Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.371
    Допаѓања:
    249.819
    После долго време слушам Антена лов сонгс.
    Кафето до мене и преведувам.
    Се разнежнив, песните ми будат спомени кога коси кубев на нив :rofl:
    Се шалам, ама ме потсеќаат на времето кога бев тинејџерка и кога бев лудо вљубена.
    Не дека не сум и сега, ама тоа беа времиња ;)
    Ах... средно, вечен носталгичар сум за тоа време.
    Најубаво ми беше. Единствен проблем ми беше што да облечам во петок за излегување :lol: .
    А сега? Обврски еден куп!
    Дечки најубаво е во средно, ете така да си знаете :!: .
    Кога имав седумнаест сакав да порасанам, а сега кога сум полнолетна и можам да правам се, сакам да има седумнаесет.
    До песните е, тие се виновни за оваа моја носталгија :) .
     
    На Lady-Cha, teddybear, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Само сакам да напоменам, дека кога сум била 6то-7мо, омилени пејачи ми биле Џастин и Шеги.
    А летото било најкул.

    Да не постоеа тие споменари, немаше да се изнакезам и изнавриштам во 3 саат по дома ко последен шизофреничар.
    Ах детство, младост лудост. Уште ми е смешно.

    Најјакото: Омилен глумец: Индијана Џонс.
    Ова не е моја изјава, жими се.
     
    На la-chicka и Magnolija им се допаѓа ова.
  3. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    СДК сабајле бабе ко ке ми те подберам...мамицата :devil: Дебил :@ ...

    ,СДК 2 неможам да ги објаснам поедини суштества во Македонијава наречени луѓе,еднина човек а јас со драго срце би ги нарекла животињи мислам дека не го заслужуваат тоа надимакот човек..

    СДК 3 утре ке се чадам на писмена без состав...почнав да барам ама ништо.. да се надеваме дека ке падне некој состав..

    :lol:
     
  4. rebellious.glory

    rebellious.glory Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    СДК дека мојот живот е мое право !! И се извинувам што морам да го навредам животинскот царство,ама некои луѓе се стварно ГОВЕДА ! Дури така на душата ми доаѓа да кажам Ај фил сори фор дем :doh:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Знам дека во ова време нема скоро никој на форумот,но самата инсомнија си го прави своето... Не можев да се измачувам цела вечер со мислите,а да не пишам овде.Силно ми е потребна некоја личност за разговор,некој кој ќе ме утеши дека се ќе биде во ред.Некој кој ќе ми кажи дека јас можам и повеќе. Но,бидејќи сето тоа е дел од мојата фантазија ,како и се останато-се помирувам со реалноста и целата негативност ти ја насочувам тебе форуму. :geek:

    СДК сум имала мигови кога сум мислела дека ми се руши светот,но никогаш не сум се почувствувала во безизлезна ситуација како што сум сега.Се прашувам дали вредеше сето ова до сега,кога во мене постојано тлее страв од непознато..До кога ќе ме следи таа сенка,која ме прогонува целиот мој живот???

    Можеби си поставив високи цели и имам преголеми амбиции за девојка на мои години. Но зошто нешто длабоко во себе ме онеспокојува и не ми дава мирно да спијам? Зошто воопшто на моменти ми доаѓа да се откажам од се што сум започнала?!

    Ова е мојот живот...Без да успеам ,би била само обичен смртник заробен во канџите на сиромаштијата,несреќата и болката. Би била уште една кукавица која не верува во своите способности и се откажува од најдоброто кое му било понудено.

    Сонувам за подобро утро,иако немирот не ми дава да заспијам. Живеам со надеж дека ќе постигнам многу повеќе од што можам,но реалноста ме пресекува.

    Многу неповрзани мисли ми доаѓаат во главата.Но,што од тоа? Само уште едно непроспиено утро,ништо повееќе. :!:

    Научив многу работи од животот до сега, но не и најважните:" Да го победам стравот "и "да не се откажувам лесно"...Всушност и самата многу добро знам дека секогаш патот до целта е трнлив,но некако немам сила да се борам повеќе со животните препреки. Немам мотив,немам подршка...Тоа што според мене е најважно за да се успее...

    Многу зборови непромислени,песимизам и ред други демотивирачки ствари...Но,барем на одреден период ми помага ваквото "олеснување". :|
     
    На ines.h, XMaN, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На anabel-a, Go-Girl, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Денеска имам доста збиена агенда...
    Денот ке го започнам со аудиенција кај кралицата :!: Ке одам да бацам рака и да прашам: извинете Ваше семоќно височество, кога планирате да го изработите урбанистичкиот план за централното градско подрачје, кој требаше да биде готов пред 14 fucking години? Го знам и одговорот. Седната на тронот, 6 метри подалеку од обичниот смртник, ке ми одговори дека ке биде наскоро. Ееееее, млади сме, цел живот имаме пред нас..... Толку многу пцовки и клетви ми се вртат по главата моментално што се изненадувам самата себе, ама ке се воздржам, и деца читаат тука.....
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Конечно будна. Буквално. Полошо е да заспиеш во сопствениот живот и да не знаеш што, како, каде, во кој правец, зошто...
    Јас сум борец, денес повторно одам да покажам сила на размислувањето како да се направи мигот на земјава, поубав, поудобен. Силата ја имам само јас а не Ѓоко, да се разбереме ;) Си реков, одамна, чекор по чекор и ќе ја биде. Е токму така. Небото може да ми подари само дожд или снег. Се друго си креирам јас самата и нема да дозволам да си речам - ех судбина.
    Епа ќе направам се за да ја придвижам судбината во мој правец.

    Вторников и не е толку лош на самиот негов почеток. Pretender - Foo Fighters is a pretty nice kick off! Уха! Да видите после со кој брз ритам се чекори дури и во чизмичиња на троа повисока штикла. Матриксоидно ги поминав улиците и со репот си ишкав ко кравче со опавчето - лево - десно. Штета што нема веќе муви. Ладното ги уби одамна - фала богу!
    Не ги сакам, си имаат работа само со гомца и со валкани работи, а јас од таквите бегам на километри.
    Оно, ма ни да га такнеш бре!

    Бројчево ми вели дека пред некои две децении ќе беше празник, ќе носев петокрака, ќе растев под знамето на Тито, и ќе пеев - Југославијоооо, Јууууго сла - ви - јо! Е нема, вала, нема.
    Со Словенката си рековме дека пролетва правиме југович - тур. ЈУ - трип. Да излезе, па да се израдувам, затоа што јас екс - ЈУ си ја сакам. Толку сум испомешана што комотно можам да речам дека ги имам во себе и Вардар и Триглав па и пошироко.
    Смешно ми беше кога седевме така поголемо друштво, уште кога живеев во Франција, цела Југославија собрана на една маса и еден Американец откако не праша сите од каде сме, одлепи
    - И вие сите си седите на една маса и никој со никого не се истепал?
    Зошто светот мора да си мисли дека сме сите луди? И желни за крв? Будалетинки! Ние наместо тоа си ја запеавме Хеј Словени.

    Епа хеј Словени, да сте ми живи и здрави и живела социјалистичка федеративна република Југославија!
    Работава ко - the king is dead, long live the king. Што да не.

    Следни на репертоар - Kings of Leon. Епа ај. Чао ;)
     
    На Miss-Independent, la-chicka, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Вторникот,не е вторник ако не се покаеш што си мрчел во понеделникот. Добро,не се каам..но признавам,џабе било.
    А сега, Џејмс Морисон на слушалки..и во поход.
    Се во името на една нахранета душа и барем на кратко спасен живот.
    Во името на една насмевка,еден сон..
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Кажано е многу тука.. :bow: :bow: :bow:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    сдк..

    “Исплачи се сега мила,
    исплачи се така сама
    на мојте рамена..

    И наеднаш се` ќе згасне,
    и ветрето ќе се смири
    кавал ќе засвири.. “
     
    На crazylady, ljubam, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    333ти ден од годинава...
    Настинка...
    Времево - пролет...
    Башка вторник.
    Не ми штима нешто.
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ..денешната енергија почнав да ја трошам на цели со кои планирам да се стремам понатаму. Ја користам рационално. Како и што ми кажува хороскопот валда ќе донесе резултати во текот на денот кои очекувам да бидат така. Но незнам. Можеби подобро би било да не очекувам. Понекогаш очекувањата не разочаруваат, депримираат..

    За вториот дел од мојот назначен хороскоп за денес ќе кажам дека и тоа почна да излегува на виделина. Почнав да ги оценувам луѓето какви се. Заклучокот ми беше дека живееме на Балканот каде сите веруваат на муабети.
    Понекогаш ќе бидам можеби и јас мета на тие мубаети..можеби ќе бидете и вие.. Но ако би се работело за мене, јас ќе ставам штит. Нема да бегам од ништо, но нема ни да положувам објаснувања на дотичните. Ќе се научам да ги гледам овие работи како минливи и ќе отрпнам на нив.
    Но доколку бегам може некој метак ќе ме погоди. Ќе избегам од два но третиот е овде..
    А ореолот кој го имам околу мојата глава..мојот простор, нема да дозволам никој да го скрши ниту повреди, а најмалку да продре во него. Тоа е само мој простор и ничиј друг.

    Се расприкажав а сакав само да кажам дека од ден на ден колку ми е погоден хороскопот.
    Алал да му е!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.924
    Допаѓања:
    123.461
    Пуштајте среќа денот да помине,вторникот денешен ме убива,ко скиселен лимон сум,само нека помине па да продолжам понатаму со поубави работи ,кои едвај ги чекам :)
    Ама прво ова........ :doh:
     
    На AnaKarenina, Serafima и mamita им се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Сдк декаааа ми се џуска на добро музиче на некое добро место и некоја чашка алхохол :rock: ....
    Ај ке си почекам уште некое време .. Ух како мече станав,уставри да не се лажам мечка е посодветен збор. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=DfzbVTQE ... plpp_video

    Ах yeahhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh :dance:
     
  16. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Си ја засакав работичката,иако неочекувано.Супер полетно трчкаш наваму натаму,си бараш парче небо и добиваш.
    Е,сега ништо не е совршено.Секогаш ќе има нешто да те боцка,што ќе те потсети дека си жив и дека уште треба да се бориш.
    Прекрасен ден и нека ви донесе на сите прекрасни моменти.Ајде повелете на чајче
     

    Прикачени фајлови:

    • caj.jpg
      caj.jpg
      Големина на фајлот:
      19,4 KB
      Прегледи:
      131
    На MandyLane, Serafima и eli25 им се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    [​IMG]
    СдК дека е време за Кафе ...па изволте
     
    На Mygirl, eli25 и mamita им се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Денес правам 2 теста, а по останатите 4 предмети имам испрашување. Чудно, воопшто не сум вознемирена и исплашена. Дали бидејќи се научив да ги барам грешките во мене, а не во професорите ? Дали бидејќи не се нервирам за работи кои не заслужуваат да им се обрне внимание ? Незнам. :o .

    Осум часот, јас во длабок сон, спијам, одвај сетив дека ми ѕвони телефонот.
    -Ало?
    -Чоколатце? Овде е професорката Б. Да те известам дека си примена во глумата по повод патрониот празик.
    -Навистина? ( незнаев дали сонувам или не)
    -Да да, се гледаме на училиште.
    Бап телефонот. Полежив уште неколку секунди.
    ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА - ечеше куќава.

    Пресреќна сум :D.
    Последниве неколку дена ми се супер. Би сакала да потраат уште малце.

    Уште една добра работа.

    Oh my God, he is so cute. Lots of love. :*
     

    Прикачени фајлови:

    На SexyLady, Doozy и mamita им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Им се радувам на последниве сончеви зраци како мало дете на слатки.
    Не ја сакам зимата и студот, сакам сонце кое ме грее со позитивна енергија и расположеност.
    Вторник како ден ми е многу недефиниран. Не е понеделник за да го мразам, не е па ни крај на работна недела за да му се радувам на викендот. Ни на небо, ни на земја е вторников.
    Ама ако, кога има сонце и понеделникот е убав.
    Обврските ми стојат на купче, и планирам денес убав распоред да си направам.
    Додека не ми почнал денот, користам можност да се напијам чај. Да се расонам, па да се фрлам во акција.
    [​IMG]
     
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    :)

    Вторник.Денеска сум на пракса,а не на училиште.Зафатена ке сум само 4 часа.
    А после одам во шопинг со сестра ми.Уште сега се радувам 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=z_OJVohV ... r_embedded
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.