Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК го гледав отварањето на мозаикот за Тоше значи во Прилеп во ред беше тоа сето убаво помина иако жално ама СДК дека многу се изнервирав ко си дојдов дома и кога видов дека на ниедна од нашите телевиизии немаше ни песна од Тоше за разлика од балканските каде и концерт негов даваа. :x :x :x

    Толку.
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.798
    Пол:
    Женски
    Што ќе ми одговориш ако те запросам?
    -Не ни помислувај на тоа!
    Зарем не веруваш во љубов?
    -Верувам, но ти не ме познаваш.
    Зарем за да засакаш некого потребно е многу време? Мене ми е доволно и ова.

    Не знам колку време е потребно за да се одлучиш да останеш со некого, но се надевам момаков не беше сериозен. Мислам јас не ги ни сфаќам луѓето кои без да имаат некаков физички контакт решаваат да почнат врска или нешто повеќе.
    Па се потсетив на С. кој сакаше да му бидам девојка, а 10 излегувања ниту еднаш не ме бакна. И како јас да знам дека сакам да бидам со тебе? Што ако бакнежот не ми се допадне, си многу лигав или пак ми ги вадиш крајниците. Што ако сакаш само еден цмок? Или пак јас сакам да гризам, а тебе устето ти нежно. Што ако јас сакам да се гушкам дур се бакнувам, а ти сакаш освен со усните да не се допираме? Итн итн..

    Забегав со муабетов, а сакав само да ви кажам дека ме има :
    http://www.skopjecasual.mk/post/33698940660/macedonian-style-blogs
     
    На cinderella5, anabel-a, Adi888 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.563
    Допаѓања:
    251.916
    Постови за Тоше, цел ден се објавуваат песни.
    Па што? Како на друг начин да му одадеме почит, како? Тој беше музичар, музиката, песната беа неговиот живот. Тој ќе остане да живее преку нив, па очекувано е луѓево на ваков начин да му одаваат почит. Лицемерни или не, како и да е, народот го сакаше. Сте биле вие некогаш на негов концерт? Човекот пленеше, имаше некоја чудна енергија, концертите беа волшебни.
    Јас го слушав Тоше, уште од самиот почеток. Плачев кога загина, плачам и денес. Како и секоја година. Нека бидам патетична, смешна, денес ќе постирам песна. Впрочем постирам и во останатите денови, ама денес има и повод, иако е лош.
    Некој спомна дека неможе да го слуша Тоше откако загина. И јас неможам. Ме растажуваат, ме потсеќаат на неговата несреќа, ме потсеќа на тоа што изгубивме. А и изгубивме многу.
    Иако се е џабе, оставете ги луѓето, нека оддаваат почит, нека ја лечат својата тага, како знаат и умеат. Со песни, со статуси. Ама не мрчете, не сте интересни, ами смешни. Секоја година истото!
     
    На Hipster, GarpovaV, creshicka и 23 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    После незнам колку време,те сонував повторно...
    Истиот како што замина,те прашав зошто си сеуште млад,ми кажа никогаш нема да ме запознаеш кога ќе остарам.Ти ги видов цигарите на маса,ти кажав пушам и јас.Само ме погледна и ми кажа знам,уште колку пати ќе ми го повториш тоа.Ти се налутив,многу чудно се однесуваше спрема мене.Ти тоа го сфати и се насмевна,ме прегрна и ми кажа немој да се нервираш за ништо,се ќе се среди јас сум овде.
    А плачев,многу плачев.Бидејќи во сонот сфатив дека сонувам и дека во реалноста те нема.
    Нели старите викаат доколку во сонот зборуваш со некој починат,навистина си правела муабет со него. Знам дека беше ти,криво ми е што не те прашав од што ме чуваш сега,со што ќе ми помогнеш. Зошто?
    Бидејќи секогаш кога те сонувам во мојот живот доаѓа период на среќа,бидејќи во тој период имам корист од секоја можна ситуација.
    И како после да не кажам дека имам ангел на небото кој се грижи за мене?
    Ми недостасуваш,ужасно,болно...
    Последен пат ме виде како дете кое се плашеше од тебе.Погледни ме сега,девојка сум.Сакам вечер да те сонувам пак,сакам секоја вечер.
    Лута сум ти што замина толку рано.Многу..
     
    На anabel-a, thelittle17, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Какво утро, каква ноќ. Низ сите бои и агли на Амели од Монмарт вчера отсонував. Стисокот на дланката додека бира зеленчук, брцкањето прстиња во зрнца леќа, ударот со лажичката во крем брулето. Мхм. Едночудо тежина на срцево, крваво и портокалово како собата на мис Мадлен.
    Писма од далеку.
    Албуми од близу и од суштината на ликовите.
    Патеки со сини стрелки и црвени стоп знаци.
    Книги скриени во камерите и вперени погледи во малите џуџиња.
    Бакнежи скриени од дожд, во малите кутии од детството.
    Сеќавања.
    Да, од сеќавања живееме, и од нив како од невидлив конец си ги зашиваме сите отворени рани. И некому тоа му е грдо, некому му го спасува животот.
    Затреперуваме ко лист среде ноемвриски ветер и се браниме како да не знаеме дека тоа е следниот чекор. Зрелост што не мора да значи откажување од сопствените соништа. Може да значи мало парче небо што само ние ќе си го растеме, негуваме, како цвет во саксија. Нема да ни избега. Ќе смени облик само.

    Туку, после ноќна смена со умот, утрото и лицата на луѓето кои итаат на работа е бесценета глетка. Сите спијат а одат. Јас стојам, а будна сум. Како автомат за детски играчки. Стави ми ситно во уста, ќе почнат од мене да испаѓаат ситнурии, како од лупната пињата.
    Сите имаме болки. Сите ги преживуваме. Само некој сака да биде жртва а некој херој после тоа.
    Изборот е лесен и тежок истовремено.

    Но. Јас бирам херојство. И онака градов не може да се пофали со херои, само со нивни лажни претстави, наполнети со премачкан авангардизам и лоша идеологија.
    Бирам подобро утро за сето свое постоење а ако можам и за човештвото. Со минимални работи. Како на пример, враќање на падната пошта од сандачето на комшиката од трети.
    Минимални радости. За големи чувства.
    Љубете се’ што имате, оти е еднаш и не се враќа.
    Гушкам во топол чај.
    Ш.
     
    На anabel-a, Sara123, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Сериозно размислувам да си ја наполнам канцеларијава со храна...за вакви кризни времиња. Смоки, смоки, дај шта даш, битно да се јаде :$
    Сношти вечер пуштив к-15тв да ѕирнам што нови лица запеале во државава ни. Спотовите на машките, тој страда, таа го искористува за секс и си заминува, тој плаче, гушка некое дрво, се тркала во празна постела, раце кон небо го прашува Бога, празна соба, расфрлени работи и некоја слика од неа. Спотовите на женските, таа силна, мажи трчаат по неа, тој ја моли, таа се прави важна, секси, самоуверена...Спотовите на бендовите? Веќе не знаев ни што гледам :tmi: Исчезнала инспирацијата и во музиката и во текстовите и во спотовите. И ете ти ја Викторија Лоба плива во базен, негде на плажа, убаво облечена, добри сцени...и кога го глеаш оној Билбилов |( Па си се осврнав на Поаро, ништо чудно што го сонував, оној од старите серии, со слатките бркчиња :hai:

    Тукуууу...ми се зборуваше за љубов, голема љубов...ама нема доволно креативни и вистински зборови за такви љубови. Треба да се измисли комплетно нов речник на зборови љубовни
    па така, уште една вечер на серии и филмови. Потполно нов свет на фантазии. Едно време и јас гушкав дрва среќно, како дечките од вчерашните спотови...
    можеби е време да му се вратам на анимето :^)
    http://www.youtube.com/watch?v=BB7o8x0wPhs
     
    На anabel-a, Moira, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Балкон

    Варшава, септември 2010

    Да беше сега тука, веројатно ќе се стуткаше на миндерчето на балконот, а јас ќе седев на дрвеното столче покрај тебе. И немаше да има поубава глетка за мене од монентот кога некое северно ветре ќе помине по твојата совршено бела кожа. Ќе ги затвореше очите и ќе знаев дека тоа што ти се случува во моментов, тоа е Убавина. Две малечки фигури во неважен град. Едната ја облекла во црнина глетката на другата. Ќе ми побараше сладолед. Ванилата никогаш нема да ја ублажи твојата тага.

    Да беше сега тука, веројатно ќе ми кажеше дека немаш потреба да го читаш тоа што го пишувам, зашто посекако нема да го разбереш. Тој тежок стил не е за тебе. Потоа, по којзнае кој пат, ќе ми повтореше делови од твоите реферати напишани по повод патронот празник на училиштето. Така се пишуваше некогаш, ќе поентираше, а јас ќе си умирав од мака што не сум како тебе. Колку да ја сменам темата ќе ти кажев дека Јоана Поповска повторно доби награда на некаков фестивал во Албанија, а ти ќе ме прекинеше со приказните како дедо ми живеел со нејзината фамилија, какви едночинки сте гледале во српско време, па какви песни сте рецитирале тогаш, и ќе започнеше- Одмора је било хвала Богу доста, а од кожне лопте само вуна оста...престани со тие српски стихотворби, мирисаш на лук и лути пиперки.

    Да беше сега тука, веројатно ќе одевме во Крани на плажа. Езерото ќе беше скоро до кампот, ќе беше шест попладне и ќе имаше малечки наведнати врби. Ќе се спружеше под некоја шарена сенка, ќе ми ги оставеше црвеното лопатче и синото кофе, а јас за момент ќе се загледав во белото месо што ти излегува од едноделниот црн костим за капење по рацете и нозете, и ќе се зафатев со изградбата на замокот што никогаш не го изградив до крај. Ќе влезеше во езерото, јас по тебе. Ќе внимаваше да не си ја наводениш косата. Пред мене само ти, разбранетото езеро и сонцето што полека заоѓа. И во таа кичерајска иконографија во која случајноста или споменот те турнале без да те прашаат, сигурно немаше да бидам свесна дека пред мене е најубавото македонско сонце што некогаш ќе го видам. Доста е, ќе речеше, имаш лепче со гравче што остана од ручекот. Мора да го изедеш. Замокот веќе ќе го немаше.

    Да беше сега тука, веројатно ќе ти јавев најпрво тебе за да ти кажам дека положив Теорија на книжевност 2 со десетка, ќе ја слушнев твојата насмевка зад која се крие олеснување, исто такво какво што може да почувствува невнимателна тинејџерка кога ќе и кажат дека не е бремена, и ќе ме потсетеше дека ме чека петстотка. Нема да можеш повеќе зашто ќе ги менуваш вилиците. Ќе се вратев во Битола, ќе те гушнев и во џебот од палтото ќе најдев илјадарка.

    Да беше сега тука, веројатно ќе верував дека Бранко не лаже, дека сите попови не се исти, на средба ќе стигнував порано, зашто-поарно да си пред време отколку да те чекаат, секогаш ќе си носев најлонче со себе, зашто- не се знае кога и за што ќе ми притреба, секогаш ќе ги паметев родендените и празниците и тоа кој што ми дал, за да може еден ден да вратам кај што ќе ме носи редот, сигурно ќе се облекував потопло, дома ќе шетав по местрии, немаше да крадам од паричникот на брат ми, да беше сега тука ќе јадев со нож и вилушка, немаше да ги фрлам догорчињата на улица, немаше да излегувам со водена коса и да седам со нозете на клупата во паркот, ќе си имав дечко за озбилно и ќе те запознаев со него, од излегување ќе се враќав порано, и рано на утро заедно ќе слушавме бугарски шлагери за кои ќе бев убедена дека се најубавата музика на светот.

    Да беше сега тука, ќе лежеше мртва до мене, на постела за која на себе си седе кројка, покриена во златен вел што сама си го шиеше. Јас ќе те погалев по челото што веќе нема да биде толку бело и меко и ќе гледав како низ устата излегуваат последните течности од тебе. Да беше сега тука ќе се обидев да се разубедам дека смртта е идеалниот наративен крај и ќе го замолев твојот бог, поради кој секоја вечер ме тераше да се молам, да ни ги смени местата. Светор сигурно ќе беше подобар со тебе.

    Да беше сега тука, ќе верував дека Варшава е темно балконче во центарот на Битола.
     
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Колку бев среќна тој ден, колку со сето срце чекав да дојде тој час да се собереме и да отидеме. Имавме набавено карти тоа да. Мајка ми, другарка ми а татко и мислам дека таму нешто работеше и тој ни набави карти воопшто не се сеќавам точно. Мајка ми дури од дома понесе чадор, истураше толку многу истураше што дури ќе се скараа со мајка ми дај бе тетке па тргнете го чадорот не можеме да скокаме, да рипаме. Па само вие ли да киснете кога можам и јас. Тоа беше првото нешто пред тоа беа касетите нели ама тој момент беше реален, во живо прв концерт. Ја *оспеднав* и братучетка ми која не беше таа вечер со мене но после тоа иако сеуште бевме мали со нашите мајки кои сеуште се смеам :lol: не пазеа од големите момци кои мислеа дека носат пиштоли :rofl: не ни беше гајле за ништо. Буквално за ништо рипавме, скокавме на саем многу малку се гледаше имаше премногу гужва ама не беше битно. Битен беше тој, гласот кој допираше во моето срце. Секој нареден концерт, секоја наредна промоција, некоја дешавка каде и да беше ние две бевме со него. Растевме со него. Сите слики, спомени, разговори со него значеа се, мислевме дека сме најбогати на целиот свет кога ги имаме сите тие работи. На една промоција надвор беше се сеќавам во Александар палас ќе паднеа за малку со братучетка ми се изнасмеавме сите а пак Љиљанченцето :lol: па види бре на шта личим ни вика ама ја натеравме. Пиче за вас рече најверните секогаш. Тие времиња не се забораваат НИКОГАШ! Ќе ги памтам засекогаш како и тебе. Ќе ми речеше ќути ќе не сетат а јас веќе знаев која следува, која е изненадување и намерно ќе викнев : Nothing else matters ќе ме погледнеше и ќе ми се насмееше. Тоа може и малку луѓе го знаат освен ние кои што бевме во првите редови, пред него секогаш, СЕКОГАШ на секој концерт. Затоа кога не знае некој не знае ќе си молчи и ќе си трае.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    И да сакав да кажам се` што чуствувам немаше да можам... Овие чуства ме дават подолго време... некогаш не се дише во сопствената кожа... претесна е се` да собере, се да прибере, да соџвака... а скоро секој очекува да си му раме за плачење, дворски шут да се посмее на твоја сметка без да даде дел од себе си кога тебе ти треба... Едноставно луѓето не знаат да прифатат кога ќе ставиш крај на сета престава, на сета трагикомедија која ти ја сервирале за доручек, ручек и вечера... Тешко е да се прифатат промените...
     
    На kravce, anabel-a, Smilly и 5 други им се допаѓа ова.
  10. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Од кој бе сакаш торта мајмун!?
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Имаше песни на собранскиот канал на МТВ, и на МТВ1 имаше :^) А како што слушнав вечер после утакмицата Македонија-Србија.Ќе имало и некоја емисија посветена на Тоше,ќе ја водел Игор Џамбазов.
     
  12. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Ти си почеток и крај........
     
  13. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Не проблемот до нив, сестра ми е ок..
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ок бе,цркнав од учење |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Признавам јас сум голем зависник од кафето.Обожавам да пијам кафе додека читам некоја книга или списание,додека слушам музика,гледам ТВ,додека сум пред ком(избегнувам бидејки мојата екс тастатура сакаше да се напие и си отиде :wasntme: ) или пак едноставно додека размислувам како ќе го поминам денот што е пред мене :D
    Не сакам некој лошо да ме сфати,не пијам јас по 2-3 кафиња на ден или пак секој ден :!: Да се разбереме јас сакам кога имам време или пак кога сакам да се расонам.Некако незнам дали е до кафето или ние самите си мислиме дека не разбудува...Како и да е,понекогаш сакам со пријателките да се напијам кафе и да си направам добар муабет,а пак понекогаш само сакам да размислам за се или воопшто да не размислувам и да уживам во мирисот и вкусот на кафето :inlove:

    Едноставно ме прави среќна и задоволна...
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, kravce, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК сега сакам да се завиткам во топло ќебе заедно со него, да гледам тв и да уживам. :)
    Убаво ќе беше да не бев на работа, кој ли ќе оди :tmi:
    Ви завидувам вас што сте дома и што сте слободни, изгледа оваа мрза што ме фати денес е од времево :?:
     
  17. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Сакам сонце со заби :$
    Надвор убаво и сончево за шетање и не мораш да облекуваш триста јакни дуксери или џемпери,а дома си се пикаш под ќебе со топло чајче и некоја книга :sun:

    Сакам да кажам дека веројатно сум најлошата девојка на свет :lol: Кога и да го нема на фб,го чекаат реферати испишани од мене. Очигледно е дека не сум добра во филозофирање ама кога е за него трескам и трескам,пишувам една километарска порака и тој после мора да ја чита 8) И се пишувам едно исто,само со различни зборови,случајно е жими се :$
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Денот кога ќе престанеш себеси да си поставуваш прашања, бидејќи сфаќаш дека одговорите веќе не те интересираат!
     
    На kravce, cinderella5, Cacy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Доста ми беа фб пораки испишани со ТЕ САКАМ .... :)
    престани те молам не ме интересира :!: ..
    Зошто вистината ја гледаат некои луѓе доцна ...:?: ..па каде беше кога те сакав како луда... :| ..те немаше сега мене ме нема и ете гледаш се се враќа се се плаќа :!: ...
    Вејке не сакам да те имам ни како пријател а најмалку како сакана драга личност ...
    Продолжи го животниот пат а мене оставиме ме некако како знак...
    Вејке си никој но кога ке свтаиш вејке ке ја изгубиш и таа можност што ја имаш...
    Оди си ти затоа што дознаваш се како расипан часовник...
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Не си единствена,за жал :(

    Ми се смачи учењево.Учи француски,ќе испрашува,учи математика,ќе има тест,физика и хемија писмена......Ќе цркнам бе,ќе цркнам.Материјалот тежо,ова наставничките нешто ако разбрав што зборат... Неможам веќе,ми треба одмор,неколку неделен
     
    На CIA и ocila им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.