ми кажеш цена да ти кажам Ако бе ако дее - комшииве поминаа поскапо со екскурзијата за двете деца!
    Ми фалиш како мојата навика настрана да тргам пари
    Ми фалиш што сега у курац отиде таа навика оти не ми треба за никој за поклони!
    ми фалиш пак да ми кажеш место гледај ме во очи , не ме гледај во цицки
    „Дарко бе да му се сневиди гледај ме во цицки кога ти зборувам“
    Ми фалиш откога ќе кажеше љуто такво глупо нешто
    знаев изненадно да ти прснам од смеење и во фаца да те исплукам
    ми фалиш после тоа да те избришам
    Ми фалиш ти после тоа да извикаш добро добро ме исплука бе леле гнаса!
    Ми фалиш да те направам да се осетиш ко Кира Најтли
    ми фалиш ти
    ми фалиш мене да ме направиш и ја да се осетам разбираш ко тај момако шо е затуцан и шо е у „Љубаф уствари„
    ми фалиш да викнеш дур седам сам со себе во фотелја
    ко Ѓуро во Кајмак и Мармелада во количка со ниживониумрено фаца и дур менувам канали
    ми фалиш во дел од секунда да свикаш однегде „ООООохооООооооостај!
    Ми фалиш во мене да се стуткаш и да кажеш „еј Лавекшали!“
    Ми фалиш пред време да ми ги повторуваш сите реплики
    ми фалиш да ти мрчам и да го гледаме пак по 100 пати ко шупаци
    Ми фалиш ко за нова година руска и ќифли!
    Ми фалиш како будала троа пијана да ми кажеш ај среЧна нова и напалено да ме залапаш
    Ми фалиш пак да ме замолиш да ти купам голема плишана мечка да ја гушкаш дур ја ќе сум се ебел со манекенки оти еден ден ќе сум станел познат
    Ми фалиш пак да ти кажам „па заедно ќе ги ебеме што мислиш ти бе брат!“
    Ми фалиш да се смееш и да викаш Дој да те гушнам дој да те гушнам бе лудак!
    Ми фалиш насабајлечки песните од џебови да ми ги прочиташ оти јас па не си го разбирам ракописот а ти ето знаеше да дешифираш!
    Ми фалиш оти повеќе се нафаќаше и ради шпиунажа и како зачин за мене мала тајна љубомора.
    Ми фалиш да се разбереме!
    Ми фалиш да се разбереме ко луѓе
    Ми фалиш да ми премолчиш
    Ми фалиш да ти го премолчам „Те сакам“
    Ми фалиш да знам дека знаеш и дека знам.
    оти за тоа нема потреба
    Ми фалиш ко наутро за подочнаци крема со таурин.
    Ми фалиш ко што ми фалеше и мене воздух на каса измеѓу 2 баби од зграда во Зегин.
    Ми фалиш како исав.
    Ми фалиш како „не ја отворај сега цела елка во кола многу ќе мириса!“
    Ми фалиш како жена.
    Ми фалиш како обавеза.
    Како будуќа сопруга и вештерка.
    Ми фалиш после 300 години да се начукам и да ти признаам дека од седмо основно ми си симпатија.
    Ми фалиш како во желудник киселина.
    Ми фалиш како објект за истурање лутина.
    Ми фалиш како блиска.
    Ми фалиш со твоето : Аман уште ли во кафана?
    Ми фалиш што немам кому да кажам: аман мори!
    Mи фалиш што никогаш не ти кажав колку е длабоко Охридско езеро дур поземаш воздух на каса измеѓу комшиии
    Ми фалиш да ти кажам колку е троа црна земјата кога велев фортисимо еден Кетонал Форте и пијанисимо 3 Дурекс овакво ..овакво кондоми!
    Ми фалиш да ти кажам оти си чуваш сељачки во мене место ко оние
    што резервираат маса со прецвикана кутија одпредстогодини старо Џони
    Ми фали во пет за дванаес твоето „ абе резервира маса?“
    ми фалиш ко во пеколот што јас им фалам како ајван и долгочекана гнаса
    ми фалиш еве сега во пет сабајле !
    Во пет сабајле со мојот плетен долг џемпер да излезеш позади мене на тераса
    Ми фалиш отечена
    Ми фалиш нерасонета
    Ми фалиш да ми кажеш : Гаси цигарата и врати се во кревет ,смрзнав! И „Аман една кутија сношти не ти стаса ?“
    Ми фалиш како нежното и мило “ мило зошто неможеш да спиеш?“
    Ми фалиш како твоето ладно и грубо „престани да ми пишуваш само потешко ќе ти е !“
    Ми фалиш по мене ко ретардо да повторуваш:
    „Ми фалиш ми фалиш ми фалиш“
    ко дете фацата и јазикот да ги кривиш
    да правиш незрели гримаси
    Ми фалиш потем ко да ја истражувам Врело
    да се втушнам во тебе
    Ми фалиш да можам пак да извикам „Алеллуја господ здравје да им даде на мајка ти и татко ти !“
    Ми фалиш надоле да ја спуштам раката и да свикам: „Ааа вака не играме -пак боди?! “
    Ми фали пак скокот да ти го барам низ твоето тело...
    да се смееш и ко да те колат да викаш „неее неее нее“
    Ми фалиш да се смеам и јас дур поземаш здив од смеење
    Ми фалиш ѓоа икона на Велигден нежно послем да те бацам во чело
    а ти да ми кажеш „бегај бе мирисаш на цигари корнеш“
    Ми фалиш и како филм со главата на перница
    легнат на плеќи натаван двајцата нас не во црно бел нем филм не гледам
    МИ фалиш !
    Нас двајца не гледам !
    те скокоткам!
    Се смееш!
    Уживам...
    леле и овој ѓаволов ми го прекина која гнаса е ејјј !
    А таман те бацив !
    Може ќе ми кажеше дека ти фалам и ја тебе!
    Туу го прекина - ајван !
    туу во најакото може ќе се плесневме!

    ми фалиш
    ноќва
    еве веќе утро
    ми фалиш утрово нек си ебе

    Ми фалиш , а нон стоп ми бараше маани
    -кај идеш со гужвана кошула?
    Пак си во кафана?
    Кога ќе идеш навака?
    Кога бе ќе положиш?
    Ај фати ме за рака ,
    Леле парфемот нов ама ти е гаден !
    Само со пијандури се дружиш!
    Полека бе не така!
    Леле аман толкав ти е?!
    Ааа ја неможам уште - кој те ебе!
    Е како сега немаше плазма сладолед?
    Избричи се!

    И увек ми фали она : да си купиш поголем кревет!
    ми фалиш најмногу рано наутро и касно навечер
    ми фалиш да го пополниш местово-вселената, тишината, далечината меѓу Бога и мене
    ми фалиш утрово ...
    а ќе ми фалиш и ноќва во истиов кревет.

    Ми фалиш бе како да ти кажам...
    Ми фалиш онака....до мене.
     
    На innablood, zarah, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Идниот татко пред малку ми се јави, се разбуди специјално за да ми каже нешто да ми го разубави денот и расположението.
    Рече незнам што не чека во животот, но сакам да го поминам со тебе. Сигурен сум дека сакам.
    Те сакам од тука до вселената и назад, пешки, кружно.
    Убаво е чувството да си сакан, дури и поубаво од она кога ти сакаш некoго. Ти дава чувство на безрезервна безбедност и моментална возвишеност. Прави да се чувствуваш важен. Понекогаш е битно да имаш некој покрај себе, да те охрабри, да те држи за рака низ животот. Да проверува дали дишеш на сабајле. Убаво е, топло и бескрајно удобно.
    Би сакала да го сакам како што тој ме сака мене. Искрено душава ми е празен темен простор со промаја Но ќе направам да се чувствува сакан, затоа што само така заслужува.
     
    На innablood, caroline.costa, kolache.99 и 42 други им се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    [​IMG]
    Од умот си патиме, не?
    :|
     
    На cinderella5, Monna.Monna, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  20. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    го најдов дневникот,што го пишував лани и ги најдов сите писма што ги пишував до него, кога бев тажна,кога ми фалеше,кога бев среќна,кога ке ми се случеше нешто убаво со него си пишував писма.. ах кои спомени :inlove: :inlove: :) .. среќна сум што сеуште постои во мојот живот,иако еден ден се ќе заврши,се ова ке остане само спомен на младоста, ке остане моја неисполнета желба, но неможам,немам доволно сила да направам некои работи,и сите би се свртеле против мене.. нема никогаш да го заборавам, нема да ги заборавам универзитетските денови минати со него, се плашам дека за година ,две се ова ке заврши .. се надевам дека грешам ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.