Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Само јас можам да заборавам чевли кои ги поседувам, а да посакувам на нив слични а цела сезона да ја поминам во 3-4 пара. Да, да, тоа ми се деси вчера додека вадев есенско-зимски обувки си најдов 5-6 пара летни чевли, кои кога ќе го вратам филмот многу подобро би се уклопиле во некои комбинации за разлика од оние што тогаш сум ги носела. Оние немодерните не ги ни бројам, тие немаат потенцијал барем не оваа сезона.
    И криво ми е, јанза ме јаде што пекам по нешто што веќе го имам. А уште покриво ми е за сандалите што ниеднаш ги немам облечено а веќе ги спакував и тргнав. Криво ми беше и кога во плакарот откопав два пара фармерки кои сум ги заборавила, и неколку маички кои не се ниту еднаш облечени, купени, испрани, здиплени зјајат на дното од купот со другите маици.

    Последните купени два пара салонки ги немам извадено од кутија, но за тоа сум си сама крива, киснам во два пара балетанки а штикли имам еден куп, и пак штом имам пари гледам штикли да купам а не нешто рамно што 100пати почесто ќе го носам. Петко ми е душа, му го кажувам муаебетов вчера и мислев ќе добијам типичен машки дебилен одговор а тој ми вели "Е ако де, битно ти си имаш, ќе ги облечеш некогаш, боље е кога имаш избор отколку кога немаш што да облечеш".

    И така со расфрлани еден куп алишта окулу мене, по некоја чизма и сандала си викам колку сум богата, а некој да фати да ме тресе од мене само вереничкиот прстен може да го земе, зошто нели немам скршен денар во мене.

    И така женски јадови, ајт останете ми создравје, имајте фино попладне а јас отидов да роварам, можда ќе најдам некоја паричка забутана за црни дани.
     
    На Neytiri, Moira, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека да беше се така како што ние си посакуваме ке беше досадно,а вака си имаш предизвици во животот,и тоа те прави да се бориш за своите права. :)
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Дека итно му треба преинсталација на моево компјутерче. :)
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Енергија страшна имав деновиве што минаа.
    Денес едвај иседив 3 часа на факултет, едвај раскревав низ дома, едвај го подружив дечко ми, едвај играв карти, и на крај конечно се оптегнав на креветот со лаптопот да си се пожалам, дечко ми фала Богу си заспа на другиот кревет па јас на раат да си посурфам(од кога го немам употребено зборот).

    Неколку дена веќе еве многу нови лица влезија во мојот живот и искрено, да се најежиш, од ден за ден колку може мислењето за некој да ти се смене :|
    Јас, искрено, успеав со сите мои сили никако од поодамна да си изградам ладен и одбранбен систем кон тие истите.
    Луѓе во мојот живот колк сакаш, искрени, вистински, реални и од мене бескрајно љубени едвај на една рака се, секако без моите роднини.
    Курви секој ден, секаде, околу мене, и едноставно, без разлика колку најмногу ги мразам, се на игнор кај мене.
    Луѓе кои се душа, мили, кои едноставно блескаат од добрина, како што мајка ми вика, одма во очите им се познава :)
    Денес една колешка нова, абе, немаше 5 минути што зборевме, толку слатко се насмеав и добро ми дојде тоа, значи мислам цел ден ми се разубави заради неа.
    Поентата ми е, на сите нас ни требаат такви луѓе до нас, насмеани, позитивни, кои зрачат со енергија и харизма, кои со неколку минути ќе успеат да ни го разубават тешкиот и исцрпниот ден. :)

    Дома, мислам на ова дома во Скопје, да се разбериме, си имам јас два дома, едното ми е Неготино, а другото, со него, тука во Скопје.
    Е сега, дома тука во Скопје, никогаш не било подобро и потопло дома во сите овие три години.
    Едноставно, моментот, кога отклучуваш, и кога мириса на тебе и на него, кога во возбухот се вчерашните миризливи избледени елементи од готвената вечера, кога тој ги измил садовите, кога мачето одма трча кон вратата и мјаука да му дадам да јаде, кога тој ќе дојде поспан да ме бакне и гушне, или едноставно да подвикне полека, спијам :D
    Домааааааа, од мерак да не испадниш.

    И да, пресреќна сум и подобра сум од вчера и од некња.
    Тој е маж кој секоја девојка би го сакала покрај себе.
    И покрај сите негови недостатоци, кои ги прифатив во моментот кога и тој ги прифати моите, јас свесно и гласно можам да кажам дека тоа е мојот маж кој ми го осветли животот и го направи подобар.
    Љубовта никогаш не била послатка, сексот никогаш не бил пострасен и див...

    И покрај целото убаво и добро околу мене, не смеам да дозволам да запоставам учење, затоа сега се мавам на пишење есеи додека тој спие, за вечер да може да се картаме и да пиеме големо тополо нес на раат.

    Дождот буди прекрасни чувства во мене секогаш.
    Нека врне цела ноќ!
    :)
     
    На kravce, blond, Angel.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Секогаш после разговор со Никола Маџиров, душата ми е раат.
     
    На Tanjamm и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Еј чекајте бе, сега се наближува првото тромесечие, на почеток се жалите, а што ќе биде за неколку месеци?
    Учете со ред и не се жалете. Тешко е, ама ќе издржиме.
    Иднината е на нас, учениците/студентите.
    Ами мислите дека лесно им било на вашите професори?
    Епа не, не им било... и тие требало да го поминат сето ова што ние го поминуваме за да бидат наставници.
    Учете заради вас и вашата иднина, а не поради другите.
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ах Тоше! Само ти знаеше дека по ПОСЛЕ ДОЖДОТ ДОАЃА СОНЦЕ.
    Не водеше низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,сакајќи да одиме ПО ТЕБЕ.
    Но како да сакаше да кажеш ЈАС НЕ СУМ ВИНОВЕН,ти ни пееше ЗА ОВОЈ СВЕТ.
    Кога ќе помислам дека повеќе те нема чуствувам НЕМИР и ГРОМОВИ НА ДУША.
    ЖАЛ МИ Е што повеќе нема да слушнеме нов хит,жал ми е што повеќе нема да го видеме твојот лик.,затоа што замина 1200 МИЛЈИ одовде.. Ако кој сега ќе пее за ЦРЕШАТА што тебе те чека? Какво ли ќе биде полето без ПОЛСКО ЦВЕЌЕ? Јас ГО МОЛАМ НОЌВА НЕБОТО ДА МИ ТЕ ВРАТИ,дали може некој да сфати? ,,Te молам,ИЗЛАЖИ МЕ УШТЕ ЕДНАШ дека сето ова не е вистина''. Aко е вистина ПУШТИ МЕ да се исппачам,СКРИШИ МЕ од болка ти си вреден за тоа......16.10.2012 5години без нашата најголема македноска ѕвезда Тоше Проески...почивај во мир ангелу наш Сите те сакаме и ќе те сакаме.... засекогашшш ќе бидеш во нашитее срцааа :'( :'( ♥ ♥ ♥ ♥ Ах колку само ми недостигаш ангелу мој... :'( ТОШЕ ТЕ САКАМЕЕ СИТЕЕ!!ЗАСЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕШ ВО НАШИТЕ СРЦА!!!ПОЧИВАЈ ВО МИР! :'( ♥ ♥ ♥ ♥
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Првото нешто што треба да го направите пред да пораснете и да речете дека сте човек е ... да ги преболите вашите родители и да создадете реална слика за вашиот партнер. Фактот вели дека колку што ви даваат љубов,толку се извор на вашите први фрустрации кои се тегнат низ цел живот. Прво, не разбирате зошто ве фрустрираат зошто сте млади и глупави (како, читај ја лектирата ќе видиш дека ќе ти треба,ама мамо мене ми се играат џамлии или изеди ја палентата,здрава е за стомакот,ама мамо не сакам) и потоа,откако штетата е направена... цел живот сте надркано суштество кое вика дека нема среќа у љубовта!

    Сериозно, од толку кукумјачења за љубов, ме обзема таков цинизам што се граничи со ПМС на некои жени. Као, глупи сте,ок?! Пораснете! Треба да ја поправите блискоста со вашиот татко и да ви рече се гордеам со тебе ќерко, те сакам, ти си најпрекрасното нешто кое го видов и ми доби смисла целиот живот кога се роди (ок,искрено, ова ми го има кажано татко ми и му ги опростив сите оние часови гњавење над книгата математика,иако перфектно добро ја знаев! Ок,некад се борам со своите демони коа ќе сретнам тип кога ми кажува дека ми треба уште нешто во врска со нешто,а јас сум прфектли фајн,па онда му брцам со прст у око и го откачувам!Мајмун еден!) или ако не можете,едноставно мудро,многу мудро размислете и прифатете ја судбината.
    Најбедни типови на жени ми се оние кои не можат да се помират дека имале епизодна улога и бараат значение у некои моменти. Да,имале во МОМЕНТОТ (повторувај по мене,моментот), но потоа откако сте го поминале тој страствен период и не сте можеле да го поминете периодот на прифаќање на реалноста дека имате големи разлики (а патем разликите не се привлекуваат кога некој е садист со тебе, не е ствар на разлика,туку тешка патологија) и едноставно нештото нема никакви теоретски,а ни практични шанси да продолжи. Тој е јасен со сето тоа, но ТАА не може да прифати. Вика дека гордост е во прашање. Мацо, ако едниот од двајцата е здрава личност или ако сакаш да постојат реални шанси да бидете заедно, барем едниот ќе биде разумен и нема да има гордост (која патем и не е некоја карактеристика за пофалба, во многу случаи...туку почесто дека си тежок кретен со неосновано големо его) ќе ги среди работите, ќе ти го нахрани егото и ќе живеете среќно до крајот на животот. Ок?!ОК?! Секоја нефункционалост во врската те води НАДВОР од кутијата во која лежи идејата за стабилна и долга врска. Разубеди се дека не си ти таа која ќе го промени. Всушност, ако твоето его е смирено, еве ти ја убавата вистина - нема да го промени друга жена,освен мајка му и животното искуство и зрелост. Научете да разликувате сексуална вибрација и само сексуална, од она другото.

    А посебно *слатки* ми се женските кои вложуваат мнооогу време во својот евтин изглед и никогаш не привлекуваат категорија на мажи која ја сакаат...Или па уште полошо, ќе го привлечат,ама ме разумеш мачко (тм ПМ)...и после муки. Он ме сакаше, имавме прекрасна вечер, и после никад не се јави. Ох ханиии... поразговарај со татко ти,може ќе ти открие дека се гордеел со тебе кога ја рецитираше Брзај брзај прваче во второ одделение за првоодделеницте... може е едноставно крут и не знаел како да се постави со тебе,не дека не те сакал?! Сериозно смешни се колку се фокусирани на физичкиот изглед за да привлечат маж...ме обзема ежење и ужас.
    А посебно идиотски (па дури и немам саркастичен израз за овие) ми се таквите кои по секоја цена се наметнуваат како најдобри и даваат вулгарни коментари за изгледот на останатите девојки кои минуваат време со нивниот сега веќе одземен мажјак. Не знам во кое огледало се гледаат,ама според нив , они се најдобрите.Хеееј, од сите бивши негови, само една имам поразено двојно без намера,ама заслужи пошо беше единствената која ме мрази, со друга дури и ја сакам човече и ја сметам за прекрасна. Што не е у ред со тебе девојко?!

    И мажињата...ооо тие мажиња... Имам проблем со еден таков... Ужива зошто му контрирам и зошто го учам на правила за добар живот и ужива да наоѓа проблеми во мене... Сонце! Го потсетувам на мајка му... карактерно,а и мојата коса . А спие со девојки кои физички личат на мајка му. Веројатно ќе созрее и ќе најде некоја која физички е спротивна на мајка му,а карактерно е многу мекотела... или едноставно, ќе научи да ги прифаќа советите не како извор на фрустрација и пуф, ќе излезе се лошо од него... Душичка... А што е најтрагично, тој е тооооолку патолоооошки случај, што одбива се женско кое сака да направи блискост со него што привлекува жени со фадр ишјус кои сакаат да ги лечат на него. Па тоа е таква драма,просто не можам да ви објаснам. И барем 9 од 10 мислат дека се само тврдоглави и двајцата, а инаку дека ја(ги) сака.

    И мажиња и женчиња со спротивни примери,те прекрасни родители кои ги зафрлиле во еден бескраен и одвратен лавиринт од прекрасноста на своите родители,па бараат толку добар и сервилен партнер како нивните родители.

    Имате превисоки и романтични очекувања. Пораснете,ве молам?! Сериозно, сквернавите едно прекрасно и комплексно искуство со тие КИЧ објаснувања и поимања на љубовта. И не као, љубовта не е посилна од се и не, као љубовта не може да победи се. И не, секоја голема љубов не е полна со потешкотии и патња,тоа значи едноставно дека НЕ ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ЗАААЕДНО,а прифаќањето во истото лежи во она се погоре кое ви го објаснив. Ноутбук и такви ...срања,не се убави и не се реални и прават голема штета,превисоки очекувања,во ред? Или онаа прекрасна замисла да станам и да ја облечам неговата кошула и секое утро така да си правиме пржени јајца и да водиме љубов на трпезариската маса... Тоа ќе се деси можеби еднаш...но не како природен тек на нештата...а другото ќе биде,миеме заби и тераме по патот,се гледаме вечер душо или ако сте лев човек како мене,ќе пиете мрачно кафе и два саати муабет нема да му правите...надрканост уште рано посабајле колку сака нека биде убава вечерта претходно. Тоа подоцна у денот се гледа на моето лице... :D

    А како нешто друго кое стварно ме иритира кај погоре споменатите... е што мислат дека љубовта е ЗАКОН. Е извинете,ама привилегија е. Почнавме да го прифаќаме нештото дека е во ред да спиеш со мноооогу партнери и да се криеме зад параваните на ЛИБЕРАЛНОСТА (да, се што е тешко да се свари од разумни причини увек го топиме во либералност и сакаш-не сакаш ќе се правиш дека го прифаќаш за да не бидеш заостанат). Види, ако ти си здрава и нормална личност, задоволувањето на примитивните потреби нема да го правиш толку примитивно,ок?! Има многу опции, кои твојот едноставно прост ум, не знае да ги искористи. Пак се должи на најгоре приложеното. И не, тоа што ти не сакаш да се поврзеш со некого и патиш за некои неостварени љубови,до тебе е, универзумот и животот се сосема ок и сосема прекрасни!

    И патем, мојот проблем е што,никогаш нема да го достигнам левлот на моите родители. Не знам дали е преинтимно да ви кажам како вчера се смирија после мал фајт (зошто татко ми купил пиперки за ајвар,а се договориле да не прават,па он се нафати сам со баба ми да го направи од пуст мерак и мајка ми сега повредена зошо се осеќала недомаќинка,ЦИРКУЗ :D ). Ги прислушкував,јбг. Да не ви ги објаснувам многу какви се,ама татко ми е...да речеме кроен по Џејмс Бонд, Леонард Коен и Јунг...така нешто,у превод, навидум ладен,а многу топол и мил човек,ама не е лигуш. Е нејсе, тоа беше увертира за да ви го опластичам нивното смирување. Ја гушна и и вика, ама зошто така си емотивна и погрешно разбираш, па знаеш ли колку те сакам?! Те сакам уште кога доаѓав кај тебе со точак и едвај чекав да го поминам патот за да те видам. Ти текнува кога по ливади (кај бабата и дедото на мајка ми) се возевме со коњска кола до црешите во овоштарникот?! А кога запаливме оган кога печевме пченики и така заспавме?!
    И... тоа е,искрено си заплакав. Му се јавив да дојде за да го гушнам на смотаниот. Дојде и ми донесе КИТ КАТ! Долго си зборувавме...

    Дечки,барајте таква љубов, не таква со ампутирани суштински делови... Сите имаме причини, но ме иритира фактот што просто ги прифаќаат повеќето и едноставно живеат со нив. Зошто едноставно не работите на себе си?! О коооолку мноооогу го сакам тоа... Помалку скршени срца,повеќе насмевки, повеќе успешни личности....


    П.С:Иако, има исклучоци каде можеби тој да е автодеструктивен ќутук кој заради неговата доминантна мајка не знаел што со себе, а потоа се појавува доминантна девојка која почнува да се однесува разумно и го тера да заврши факултет, да најде работа, да упише мастер и да го сака секаков и живеат среќно до крајот на животот. Но,сепак,да речеме и дека тука се гледа потенцијалот дали нештото ќе биде нешто и зависи до поединците,ама...да речеме дека работите генерално стојат како што опишав.

    И извинете на долгиот пост...ама веќе подолг временски период се трудам да изнаслушам секакви љубовни маки и да ги разберам. И еве како ги разбрав...нема исклучок. Најголемиот успех е да ги надраснеме нашите родители колку да биде добри или лоши во родителството...Една комплексна тема спакувано *најкусо* што може во еден нетолку добар пост...и само начнав...имам уште многу,амааа, друг пат...и за себичноста и едиповците и електрите и односот со проблематичниот родител каде може да биде мајка-ќерка и татко-син...

    И уморна сум бе денес...И која феминка рече дека пост со едно А добива сто лајкови?! Ај за сите букви по еден лајк од овој пост ќе ве молам! :D Не,сериозно, нешто се дешава со новата платформа луѓе (си параноишам дека армагедонот шо ми се дешава во врска со фемина е ради неа), НЕ МОЖАМ ДА СЕ ЛОГИРАМ по цели денови!!! Каде веќе да се обратам????
     
    На bittersweet, mims-89, HoneyBun и 9 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Немам тенџере за пуканки. А ми се јадат како трудна жена.

    Собирам адреси за писменца. Барам шарени честитки. 4 пати почнав да учам. Немам чај од портокал и цимет. Сакам кратки реченици. Зајаков ми прави друштво на диета. Заборавам зборови на македонски и прееска си ја пеев Бушава Азбука по пат. Сакам буквар, ептен сакам буквар. И оние кутиите, една плава една црвена од прво со плочките. Еј, а куферчето по ОТП???? Вујко ми секогаш ми вика дека ние сме произведувале а оние се образовале оти во нивно време ОТО било. Пих.

    Сакам да реновирам. Собата дома, стар точак, животот. Со марама на глава и фармерки со тие прерамките. Кажи ми да ти кажам, на тоа ни се сведе муабетот. Едни жалопојки по фацебук, други новиот минич со скинати хулахопки. Едни бојлер други цитат. Се на се има два типа на луѓе: оние што се сликаат во ВЦ и оние што го користат за физиолошки потреби. Тие првите во вршат второто низ други отвори.
     
    На mims-89, Mishela, Neytiri и 14 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Случајно ги загледав сликите на братучетка ми, а таму уште стојат од синчето кое и почина. Мака ми падна на душава. Точно е она дека, никогаш не можеш да ја разбереш туѓата болка, додека не ја почувствуваш истата. Не ни сакам да помислам на тоа. Ама знам дека беше мајка до последна секунда, донирјаки си дел од својот црн дроб. Во ткави моменти сфаќам дека не сум спремна да изгубам никого, иако би сакала се да оди по природен пат и ред.

    Дождецов и те како ми годи. Со моево ојдовме без чадор до продавница, се смеевме како зелени зошто накиснуваме. Понекогаш ни фали да се блесавиме денес тоа го правевме, му готвев, си запаливме свеќи и си вечеравме спокојно. Сега на припреми за испит. Ах животецу, нека има Љубов постојано од нејзе, него и нив, само таа ме држи овде.
     
    На bittersweet, mims-89, sweet-cherry и 28 други им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    За неколку месеци ќе биде многу полесно,сега се нови професори,па треба да им се јавуваш,одговараш бла бла....и месецов пукнав од учење по милион предмети секој ден,па тешко ми е,и се жалам...и да бидам искрена,гајле ми е дали им било нив лесно,како што нив им е гајле дали нас ни е лесно.
    поздрав.
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Се јавив и јас за учејне...ахах :D :D :D :D :rofl:
     
  13. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Времево надвор или ќе те натера да согледаш колку животот може да биде убав и колку ние сме мали и а нашите проблеми уште помали, или ќе те собори депресија и сотебе ќе завладее меланхолија.
    Јас, од друга страна, сум под дејство на двете.
    Не треба да бидам оставена сама со мојот ум подолго време.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Луѓето ги делам на пожели и фини и оние кои не го менуваат она Св. Кирил и Методиј ВЕЛИКО ТРНОВО,што е тешко да го смените не ми е јасно или нешто такво како додаток,мислам не разбирам, оние кои користат у било каква честитка се нај нај и оние кои за да опишат нешто се користат со леле тоа и тоа е СОН! А што ако сонот е кошмар?! |(
     
  15. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Другите есени ми беа поубави. Оваа ми е пуста. Ми фали музика. Сакам да ја слушам Wish you were here додека врне дожд, а јас на клупа седната. Во некој парк. Всушност знам точно која клупа и точно кој парк. И ќе се преправам дека имам на кого да ја пеам, песната.

    Многу луѓе ми рекле дека мирисам на дожд. Барем тие што го почувствувале. А јас секогаш успевам да го намирисам дождот. И јас чекам да најдам некој на кој ќе му кажам: Ајде да дождуваме заедно. Многу сакам да ја искористам таа реченица, исто како што сакам да влезам во такси и да речам: Follow that car. А оваа есен, и таксијата се побавни, возачите поќутливи, воздухот посив, а соновите недосонувани, прекинати. Шкртнав неколку реченици, плачеа депресија и репресија. Безвезе. Ги искинав.

    We're just two lost souls swimming in a fish bowl, year after year,
    Running over the same old ground.
    What have we found? The same old fears.
    Wish you were here...
     
    На Cataleya, zhap4e, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сакам откога ќе наполнам 18 год. да работам како волонтер во Црвен Крст :)
    Сериозно :geek:

    Инаку,не ми се верува дека поминаа 5 години.Тоше го нема.Го нема за жал.Какви злобни,себични и расипани луѓе живеат додека оние најдарежливите,најдобрите и оние со најдобра душа како што беше Тоше си отидоа.Засекогаш.Тој беше ангел со нежно срце и добра душа.Секогаш им помагаше на оние на кои им е потребна помош, прекрасен човекбеше.Во вистинска смисла на зборот.
    Почивај во мир,Тоше и знај дека никој никогаш нема да те заборави и дека ти засекогаш ќе останеш во нашите срца ;(
    http://www.youtube.com/watch?v=3ee-u7CyHEg
    И сега,кога же слушнам некоја негова песна,ми навираат солзи во очите.Тошее... ;(
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    Еее, еве доказ дека кармата е кучка! :!: Дека казната секого го стига заслужено. Битерсвит, сега сметките се помирени, уживај си во среќата со мажот и синчето, остави ги позади во далечното минато ... тебе ти е мирна главата посебно совеста, а тој касно ќе сфати што не човек бил. Мило ми е кога ќе разберам дека казната секогаш стигнува таму каде треба. :clap:

    Во склоп на ова, мислиме на моменти дека не вреди да си фер, не вреди да си добар, не вреди да почитуваш, не вреди да си ЧОВЕК ... но ваквите примери нека ве замислат. Кругот се врти константно, немојте да сте вие следната жртва на кармата.
    Бидете луѓе пред се, за себе и за другите. И не правете го она што не би сакале вас да ви го прават. Бидете коректни и почитувајте.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Немора да имаш 18 за да волонтираш :)
     
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Знам,ама...Подобро ми е така :D

    Него,некои викаат дека секоја средба со баба и дедо им е досадна.Е мојата е интересна.Си седиме,си збориме,си се потсетуваме за убавите моменти во нашата фамилија...Уживам во секој изминат миг со нив и многу ги сакам,ми го развеселуваат денот.Баба ми ќе ме почасти со печени јаболки и после тоа какао,дедо ми со по некое стотче и сето тоа уз малку муабет.Милина за душата :mm:
     
    На pamelche и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.424
    Допаѓања:
    103.421
    Пол:
    Женски
    Синоќа од обична вечер се случи една од најубавите забави на ФБ, една Среќичка ми е заслужна за тоа и многу си ја сакам заради тоа што ме насмеа до бесвест. И многу ми годеше денешниот повик драга моја, знаеш дека можеш да ме побараш за што и да ти треба.
    :*
    Ах оној сон од синоќа ме мачи, беше многу реалистичен, премногу со оглед на тоа како се чувствував сабајлето кога се разбудив, на арно да е.
    :|
    А на работа пак, директорот мој ако се разведе по втор пат и се ожени со трета жена, дефинитвно тоа ќе бидам јас. Црвен аларм, кога директорот ти се исповеда за интимниот живот.
    :tmi:
     
    На Springy и Srekicka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.